фудбал

Навивачите на Сити и Челзи прават нереди низ Порто (видео)

Манчестер Сити и Челзи утревечер од 21. часот во Порто играат во финалето на Лигата на шампионите.

Натпреварот најпрво беше закажан да се игра во Истанбул, но беше префрлен во Порто каде е доста подобра епидемиолошката ситуација, па за навивачите е полесно да се патува.

Англичаните од вторникот пристигнуваат во Порто, а веќе започнаа и жестоките судири на градските улици. На неколку снимки кои се објавени на Твитер може да се видат групи од неколку десетици навивачи кои се тепаат на градските улици.

Во еден момент, завршија и на улица на која минуваат автомобили, а една личност е потешко повредена и заврши во болница. Ситуацијата во центарот на градот мораа да ја смируваат и специјалци кои ги растераа навивачите, а тие продолжија со судирите.



Три пати банкротираа, па сега се вратија во Серија А!

Познати се сите екипи кои ќе бидат дел од италијанското фудбалско првенство за сезоната 2021/22. Откако од најсилната италијанска лига испаднаа Беневенто, Кротоне и Парма, нивните позиции ги пополнија Емполи и Салернитана, кои изборија директен пласман од Серија Б, а синоќа таму им се приклучи и Венеција.

Венеција до пласман во италијанската елита дојде играјќи 1:1 во реваншот од плеј-офот против Цитадела, откако на првиот натпревар славеше со 1:0.

Реванш натпреварот домаќините го играа со играч помалку повеќе од 60 минути, но и така успеа да ја надокнади предноста на гостите од 26. минута по голот кој го постигна Федерико Проја. Кoга се чинеше дека натпреварот може да замине и во продолженија, во третата минута од судиското надополнување, погодокот вреден враќање во Серија А го постигна Рикардо Бокалон.

Венеција последен пат во Серија А се натпреваруваше во сезоната 2001/02. Од тогаш, клубот три пати банкротираше, а сега повторно ги доживува своите најдобри денови.



Македонија во добро расположение се подготвува за ЕУРО

Македонската репрезентација ги започна подготовките за претстојното Европско првенство. Нашите фудбалери се наоѓаат во групата Ц, каде што силите ќе ги одмерат со репрезентациите на Холандија, Австрија и Украина. Расположението во репрезентацијата е одлично, а селекторот Игор Ангеловски ги стартуваше подготовките за претстојниот собир. 

Бобан Николов, играчот од средниот ред на македонската репрезентација со нетрпение го очекува настапот на Европското првенство, и верува во силата и карактерот на неговите соиграчи.

„Секогаш е привилегија да се носи дресот со државниот грб. Максимално сме фокусирани на репрезентацијата и Европското првенство. Ги започнуваме подготовките со јасна цел, подготвени сме и физички и психички за нови достигнувања, подготвени сме од ново да ја израдуваме Македонија и да ја направиме горда. Очекувам да се покажеме во вистинско светло во Букурешт и уште еднаш да ја израдуваме македонската јавност. Оваа репрезентација има сила и карактер, веруваме во нашите способности и подготвени сме да изгинеме за овој дрес. Дај боже сите да сме здрави, да нема повреди. Максимално се подготвуваме, имаме по два тренинга дневно, тоа е и нормално, ако сакаме да бидеме подготвени за Европското првенство.Барди е херој, ќе го преброди ова. Има целосна поддршка од нас, сите заедно ќе одиме во Букурешт.”, вели Бобан Николов.

Елиф Елмас, играчот на Наполи и еден од најзначајните фудбалери на нашата репрезентација вели дека Македонија ќе оди во Букурешт по добра игра и освојување на бодови.

„Фокусиран сум само на Македонија и нашиот настап на Европското првенство. Ова е животна желба и сон на секој фудбалер. Добро знаеме против кого играме, ги почитуваме противниците, но нашата цел е јасна, одиме на Европско да се докажеме, да успееме да победиме, и да освоиме што е можно повеќе бодови. Да докажеме дека сосема заслужено се пласиравме на овој собир. Оптимист сум и секогаш се надевам на позитивни резултати. Максимано сме подготвени, заедно со селекторот се надеваме дека ќе успееме да забележиме уште поголеми резултати, само здравје да не служи. Се зависи од нас”, вели Елиф Елмас.



Коларов на чекор до Црвена Звезда

Александар Коларов нема да го продолжи договорот со Интер и ќе си замине како слободен агент.

Срските медиуми пренесуваат дека Коларов ќе ја напушти и Серија А и кариерата ќе ја продолжи во Црвена Звезда.

Ветеранот веќе постигнал договор со клубот српскиот шампион и ќе му се приклучи на тимот на почетокот на подготовките.

Коларов од дете навива за Црвена Звезда и се одлучи кариерата да ја заврши во тој клуб, а годишно во Белград ќе заработува по 600.000 евра.



Фановите се враќаат: Македонија – Словенија пред 10.000 гледачи

Владата официјално потврди дека пријателскиот натпревар на први јуни Македонија – Словенија ќе се игра пред публика.

„Во знак на поддршка на Македонската фудбалска репрезентација, која за прв пат се пласираше на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одржи подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата, на седницата донесоа Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари, односно подготвителниот натпревар кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје да се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините. За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада“, објавија вечерва од Владата.

Тие 30% значат околу 10.000 фанови на трибините.

Ќе потсетиме, дуелот со Словенија е еден од двата кои македонската репрезентација ќе ги одигра пред ЕП во Скопје. Вториот се игра против Казахастан три дена подоцна.



Алегри се врати во Јувентус по две сезони

Масимилијано Алегри се врати во Јувентус. Според „Скај Италија“, Јувентус постигнал договор со тренерот, а денес се очекува да биде објавено дека Андреа Пирло ќе биде е отпуштен.

Алегри освои пет последователни титули во Италија со Јувентус помеѓу 2014 и 2019 година. Тој имаше недоразбирање со спортскиот директор Фабио Паратичи и тоа беше една од причините што ја напушти позицијата.



Два гиганти го сакаат Госенс од Аталанта

Манчестер Сити и Барселона би можеле да влезат во трансфер битка за потписот на левиот бек на Аталанта, Робин Госенс. Двата клуба имаат сериозен интерес за него и ќе се обидат да го земат во своите редови, пишува шпанскиот венсик „Спорт“.

26-годишниот Германец имаше неколку многу добри сезони во тимот од Бергамо, а тоа не помина незабележано ниту од гигантите, како и од селекторот на репрезентацијата Јоаким Лев, кој смета на него и во репрезентацијата, вклучително и во тимот за Еуро 2020. Манчестер Сити не го крие интересот за Госенс, но клубот ќе даде понуда за него само доколку се разделат со некој од сегашните леви бекови. Се шпекулира дека Александар Зинченко ќе го напушти „Етихад“, па Госенс може да го заземе неговото место.

Барса исто така бара лев бек, бидејќи Жорди Алба е веќе стар, а немаат играч кој би можел вистински да го замени. Аталанта е подготвена да преговара за можна продажба на Госенс, но клубот ќе сака да добие најмалку 40 милиони евра за неговите права. Германецот одигра блескава сезона за Аталанта, одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 12 погодоци и 8 асистенции.


Де Лихт е незадоволен во Јуве, најави заминување од Италија

Матијас де Лихт не е задоволен во италијанскиот клуб и сака да ја промени средината.

Де Лихт наводно веќе го известил својот агент дека сака трансфер ова лето, а најсилен интерес за него покажува Барселона. Холанѓанецот ја одби Барселона пред две години и потпиша за Јувентус во трансфер вреден 70 милиони евра.

Меѓутоа, работите во Торино не се одвиваат така како што замислуваше, па сега се кае што го избрал Јувентус и сака да ја промени средината.

Де Лихт веќе се распрашувал кај својот пријател Де Јонг за условите во Барселона и го известил агентот дека сака трансфер на „Камп Ноу“.

Сепак, тоа нема да биде воопшто лесто бидејчи има долг договор со „старата дама“, која нема да го пушти за помалку од 65 милиони евра.


По заминувањето на Конте – Интер пред распад!

Антонио Конте го напушти Интер по две сезони на кормилото и тоа по освојувањето на титулата во италијанското првенство. Конте со Интер ја прекина деветгодишната доминација на Јувентус, а потоа се одлучи да застане.

Славниот тренер заминува бидејќи управата на клубот не може да осигура финансии за засилувања за нападот на Лигата на шампионите. Фабрицио Романо, италијански новинар, објави дека управата побара од Конте поради финансиската криза да продаде играчи во вредност од 80 милиони евра и дека тоа е причината зошто Конте се одлучил да го напушти клубот.

Италијанските медиуми пишуваат дека во Интер следи вистински егзодус. Играчите со кои Конте имаше посебен однос ќе побараат заминување.

Тоа засега се Ромелу Лукаку, Ашраф Хакими, Лаутаро Мартинез и Алесандро Бастони. Со нивните продажби, ќе се осигура финансиската стабилност, но прашање е како Интер би изгледал на теренот идната сезона. Сите овие играчи беа клучни првотимци кај Конте во последните две сезони.


Покетино е незадоволен во ПСЖ, можно е враќање во Тотенхем!

Маурисио Покетино е еден од кандидатите за нов тренер на Тотенхем, пишува англиски „Атлетик“.

Аргентинецот во јануари го презеде ПСЖ со кој го освои Купот, но не успеа да стигне до титулата во лигата и се погласни се шпекулациите дека ќе биде заменет.

Од друга страна, Тотенхем е во потрага по тренер откако Мурињо замина и токму Аргентинецот е една од опциите. „Атлетик“ пишува дека Тотенхем веќе го контактираше тренерот кој ги водеше од 2014. до 2019. година и го изјави својот интерес за негово враќање.

Но, ПСЖ наводно не сака да остане без Покетино и покрај лошата сезона. Покетино е незадоволен во Париз, бидејќи не успеа да развие хемија со играчите, па дури и самиот тој размислува за враќање во Лондон, каде наредната сезона најверојатно нема да биде Хари Кејн.