фудбал

Кварацкелија ќе добие нов договор во Неапол

„Кориере дело спорт“ објави дека преговорите меѓу Наполи и
фудбалерот, Квича Кварацкелија за обновување на договорот се
ставени во мирување.
Двете страни требаше да седнат на преговарачка маса но, засега тоа е
одложено. 22-годишниот Грузиец постигна 14 голови и даде 17
асистенции на 43 мечеви во претходната сезона кога неговиот тим ја
освои Серија А.
Грузиецот моментално добива само 1,4 милиони евра по сезона со
надеж дека ќе се договори за зголемување на платата до 5 милиони.


Лотито: Заради Јунајтед ни пропадна трансферот на Гринвуд

Претседателот на Лацио, Клуадио Лотито го обвини Манчестер Јунајтед за пропаднатиот трансфер на Мејсон Гринвуд на „Олимпико“.

Гринвуд кој после скандалот со наводното силување за кој беше ослободен го раскина договорот со Манчестер Јунајтед беше во потрага по нов клуб. Англичанецот имаше постигнато договор со Лацио, но Лотито откри дека тој пропаднал поради неажурност на Манчестер Јунајтед.

„Се обидував да го потпишам Гринвуд до последната минута во италијанскиот преоден рок. Манчестер Јунајтед не испрати потпис за важен документ и потоа немавме доволно време да ја завршиме операцијата. Гринвуд сакаше да дојде во Лацио и тоа не се случи поради неговиот поранеше клуб“, изјави Лотито.

На крајот Гринвуд во последниот ден од преодниот рок се пресели во Мадрид и потпиша за Гетафе.


Стојчевски го постигна првенецот за Жилина

Андреј Стојчевски го постигна својот прв гол во дресот на Жилина во оваа сезона во првата лига на Словачка.

Стојчевски имаше директен дуел со Милан Ристовски и Спартак Трнава, меч на кој ја најави победата на неговата екипа во 59 минута. Потоа Жилина уште еднаш ја затресе мрежата на домаќините преку Адо за конечен триумф од 2-0.

Андреј беше активен низ сите 90 минути и беше меѓу најдобрите на теренот. Неговата Жилина со 15 освоени бода е на првото место на табелата.

Ристовски со Трнава е дури на 9 позиција со само 5 поени.


Санчо влезе во војна на зборови со менаџерот Тен Хаг

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, се огласи преку социјалните мрежи откако тренерот, Тен Хаг, изјави дека го избришал за мечот со Арсенал.

Холанѓанецот по поразот од „топчиите“, откри дека крилниот играч не бил активен на тренинзите и затоа не отпатувал за Лондон.

„Нема да дозволам луѓето да кажуваат нешто што е невистина, бев многу добар на тренинзите . Верувам дека има други причина за оваа одлука, но не сакам да навлегувам. Долго време сум жртвено јагне и тоа не е фер!- напиша Санчо.


Кил пресилен за Вецлар на Кузмановски и Миркуловски

Вецлар на Филип Кузмановски има тежок распоред на стартот на новата сезона во Бундеслигата, па воопшто не е изненадување тоа што по поразот од Магдебург  беше остварен негативен резултат и со соочувањето со Кил.

„Зебрите“ беа доминатни и во својот дом славеа со 33-22. Пресудно беше првото полувреме во кое Кил одигра неверојатна одбрана и му дозволи само четири гола на противникот (15-4).

Во вториот дел Филип и компанија по поправија впечатокот, ама беа далеку од било какво чудо, изненадување против великанот на германскиот ракомет.

Екберг со 7 гола беше најефикасен кај победникот, македонскиот репрезентативец Кузмановски не се запиша во листата на стрелци, имаше два неуспешни обиди.


Артета: Допрва ќе го видите најдобриот Хаверц

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, застана во одбрана на новото засилување, Каи Хаверц. Фудбалерот иако одигра слабо на мечот со Јунајтед ја има поддршката од неговиот тренер.

„Вчера му реков дека работите секогаш се тешки во почетокот. Кога ја сретнав мојата сопруга, во почетокот беше тешко да ја освојам но, бев упорен и постојано и испраќав пораки. На крајот завршивме заедно. Ако тоа се случеше по првиот состанок, немаше да биде толку слатко“, рече Артета.

„Топчиите“ наредниот меч во Премиер-конкуренцијата ќе го одиграат на теренот на Евертон на 17 септември.


Мата потпиша за јапонски Висел Кобе

Хуан Мата реши да ја напушти Европа. Но не замина како многумина во Саудиска Арабија или Катар.

Мата се пресели во Јапонија, поточно во Висел Кобe како слободен играч откако го напушти Галатасарај на 1 јули. Минатата сезона ја освои титулата со турскиот клуб, но не одигра голема минутажа.

За Мата е познато дека помина низ младинските школи на Овиедо и Реал Мадрид. Потоа играше за Челзи, Валенсија и Манчестер Јунајтед и освои бројни трофеи.

За шпанската репрезентација одигра 41 натпревар, постигна 10 гола и го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година.


Како пропадна трансферот на Ван де Бек во Лориен

Дони Ван Де Бек беше пред трансфер во француски Лориен, но на крај овој трансфер не се реализираше.

Сега „Л’Eкип“ ја открива причината зошто Ван Де Бек не се преселил во Лориен. Лориен сакал да го доведе Ван Де Бек, но проблем било неговото лошо однесување. Некаде кон средината на август фудбалерот одбил да разговара иако клубовите постигнал договор.

Кога не направил друг трансфер, агентот на Ван Де Бек го контактирал Лориен во последниот ден од преодниот рок.

Но, тогаш од Лориен не сакале да разговараат за можна соработката поради однесувањето на Ван Де Бек кој одлучил да дојде кај нив кога видел дека нема каде на друго место.

Своевремено додека беше во Ајакс Ван Де Бек важеше за голем талент, меѓутоа по пристигнувањето на „Олд Трафорд“ неговата кариера тргна во надолна линија.


Вајналдум потпиша за саудиски Ал Етифак

Жоржињо Вајналдум се приклучи на фудбалерите кои се преселија во
Саудиска Арабија и ќе го носи дресот на Ал Етифак.

Ал Етифак е клубот кој неодамна го напушти македонскиот
репрезентативец, Дарко Велковски и кој од клупата е предводен од
Стивен Џерард.
Вајналдум се обврза на тригодишна соработка со саудискиот клуб.


Рамос наместо во Галатсарај ќе заврши во Ал Итихад

Изгледаше дека Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во турскиот
гигант Галатасарај, но според последните најави и шпанскиот ветеран може да се пресели во Саудиска Арабија.
Информациите од арапската земја говорат дека Ал Итихад испратил
конкретна понуда за да го доведе Рамос.
Според информациите, Рамос има понуда за договор на две години со
плата од 20 милиони евра по сезона. Исто така во неговиот договор би
имало и клазула со која ќе може да го раскине договорот во било кое
време.
Рамос е без клуб откако го напушти Париз Сен Жермен.