фудбал

Де Брујне: Сега сме само на половина пат до финале

Манчестер Сити со пресврт го победи ПСЖ 2-1 на „Паркот на Принцовите“, го отвори патот кон финалето, но Кевин Де Брујне кој реализираше еден гол смета дека ништо не е готово.
„На полувремето се договоривме да играме повеќе со топката, побрзо да стигнеме до зоната од каде можеме да бидеме опасни, морам да кажам, ова е само половина пат до финалето, не очекува реванш, ништо не е готово“ – изјави Де Брујне.
Де Брујне беше еден од најдобрите индивидуалци на теренот во Париз и еден од најзаслужните во тимот на Пеп Гвардиола за направениот пресврт и големата победа против ПСЖ на гостински терен.


Милан бара уште еден фудбалер на Лил ова лето

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил.
Станува збор за 22-годишnниот крилен напаѓач, Иконе кој оваа сезона има постигнато 7 гола и запиша 7 асистенции. Иконе е спремен на лето да ја промени средината, а миланскиот гигант веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Францускиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра, додека Милан е спремен да понуди 25 милиони евра.
Интерес за Иконе покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата, но тој е блиску до договор со клубот од „Сан Сиро“.


Вториот најдобар стрелец во Франција бира помеѓу Барса и Јуве

Мемфис Депај, напаѓачот на Лион и во моментот втор стрелец во француското првенство, веќе некое време го договара својот трансфер во Барселона, каде повторно би работел заедно со Роналд Куман, со кого соработуваше во холандската репрезентација.
Депај сезонава постигна 18 погодоци за Лион, со кој има договор до крајот на оваа сезона. Неговите контакти со Барселона се во тек уште од минатата година, а финансиската криза е причина што каталонскиот клуб сега нуди двојно помалку од она што го нудеше минатата година.
Депај и Барселона веќе имаа неколку состаноци на темата негово доаѓање во клубот, но сега се замеша и Јувентус, кој исто така има желба да го доведе. Кристијано Роналдо, Пауло Дибала и Алваро Мората би можеле да го напуштат клубот од Торино на крајот од сезонава, а Јувентус е во потрага по играчи кои би замениле некој од овие тројца.
Холандскиот напаѓач би можел да пристигне бесплатно, што е прилика која би сакале да ја искористат и во се уште актуелниот италијански првак.


„Кралевите“ по секоја цена го сакаат Пау Торес

Примарна цел на Реал Мадрид на лето ќе биде засилување на одбраната, без разлика дали Рамос ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“.
Како што пренесува доброинформираната „Марка“, прв на листата желби на „кралевите“ е дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес.
24-годишниот Торес е шпански репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивци во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Откупната клаузула на играчот на „жолтата подморница“ е 50 милиони евра, но Реал ќе се обиде да ја намали таа цена преку преговори.


Кое е најдоброто напаѓачко трио според Пеп Гвардиола?

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред дуелот со ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите имаше пофални зборови за Нејмар.
„Се сеќавам кога гледав видео исечоци од Нејмар додека беше тинејџер и си мислев ова е крал на Сантос. Да останеше Нејмар во Барселона, ќе освоеја уште два или три трофеи во Лигата на шампионите. Меси, Суарез и тој беа најдобри во офанзивата. Никогаш не сум видел таква напаѓачка тројка.“ – вели поранешниот тренер на Барселона.
„Сепак Нејмар одлучи да замине во ПСЖ и тоа не е лоша одлука. ПСЖ е добар клуб, а Париз убав град. Јас сум обожавател на Нејмар, тој е играч кој го подобрува фудбалот. Му посакувам што помалку повреди.“
Се осврна и на Килијан Мбапе.
„Млад е и тој е иднината на светскиот фудбал. Впрочем, тој е веќе светски првак. Ме импресионира како Халанд, го гледам и си велам себеси: Неверојатно! Колку голови даваат, со каква брзина.“ – заклучи Пеп.


Покетино пред Сити: Ќе биде тешко, но подготвени сме

Тренерот на Париз Сен Жермен, Маурисио Покетино изјави дека неговиот тим го очекува тежок дуел со Манчестер Сити во рамки на Лигата на шампионите.
„Ние сме мирни. Знаеме дека ќе мора многу да се бориме за да победиме еден фантастичен тим како Манчестер Сити. Ќе биде тешко и ќе мора да играме најдобро што можеме.”, рече Покетино на прес-конференцијата.
Аргентинецот зборуваше многу за Сити и тренерот Пеп Гвардиола.
„Мислам дека Сити е еден од најголемите тимови во светот со, исто така за мене, најдобриот тренер. Дали ќе биде потешко отколку против Баерн? Не знаеме.”, рече Покетино.
Првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите ПСЖ и Сити го играат вечерва од 21. часот во Париз, а најголемата понуда за овој натпревар ќе ја најдете на www.evrotip.mk.


Камавинга ќе потпише за Баерн, а не за Реал Мадрид

Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.
18- годишниот играч за врска веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но последните информации се дека е на чекор од трансфер во Баерн Минхен.
Камавинга со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“ и дебитираше за француската репрезентација.
Приоритет на Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а веруваат дека Камавинга ќе биде идеално решение.


Рома го договори Сари за тренерското место од следната сезона

Првите луѓе на фудбалскиот состав, Рома, успеале да го убедат Маурицио Сари да го преземе кормилото на „римската волчица“ во текот на летото иако има активен договoр со Јувентус до 2022 година.
Искусниот стратег најверојатно ќе мора да и плати отштета на „старата дама“ од 2,5 милиони евра за да го раскине договорот и да биде слободен да ги води „римјаните“.
Според медиумите, тренерот од Тоскана и спортскиот директор на Рома, Лопез, набрзо ќе имаат состанок за да ги прецизираат сите детали.


Што ли направи?! Навивачите бесни на Донарума!

Навивачите на Милан не се воодушевени од голманот Џанлуиџи Донарума, а нервозата околу продолжувањето на договорот со клубот дополнително е зголемена и со реакцијата по убедливиот пораз од Лацио.
Милан од борба за титулата, сега стигна на позиција која не води ниту во Лигата на шампионите, на само пет кола пред крајот.
Лацио го „прегази“ на домашен терен, а по крајот на натпреварот навивачите го забележаа Донарума како во добро расположение разговара со колегата од Лацио, Пепе Реина.
Според пишувањата на Газета дело Спорт, навивачите оваа реакција ја дочекаа „на нож“, па насловот на овој познат весник гласи: „Џиџи, нема причини за насмевки.“
Договорот на голманот, кој пред неполни шест години како 16-годишен доби шанса во првиот тим, истекува на 30. јуни, а засега нема знаци дека истиот ќе биде продолжен.


Реал Мадрид продава СЕДУМ првотимци?!

Шпански „Ас“ тврди дека Зинедин Зидан им соопштија на седуммина од првиот тим дека може и официјално да си бараат нови клубови и ова лето ќе бидат продадени.
Јовиќ, Иско, Мариано, Марсело, Себаљос и Варан нема да бидат дел од клубот за следната сезона а од нивната продажба, Реал Мадрид очекува да заработи околу 250 милиони евра.
Зидан е решен ова лето да добие барем една мега ѕвезда, Мбапе или Халанд со што ќе се врати епитетот на клуб кој не се одбива.
Неофицијално, Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе има на располагање околу 150 милиони евра, па со овие 250 милиони евра собрани од продажбата на седуммината, јасно е дека во Мадрид ќе пристигнат сериозни засилувања.