фудбал

Елмас по првиот гол сезонава: Имам поголема самодоверба со Спалети

Елиф Елмас го запиша првиот гол сезонава за Наполи, во натпревар во кој клубот од Неапол победи со 2:0 против Венција и тоа со играч помалку.

Македонскиот репрезентативец беше задоволен од прикажаната игра, од постигнатиот погодок и од фактот дека му помогна на тимот да победи.

„Задоволство е да се постигне гол пред нашите навивачи на почетокот на новата сезона. Ваква победа докажува дека сме одличен тим кој и со 10 играчи на теренот, покажа дека може да ја контролира играта и да доминира. Сакам да му се заблагодарам на тренерот Спалети за огромната доверба која ми ја укажа од самото пристигнување во тимот. Верувам дека наша сила оваа сезона ќе биде и нашиот тренер.“ – изјавил Елмас.


Пропадна Влаховиќ, Атлетико го носи Матеус Куња

Атлетико Мадрид е се уште активен на трансфер пазарот и интензивно бара нов напаѓач.

Прва мета беше напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, но откако преговорите пропаднаа Атлетико се насочи кон бразилскиот напаѓач Матеус Куња.

Симеоне на крајот најде поефтина опција од Влаховиќ и трансферот на Куња е пред реализација за 30 милиони евра.

22-годишниот напаѓач покажа добри одлични партии во Херта, а одигра добро и на Олимписките игри.


Неверојатни сцени во Лига 1 – навивачите влетаа на теренот! (видео)

Неверојатни сцени на синоќешниот натпревар помеѓу Ница и Марсеј во француската Лига 1, хаос на трибините и на теренот, навивачите ги гаѓаа играчите, а тие тргнаа да се пресметуваат со нив.

Инцидентот се случи кога домашните навивачи го удрија Димитри Паје со тврд предмет, а тој не остана должен па им го врати „назад“.

Натпреварот меѓу Ница и Марсеј од 3. коло во Лига 1 заврши 15 минути порано поради овој голем инцидент.

https://twitter.com/Jamnic_/status/1429542382601752579

Хендерсон ќе добие нов договор на „Енфилд“

Ливерпул и Џордан Хендерсон се во завршна фаза од преговорите за обновување на договорот. Во моментов двете страни разговараат за последните точки од договорот.

Според изворот, новиот договор ќе важи до 2024 година. Актуелниот договор на Хендерсон со Ливерпул трае до 30 јуни 2023 година. Неговата трансферна вредност се проценува на 20 милиони евра. Минатата сезона тој одигра 28 средби на сите турнири, на кои постигна еден гол и една асистенција.


Повредата ќе го оддалечи Пике неколку недели од терените

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, се повреди на натпреварот од второто коло на шпанската Примера со Атлетик (1-1) и прашање е колку ќе отсуствува од фудбалските терени.

Според денешните информации, на Пике му беше дијагностицирано оштетување на мускул на левата нога, а засега лекарите не прогнозираат колкав ќе биде периодот на рехабилитација.


Драгарски веќе не е фудбалер на Теута

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија , Христијан Драгарски ја прекина авантурата во Албанија, па повеќе не е фудбалер на Теута од Албанија.

29-годишниот централен бек, ја заврши соработката со составот од Драч по само неколку месеци откако се пресели во албанскиот прволигаш од битолски Пелистер.

Драгарски кариерата ја започна во редовите на Пелистер, а освен за битолчани во Македонија играше и за екипите на Струга и Победа.

Останува да се види каде поранешниот капитен на Пелистер ќе ја продолжи својата кариера.


Гризман: Уживам додека играм за Барселона

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман е прва ѕвезда во составот на Барселона во новата сезона.

Тој беше во дуелот со Реал Сосиедад кој „каталонците“ го добија со 4:2 го одигра 100 натпревар во дресот на Барса, по што беше неизмерно среќен.

„Среќен сум и горд. Се надевам дека ќе одигра уште најмалку 100 натпревари и ќе му помогнам на тимот да испише нова историја. Сакам да бидам од помош и уживам додека играм за Барселона.“ – изјави Гризман.

Тој заедно со Мемфис Депај и со Брајтвајт во моментов се тројцата напаѓачи на Барса во очекување на кам-бекот на Дембеле, Агуеро и Фати.


ФИБА Европа упати честитка до сениорската репрезентација

Веднаш по завршувањето на натпреварите од претквалификациската фаза за пласман на Светскиот Куп, Извршниот директор на ФИБА-Европа, г. Камил Новак испрати честитка за пласманот на нашата најдобра селекција во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

„Во име на ФИБА Европа, би сакал да ви го честитам пласманот на вашиот машки национален тим во квалификациите за ФИБА Светскиот Куп 2023 кои стартуваат во ноември.

Ви посакувам многу среќа во ждрепката и на натпреварите кои следуваат. И би сакал да ви се заблагодарам за вашите континуирани обиди за придонес во европската кошарка“ – стои во честитката од европската зона на ФИБА упатена на адреса на водечките луѓе на федерацијата, претседателот Перо Антиќ и генералниот секретар Владимир Георгиевски.


Јунајтед има план за доведување на еден од најдобрите напаѓачи на светот

Манчестер Јунајтед на списокот на желби го додаде Килијан Мбапе, еден од најбараните играчи на планетата во моментот е желба на англискиот клуб.

Мбапе потврди дека оваа сезона нема да замине од ПСЖ, но јасно му даде до знаење на клубот дека следното лето ќе замине од Париз.

Реал Мадрид и понатаму е главен фаворит за потпис на Мбапе, но сега „кралевите“ добија сериозна конкуренција во Манчестер Јунајтед кој не се откажува и најави дека следното лето ќе го донесе Французинот во Манчестер.

Како што пишува Мирор, Мбапе, Кејн и Халанд се топ приоритети на Јунајтед.


Поранешен фудбалер на Јунајтед осомничен за кражба во Бразил

Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Андерсон се наоѓа под истрага поради перење пари.

Според информациите, Андерсон е еден од осуммина кои јавното обвинителство ги доведе во врска со пренаменување на 5,5 милиони евра од државната берза и перење пари низ криптовалути.

Освен наведеното, тие се под истрага и поради кражба и припаѓање на криминална организација. Станот на Андерсон веќе беше под истрага.

Поранешниот фудбалер со криптовалути се занимава во последните две години, а за медиумите потврди дека неговата компанија продаде биткоин на компанија која е под истрага, тврдејќи дека не знаел дека тие пари стигнале од нелегални извори.