фудбал

Канте се врати во составот на Франција — и сеуште импресионира

Ngolo Kante in France training

По повеќе од една година отсуство од француската репрезентација, Енголо Канте направи спектакуларен камбек синоќа, што го остави воодушевен целокупниот фудбалски свет. На теренот, Канте покажа зошто продолжува да биде еден од највредните играчи за Лес Блеус. Неговото маестрално претставување во средниот ред вклучуваше асистенција, 100% точност на долги пасови и успешни дриблинзи во секој обид. Со 94% точност на пасовите и 84 пасови, најмногу на теренот, Канте покажа дека, и покрај долгото отсуство, неговиот квалитет не е изгубен.

Бројките зборуваат сами за себе. Покрај офанзивните придонеси, Канте имаше 75% успешност на дуели на земја, 9 повратени топки и 4 клучни пресечени топки. Неговата способност да ги прекинува нападите на противникот и да враќа посед е неговата најголема сила, а вечерва беше постојано присутен во секој клучен момент. Со 100% успешност на дриблинзи и долги пасови, Канте беше мотор на францускиот среден ред, демонстрирајќи неверојатна издржливост и тактичка интелигенција.

Тренерот на Франција, Дидие Дешамп, го пофали Канте за неговата физичка форма, нагласувајќи дека е во „вратен на најдоброто“. Тој ја истакна важноста на Канте во тимот, сугерирајќи дека со својата решеност и импресивна форма, Канте ќе се бори за место во составот за претстојното Светско првенство. Овој камбек не само што ги зголемува шансите на Франција, туку и означува враќање на еден од највредните и најомилените фудбалери во светот. По долгата рехабилитација, Канте се врати посилен од кога било и е подготвен да се бори за своето место на најголемата сцена во фудбалот.


Меси ќе добие статуа пред „Камп Ноу“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави синоќа дека клубот планира да постави статуа на Лионел Меси пред реновираниот стадион „Камп Ноу“ за да му оддаде почит на својот најдобар стрелец на сите времиња.

Триесетиосумгодишниот Меси, кој настапува за Интер Мајами, претходно оваа недела го посети стадионот на Барселона за прв пат по неговото заминување во 2021 година, а по тој повод испрати порака на социјалните мрежи дека се надева оти еден ден ќе се врати и тоа не само да се збогува како играч.

„Меси секогаш ќе биде поврзан со Барселона и знае дека вратата е отворена за него. Имаме целосна почит кон него и тој заслужува најголема почит. Тој треба да има своја статуа пред „Камп Ноу“, како Јохан Кројф и Ласло Кубала. Станува збор за икона и фудбалер кој остави свој белег на секој од нас. Разговаравме за тоа и неговото семејство мора да се согласи, и знам дека сите навивачи на Барса би го сакале тоа“, рече Лапорта.

Меси пристигна во Барселона како 13-годишно момче и помина 21 година во клубот. Аргентинецот со каталонскиот клуб освои десет шпански титули и четири во Лигата на шампиони, постигнувајќи 672 голови во 778 настапи.

Култниот стадион „Камп Ноу“ во Барселона е во реновирање речиси две и пол години.


Пачо доби нов договор со ПСЖ

ПСЖ го продолжи договорот со дефанзивецот Вилијан Пачо за една година, објавиј афранцуските медиуми. Ова официјално ќе биде објавено за две недели.

Во исто време, парискиот клуб ја зголеми платата на 24-годишниот еквадорски репрезентативец.

Претходниот договор на Пачо со ПСЖ траеше до јуни 2029 година. Пачо се пресели во ПСЖ во летото 2024 година од Ајнтрахт Франкфурт за 40 милиони евра.


Замбо-Ангиса сериозно се повреди на мечот на камерунската репрезентација

Младиот играч на Наполи, Андре-Франк Замбо-Ангиса, доживеа сериозна повреда додека настапуваше за репрезентацијата на Камерун.

Фудбалерот од средниот ред има проблеми со бицепсот на левата бутина и според весникот – „Ла Газета дело Спорт“, ќе отсуствува од терените околу три до четири месеци.

29-ет годишниот фудбалер во сезонава успеа да постигне четири голови на 11 натпревари од Серија А.


Кенан Јилдиз бара поголема плата во Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, времено ги прекина преговорите за продолжување на соработката со „старата дама“, велат последните информации од Италија.

Тој сака околу 7 милиони евра годишна плата без бонуси а тимот од Торино му нуди нешто помалку.

Во меѓу време се појавија шпекулации дека за неговиот потпис се заинтересирани Челзи и Арсенал.


Адејеми на листата желби на Аморим

Манчестер Јунајтед започнал процес за ангажман на крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми.

Според него, „милионерите“ од Бундес-лигата сакаат да го задржат 23-годишникот но, преговорите се во лоша позиција.

Германскиот интернационалец во сезонава се појави на 14 натпревари на кои постигна три гола и направи три асистенции.


Мбапе ја одведе Франција на Мундијалот, Албанија обезбеди бараж

Paris, France Parc de Princes Jeudi 13 novembre 2025 Sport Football Équipe de France de football. Éliminatoires de la zone Europe pour la Coupe du monde de football France / Ukraine LP/Olivier Arandel

Франција го обезбеди првото место во Д групата и директен пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Вечерва, Албанија со минималната победа во Андора го обезбеди второто место во К групата, од која претходно Англија се пласира на Мундијалот. Англичаните славеа над србија со 2-0. Италија, во финишот на мечот во Кишињев, славеше победа над Молдавија 2-0.

Франција го скрши отпорот на Украинците дури во второто полувреме, а Килијан Мбапе го отвори натпреварот со гол од пенал во 55-та минута.Мајкл Олисе го дуплираше водството во 76-та, пред Мбапе да го постигне вториот гол во 83-та минута. Уго Екитике стави точка на натпреварот во 88-та минута, со својот прв гол во дресот на националниот тим. Ова ќе биде 17-то учество во планетариумот за Франција, која беше светски шампион во 1998 и 2018 година.

Последното коло ни носи средби меѓу Азербејџан и Франција, односно Украина и Исланд. Албанија во Андора мораше да победи и го направи тоа со голот на Аслани во 67-та минута. Албанците се втори во групата, се пласираа во баражот, а во последното коло ќе ја пречекаат Англија. Англичаните ја забележаа и седмата победа. На „Вембли“, со головите на Сака и Езе славеше 2-0. Италијанската репрезентација се мачеше против Молдавија во Кишињев победи со 2-0, но ќе мора да игра трет пат по ред во плејофот.

Италијанците имаат 18 бода во Група И, три помалку од Норвешка, која ја ќе ја пречекаат во во Милано во недела. Но, Норвежаните имаат гол-разлика од 33-4, Италијанците се на 20-8, и јасно е дека не можат да постигнат победа со толкава разлика за да ги прескокнат „Викинзите“.

Манчини постигна гол за 0-1 во 88-та минута, а конечниот резултат го постави Еспозито во 93-та минута.


Германија без Кимих на одлучувачкиот дуел со Луксембург

Капитенот на германската фудбалска репрезентација, Џошуа Кимих, ќе го пропушти утрешниот квалификациски натпревар за Светското првенство против Луксембург, објави Германскиот фудбалски сојуз.

„Нашиот капитен заработи лесна повреда на десниот зглоб за време на вчерашниот тренинг. Тој ќе патува со тимот во Луксембург, но нема да учествува во натпреварот“, напишаа од Германскиот фудбалски сојуз.

Кимих, кој има 105 натпревари и 10 гола со дресот на Бундестимот, ја носи капитенската лента од 2024 година.

Германија гостува во Луксембург во петок за претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година. Тимот е прв во Групата А со 9 бода, додека нивниот противник е на последното место без бодови по четири одиграни натпревари.


Стојчевски: Жалиме што не победивме против Летонија

Последната контрола пред настапот на најважниот натпревар во оваа година заврши без голови. Избраниците на селекторот Благоја Милевски посакуваа триумф, но за жал не успеаа да ја затресат мрежата на Летонците.

“Секако, постои разочараност во нашиот табор затоа што не победивме вечерва, бидејќи на секој меч одиме на победа. Теренот е ист и за двете селекции така што не треба да служи како изговор…. Во дефанзивата добро функциониравме, сепак ни недостигаше тој гол, таа офанзива. Ништо, што е тука е, одиме во Велс да покажеме што знаеме, да покажеме дека ништо не е случајно, да победиме и да го обезбедиме тоа второ место во групата. Атмосферата во националниот тим е добра и како што реков – одиме на победа во Кардиф. Се надевам дека ќе се вратиме со три бода”, изјави Андреј Стојчевски.


Станиќ: Скапо платени грешки, се надевам дека тоа во блиска иднина ќе смени

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година доживеа нов пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Овој пат нашата селекција е совладана од Шведска со 4-1.

“Направивме добра анализа, знаевме кои им се силните страни. Имаме проблем со исклучително брзи играчи, но на почетокот изгледавме добро. Морам да кажам дека оваа генерација пати од наивност и од „детски болести“, затоа што направивме кардинални грешки кои доведоа до овој убедлив пораз .Грешевме во моментите кога требаше да ја смириме играта и да го контролираме текот. Откако примивме два брзи гола, веќе немавме што да загубиме и моравме да играме похрабро. Истото ни се случи и на мечот против Црна Гора, добро игравме и имавме шанси, но потоа го загубивме мечот.

Мораме да сфатиме дека вакви грешки не се дозволиви на ова ниво. Можеме да се носиме со сите екипи, тоа го видовме на последните мечеви, но мораме да се подобриме во некои сегменти. Работиме на тоа да бидеме поконцентрирани во клучните моменти, се надевам дека тоа ќе се смени во блиска иднина”.

Следниот натпревар македонските фудбалски надежи го играат во вторник исто така во Битола, а противник ни е репрезентацијата на Полска.