фудбал

Сетиен доби отказ од клупата на Виљареал

Кике Сетиен кој во минатото ја водеше Барселона доби отказ од
Виљареал.
Во новата сезона Сетиен во првите четири кола од Ла Лига освои
само три бода, па тоа резултираше со негова смена.
На местото тренер на Виљареал, Сетиен го наследи Унаин Емери кој
ја презема Астон Вила.
„Сакаме да објавиме дека тренерот на првата екипа, Кике Сетиен
повеќе не е дел од клубот. Му благодариме за посветеноста и
професионализмот што ни помогна во тежок момент минатата сезона, резултатите на последните натпревари беа причина да се одлучивме на ваков потег“, објавија од „жолтата подморница“.


Поденс го засили Олимпијакос на крајот од преодниот рок

Даниел Поденс се врати во Грција. 27-годишниот португалски крилен
напаѓач беше купен од Олимпијакос од страна на Вулверхемптон во
јануари 2020 година, а сега се враќа назад во Атина како позајмен
играч.
Од премиерлигашот потврдуваат дека го позајмиле до крајот на
сезоната. Волвс во исто време наведуваат дека ја продолжиле
соработката со Португалецот до 2025 година и дека имаат опција за
уште една година.
Покрај Поденс, Олимпијакос го потврди и црногорскиот
интернационалец Стефан Јоветиќ.


Црногорецот Јоветиќ потпиша за Олимпијакос

Скоро три месеци откако ја напушти Херта, капитенот на Црна Гора, Стеван Јоветиќ пронајде нов дестинација.

Јоветиќ ќе игра за грчки Олимпијакос. Напаѓачот отпатува во Атина каде што ќе потпише договор со клубот од главниот град на Грција. Оваа информација ја објави медиумите во Грција, а новинарот на Мега ТВ Никос Коцис наведе дека Јоветиќ ќе потпише договор на една година со опција да биде продолжен на уште една.

Откако настапуваше во петте најсилни лиги за Фиорентина, Манчестер Сити, Интер, Севиља, Монако и Херта сега ќе се проба и во шампионатот на Грција. Со Олимпијакос го очекува и настап во Лигата на Европа.


Нејмар: Јас и Меси минавме низ пекол во ПСЖ

Нејмар го нападна својот поранешен клуб Пари Сент Жермен.

Нејмар пред неколку седмици се пресели во Саудиска Арабија во дресот на Ал-Хилал, а сега открива дека поминал низ пекол во Париз.

Во интервју за бразилскиот „Глобо еспорте“ Нејмар зборуваше и за својот пријател Меси, со кого заедно ова лето го напуштија ПСЖ.

„Бев многу среќен за неговата година, но во исто време и многу тажен, бидејќи тој ја живееше и другата страна на паричката. Отиде до рајот со Аргентина, освои што можеше во последните години, а во Париз преживуваше пекол, и тој и јас“, вели Нејмар.

Меси и Нејмар беа исвиркувани од навивачите по елиминацијата во Лигата на шампионите последните две години, а ултрасите на ПСЖ неколку пати оваа сезона со транспаренти пратија погрдни пораки кон двајцата.

„Секако дека тоа не вознемируваше, бидејќи не бевме таму за да не правиме ништо, туку да го дадеме најдоброто, да бидеме шампиони, да се обидеме да напишеме историја. За жал, не успевме во тоа“, вели Нејмар.


Де Хеа интересен за Рома и Мурињо

MANCHESTER, ENGLAND – FEBRUARY 04: David de Gea of Manchester United looks on during the Premier League match between Manchester United and Crystal Palace at Old Trafford on February 04, 2023 in Manchester, England. (Photo by Alex Livesey/Getty Images)

Давид де Хеа се уште е во потрага по нов клуб, а најновите информации се дека кариерата може да ја продолжи во Серија А.

Де Хеа е слободен агент откако во јуни му заврши договорот со Манчестер Јунајтед и долго време се шпекулира со неговата иднина. Тој има понуди од Саудиска Арабија, САД и Шпанија, но сега пристигнала примамлива понуда од Италија.

Имено, Мурињо сака да го доведе во Рома и веќе имал разговор со Де Хеа да го убеди да му се придружи на „Олимпико“.

Мурињо не е задоволен од Руи Патрисио, а одлично ги познава квалитетите на Де Хеа.


Ференцварош е новиот клуб на Дејан Станковиќ

Дејан Станковиќ официјално е назначен за нов тренер на најтрофејниот унгарски клуб Ференцварош, потврди на својот официјален сајт учесникот во Конференциската лига.

Станковиќ по лошата епизода во Сампдорија ќе има нов тренерски ангажман и ќе предводи уште еден гигант од овие простори откако седеше на клупата на Црвена Звезда.

На стартот од сезоната Ференцварош беше предводен од Русинот Станислав Черишов, но по елиминацијата од Класвик во квалификациите за Лигата на шампионите доби отказ, привремено клубот го водеше Чаба Мате.

Како и во Сампдорија и тука прв помошник на Станковиќ ќе му биде Ненад Сакиќ.


Чави добива зголемување на платата во Барселона

Чави Хернандез започнал преговори со каталонскиот гигант за продолжување на соработката.

Според „Марка“, Чави со новиот договор ќе остане во клубот до летото 2026 година, кога според планот се следните претседателски избори во клубот.

И покрај тоа што клубот не е баш во стабилна финансиска ситуација, Чави ќе добие зголемување на платата после освоената титула во Примера.

Во Барселона немаат дилеми дека тој е вистинскиот човек да го води клубот и сакаат да го задржат што е можо подолго.


Антони исклучен од бразилската репрезентација

Габриела Каваљин, поранешната девојка на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Антони тврди дека нејзиното поранешно момче било бесно поради тоа што таа ги следела Инстаграм постовите на неговиот соиграч од репрезентацијата, Нејмар, и го обвини дека ја тепал додека таа била бремена.

Ова е последна во низата тврдење на 23-годишната Каваљин за физичкото и психолошкото насилство кое го трпела од Антони, кого го пријави во бразилската полиција.

Таа додава дека тој бил бесен што таа споделувала постови од блискиот пријател на Нејмар, Жил Себола, на што Антони реагирал бесно.

Обвиненијата на Каваљин се поголеми од обична љубомора кон Нејмар – Антони е обвинет дека ја удрил со глава девојката и дека ја исекол со скршена чаша.


Динамо го враќа Адеми на „Максимир“

Според хрватските медиуми денес може да биде бурен ден во Динамо
Загреб.
Имено, на големо во хрватските медиуми се најавува враќање на
Аријан Адеми на „Максимир“. Македонскиот репрезентативец и
легенда на „модрите“ наводно е незадоволен во Кина и се враќа во
својот „дом“.

Денес е последниот ден за пријавување играчи во Конференциската
лига, па Динамо сака ако го доведе Адеми тоа да биде завршено
денес.
„Се надеваме дека денес ќе ја завршиме работата со Адеми“, била
изјавата на извори од клубот за хрватските медиуми.


Клоп по ниедна цена не сака да го загуби Салах

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не сака ниту да
помисли дека напаѓачот Мохамед Салах, ќе замине во Саудиска
Арабија.
„Црвените“ во петокот ја отфрлиja понудата од 150 милиони фунти за
31-годишниот играч но, арапите најавуваат дека нема лесно да се
откажат за потписот на врвниот голгетер.
„Никој не дојде кај мене и не рече дека нешто може да се случи.
Сигурен сум дека ќе ме исконтактираа. Знам дека Салах мисли само
на Ливерпул“, рече Клоп по победата против Астон Вила.