фудбал

Јунајтед и Бетис се договорија, Антони пак ќе игра во Севиља

Манчестер јунајтед ја прифатил понудата на Бетис за трансфер на Антони.

Антони е второто најскапо засилување во историјата на Манчестер јунајтед, за неговите услуги беа платени 95 милиони евра, но Бразилецот никогаш не ги оправда очекувањата на Олд Трафорд.

Напаѓачот вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Бетис и покажа што умее, па „зелено-белите“ изразија желба да го задржат.

По долги преговори, двата клуба конечно успеаја да најдат компромис, неколку извори вечерва објавија дека Манчестер јунајтед ја прифатил понуда.

Детали од зделката се уште не се откриваат, изминативе денови се шпекулираше со сума од 25-30 милиони евра за 50% од сопственоста на играчот.


Арсенал потпиша со Еквадорецот Инкапие

Спортскиот директор на Арсенал беше исклучително активен во преодниот рок. Резултатот на таа активност е рекордно трошење за засилувања, што беше заокружено со договорот за трансфер на Пјер Инкапие од Баер Леверкузен.

Постигнат е договор помеѓу Арсенал и Баер Леверкузен. Според него, Арсенал ќе му плати на Баер 52 милиони евра со бонуси.

Со овој трансфер, бројката што „топџиите“ ја потрошија за трансфери ова лето е 345 милиони евра, што е клупски рекорд. Во клубот пристигнаа осум нови фудбалери.

Мартин Зубименди беше платен најскапо, 70 милиони евра на Реал Сосиедад. Еберечи Езе беше платен малку помалку на Кристал Палас (69,3 милиони евра), а над 60 милиони беа платени за Виктор Ѓекереш Спортинг (65,8 милиони евра). Нони Мадуеке од Челзи беше платен 56 милиони евра.

Кристијан Москера беше доведен од Валенсија за 15 милиони евра, Кристијан Норгард од Брентфорд за 11,6 милиони евра, а уште еден играч беше доведен од Челзи. Кепа Аризабалага за само 5,8 милиони евра.


Вардар го надигра Шкупи пред празни трибини во Струмица

Фудбалерите на Вардар го совладаа попладнево Шкупи на гостувањето во Струмица со 4-2 во воведниот натпревар од 4 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Вардар до третата победа оваа сезона дојде со головите на Данев (16), Омерагиќ (36), Закариќ (45+4) и Спахиу (90+4), додека головите за Шкупи ги постигнаа Матиќ (1, автогол) и Дестани (38).

Вардар е лидер на табелата со 10 бодови, додека Шкупи остана на последното место без освоен бод.

Во рамки на 4 прволигашко коло, утре на програмата се дуелите Арсими – Силекс и Башкими – Струга, а в недела ќе играат Македонија ЃП – Пелистер и Тиквеш – АП Брера.

Натпреварот меѓу Работнички и Шкендија е одложен.


Тотенхем сака искусен дефанзивец за Лигата на Шампиони – Аканџи на прагот од трансфер

Со затворањето на трансфер прозорецот, Тотенхем направи доцна понуда за швајцарскиот дефанзивец Мануел Аканџи од Манчестер Сити. 30-годишниот фудбалер, кој пристигна од Борусија Дортмунд во 2022 година, имаше важна улога во тробојниот успех на Сити, но сезонава има ограничено време на теренот. 

Неговата способност да игра како центар бек и како десен бек го прави привлечна опција за новиот менаџер на Тотенхем, Томас Франк, кој цени тактичка флексибилност. Иако заработува солидна плата во Сити, Аканџи може да биде отворен за преговори за да обезбеди повеќе минути на теренот. 

Аканџи е во позадина на одбраната на Сити и не беше во составот за последниот натпревар против Тотенхем. Со оглед на потребата од подлабок состав пред напорната сезона и враќањето на Тотенхем во Лигата на Шампиони, тој може да биде клучно засилување. 

Сепак, конкуренцијата е жестока. Милан преговара со играчот за лични услови. Кристал Палас и турскиот шампион Галатасарај исто така се заинтересирани, што ја прави одлуката уште покомплексна. 

Тотенхем има предност со понуда за играње во Премиер Лигата и потенцијално повисока плата, но на крајот играчот најверојатно ќе се води од гаранциите за минути на теренот.  


Ливерпул спрема неверојатна рекордна понуда за Александер Исак

Ливерпул се подготвува да го сруши британскиот трансфер-рекорд со спектакуларна понуда за напаѓачот на Њукасл, Александер Исак. Според извештаите, клубот од Мерсисајд понудил околу 130 милиони фунти, со бонуси кои би можеле да ја зголемат вкупната сума. 

25-годишниот шведски напаѓач е главната цел на Ливерпул во овој преоден рок, особено по заминувањата на клучни фудбалери како Луис Диаз и Дарвин Нуњез. Исак, кој веќе се докажа во Премиер Лигата со својата техника и смиреност пред голот, се смета за совршено засилување во нападот на Ливерпул. 

Преговорите се интензивираа летово, откако Исак наводно изразил незадоволство од Њукасл поради неисполнети ветувања во договорот. Фудбалерот јасно стави до знаење дека не сака повеќе да игра за клубот. Претходната понуда од 110 милиони фунти беше одбиена, но финансиската ситуација на Њукасл, особено по ангажманот на Германецот Ник Волтемаде за 78 милиони фунти, ќе ги натера да размислат поинаку. 

Од перспектива на Њукасл, разделбата со поранешниот фан-фаворит не е лесна. Но со Лигата на Шампиони на повидок и потребата од поширок состав, клубот е подготвен да преговара, особено бидејќи веќе има замена во Волтемаде. 

Како што преодниот рок се ближи кон крајот, сите очи се вперени во последната фаза од преговорите кои можат да донесат еден од најскапите трансфери во историјата на фудбалот. 


Манчестер Јунајтед го одби барањето на Коби Мејну за позајмица

Манчестер Јунајтед го одби барањето на Коби Мејну за позајмица пред затворањето на летниот трансфер прозорец.  

20-годишниот играч од академијата на „Црвените Ѓаволи“ бара повеќе минути на теренот поради жестока конкуренција во средниот ред. 

Мејну играше цел натпревар во ЕФЛ Купот, но беше на клупата како резерва без настап на првите два натпревари во Премиер Лигата оваа сезона. И покрај интересот од неколку клубови, вклучувајќи го и Брајтон, кои сакаат да му понудат почетна позиција, Манчестер Јунајтед инсистира тој да остане и да се бори за своето место. 

Клубот го смета Мејну за важен играч и клучна карика за сегашниот тим и идните планови, па сака да продолжи да се развива под нивно водство. Тренерот, Рубен Аморим, верува дека Мејну може да конкурира директно со поискусните играчи од тимот и изрази доверба во потенцијалот на младиот играч. 

Желбата на Мејну за повеќе минути на теренот е поврзана и со неговите амбиции да настапува за неговата држава, сака да привлече внимание од селекторот на Англија, Томас Тухел, пред Светското Првенство во 2026 година.  

Со приближувањето на крајниот рок за трансфери, изгледа дека Мејну ќе остане на Олд Трафорд и понатаму, продолжувајќи да се бори за минути во силната конкуренција во средниот ред. Начинот на кој ќе се справи со овој предизвик ќе влијае врз неговата иднина и на клупско и на меѓународно ниво. 


Милан тропа на вратата на Барселона: Кристенсен на чекор од трансфер

Милан започна преговори со Барселона околу евентуален трансфер на данскиот дефанзивец Андреас Кристенсен. Италијанскиот гигант е подготвен да понуди околу 30 милиони евра за 29-годишниот играч, кој влегува во последната година од својот договор со каталонскиот клуб. 

Барселона, која се соочува со сериозни финансиски предизвици, го разгледува трансферот како начин да го растовари буџетот и да отвори простор за нови засилувања. Клубот се обидува да ја стабилизира финансиската состојба пред затворањето на преодниот рок. 

Иако Кристенсен е значаен дел од одбраната, неговата иднина останува неизвесна. По заминувањето на Ињиго Мартинез, Барселона сè уште располага со пет централни дефанзивци, но продажбата на Кристенсен би можела да помогне во задржување на младиот талент Фермин Лопез, кој се смета за клучен играч за иднината на клубот. 

Кристенсен не покажува голема желба за заминување, решен е да се избори за своето место. Сепак, доколку Милан испрати привлечна и конечна понуда, не е исклучено трансферот да се реализира во последните денови од преодниот рок. 

За Милан, доведувањето на Кристенсен би било стратешки потег – искусен и смирен дефанзивец кој може да донесе стабилност и лидерство во одбраната. Црвено-црните сакаат враќање во Лигата на Шампионите и веруваат дека токму Кристенсен може да помогне во остварување на таа цел. 


Јунајтед спремен да отпочне преговори со Штутгарт за Штилер

Манчестер Јунајтед повторно се активираше на трансфер пазарот, овој пат во врска со трансферот на Анџело Штилер. Рубен Аморим има потреба на ново име на позицијата дефанзивен играч за врска, па Германецот е идентификуван како соодветна опција. Претходно Манчестер Ј. се обидуваше да го купи Карлос Балеба од Брајтон, но трансферот не успеа да се реализира.

Штилер има пазарна вредност од околу 45 милиони евра, па останува да се види колку Штутгарт ќе бара за неговата слобода.


Солскјер доби отказ, Бешикташ ќе добие нов тренер

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер доби отказ на клупата на турски Бешикташ, само седум месеци откако го презеде клубот од Истанбул, јавија денеска турските медиуми.

Одлуката на клупското раководство да се раздели со Солскјер доаѓа по елиминацијата на Бешикташ од европските клупски натпреварувања и поразот синоќа од 0-1 на домашен терен од швајцарскиот тим Лозана.

Првиот натпревар во Лозана заврши нерешено 1-1 и триумфот во Истанбул беше доволен Лозана да обезбеди пласман во главната фаза од Конференциската лига.

„По елиминацијата од Конференциската лига на УЕФА, одборот на директори на Бешикташ одржа вонреден состанок и одлучи да се раздели со главниот тренер Оле Гунар Солскјер“, се вели во соопштението на клубот. „Одборот, исто така, му се заблагодарува на Солскјер за неговите услуги во Бешикташ и му посакува среќа во понатамошната кариера.“

Солскјер во јануари потпиша 18-месечен договор со Бешикташ со опција за продолжување на соработката за уште една година.


Миовски на лекарски прегледи во Париз, па на потпис во Глазгов

Според последните информации, екипата на Глазгов Ренџерс постигнала договор со Џирона за потписот на македонскиот голгетер Бојан Миовски.

Ренџерс ќе потпишар договор вреден 3,5 милиони евра плус клаузула за продажба, а нашиот напаѓач треба уште денеска да ги помине медицинските прегледи во Париз пред да потпише долгорочен договор, најверојатно до 2029 година.

Наскоро шкотските медиуми ќе излезат и со дополнителни детали.