фудбал

Барса ја декласира Валенсија во првиот домашен меч сезонава

Барселона го одигра својот прв домашен натпревар оваа сеозна. На стадионот „Јохан Кројф“, Барселона ја декласира Валенсија со 6-0.

Првото полувреме не навестуваше дека екипата од Валенсија ќе доживее дебакл.Фермин Лопез ја доведе Барселона во водство по додавање од Феран Торес, а потоа следеше канонада во втората половина од натпреварот. Во игра влезе Рафиња, кој целосно ја поремети играта на противникот.

Бразилецот го дуплираше водството на својот тим во 53. минута, а три минути подоцна, Лопес повторно го запиша своето име на семафорот.

Рафиња ја зголеми предноста на Барса со брилијантен гол, а потоа на сцена стапи Роберт Левандовски. Полјакот на теренот влезе во 68. минута и набрзо го постигна првиот гол на овој натпревар.

Се играше во 78. минута кога Левандовски ја затресе мрежата на Валенсија по одлично додавање од Дани Олмо, а потоа во 86-та минута го постави конечниот резултат, по асистенција од Бернал.

Барселона сега е на два бода зад Реал Мадрид, кој е единствениот тим со сите четири победи.


Халанд незадржлив, Сити го декласира градскиот ривал

Манчестер сити го победи Манчестер јунајтед со 3-0 дома во 4. коло од Премиер лигата.

Ерлинг Халанд постигна два гола за „Граѓаните“. Норвежанецот постигна гол во 53-тата и 68-мата минута. Во списокот на стрелци се запиша и Фил Фоден во 18. минута. Џереми Доку имаше две асистенции.

Манчестер сити собра шест бода и се искачи на осмото место во Премиер лигата.

Манчестер јунајтед со четири бода е на 14. место на табелата.


Престон Лајонс ќе игра пријателски натпревари против Вардар и Пелистер

Австралискиот фудбалски клуб предводен од Македонци, Престон Лајонс, ја најави својата прва турнеја во Македонија која започнува од понеделник. Екипата на 15 септември ќе замине од Австралија на подготовките за новата сезона во првенството.

Покрај спортскиот дел, клубот ќе се вклучи и во низа хуманитарни активности низ земјата. Престон Лајонс ќе волонтираат во неколку иницијативи, меѓу кои се издвојува дистрибуцијата на хуманитарна помош во Кочани.

Од клубот упатија благодарност до министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, за нивната поддршка и ангажман во реализацијата на турнејата.

Тимот ќе одигра неколку пријателски натпревари во Охрид, Битола и Скопје. Потврдено е дека ќе се соочи со Вардар на 23 септември во Скопје и со Пелистер на 25 септември во Битола.


Тудор: Можеби реми ќе беше најправеден резултат во дербито

Јувентус со гол на Аџиќ во 93. минута го победи Интер со 4-3 во спектакуларен меч каков што ретко се гледа.

Тоа беше неверојатен натпревар кој имаше страшна завршница, а главен беше црногорскиот фудбалер Аџиќ кој испрати бомба во 93. минута за победа.

„Тоа беше луд натпревар, многу голови, успони и падови, на крајот сме многу среќни затоа што победивме квалитетен тим. Задоволни сме, тоа беше само трет меч, имаме уште 35“, рече хрватскиот стратег.

Тудор го стави Аџиќ од клупата и објасни зошто го направи тоа.

„Последните пет-шест месеци работиме со него бидејќи веруваме во неговиот квалитет. Се обидувавме да му промениме некои навики кои не ни се допаѓаа, а тој тоа го прифати со вистински став“.

„Цела недела на тренинзите гледавме дека е во добра форма и имавме идеја да го ставиме во игра. Има шут од далечина кој искрено е редок во фудбалот. Мора овој гол да му биде поттик да работи уште посилно“.

Тудор вели дека не знае дали победата била заслужена.

„На вакви натпревари нема фаворити. Интер има огромен квалитет, светска класа. Нашата изведба не беше она што го можевме, особено во смисла на пресингот, но гладта на оние кои влегоа ни помогна да дојдеме до победата. Не знам дали беше заслужена или реми ќе беше фер, но тоа е фудбалот“.


Торино го освои „Олимпико“ и со три бода се враќа од Рим

Фудбалерите на Торино ја победија Рома на „Олимпикo“ со 0-1 во натпреварот од третото коло на Серија А. „Биковите“ ја забележаа првата победа оваа сезона, воедно на Рома и го нанесоа првиот пораз по двете победи на стартот.

Стрелец на голот за „биковите“ беше Џовани „Чолито“ Симеоне, син на познатиот тренер на Атлетико, Диего.

Моментот на одлука се случи во 59-та минута кога Торино, по иницијативата на противникот, постигна гол во транзиција.

Симеоне повлече во контра, размени додавање со Нгонг, се позиционираше и откако доби прецизен пас од истиот играч, со хируршки прецизен удар од работ на шеснаесетникот го совлада Миле Свилар.


ВАР-судијата погреши при исклучувањето на Хујсен и го чека казна

Исклучувањето на Дин Хујсен од Реал Мадрид на мечот со Реал Сосиедад може да се смета за грешка.

Судијата Хесус Хил Манзано му покажа црвен картон на дефанзивецот на Реал Мадрид во 32-та минута од натпреварот, но според весникот „Марка“, исклучувањето на Шпанецот се смета за контроверзен момент кој најверојатно ќе биде објаснет во рок од една недела и препознаен како грешка.

Како резултат на тоа, судијата во ВАР Хорхе Фигероа Васкез, кој не го повика Манзано да го гледа сам моментот, за да ја промени одлуката би можел да биде суспендиран.


Македонската У18 селекција ја надигра Индонезија во Банско

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години оствари минимална победа од 1-0 во контролниот натпревар против Индонезија, одигран во Банско, Бугарија.

Нашите фудбалери ја имаа иницијативата уште од почетокот. Првата сериозна шанса ја создаде Габриел Талевски во 30. минута со удар од 18 метри, но противничкиот голман беше сигурен. Само неколку минути подоцна, по мешаница во шеснаесетникот, најснаодлив беше Иван Танчев кој ја затресе мрежата за водство од 1-0.

Селекторот го искористи пријателскиот натпревар за да им даде шанса на сите фудбалери, со повеќе измени во вториот дел. Македонија следниот контролен меч ќе го одигра на 17 септември, на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, против селекцијата на Унгарија.


Хет-трик на Милер за Ванкувер на 36-от роденден

Германскиот фудбалски ветеран, Томас Милер постигна хет-трик во дресот на Ванкувер.

Играчот од средниот ред постигна три гола против Филаделфија (7:0) во натпревар од регуларната сезона на МЛС. Натпреварот се одигра на денот кога Милер го прослави својот 36-ти роденден.

Тој постигна три гола на еден натпревар за првпат по 2018 година.


Пеп: Не би го менувал Халанд ни за Меси, ни за Кристијано

Еден од најдобрите светски фудбалски тренери, менаџерот на англискиот великан Манчестер Сити, Пеп Гвардиола,, го спореди својот најефикасен фудбалер, норвешкиот центарфор Ерлинг Халанд со најновиот напаѓач на Ливерпул, Александар Исак.

Гвардиола немаше никакви дилеми во врска со ова. „Го ставам Халанд малку повисоко. Исак е исклучителен играч, но ме прашавте за Ерлинг а тој е врвен.“

Секако, Гвардиола рече дека многу го цени Швеѓанецот, но го стави Халанд дури и пред Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

„Исак е веројатно врвен фудбалер штом толку му платиле. Некој друг би можел да ги именува Мбапе, Меси или Кристијано Роналдо, но јас не би го менувал Ерлинг за никого“, рече Гвардиола.

Инаку, Норвежанецот пристигна во Сити во 2022 година од Борусија Дортмунд. Досега одигра 149 натпревари и постигна 127 голови во дресот на Граѓаните од Манчестер.


Анчелоти сака долго да остане селектор на Бразил

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, во интервју за „ESPN“ изјави дека сака да остане со „Кариоките“ до 2030 година.

„Сакам да ја тренирам бразилската репрезентација од 2023 година. Подготовките за Светското првенство се нешто посебно за бразилската репрезентација. Потпишав едногодишен договор. По Светското првенство, сè ќе биде јасно. Мислам дека беше исправно во тој момент да потпишам едногодишен договор. Немам проблем ако конфедерацијата сака да продолжи со соработката. Нема проблем. Како што реков, многу сум среќен тука, моето семејство е исто така среќно. Имаме време да разговараме за тоа, не сум против продолжување на работата. Да останам до 2030 година? Тоа би било одлично“, рече Анчелоти.

Италијанскиот фудбалски стручњак, исто така, истакна дека за да му се олесни адаптацијата на животот во Бразил, тој посетува часови по португалски јазик.