фудбал

Милевски: Кога ќе видам дека сите се разочарани по реми, тоа ми кажува дека имаме карактер и квалитет

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Казахстан во меч од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Натпреварот не започна најдобро за избраниците на Благоја Милевски, кој по мечот ги сподели своите впечатоци на прес-конференција.

„Да можам, би ја сменил почетната постава и дел од играчите. Не бевме изненадени од Казахстан, но имавме малку материјал за анализа. Планот беше да се наметнеме со одредена тактика, но не функционираше, па направивме замени уште на полувремето. Второто полувреме веќе беше она вистинското лице на Македонија. Миовски принудно играше на странична позиција, но бргу мораше да се направи корекција. Ако не го сменивме системот ќе морав да направам замена уште во 15-тата минута“, истакна Милевски.

Тој додаде дека тимот бил нервозен на стартот, што било резултат на големиот напор во мечот со Белгија.

„Во првиот дел загубивме многу дуели и втори топки, но реакцијата во продолжението беше токму она што го очекував. Им честитам на фудбалерите – со играта во второто полувреме заслуживме победа, но фудбалот е понекогаш суров. Казахстан одигра одлично, но сепак ние бевме поблиску до триумф. Кога ќе видам дека сите се разочарани по реми, тоа ми кажува дека имаме карактер и квалитет. Во овие изминати 14 официјални натпревари сме без пораз и примивме само пет гола. Разочарувањето сега само покажува дека сме созреан тим. Во Кардиф ќе одиме да уживаме во фудбалот, а што ќе донесе тоа, ќе видиме“, изјави селекторот Милевски на прес – конференцијата по натпреварот.


Дешон Томас објави завршување на кариерата

Американскиот кошаркар Дешон Томас ја заврши својата кариера на 34-годишна возраст.

Поранешниот играч на Панатинаикос во емотивна објава се прости од навивачите и најави дека заминува во спортска пензија.

Томас во кариерата играше за Нантер, Барселона, Анадолу Ефес, Макаби, Панатинаикос, Баерн Минхен, Хувентуд и Олимпија Милано, а последен ангажман му беше во таборот на францускиот Асвел.


ПСЖ го сака Ману Коне од Рома

ПСЖ може да го потпише 24-годишниот играч од средниот ред на Рома и Франција, Ману Коне. Францускиот клуб е подготвен да плати 60 милиони евра, објави „Кориере дело Спорт“.

Коне се приклучи на Рома од Борусија Менхенгладбах во летото 2024 година за 20 милиони евра. Тој ги одигра сите првенствени натпревари оваа сезона, помагајќи им на Рома да се натпреварува за пласман меѓу првите четири. Според „Трансфермаркт“, неговата моментална трансфер вредност е 50 милиони евра.

Дидие Дешамп го изостави Коне од почетниот состав на Франција за натпреварот против Азербејџан (10 октомври), но се очекува тој да настапи против Исланд вечерва.


Јуве го побара Ендрик на позајмица

Јувентус интензивно работи на трансферот на талентираниот 19-годишен бразилски фудбалер Ендрик . Италијанските медиуми објавија дека Јувентус има намера да го пизајми Ендрик. Бразиелцот од почетокот на сезоната е закован за клупата кај тренеорт Чаби Алонсо.

Во интерес на Реал би било да го позајми играчот за да има континуитет на играње некаде, Јувентус сигурно би го поздравил неговиот квалитет, а Италијанецот Карло Анчелоти, инаку селектор на Бразил, би сакал Ендрик да игра што е можно повеќе за да ја одржи формата за Светското првенство следната година.

Минатата година, Ендрик дојде во Реал од бразилскиот Палмеирас, каде што играше одлично и постигна 18 голови на 66 лигашки настапи. Тој пристигна во Реал за 60 милиони евра, а досега одигра 22 натпревари во Ла Лига и беше стрелец само еднаш.

Јувентус моментално е петти на табелата во Серија А и оваа сезона, барем во првенството, повторно се мачи офанзивно. Тој постигна само девет гола на шест натпревари, па доаѓањето на Ендрик сигурно би ги зајакнало напаѓачките опции на клубот од Торино.

Во својата кариера, Ендрик одигра 14 натпревари за Бразил и постигна три гола.


Феран Торес превентивно ќе го скокне дуелот со Бугарија

Шпанскиот фудбалер Феран Торес ќе го пропушти квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Бугарија поради повреда, објави денес Шпанската фудбалска федерација (RFEF).

„По дополнителни прегледи, медицинската служба на RFEF утврди дека Торес има преоптоварен мускул, но не станува збор за сериозна повреда. Во согласност со политиката за намалување на ризиците и давање приоритет на здравјето на играчите, одлучено е Торес да го пропушти натпреварот против Бугарија. Медицинската служба на Барселона е информирана за сите детали“, се вели во соопштението на RFEF.

Квалификацискиот натпревар од групата Е за СП 2026 помеѓу Шпанија и Бугарија ќе се игра утре во 20:45 часот во Ваљадолид. Шпанија го држи првото место во табелата во групата Е со девет бода од три натпревари.

Торес (25) одигра 51 натпревар за шпанската репрезентација и постигна 22 гола.


Нови проблеми за Тудор, Бремер мора на операција

Еден од најдобрите фудбалери на Јувентус, Глеисон Бремер, ќе мора одреден период да отсуствува во терените.

Бразилскиот дефанзивец го пропушти натпреварот против Милан пред седум дена, поради болки во левото колено.

Клубот објави дека поради менискусот на левото колено, Бремер ќе мора да биде опериран.

Ова е нов удар за Бремер кој штотуку се врати од сериозна повреда и пауза од десет месеци.

Јувентус не го објави точниот датум на неговото враќање, ниту навестување кога би можело да биде, но според некои првични индикации, неговото враќање се очекува во ноември.

Тој ќе ги пропушти натпреварите против Комо, Наполи, но и натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.


Ангелов: Од поразите научивме многу, од натпревар во натпревар играме подобро

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година утре со почеток од 18:00 часот на гостински терен во Црна Гора го игра четвртиот натпревар во овој квалификациски циклус.

Нашите фудбалски надежи во овој дуел влегуваат по домашниот триумф над Ерменија од 2-1. До победата стигнавме откако противникот имаше предност и со двата постигнати погодоци стигнавме до првите бодови.

По овој триумф одиме на второто гостување и на соочување со селекцијата на Црна Гора.

„Од поразите против Полска и Италија извлековме многу поуки. Ги видовме нашите грешки и напредокот е евидентен. Домашниот дуел против Ерменија, добро ни дојде. Освоивме три бода, сакаме да продолжиме во таа насока. Црна Гора е доволно анализирана, знаеме што може овој противник, но и кои му се слаби страни. Нема што премногу да се осврнуваме на противникот, треба да ја дигнеме нашата игра на што е можно повисоко ниво, и да постигнеме уште еден добар резултат“ – вели нашиот капитен Матеј Ангелов.


Македонија освои бод против Казахстан, проектил на Барди од слободен удар

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Казахстан на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. По осмото коло од квалификациите за СП 2026, Македонија се наоѓа на втората позиција со 13 бода, зад Белгија која е лидер со 14.

Избраните на Благоја Милевски имаа неколку шанси во првиот дел, но не успеаја да ја погодат мрежата на противникот. Во 54. минута Казахстан неочекувано дојде во водство со голот на Караман, а во 74. минута Енис Барди израмни со прекрасно изведен слободен удар.

Во последните моменти, убава можност имаше и Никола Серафимов, но шутираше крај голот.

На крајот, реми за Македонија на домашниот дуел со Казахстан.


Ангелов: Од поразите научивме многу, од натпревар во натпревар играме подобро

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година утре со почеток од 18:00 часот на гостински терен во Црна Гора го игра четвртиот натпревар во овој квалификациски циклус.

Нашите фудбалски надежи во овој дуел влегуваат по домашниот триумф над Ерменија од 2-1. До победата стигнавме откако противникот имаше предност и со двата постигнати погодоци стигнавме до првите бодови.

По овој триумф одиме на второто гостување и на соочување со селекцијата на Црна Гора.

„Од поразите против Полска и Италија извлековме многу поуки. Ги видовме нашите грешки и напредокот е евидентен. Домашниот дуел против Ерменија, добро ни дојде. Освоивме три бода, сакаме да продолжиме во таа насока. Црна Гора е доволно анализирана, знаеме што може овој противник, но и кои му се слаби страни. Нема што премногу да се осврнуваме на противникот, треба да ја дигнеме нашата игра на што е можно повисоко ниво, и да постигнеме уште еден добар резултат“ – вели нашиот капитен Матеј Ангелов.


Диего Коста: Не би променил ништо во своети однесување

Фудбалерот Диего Коста проговори за своето провокативно однесување на теренот за време на неговата играчка кариера.

риесет и шестгодишниот напаѓач е без клуб од јануари 2025 година, откако го напушти Гремио.

Ги навредував сите. Кога бев мал, немав почит кон моите противници. Мислев дека морам да ги убијам. Момчињата кои растат играјќи во академии се учат на самоконтрола и почит кон другите, но никој не ме научи на тоа. Бев навикнат да гледам играчи како се удираат со лакти и мислев дека е нормално. Гледајќи наназад, не би променил ништо. Учев од сè. Затоа сум таму каде што сум денес, изјави Коста за „ Football Talk“.

Напаѓачот играше и за Атлетико Мадрид, со кого освои две шпански првенства, две титули во Лигата на Европа и три Суперкупа на УЕФА. Тој е двократен шампион на Англија со Челзи.

Покрај овие клубови, Коста играше за Ботафого, Вулверхемптон, Атлетико Минеиро, Реал Ваљадолид и други тимови.