фудбал

Тео Ернандез се врати на тренинзите со тимот на Милан

Фудбалерот на Милан Тео Ернандез повторно ги започна тренинзите со екипата, откако претходните неколку недели поради повреда беше надвор од терените.

Репрезентативецот на Франција беше повикан за настап со триколорите за натпреварите во Лигата на нации кои се одиграа во септември, меѓутоа тој поради повреда се повлече од припремите.

Според наводите на италијанските медиуми, 25-годишниот дефанзивец би требало да биде во составот на Милан за претстојниот дерби натпревар во Серија А против Јувентус.

Сезонава Ернандез има постигнато еден гол и запиша две асистенции.


Далот во плановите на Тен Хаг, а можно е наскоро враќање во Серија А

Манчестер Јунајтед сака да го задржи португалскиот репрезентативец Диого Далот, пренесуваат медиумите на Островот.

Далот влезе во последната година од договорот, но Јунајтед има опција за еднострано продолжување до 2024 година. Далот игра добро под водство на Тен Хаг од почетокот на сезоната и „црвените ѓаволи“ сигурно ќе ја активираат опцијата за продолжување на договорот.

Силен интерес за Португалецот покажуваат италијанските клубови, Милан, Рома и Јувентус и сакаат да го донесат на лето во своите редови.

Далот има искуство во Серија А бидејќи одигра една сезона во Милан и е спремен да се врати во Италија.


Фофана поради повреда на коленото ќе паузира шест недели

Дефанзивецот на Челзи Весли Форфана ќе одсуствува од фудбалските терени од четири до шест недели откако заработи повреда на коленото.

Фофана се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Милан, набрзо откако го постигна првиот гол на средбата која заврши со 3:0 за Челзи.

Тренерот на Челзи Греам Потер после натпреварот изрази загриженост поради можната сериозност на повредата на Фофана, но после деталните прегледи се дозна дека повредата на коленото сепак не е од потешка природа.


Севиља го назначи Сампаоли за нов тренер на екипата

Шпанскиот клуб Севиља соопшти дека за нов тренер на екипата го назначи Аргентинецот Хорхе Сампаоли.

62-годишниот Сампаоили на клупата на Севиља го замени Хулен Лопетеги кој доби отказ после поразот од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Аргентинскиот стручњак беше тренер на Севиља во сезоната 2016/17, но го напушти клубот откако стана селектор на Аргентина. После водењето на репрезентацијата, Сампаоили беше тренер на Сантос, Атлетико Минеиро и Олимпик Марсеј.


Проблем за Сити и Англија, Кајл Вокер опериран после повредата

Дефанзивниот играч на Манчестер Сити и англиски репрезентативец Кајл Вокер имаше успешна операција после повредата на препоната од левата нога.

Вокер се повреди за време на првото полувреме од градскиот дерби дуел со Манчестер Јунајтед кое заврши со победа на Манчестер Сити од 6:3.

Во соопштението од шампионот на Англија стои дека операцијата е успешна, но детални прогнози за времето потребно за опоравување на Вокер ќе бидат објавени во догледн о време. Од Манчестер Сити се надеваат дека англискиот репрезентативец има реални шанси да заигра на СП во Катар кое се одржува од 20.ноември до 18.декември.


Иличиќ се врати во Словенија, ќе заигра за Марибор

Поранешниот репрезентативец на Словенија, Јосип Иличиќ денес и официјално потпиша договор со Марибор.

Овој трансфер може да се смета за изненадувачки затоа што Иличиќ неочекувано замина од Аталанта минатото лето откако ги надмина проблемите на физички, но и психички план.

За Иличиќ ова е враќање во Марибор каде што играше во 2010 година, пред да ја започне авантурата во Италија која му траеше цели 12 години.

Пред да му се случат проблемите пред две години за Иличиќ имаше интерес од поголеми клубови, но откако остана, дојдооа приватни проблеми после кои никогаш повеќе не беше истиот играч.

Марибор секако со неговиот ангажман добива големо засилување.


Македонија со пад од едно место на најновата ФИФА ранг-листа

 Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од едно место според најновото рангирање на ФИФА.

Македонија на најновата ранг-листа се најде на 65.место. Назадувањето на репрезентацијата најмногу се должи на неуспехот на фудбалерите во нивното учество во Лигата на нации каде забележаа порази од селекциите на Грузија и Бугарија.

На ФИФА рангирањето првата позиција му припадна на Бразил, а следуваат Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.


Бензема добива нов договор во Мадрид

Еден од најважните играчи на „кралевите“ минатата сезона без дилеми беше францускиот напаѓач Карим Бензема кој игра во фантастична форма.

34-годишниот Французин го однесе Реал до европскиот трон и е главен кандидат за „Златната топка“ оваа година.

Неговиот договор со „кралевите“ истекува на крајот на сезоната, но Реал веќе спреми нов договор за голгетерот.

Најавите од Шпанија се дека Реал сака да го задржи Бензема најмалку до 2024 година и почнал преговори со неговиот агент.


Кеси повреден се врати од Милано, нови грижи за тренерот Чави

Уште еден играч е додаден на списокот на повредени играчи во Барселона. Играчот од средниот ред Франк Кеси, кој влезе како замена на гостувањето во Лигата на шампионите кај Интер во вторникот вечерта, заработи повреда на мускулот на десниот бут.

Од клубот соопштија дека 25-годишниот фудбалер ќе биде подложен на дополнителни лекарски прегледи и засега нема дефинитивна прогноза за времетраењето на неговото опоравување.

Франк Кеси има 8 настапи за каталонскиот тим откако потпиша како слободен играч во летото, влегувајќи како замена на 6 од натпреварите. Тој се приклучува на остатокот од повредените во тимот на Барселона – Андреас Кристенсен, Роналд Араухо, Жил Кунде, Хектор Белерин, Френки де Јонг и Мемфис Депај.


Сериозно се повреди голманот на РБ Лајпциг

Голманот на РБ Лајпциг, Петер Гулачи, заработи тешка повреда на коленото при победата од 3-1 против Селтик во текот на вчерашниот ден на средба во Лигата на шампионите и ќе отсуствува најмалку неколку месеци. Ова го соопштија од клубот по натпреварот.

„Нашиот капитен заработи скинати вкрстени лигаменти на десното колено и ќе биде надвор од терените подолг период. Во наредните денови ќе бидат извршени дополнителни прегледи за да се утврди точниот обем на штетата“, пишува на Твитер профилот на клубот.

Унгарскиот интернационалец се повреди на самиот почеток од натпреварот и долго време добиваше лекарска помош.

„Тешко е да се загуби Петер. Тој е капитен и главен столб во одбраната на Лајпциг“, изјави по средбата тренерот на тимот Марко Розе.