фудбал

Чави и Ал Сад го освоија Купот на Катар

Чави Хернандез во своите играчки денови освои дури 32 трофеи.
Но, бројот на неговите титули расте и откако стана тренер.
Иконата на Барселона денес го предводеше Ал Сад до победа во катарскиот Куп во кој неговиот тим за титулата играше против Ал Духаил и славеше со 2-0.
Денешниот трофеј беше петти за Чави во неговата тренерска кариера која ја започна во 2019 година. Наскоро во колекцијата Чави ќе го додаде и трофејот од првенството на Катар со оглед дека има 13 бодови предност на врвот на табелата пред Ал Духаил.


Александар Исак е замената за Халанд во Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд сака да си го врати назад напаѓачот на Реал Сосиедад, Алексадар Исак.
Според изворот 21-годишниот напаѓач е фаворит за наследник на ѕвездата Ерлинг Халанд. За Халанд интерес покажуваат најголемите европски гиганти и се очекува на лето да ја напушти Борисија Дортмунд, па поради тоа „милионерите“ веќе бараат замена.
Германскиот клуб има финансиски проблеми и ќе мора да го продаде Халанд на лето, а во Исак гледаат идеална замена.
Исак оваа сезона има одиграно 29 меча во сите натпреварувања, на кои постигна 12 гола и 2 асистенции.


Мата го напушта „Олд Трафорд“ и се сели во Серија А

Хуан Мата после десет години ќе ја напушти Премиер лигата и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Серија А. Договорот на Мата со Манчестер Јунајтед истекува на лето и Шпанецот ќе биде слободен агент. Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гигант Интер, Милан и Јувентус, па веќе стапиле во контакт со неговиот менаџер. „Не сум изненаден што тие клубови се заинтересирани за него. Тој е многу квалитетен фудбалер“, потврди Солскјер. Сепак, Манчестер Јунајтед донесе одлука да не му понуди нов договор, па Мата е слободен да преговара со заинтересираните клубови.


„Со Нејмар сме блиску до договор, останува на Мбапе да одлучи“

Спортскиот директор на Париз Сен Жермен, Леонардо изјави дека е време Килијан Мбапе да донесе одлука за продолжувањето на договорот со клубот. Францускиот клуб сака да ја продолжи соработката со 22-годишниот фудбалер, чиј договор истекува наредното лето, односно на крајот на наредната сезона. Мбапе во последно време се поврзува со неколку клубови, а ПСЖ сака што поскоро да го реши неговиот статус. „Изненаден сум од некои приказни за Мбапе. Тој и понатаму има уште една сезона да одработи со нас. Неговиот статус во клубот е се поважен и тој презема се повеќе одговорност. Некое време зборувавме со него, а сега дојде време за донесување на одлука.“ – вели Леонардо. ПСЖ работи и на продолжување на договорот на Нејмар, кој исто така истекува летото 2022. година, додека веќе ова лето завршуваат договорите на Ди Марија и Бернат. „Зборуваме и со Нејмар. На добар пат сме. Договорот се уште не е потпишан, но сме во добра ситуација. Целта е што поскоро да се финализира.“ – изјави Леонардо.


Обајеманг: Градиме позитивен пристап за во иднина

Пјер Емерик Обамејанг, кој постигна два гола на вчерашниот меч со Бенфика и му помогна на тимот да мине во наредната елиминациска фаза во Лигата на Европа, вели дека победата од 3-2 треба да биде пресвртница во тековната сезона. Напаѓачот кој потекнува од Габон вели дека лондончани треба да влезат во победничка серија која ќе им ги донесе посакуваните резулатати. „Покажавме карактер како екипа. Одигравме тежок меч и покажавме дека од тука можеме да градиме позитивен пристап за во иднина“, изјави напаѓачот на „топчиите“.


Нови лоши вести за Ливерпул!

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон беше опериран по повредата на препоните во градското дерби против Евертон минатиот викенд. Оваа информација ја потврди и се уште актуелниот шампион на Англија, но во моментот со сигурност не може да се каже кога би можел да се врати на теренот. Она што се знаеше е дека шансите да се врати пред репрезентативната пауза се минимални, а сега веќе нема дилема. Хендерсон нема да биде во тимот за првенствените дуели против Шефилд, Челзи, Фулам и Вулверхемптон, како ни за реванш натпреварот против Лајпциг кој се игра на 10. март. Останува неизвесно дали ќе се врати во април, а оваа вест сигурно нема да го израдува и селекторот на репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, кого на крајот на март го очекува стартот на квалификациите за Светското првенство. Хендерсон сезонава воглавно беше стартер во тимот на Јирген Клоп, па нема сомнеж дека неговото отсуство ќе биде дополнителен удар за „црвените“ кои цела сезона се мачат со повреди.


Ѕвездата на Вест Хем се одлучи да заигра за Јамајка

Напаѓачот на Вест Хем, Мајкл Антонио, реши во наредниот период наместо во репрезентацијата на Англија, да игра за Јамајка. Тој ја објасни одлуката со желбата да заигра на Светското првенство во Катар во 2022 година. Во неколку наврати, Антонио доби покана да игра за „Гордиот Албион“, но никогаш не доби шанса во првиот тим. Интересно е што тој ја одби поканата на Јамајка во 2016 година со образложение дека сака да се бори за место во репрезентацијата на Англија. Сега ќе игра во репрезентацијата на Јамајка со поранешните премиерлигаши Мајкл Хектор и Боби Декордов. Најзвучното име на тимот е секако крилото на Баер Леверкузен, Леон Бејли.


„Малиот принц“ заминува во политика!

Клаудио Маркизио се одлучи да се проба и во друг вид на арена.
Играчот за врска кој порасна во Јувентус и помина 13 години бранејќи ги боите на „старата дама“, сака да се испроба и во политиката. Самиот Маркизио отсекогаш бил јасен и гласен околу своите ставови, протестираше против лошиот третман на имигрантите и се залагаше за спас и сместување на оние кои успеаа во намерата да го поминат Медитеранот.
„Да, сакам политика, зборувам за неа со пријателите на вечера или дома. Морам уште многу да учам, но време е да се пробам и надвор од спортот. Прв ќе станам и ќе речам ДА, доколку сум потребен на Пиемонт и Торино.“ – изјави Маркизио.
„Малиот принц“ не е прв од фудбалерите во Серија А кој ќе заплива во политичките води. Џани Ривера долги години беше дел од Сенатот, Кака Каладзе е градоначалник на Тбилиси, а легендарниот Џорџ Веа стана претседател на Либерија.


Џеко постави нов рекорд и го надмина легендарниот Тоти

Рома на домашен терен ја совлада Брага во реванш натпреварот од 1/16 финалето на Лига Европа со 2:1, и со вкупни 3:1 се пласираше во осминафиналето.
Првиот погодок на реванш дуелот беше дело на Един Џеко, кој со овој погодок испиша историја за Рома. Тоа беше 29. европски погодок за него вво дресот на „волчицата“, со кој го престигна легендарниот капитен на римскиот клуб, Франческо Тоти. Италијанецот досега го држеше рекордот со постигнати 28. погодоци.


Шпанецот Бенитез пред преземање на Селтик

Рафаел Бенитез ќе го превземе Селтик по отказот кој го доби Нил Ленон. 60-годишниот стратег е без ангажман откако си замина од Далијан од Кина.
Во Европа последен клуб кој го водеше Бенитез беше Њукасл, а во минатото работеше во Ливерпул, Валенсија, Интер, Наполи, Реал…
Ако се остварат најавите и седне на клупата на Селтик Бенитез ќе биде голем ривал на Стивен Џерард кој со многу успех го води Ренџерс.