фудбал

Канатларовски ги избра У21 репрезентативците за турнирот во Хрватска

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година во периодот од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Свети Мартин на Мура, Хрватска. Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска.


Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски за претстојниот турнир во Хрватска се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Воска Спорт), Александар Ангелкоски (Тетекс); Одбрана: Антонио Јанкулоски (Вастра Фролунда, Шведска), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Стефан Деспотовси (Штурм, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка), Решат Рамадани (Шкендија), Виктор Крстевски (Гостивар), Кристијан Тасевски (Аугсбург);


НФЛ- лигашот Далас Каубојс останува највреден клуб во светот

Далас каубојс од професионалната НФЛ лига во американски фудбал
шеста година по ред ја предводи листата на највредни спортски екипи, според истражувањето на специјализираниот финансиски магазин Форбс.
Според Форбс, вредноста на Далас каубојс се проценува на осум
милијарди долари, што е за дури 40 отсто повеќе од ланската
вредност. И на второто и третото место на листата на Форбс се екипи
од НФЛ лигата. Њу Ингланд патриотс се втори со вредност која е
проценета на 6.4 милијарди долари, а актуелниот НФЛ шампион Лос
Анџелес рамс се на третото место со 6.2 милијарди долари.

Меѓу првите пет највредни спортски екипи се и бејзбол клубот Њујорк
Јенкис (шест милијарди долари) и НБА лигашот Њујорк Никс (5.8).


Уапсени пет фанови на Олимпик Марсеј во Лондон

Уапсени пет фанови на Олимпик Марсеј во Лондон

За време на натпреварот од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, во кој Тотенхем го пречека Олимпик Марсеј, лондонската полиција уапси пет навивачи на францускиот клуб.

„Пет лица беа уапсени на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Тотенхем и Марсеј одигран во средата на 7 септември. Беа извршени апсења за различни прекршоци, вклучувајќи употреба на огнено оружје, тепачка, пијанство, непристојно однесување и дрога. Објавено е дека сите уапсени биле навивачи на гостинскиот тим. Еден полицаец е повреден при апсењето и наводно си ја скршил раката“, објави лондонската полиција.

Да потсетиме, за време на натпреварот, навивачите на Марсеј правеа инциденти на трибините, фрлаа пиротехнички средства кон навивачите на Тотенхем, а исто така го скинаа и знамето на ЛГБТ што висеше над излезот на трибината.


Костовски последно засилување за второлигашот Охрид

Костовски последно засилување за второлигашот Охрид

Фудбалерот Кристијан Костовски е новото засилување на ГФК Охрид Лихнидос.

26-годишниот Костовски ќе го засили нападот на Охриѓани во продолжението од втората лига.

Во досегашната кариера има настапувано за екипите на Македонија Ѓорче Петров, Силекс, Тиквеш и Вардар.


Орие потпиша за Нотингем Форест, „шумарите“ доведоа 22 засилувања

Орие потпиша за Нотингем

Поранешниот бек на Тотенхем и ПСЖ, Серж Орие, му се приклучи на Нотингем Форест со слободен трансфер. Ова го објави англискиот клуб на својата официјална страница.

Со ова Орие е 22-то засилување на клубот во тековниот летен преоден рок, со што англискиот тим дојде до нов рекорд за нови засилувања. Вреди да се напомене дека дел од нив беа испратени на позајмица во грчкиот Олимпијакос. Да потсетиме дека преодниот рок во Англија се затвори на 1 септември, но клубот може да го регистрира играчот од Брегот на Слонова Коска како слободен играч, под услов да добие работна виза.

Минатата сезона Серж Орие имаше 24 настапи за Виљареал во сите натпреварувања и успеа да постигне две асистенции. 29-годишниот дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска е проценет на 10 милиони евра, а настапуваше и во француската Лига 1 за Тулуз, кој се врати во Лига 1 на крајот од минатата сезона.


Греам Потер е нов тренер на Челзи

Греам Потер е нов тренер на Челзи

Досегашниот тренер на Брајтон, Греам Потер, и официјално е именован за нов тренер на Челзи.

47-годишниот Потер на клупата на Челзи ќе го замени Германецот Томас Тухел, кој во средата доби отказ после поразот во првото коло на Лигата на шампионите од Динамо Загреб.

Според пишувањата во медиумите, Челзи како обештетување на Брајтон ќе му исплати 20 милиони фунти.

Потер се очекува своето деби како нов тренер на Челзи да го има на дуелот со Фулам.


Барса го сруши рекордот на трансфери во женскиот фудбал

Барса го сруши рекордот на трансфери во женскиот фудбал

Барселона и Манчестер Сити се клубови кои имаат одлични односи.

Двата клуба во претходните години имаа голем број соработки, сега имаат нова во женскиот фудбал. Имено, Кеира Валш стана најскапата фудбалерка во историјата. Сумите во женскиот фудбал се мизерни кога ќе се споредат со оние во машкиот.

Така најдобрата фудбалерка на Европското првенство на кое стана шампионка со Англија ќе премине во Барселона за 400.000 евра. Со ова ќе биде надминат рекордот од 2020 година кога Челзи плати 100.000 фунти за Пернил Хардер.


Пјаниќ претставен во новиот клуб од ОАЕ

Пјаниќ претставен во новиот клуб од ОАЕ

Долго се преговараше и неизвесна беше иднината на Миралем Пјаниќ, а денес е потврден неговиот нов клуб.

Чекаше Пјаниќ шанса во Барселона, но не доби прилика за игра па се одлучи за промена на средината.

Кариерата репрезентативецот на Босна и Херцеговина ќе ја продолжи во УАЕ во екипата на Шарјан со која потпиша договор на две години.

Трансферот е веќе потврден од неговиот нов клуб.


РБ Лајпциг го назначи Марко Розе за нов тренер на екипата

РБ Лајпциг го назначи Марко Розе за нов тренер на екипата

Германскиот фудбалски тренер, Марко Розе, е промовиран како нов тренер на бундеслигашот РБ Лајпциг.

Розе кој е роден во Лајпциг, на клупата ќе го замени Доменико Тедеско кој доби отказ после поразот на домашен терен од Шахтјор со 4:1 во првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Марко Розе со РБ Лајпциг потпиша договор до 2024 година. Тој претходно беше тренер на Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд.


Милан до февруари ќе игра без Флоренци

Милан до февруари ќе игра без Флоренци

Фудбалскиот клуб Милан соопштува дека Алесандро Флоренци е опериран после повредата на левиот бутен мускул и ќе биде надвор од терените околу пет месеци.

Флоренци се повреди на крајот на август после натпреварот против Сасуоло, а актуелниот шампион на Италија при крајот на летниот преоден рок на позајмица го доведе Сержињо Дест од Барселона.

Флоренци минатата сезона во Милан играше како позајмен фудбалер на Рома, но Милан ја искористи опцијата за откуп на неговиот договор.