фудбал

Артуро Видал ја продолжува својата кариера во Бразил?

Играчот од средниот ред на Интер, Артуро Видал по завршувањето на сезоната најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Бразил. 34-годишниот Чилеанец има понуда од Фламенго која најверојатно ќе ја прифати.

„Можеби е време да завршам со играњето во Европа. Го сакам Фламенго и сонувам еден ден да играм за овој клуб“, изјави Видал за бразилските медиуми.

Договорот на Видал со Интер истекува на крајот од сезоната и најверојатно нема да биде продолжен.

Оваа сезона Видал одигра 32 натпревари за Интер, на кои постигна 2 гола.


Манчестер Јунајтед го посакува Никола Миленковиќ од Фиорентина

Манчестер Јунајтед планира да го ангажира српскиот дефанзивец од Фиорентина, Никола Миленковиќ. Скаут на англискиот клуб бил на последниот натпревар на Виолетовите. Фиорентина играше со Болоња (1-0). Србинот на тој меч на теренот ги помина сите 90 минути, не постигнувајќи ниту еден гол.

Скаутот требаше да разговара за можна преселба на дефанзивецот во Манчестер Јунајтед во текот на летото. Се дознава дека англискиот клуб е подготвен да плати околу 15 милиони евра за играчот. Миленковиќ за Фиорентина настапува од јули 2017 година. Неговиот актуелен договор со клубот трае до крајот на сезоната 2022/23. Вкупно за италијанскиот клуб има одиграно 162 натпревари, на кои постигна 14 гола и една асистенција.


Симеоне: Очекувам емотивен натпревар на „Олд Трафорд“

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, сака неговите играчи да бидат агресивни во играта против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Атлетико создаде многу шанси на првиот натпревар во Мадрид , но дуелот заврши со резултат 1:1. 

“Тоа ќе биде емотивен натпревар на фантастичен стадион. Ќе мора да одиграме на најдобар начин. Мораме добро да се браниме и да ги контролираме нашите акции, да бидеме агресивни и да примениме интензивен притисок, кој го правиме доста добро“, изјави Симеоне на прес-конференција пред дуелот на „Олд Трафорд“.


Интер ќе ја засилува одбраната со Бремер од Торино

Фудбалскиот клуб Интер е на чекор од првиот голем трансфер за следната сезона.

Како што тврдат некои италијански медиуми, централниот дефанзивец на Торино , Бремер постигнал договор со Интер за негов премин во клубот.

Деталите околу договорот не се познати, но ова не е првпат да се шпекулира за негов трансфер во редовите на актуелниот шампион на Серија А.

Интересен е фактот дека 24 – годишниот Бремер постигна гол за Торино во ремито со Интер во неделата и со тоа дополнително ја отежна трката за титулата за тимот на Симоне Инзаги.

Бразилецот Бремер има договор со Торино до 2024 година, а неговата вредност според Трансфер маркт се  проценува на 20 милиони евра.


Меси посакува враќање во Барселона

Шпанските медиуми денес пренесуваат изненадувачки вести во врска со Лионел Меси. Имено, Хорхе Меси кој е татко а воедно и менаџер на фудбалерот, пред неколку дена стапил во контакт со претставници на Барселона за да дознае дали е можно сензационално враќање на Аргентинецот на „Камп Ноу“ ова лето.

Самиот Меси беше исвиркан во неделата при победата на ПСЖ од 3:0 над Бордо во Лига 1. Причината беше испаѓањето на францускиот тим во осминафиналето од Лигата на шампионите од Реал Мадрид. Затоа Аргентинецот почна да ги разгледува своите опции за следната сезона.

Од самото пристигнување во Париз, Меси никако не успева да се вклопи во системот на игра на тимот. Тој во француската лига досега успеа да постигне само два гола.


Артета не го крие интересот за Филипе Кутињо

Арсенал ќе се обиде да го ангажира  напаѓачот, Филипе Кутињо, пишува денеска англискиот печат. Бразилецот кој во јануари пристигна во Астон Вила како позајмен од Барселона, во континуитет покажува блескави партии со што го привлече вниманието на „топчиите“.

Згора на тоа, тренерот на екипата од Бирмингем, Стивен Џерард, неодамна призна дека тешко ќе оди купувањето на Кутињо за околу 40 милиони евра.

Англискиот тим во моментов издвојува околу една третина за платата на Бразилецот која е активна во договорот со Барса.


Сергеј Милинковиќ – Савиќ конечно се сели во ПСЖ?

Долгогодишните шпекулации околу потенцијалното заминување на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио би можеле да се остварат ова лето.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Париз Сен Жермен е подготвен за финална офанзива за српскиот репрезентативец. Најверојатно дека следното лето е идеален момент за еден од најдобрите играчи за врска во Италија да се пресели на „Паркот на принцовите“.

Богатиот сопственик на ПСЖ, Насер Ал Келаифи е фрустриран по испаѓањето во Лигата на шампионите од Реал Мадрид, и е одлучен да направи играчки промени во екипата.

Според медиумите, ПСЖ ќе му понуди на Лацио 80 милиони евра за трансферот на 27-годишниот фудбалер, кој минатата сезона беше прогласен за најдобар централен играч за врска во Серија А.


Јирген Клоп ќе прави обид за доведување на Флоријан Вирц

Со оглед на тоа што ситуацијата околу останувањето на Мохамед Салах на „Енфилд“ се искомплицира, Ливерпул се насочува кон Германија во потрага по негова потенцијална замена.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева дека е можно неговиот сонародник Флоријан Вирц да стане нов фудбалер на популарните „црвени“ наредното лето.

18-годишниот офанзивец на Баерн Леверкузен веќе се промовираше во еден од најголемите таленти во светот на фудбалот и е дел од германската репрезентација.

Според англиските медиуми, Јирген Клоп ги активирал сите свои врски во Германија за да ја придобие младата ѕвезда.

Флоријан Вирц оваа сезона има постигнато 10 гола и реализира седум асистенции во Бундеслигата, а неговата вредност се проценува на 70 милиони евра.


Арсенал го краде Кутињо од Астон Вила

Филипе Кутињо во јануари направи изненадувачки трансфер од Барселона во Астон Вила.

Бразилецот не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“ и се врати во Премиер лигата, каде ќе го носи дресот на Астон Вила на позајмица со крајот на сезоната.

Кутињо одлично ја започна авантурата во Астон Вила и покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво. Астон Вила има опција да го откупи Кутињо за 40 милиони фунти, но проблем е огромната плата која ја добива Бразилецот, која клубот од Бирминген не може да му ја дава.


Бруно Фернандеш позитивен на ковид-19, неизвесен за дуелот со Атлетико Мадрид

Бруно Фернандеш имал позитивен ковид-19 тест и може да го пропушти реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Според информациите од Англија кои ги потврди и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, Португалецот се уште чека негативен тест.

Лук Шо и Скот Мектоминај го пропуштија мечот во саботата, но се во план за настап против Атлетико.

„Се надевам дека Скоти ќе биде подобар. Имаше болки во потколеницата и затоа го оставив да одмори. Скоти е вреден играч за нас, но само кога е 100 отсто подготвен за игра”, изјави Рангник.

„Лук треба да продолжи со тренинзите во понеделник, а ќе го чекаме Бруно до последен момент. Тој има позитивен тест за ковид-19 и мора да бидеме внимателни“.