фудбал

Два лондонски клуба го сакаат Стерлинг во јануарскиот преоден рок

Премиерлигашите Фулам и Кристал Палас имаат интерес во своите редови да го имаат фудбалерот на Челзи Рахим Стерлинг.

31-годишниот фудбалер во Челзи е од 2022 година, а една сезона мина и како позајмен играч во Арсенал. Тој оваа сезона нема одиграно ниту еден натпревар, а менаџерот на „сините“ Енцо Мареска не смета на поранешниот англиски репрезентативец.

Но, Стерлинг не сака да го напушти Челзи и ќе се бори за место во тимот. Тој има неделна плата од околу 300.000 фунти. Британските медиуми се подготвени да го ангажираат Стерлинг во зимскиот преоден рок.

Стерлинг во кариерата има настапувано и за Манчестер Сити и Ливерпул, а во репрезентацијата на Англија има настапи во периодот од 2012 до 2022 година со 82 натпревари и постигнато 20 голови.


Џирона се вклучи во трката по Тер Штеген

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, е се поблиску до можен трансфер во Џиронa.

Според весниците од Барселона, каталонскиот клуб вложува максимални напори за да го добие германскиот голман и е оптимист. Џирона се надева дека добрите работни односи меѓу двата клуба ќе помогнат во комплетирањето на договорот.

Вреди да се напомене дека медиумските извештаи претходно укажуваа на интерес за Тер Штеген од Астон Вила, кои исто така размислуваат да го потпишат.

Извори објавија дека германскиот голман е заинтересиран за преселба во друг клуб, бидејќи има намера да добие минутажа пред претстојното Светско првенство за да го зацврсти своето место во германската репрезентација.


Нов тежок удар за Бетис, Иско го чека нова долга пауза

Фудбалерот на Бетис, Иско, ќе мора да направи уште една долга пауза. Ова е негова трета сериозна повреда во последните две и пол години, во кои го носи дресот на зелено-белиот клуб од Севилја

„Има рана за која беа потребни седум конци, предизвикана од силен удар што ја му скина кожата. По ударот, се развил значителен оток низ целата нога, кој се проширил до зглобот на глуждот и предизвикал мала интраартикуларна лезија во пределот на ‘рскавицата“, објасни доктор на Бетис.

Иско се повреди на натпреварот од Лигата на Европа против Утрехт, по судир со соиграчот Амрабат.

Да ве потсетиме дека поранешниот шпански репрезентативец доживеа фрактура на фибулата во својата прва сезона во Бетис, а се повреди во втората сезона за време на пријателскиот натпревар против неговиот поранешен тим, Малага. Станува збор за нова фрактура на фибулата.

Освен за Бетис и Малага, Иско во својата богата кариера играл за Валенсија, Реал Мадрид и Севилја. За девет години во Реал, освоил сè што може да се победи.

Тој го носеше шпанскиот дрес 38 пати и постигна 12 гола.


Барса го сака Аке од Сити

Фудбалерот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, е на „радарот“ на Барселона. Каталонците влегуваат во зимскиот преоден рок со приоритет да ја стабилизираат дефанзивната линија.

Барселона мора да биде активна на пазарот, поради повредата на Андреас Кристенсен, на кого му се прогнозира долга пауза, но и поради отсуството на Роналд Араухо, за кого нема најави кога би можел да им се приклучи на соиграчите.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона во холандскиот репрезентативец гледа профил кој речиси совршено одговара на моменталните потреби на клубот. Разновиден играч кој може да покрие две позиции во одбраната.

Иако е дел од Манчестер Сити, Аке нема континуитет оваа сезона. Во Премиер лигата, тој започна само еден натпревар како стартер, додека акумулираше нешто повеќе од 700 минути на теренот во сите натпреварувања.

Новинарот Екрем Конур веќе потврди дека Барселона ја следи ситуацијата околу Аке, но исто така нагласи дека Манчестер Сити не е подготвен за лесни отстапки.


Интер го искористи подарокот на Ѓимшити и носи три бода од Бергамо

Фудбалерите на Интер ја победија Аталана, во Бергамо со 0-1 и се вратија на челната позиција цо Серија А. Годината Интер ја заврши со 36 бода, еден повеќе од Милан и дваод актуелниот шампион Наполи.

Интер не блескаше, но во Бергамо го искористи подарокот на Берат Ѓимшити. Дефанзивецот на Аталанта, во 65-та минута дозволи Лаутаро да го „пресече“, неговото нелогично додавање.

Аргентинецот потоа го проигра Еспозито, втрча во шеснаесетникот, се понуди, ја доби топката од соиграчот и рутински ја реши ситуацијата.


Вардар го повлече дресот со број 11 во чест на Васил Рингов

Фудбалскиот клуб Вардар, денес одржа комеморативна седница во чест на легендарниот Васил Рингов, кој по кратко боледување почина во 70. година од животот.

„Васил Рингов беше пред се човек со карактер и вредност какви ретко се среќаваат. Тој е наша ѕвезда која замина од овој свет без ниту еден непријател“ – рече извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски.

На комеморацијата беше објавено дека клубот одлучил да го повлече дресот со број единаесет што го носеше Рингов и дека биде поднесена иницијатива јужната трибина на градскиот стадион во Скопје да го носи името на легендарниот струмичанец.


Милан рутински и лесно ја надигра Верона

Екипата на Милан без поголеми проблеми ja совлада Верона со 3-0 во рамки на 16. коло од Серија А и повторно се искачи на челната позиција на табелата.

Отпорот на гостите беше скршен веднаш по паузата, кога Кристијан Пулишиќ во 46. минута го отвори резултатот и им донесе водство на „росонерите“. Само неколку минути подоцна, Кристофер Нкунку блесна со два брзи гола и стави точка на убедливата победа на миланскиот гигант.

Со овие три бода, Милан стигна до 35 поени и моментно е лидер во шампионатот, додека Интер е втор со 33 бода, но и натпревар помалку во однос на градскиот ривал.


Аморим има полна листа за засилувања уште во јануари

По триумфот во петокот над Њукасл во Манчестер Јунајтед се подготвуваат за претстојниот преоден рок. Навивачите очекуваат големи имиња, но заминувања на некои од играчите кои според нив не го заслужуваат дресот на тимот од Олд Трафорд.

Како прво име за засилување се споменува играчот на Нотингем Форест Елиот Андерсон, а меѓу потенцијалните засилување е и играчот на Оксер Ласине Синајоко. Неговиот договор со францускиот тим истекува на лето, но во Манчестер го посакуваат во јануари и управата на „црвените ѓаволи“ е веќе во преговори со агентите на играчот. На листата на засилувања се наоѓа и Рубен Невеш.

Во меѓувреме на „излезна врата“ се наоѓа Зиркзе, кој според италијанските медиуми е пред трансфер во Рома.


Фратези од Интер се сели во Фенер?

Турскиот гигант Фенербахче се подготвува за купување на уште еден фудбалер. Управата на клубот е подготвена да плати 40 милиони евра за италијанскиот репрезентативец Давид Фратези.

Репрезентативецот на Италија во моментов не е во преден план кај тренерот на Интер Кристијан Киву, кој пак е подготвен да се откаже од услугите на играчот.

За Фратези заинтересирани сè уште и италијанските екипи: Јувентус, Наполи и Рома.

Репрезентативецот на Италија член на Интер е од 2023 година, а претходно има настапувано за Монца, Емполи, Асколи и Сасуоло. За Италија има одиграно 33 натпревари и постигнал 8 голови.


Ал-Рајан го продава Митровиќ, Фенер прв застана во редот

Репрезентативецот на Србија Александар Митровиќ е пред враќање во европскиот фудбал. Тој веќе две сезони игра во Саудиска Арабија, а сега е член на Ал-Рајан од Катар. Но, за очекување е 31-годишниот напаѓач да ја смени средината.

Според медиумите од Турција еден од најголемите клубови Фенербахче сака во своите редови да го донесе Митровиќ. Во Доха не се премногу задоволни од игрите и ефектот на напаѓачот особено што често е повреден.

Сепак, двата клуба ќе треба да постигнат договор, а Фенербахче да издвои и годишна плата од околу 10 милиони евра за фудбалерот.

Митровиќ по заминувањето од Премиер лигата одигра две сезони во Ал-Хилал и постигна 68 голови на 79 натпревари.