фудбал

Кевин Дурант сака петто олимписко злато

Искусниот кошаркар на Хјустон рокетс изјави дека сака да игра на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес, но нагласува дека мора да заработи место во тимот.

Дурант на настан организиран од USA Basketball нагласи дека конечната одлука нема да биде во негови раце, туку во рацете на директорот на репрезентацијата Грент Хил и стручниот штаб.

– Сè зависи од Грент Хил и од тоа што сака репрезентацијата на САД. Ќе продолжам да работам и да го одржувам моето ниво на игра, па се надевам дека ќе добијам повик. Има многу одлични играчи кои заслужуваат место во тимот – рече Дурант.

Дурант е првиот машки кошаркар кој освоил четири златни медали. Тој ја освои и најпрестижната награда во Лондон 2012, Рио де Жанеиро 2016 и Токио 2021.


Ел Билал Туре потпиша за Парма

Парма постигна усмен договор со Аталанта за позајмица на напаѓачот Ел Билал Туре.

Според изворот, договорот вклучува опција за откуп на играчот за 11 милиони евра. Сега Парма мора да преговара со самиот играч за условите на соработка во случај неговата позајмица да заврши со целосен трансфер.

Ел Билал Туре игра за Аталанта од 2023 година, но во овој период играше и како позајмен играч во Штутгарт и Бешикташ. Минатата сезона одигра 26 натпревари за тимот од Истанбул во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и запишувајќи пет асистенции.


Динамо Загреб потпиша со фудбалер на ПСЖ

Динамо Загреб и ПСЖ си подадоа рака за 18-годишниот Ноа Нсоки, фудбалерот патува кон Хрватска да го комплетира трансферот.

Станува збор за млад фудбалер чија примарна позиција е лево крило, но може да настапува и како офанзивен играч од средниот ред.

Во Загреб ќе пристигне среда или четврток, а откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе стави потпис на петгодишен договор со хрватскиот гигант.

Интересен е договорот меѓу двата клуба. Динамо Загреб нема да плати ништо за Ноа Нсоки, но половина од сумата за која ќе биде продаден во иднина ќе оди на сметка на францускиот клуб.

Нсоки минатата сезона неколкупати тренираше со првиот тим на ПСЖ, а запиша и два настапа како резерва, вкупно минувајќи 36 минути на теренот во сениорскиот состав.

Во младинскиот тим на парискиот гигант одигра 39 натпревари, на кои постигна 10 голови и запиша шест асистенции, со што го привлече вниманието на Динамо, кој повторно се насочува кон развој на млади и перспективни фудбалери.


Ако го елиминира Хибернијан, Шкендија ќе патува во Белгија или Шведска

Шкендија која остана единствен претставник на Македонија во Европа, денеска го дозна можниот противник за плеј-офот од Конференциската лига.

Ако го помине Хибернијан во третото квалификациско коло, Шкендија ќе игра со победникот од дуелот меѓу Гетеборг и Гент.

Иако станува збор за сериозни клубови, Шкендија може да биде задоволна од ждрепакта со оглед на тоа што можеше да добие некој од Брајтон, Монако, Салцбург, Пафос…

Првиот меч од плеј-офот се игра на 20 август, реваншот е седум дена подоцна. Но, за да се дојде до тие натпревари најпрво треба да се мине Хибернијан, дуелот со шкотскиот тим почнува веќе во четврток.


Тотенхем го сака Коди Гакпо

Лондонски Тотенхем ја реактивираше приказната за доведување на Коди Гакпо, објавува TEAMtalk.

Лондонскиот клуб долго време ја следи ситуацијата со холандскиот интернационалец, а интересот не стивнува ниту ова лето.

Според истиот извор, Тотенхем ги обновил контактите и се распрашал за можноста за трансфер.

TEAMtalk тврди дека разговорите со претставниците на Гакпо биле позитивни. Самиот холандски фудбалер наводно е отворен за можноста за преселба во Тотенхем.

Како што изјави TEAMtalk, челниците на „Црвените“ јасно ставија до знаење дека сметаат на Гакпо во новата сезона.
Клубот не покажува подготвеност да го одобри неговото заминување.


Ливерпул на Ираола убедливо поразен од Лидс

Ливерпул одигра пријателски меч со две различни полувремиња, прво кое го доби и второ во кое доживеа дебакл, Лидс победи со 4-2.

Чемберс во седмата минута донесе водство за Ливерпул од 1-0, а на пет минути до крајот на првото полувреме Вирц реализираше за 2-0.

Се чинеше дека Ливерпул ќе го добие мечот, но се случи голем пад во второто полувреме.

Калверт-Луин кој влезе во второто полувреме даде два гола, по еднаш погодија Лонгстаф и Аронсон за победа на Лидс од 4-2.


Мурињо не смета на Ендрик во иднина

Бразилскиот фудбалер Ендрик нема да биде дел од тимот на Реал Мадрид во новата сезона.

Тренерот Жозе Мурињо јасно му ставил до знаење на раководството дека не смета на 20-годишниот Бразилец, и покрај неговите добри настапи за време на позајмицата во Лион.

Ендрик има договор со Реал до летото 2030 година, а според најавите, клубот повторно ќе го испрати на позајмица за да продолжи со својот развој и да добие поголема минутажа.


Флик по ниедна цена не сака да се раздели со Феран Торес

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона не сака да го продаде Феран Торес на ПСЖ, идејата е напаѓачот да остане на Камп Ноу и да стави потпис на нов договор.

Вчера беше објавено дека Ферен Торес донел одлука за својата иднина, напаѓачот сака да ја продолжи кариерата во ПСЖ.

Се најавуваше дека преговорите помеѓу двата клуба ќе почнат следната недела, но вечерва неколку извори од Шпанија објавија дека Барселона не сака да го продаде напаѓачот.

Ханси Флик сериозно смета на Феран Торес за новата сезона, па „каталонците“ сакаат да му го продолжат договорот, иако тоа би значело да му исплатат дополнителни 8 милиони евра на Манчестер Сити.

Извори од Барселона велат дека единствен начин за Феран Торес да биде продаден е доколку самиот играч побара да го напушти клубот, а тоа досега не се случило.

Доколку напаѓачот побара трансфер, цената која клубот од Камп Ноу ќе ја бара е околу 55 милиони евра.


Тренчовски со победа дебитираше на клупата на Олимпија

Македонскиот тренер, Југослав Тренчовски со три бода почна на клупата на славната Олимпија Љубљана, неговиот тим го совлада Алуминиј со 1-0.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без голови, Урбаниќ погоди во 93. минута и донесе победа за Олимпија.

Ова беше прва победа за Олимпија оваа сезона, во првите две кола имаа два порази.


Киеза го одби Атлетико Мадрид и сака да остане во Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул Федерико Киеза ова лето е интересен за трансфер, а последна екипа која го посака во своите редови е шпанскиот Атлетико Мадрид. За Италијанецот заинтересирани беа и неколку екипи од Серија А во досегашниот тек од преодниот рок.

Сепак и покрај бројните понуди Киеза најверојатно ќе остане уште една сезона во Ливерпул, односно ќе се обиде да се избори за место во тимот на новиот менаџер Андони Ираола.

Киеза очигледно не брза со трансфер и верува дека може да избори место и подобра позиција во тимот, а со тоа и поголема минутажа на натпреварите во Премиер лигата.