фудбал

Ренато Санчез последна желба на новата Барселона на Куман

Барселона е силно заинтересирана за португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез, пренесуваат шпанските медиуми.

Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде веќе втора сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Санчез играше одлично и на Европското првенство, а откако ја освои титилата со Лил спремен е да направи чекор напред во кариерата.

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска, а најголема желба на тренерот Куман е токму Ренато Санчез. Каталонците стапиле во контакт со неговиот агент и го сакаат Португалецот на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

Лил за слободата на Ренато Санчез бара 40 милиони евра, а Барса ќе мора да ја победи конкуренцијата бидејќи за него интерес покажуваат уште Ливерпул и Јувентус.


Челзи се вклучува во трката за Хари Кејн

Хари Кејн сака да замине од Тотенхем и врши притисок врз клубот да му дозволи трансфер ова лето. Новиот тренер Нуно Еспирито Санто изјави дека Кејн ќе отане, но капитенот на Англија зборувал со сонародниците и им кажал дека сака да си замине.

Како негова следна дестинација се споменуваше Манчестер сити, но во борбата за неговиот потпис се вклучил и Челзи.

„Сините“ преговараат и со Ерлинг Халанд, но со оглад на фактот дека тој трансфер е исклучително тежок, сега ќе се насочат кон Хари Кејн.

Тотенхем би можел да се договори со Челзи затоа што го сака Тами Абрахам, кој има голем квалитет, но не добива шанса кај тренерот Томас Тухел.


Најдобриот фудбалер на Феенорд се сели во Ајакс

Ајакс успеа да му зададе голем удар на големиот ривал Феенорд.

Нов играч на Ајакс e Стивен Бергхуис за кого Ајакс плати 5.5 милиони евра оштета. Ривалството помеѓу Ајакс и Феенорд е едно од најголемите во фудбалот и Бергуис од денес сигурно важи за „предавник“.

„Имам 29 години и не е тајна дека сакам да одам чекор напред. Важно ми е да се развивам како гудбалер. Со изборот на новиот клуб си овозоможив борба за трофеи, а и играње за репрезентацијата во иднина“, изјави Бергуис.

Навивачите на Феенорд брзо се огласија откако нивниот миленик потпиша за Ајакс.

„Се чувствуваме измамено и предадено, но тоа не треба да не плаќи. Не ги поддржуваме ваквите работи. Очигледно е дека не постоел ниту процент клупска љубов, станува збор за други работи“, наведено е во објавата на навивачите од Ротердам.


Евертон не може да си ја дозволи платата на Хамес и го стави на трансфер листа

Новиот тренер на Евертон, Рафа Бенитез веќе работи на тоа да ги подготви плановите за новата сезона, меѓутоа истите би можеле да се променат бидејќи клубот планира да го продаде Хамес Родригез.

Самиот Бенитез посочи дека активно ќе биде во потрага по засилувања на трансфер пазарот, меѓутоа и додаде дека некои фудбалери со големи плати ќе мораат да си заминат за да се задоволат потребите од правилникот за финансискиот фер-плеј.

„Сите добро знаеме дека овој клуб потроши многу пари во изминатите неколку години, тоа значи дека Финансискиот фер-плеј е фактор“ рече Бенитез.

„Доколку имате фудбалери со големи плати кои не играат, тогаш се обидувате да пронајдете решение за таа ситуација, а решението можеби е во ангажман на нови фудбалери“ додаде шпанскиот фудбалски стратег.

„Дејли Мејл“ сепак го вметна Родригез како еден од фудбалерите на Евертон кој би можел да биде продаден овој летен преоден рок, а најмногу поради неговата висока плата која изнесува седум милиони фунти по сезона.


Бен Вајт се договори за премин во Арсенал

Главниот стопер на Брајтон, Бен Вајт, ја прифати поканата да се пресели во екипата на Арсенал, објавија дел од медиумите во Англија.

23-годишниот фудбалер треба да ја засили одбраната на „топчиите“ кој се покажа како најслабата алка во изминатата сезона. Трансферот е вреден 55 милиони евра со што е соборен рекорд кога станува збор за дефанзивен играч кој бил купен од Арсенал.

Вајт потекнува од школата на Саутемптон, а во екипата на Брајтон се активираше во 2014 година.


Саудиска Арабија и Италија заеднички ја сакаат организацијата на СП 2030

Во трката за организација на СП 2030 се приклучува и Саудиска Арабија. Со оглед на тоа дека мундијалот ќе биде со 48 земји, Саудиска Арабија бара ко-домаќин и се разгледува идејата да го организира првенството заедно со Италија, и покрај тоа што двете земји се одалечени неколку илјади километри.

Втора опција е Саудиска Арабија да предложи кандидатура заедно со Египет и Мароко.

Интерес за организација на мундијалот во 2030 веќе пријавија неколку земји. Шпанија сака заедно со Португалија да биде домаќин, Велика Британија пак најави кандидатура заедно со Република Ирска.

Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај исто така изразија намера да го донесат мундијалот во Јужна Америка.


Почина легендата на југословенскиот фудбал Милан Живадиновиќ

Вчера на 77-годишна возраст почина поранешниот југословенски селектор и српска тренерска легенда, Милан Живадиновиќ.

Живадиновиќ беше тренер на Црвена звезда и на екипи како Будуќност, ОФК Београд, Приштина, Раднички Ниш, Сутјеска, Рад, Нови Сад, Спартак, турскиот Сакаријаспор и во кувајтскиот Ал Шабаб. 

Во 1998 година беше селектор на репрезентацијата на поранешна СР Југославија, а беше предводник и на селекциите на Ирак, Јемен, Гана и Мјанмар. 

Играчката кариера ја мина во екипите на Црвена звезда, Челик, Слобода, Риека, Црвенка и германскиот Судвест, а во периодот помеѓу 1963 и 1965 го носеше дресот на Вардар.


Мароканецот Хакими вторпат позитивен на ковид-19

Ашраф Хакими кој ова лето се пресели од Интер во ПСЖ е позитивен на коронавирус.

Хакими веќе одигра еден пријателски натпревар за „светците“ во кој забележа и асистенција, но непосредно пред дуелот со Шамбли исто така од пријателски карактер добил позитивен тест. Мароканецот е изолиран и ќе го нема во составот на Покетино најмалку во наредните десет дена.

За Хакими ова е втор пат да биде позитивен на коронавирус, еднаш беше како член на Интер во октомври. Тогаш немаше никакви компликации.

Покетино се надева дека Хакими негативниот тест ќе го добие што е можно побрзо и ќе се врати на подготовките за новата сезона во која ПСЖ влегува со големи амбиции.


СП 2030 ќе се игра на два континенти?!

Кратко по завршувањето на Европското првенство кое се играше во 11 различни градови и се покажа како неуспешно, со оглед на тоа што и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, рече дека никогаш повеќе нема да игра во таков формат.

Сепак, ФИФА може да донесе уште „почудна“ одлука. Имено, британски „Атлетик“ пренесува дека се разгледува можноста за организирање на Светскиот куп на два различни континенти, односно дека Италија и Саудиска Арабија ќе бидат домаќини на турнирот во 2030. година.

Патем, од Светското првенство во 2026 година ќе можат да учествуваат 48 репрезентации. За потсетување, следниот Мундијал ќе се игра во Катар, додека во 2026 година ќе се игра во Канада, Мексико и САД.


Терим стои меѓу трансфер на Алиоски во Галатасарај

Дел од турските медуми објавија дека Езџан Алиоски и Галатасарај постигнале договор и соработката би требало да биде официјализирана во наредните денови.

Иако вчера сите турски медиуми објавија дека Алиоски и Галатасарај ги договорија сите детали, последните информации се дека преговорите се стопирани.

Причина за тоа е тренерот Фатих Терим, кој наводно го стопирал трансферот бидејќи смета дека македонскиот репрезентативец ќе биде голем финансиски товар за клубот.

Алиоски е слободен агент, а во Галатасарај треба да заработува 2,2 милиони во наредните четири години.