фудбал

Солскјер: Повредата на Мегваер ни создаде многу проблеми

Оле Гунар Солскјер зборуваше за времето за враќање на дефанзивецот Хари Мегваер.
„Се надевам дека ќе имаме што е можно побрзо добра вест. Ќе чекаме до последен момент за настапот на Хари во финалето во Лига Европа. Тој ја покажа својата важност на Манчестер Јунајтед. Сите одамна знаевме што тој значи за нашиот тим, но можеби некои го забележаа тоа само кога тој се повреди. Секако чувствував дека Мегваер и претходно беше многу важен играч на Манчестер Јунајтед. Хари е наш лидер. Тој е капетан. Тој скоро секогаш игра на највисоко ниво, така што во моментов неговото отсуство е голем проблем за мене, но се надевам дека ќе се опорави до финалето на Лига Европа. Ќе му дадам колку што му треба време. Ќе почекам додека тој ми каже да или не“, изјави Солскјер за „Скај Спорт“.
Хари Мегваер не беше во можност да го заврши мечот од 35. коло во Премиер лигата со Астон Вила (3-1) поради повреда на скочниот зглоб.


Куман по дебаклот од Селта го коментираше својот статус во клубот

Со домашниот пораз од 1:2 од Селта, Барселона се опрости од борбата за титулата. Каталонците со голот на Меси поведоа во 28. минта, но нивните надежи за освојување на шампионската титула ги „минираше“ Санти Мина. Израмнувачкиот погодок го постигна во 38. минута, а победничкиот во 89. На крајот се покажа дека ниту победа не би ја задржала Барселона во трката со Атлетико и Реал воочи последното коло.
По натпреварот, тренерот Роналд Куман проговори за разочарувачката сезона за Барса и ја коментираше можноста за евентуалното негово заминување, но и на Меси.
„Мојата иднина во клубот? Тоа не е прашање за мене.“ – кратко одговори Куман, а потоа за Меси рече:
„Се надевам дека ова не е последниот негов натпревар за клубот. На овој натпревар покажа ефективност, но не може се сам. Како би победувале, мораат и другите да постигнуваат погодоци.“
Воочи последното коло, Атлетико има меч-топка. За Реал да ја освои титулата, во последното коло треба да го победи Виљареал и да се надева дека Атлетико нема да слави на гостувањето кај Ваљдолид, каде домаќинот ќе се обиде да избори опстанок во Ла Лига.


Жота се повреди во Бирмингем и предвреме ја заврши сезоната

Ливерпул ќе биде без Диого Жота во последните три натпревародво сезоната, во кои Ливерпул мора да стори се што е можно да се изборат за четвртото место.
Причината е повреда на стапалото што Португалецот ја доби за време на дербито со Манчестер Јунајтед. Според менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, повредата не е сериозна, но сепак го спречи Жота да игра на денешнио натпревар со Вест Бромвич, но ќе го нема ниту на средбите со Барнли и Кристал Палас.
Жота се претстави многу добро откако беше привлечен од Вулверхемптон минатото лето. Тој има 13 голови на 29 натпревари во сите натпреварувања, а повредите го спречија да даде уште посериозен придонес.
Садио Мане ќе биде ток кој што ќе го замени Жота во стартниот состав на Ливерпул. „Го победивме Манчестер Јунајтед, но Диого Жота доби повреда на коската на стапалото. Не е толку сериозно, но е доволно сериозно за да заврши сезоната за него”, изјави Клоп пред натпреварот против ВБА.


Вердер го врати Томас Шааф на клупата на едно коло до крајот на Бундеслигата

Вердер по викендашкиот пораз на теренот на Аугсбург му врачи отказ на тренерот, Флоријан Кофелт, стои во соопштението објавено на официјалната веб-страница на тимот.
Во завршницата од Бундеслигата на мечот со Борусија Менхенгладбах, клубот ќе го води легендата, Томас Шааф, кој претходно ја имаше таа позиција. Вердер се наоѓа на 16-то место во поредокот на само една рунда пред крајот на сезоната.
„Среќни сме што Томас ја презеде задачата во неизвесна ситуација за клубот. Се надеваме дека со неговото искуство тој може да ги подготви играчите за последниот натпревар во сезоната“, изјави извршниот директор на Вердер Бремен, Франк Бауман.


Суперкупот на Европа ќе се игра во Истанбул

Финалето во овогодинешниот Суперкуп на Европа кое требаше да се игра во Белфаст ќе биде преместено во Истанбул, градот кој требаше да биде домаќин на финалето во Лигатан а шампионите. Истанбул требаше да ги пречека двата најдобри тима на „стариот континент“, но одлуката на крајот падна Сити и Челзи да играат на „Драгао“ во Португалија. Турците секако ќе добијат материјална оштета поради трошоците за организација во изминатите месеци, но УЕФА дополнително им излезе во пресрет и им дозволила да го организираат Суперкупот кој е планиран да се одигра кон крајот на летото. И во него би можеле да гледаме дуел на две англиски екипи затоа што Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на Европа игра против Виљареал.


Чалханоглу од Милан се сели во Јуве

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е на чекор да го „украде“ Хакан Чалханоглу од редовите на Милан.
Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“, но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“, но двете страни се далеку од договор. „Росонерите“ нудат 4 милиони евра по сезона, а турскиот плејмејкер бара 6 милиони евра.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и играчот е многу блиску до трансфер во Јувентус.


Италијанското финале на Купот ќе се игра пред фанови на трибините

Раководството на италијанската Серија А одлучи финалето од Купот на Италија да се игра со присуство на навивачи. Јувентус и Аталанта на 19 мај ќе играат на „Мапеи“ стадионот во Реџо Емилија каде што ќе одлучат кој оваа година ќе биде шампион во Купот на Италија. Управата на Серија А одлучи да дозволи присуство на навивачи од 20% од капацитетот на стадионот, па според тоа на трибините ќе има 4.000 навивачи. Двата тима ќе добијат по 2.000 влезници за своите навивачи, а секако дека ова е добар чекор кон враќањето на публиката на стадионите во Италија. Ќе потсетиме Италија беше помеѓу најпогодените земји од коронавирусот и за целата земја ова сигурно ќе биде голема работа. Финалето од купот се игра во среда од 21:00 часот, минатата сезона овој трофеј го освои екипата на Наполи.


Кун Агуеро се враќа во Шпанија, ќе го облече дресот на Барса

Се погласи се најавите дека Серхио Агуеро ќе стане нов играч на Барселона. Аргентинските медиуми објавија дека Агуеро ги договорил сите услови со каталонскиот гигант околу неговото преминување на „Камп Ноу“. Според последните информации се ќе биде официјализирано после финалето во Лигата на шампионите во кое Сити ќе игра против Челзи. Кун во претходните денови разговарал со претседателот на Барселона Жоан Лапорта и се согласил на условите кои му ги понудил каталонскиот тим. Агуеро така после 10 години повторно ќе заигра во Ла Лига каде што претходно го носеше дресот на Атлетико Мадрид, а од Сити заминува после една деценија помината во клубот.


Абрамович ќе му даде богатство на Тухел за трансфери летово

Роман Абрамович ќе му даде на Томас Тухел 150 милиони фунти за летни трансфери, пренсуваат медиумите на Островот. Челзи минатото лето потроши 250 милиони за летна селекција, не ја започна добро сезоната, но Тухел успеа да го однесе тимот во финалето од Лигата на шампиони и ФА Купот. Раководството на клубот е исклучително задоволно од работата на Германецот и ќе му даде солиден буџет за да донесе засилувања по негова мерка. Се очекува примарна цел да биде централен напаѓач бидејќи Жиру и Абрахам се на излезна врата, а Вернер не ги оправда во целост очекувањата.


Артета во проблеми, столбот на одбраната го напушта Арсенал

Искусниот бразилски фудбалер Давид Луиз ќе го напушти Арсенал на крајот од оваа сезона бидејќи не се согласи со лондонскиот клуб на продолжување на соработката, пренесува британскиот весник Дејли Мејл.
Луиз пред две години пристигна на „Емирати“ од Челзи, а според сознанијата на овој извор, одлучи да го напушти клубот по истекот на сегашниот договор.
Во клубот имаа желба да го задржат 34-годишниот Бразилец, но намерите не им се поклопија, па веќе ова лето ќе мора да бараат друго решение за централната дефанзива.
Луиз досега одигра 73 натпревари за Арсенал и важеше за еден од незаменливите играчи во тимот на Микел Артета.