фудбал

Тиквеш се засили со Октај Ракипи

Тиквеш продолжува да го крои тимот за новата сезона, Октај Ракипи е ново засилување за кавадарчани.

Октај Ракипи ќе ја збогати ротацијата во средниот ред на тренерот Оливер Богатинов, 23 годишниот фудбалер е новото засилување на Тиквеш.

„Млад, амбициозен и технички поткован играч, Октај доаѓа во Кавадарци подготвен да даде сè за црвено-белиот дрес. Неговата енергија, работна етика и желба за напредок совршено се вклопуваат во визијата што ја градиме. Веруваме дека ова е само почеток на едно успешно заедничко поглавје“ – се вели во соопштението на клубот од Кавадарци.

Октај Ракипи пристигнува во Тиквеш од словенечкиот клуб Јесенице, а претходно во кариерата играше и за Беса, Шкендија, Гостивар и Борец.


Бернардо Силва: Најдобриот клуб во историјата не се одбива

Бернардо Силва од денеска се приклучи на подготовките на Реал Мадрид, пред португалскиот фудбалер е голем предизвик, ќе игра во белиот дрес кој многу тежи.

Денеска тој го одржа првиот тренинг, а кажа и некој збор за медиумите.

„Реал Мадрид е најдобриот клуб во фудбалската историја. Невозможно е да му кажете не. Не се мислев двапати“, рече Бернардо Силва.

Тој вели дека негова голема испирација е легендарниот Лука Модриќ.

„Лука Модриќ е моја огромна инспирација. Зборував со него неколкупати“.

Романо имаше посебни зборови и за неговиот сонародник, Жозе Мурињо.

„Не можам да дочекам да почнам да работам и да учам од Жозе Мурињо. Многу сум среќен што тој е тренер, тој многу значи за португалскиот фудбал. Како деца многу ги гледавме неговите тимови тој секогаш го ставал името на Португалија на највисоко ниво“.


Фиорентина го сака Мастантуоно на позајмица

Се поизвесно е дека за Мастантуоно нема да има место во тимот на Жозе Мурињо, барем засега, планот е тој да биде пратен на позајмица.

Информациите велат дека неговата нова дестинација најверојатно ќе биде Фиорентина.

Виолетовите притискаат да ја комплетираат позајмицата на Мастантуоно колку што е можно побрзо.

Се верува дека во наредните денови оваа зделка ќе се реализира и Аргентинецот сезоната ќе ја почне во Фиорентина.


Петковиќ ја напушти селекторската функција на алжирската репрезентација

epa13079051 Algeria head coach Vladimir Petkovic speaks during a press conference one day ahead of the FIFA World Cup round of 32 soccer match between Switzerland and Algeria at BC Place stadium in Vancouver, Canada, 01 July 2026. EPA/PETER KLAUNZER EDITORIAL USE ONLY

Владимир Петковиќ ќе биде отпуштен селекторската позиција на Алжир по елиминацијата (2-0) од Светското првенство против Швајцарија во 1/16 финалето. Првите луѓе на алжирскиот фудбал се крајно незадоволни од начинот на кој играше нивната репрезентација на дуел со Швајцарците.

Интересно е што договорот на 62-годишниот босански стратег беше продолжен во пресрет на Светското првенство.

Сепак, „Спорт њуз Африка“ додава дека има простор за преговори и дека може да се случи пријателска разделба, но Петковиќ би добил пет или шест плати.

Алжир успеа да се најде во нокаут фазата откако заврши меѓу најдобрите третопласирани селекции.


Фулам претстави две засилувања од Реал Мадрид

Фулам официјално ги потврди трансферите на Гонзало Гарсија и Сезар Паласиос од Реал Мадрид, продолжувајќи со засилувањата пред новата сезона во Премиер лигата.

Лондонскиот клуб за 22-годишниот напаѓач Гонзало Гарсија издвои околу 34 милиони фунти, додека за 21-годишниот играч од средниот ред Сезар Паласиос плати приближно 8,5 милиони фунти. Двајцата фудбалери потпишаа договори на пет години, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Гарсија и Паласиос добро му се познати на менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, кој во минатото работеше во младинскиот погон на Реал Мадрид и одигра значајна улога во нивниот развој.

По официјалната промоција, Гарсија не ја криеше својата радост.

„Многу сум благодарен и среќен што сум тука. Сакам да им се заблагодарам на раководството на клубот и на Арбелоа за довербата. Со нетрпение очекувам да започнам и да му помогнам на тимот“, изјави новиот напаѓач на Фулам.


Челзи го потврди трансферот на Хендерсон

Челзи официјално го потврди ангажманот на искусниот англиски репрезентативец Џордан Хендерсон, кој потпиша двегодишен договор со лондонскиот клуб.

Поранешниот капитен на Ливерпул, кој во својата богата кариера освои осум трофеи, меѓу кои и Премиер лигата и Лигата на шампионите, ќе му се приклучи на тимот од „Стемфорд Бриџ“.

По потпишувањето на договорот, Хендерсон не го криеше задоволството што ќе го носи дресот на „сините“.

„Со оглед на големината на клубот, менаџерот, кого многу го почитувам, и квалитетот на играчите, ова беше огромна можност што не можев да ја одбијам. Бев импресиониран и од амбицијата на сопствениците да го вратат Челси на врвот и да го движат клубот во вистинската насока“, изјави Хендерсон.

Тој додаде дека ќе се обиде со своето искуство да придонесе за успехот на екипата.

„За мене е важно секој ден да давам максимум, и на теренот и надвор од него, за да им помогнам на соиграчите и на тимот. Со нетрпение очекувам да започнам со работа“, порача искусниот играч од средниот ред.


Квича Кварацкелија фаворит за „Златната топка“

Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Хвича Кварацкелија, го искористи летото за интензивни подготовки со цел да влезе во новата сезона со јасна цел, освојување на Златната топка. „Лекип“ изненадувачки го прогласи грузискиот напаѓач за прв фаворит за освојување на Златната топка оваа година.

Иако го пропушти Светското првенство во 2026 година, бидејќи Грузија не успеа да се квалификува за турнирот што се одржа во САД, Мексико и Канада, Кварацкелија не се откажа од својата амбиција да ја освои Златната топка.

Според „Лекип“, крилниот напаѓач на ПСЖ го помина летото на индивидуални тренинзи наместо на одмор за да го дочека почетокот на сезоната во врвна форма. Неговиот план е да има одличен почеток пред да започне гласањето за престижната награда на почетокот на септември.

Во тој период, неговите соиграчи кои играа на Светското првенство, како Усман Дембеле, веројатно сè уште ќе го фаќаат натпреварувачкиот ритам. Кварацкелија се надева дека одличниот почеток на сезоната ќе го одржи меѓу главните кандидати.


Чехот Хорначек ќе го брани голот на Њукасл

Њукасл Јунајтед го официјализираше своето петто засилување во летниот преоден рок. Голот на „страчките“ ќе го брани чешкиот репрезентативец Лукаш Хорничек (24), кој пристигнува од Брага. Англискиот клуб ја активираше откупната клаузула од 30 милиони евра.

Хорничек потпиша петгодишен договор со клубот од „Сент Џејмс Парк“ и веднаш им се придружи на своите нови соиграчи на тренинзите во Шпанија.

Високиот чешки голман (197 см) ја започна својата кариера во својата татковина во јуниорските категории на Пардубице, од каде што замина во Брага во 2019 година.

По години поминати во вториот тим и постепено докажување, Хорничек буквално експлодираше минатата сезона и го привлече вниманието на богатите англиски клубови.

Чехот беше еден од најзаслужните за пласманот на Брага во полуфиналето на УЕФА Лигата на Европа, каде што запиша дури седум натпревари без да прими гол.

Одличните игри му донесоа покана за чешката репрезентација на неодамнешното Светско првенство во 2026 година.


Чурлинов дебитираше, Погон победи во Краков

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов на одличен начин ја започна својата авантура во дресот на Погон Шчечин. Новото засилување на полскиот прволигаш веднаш доби доверба од тренерот и беше стартер на гостувањето кај Краковија, каде неговиот тим славеше со убедливи 2-0.

Чурлинов помина 60 минути на теренот и остави солиден впечаток на своето официјално деби, пред да биде заменет во второто полувреме. Имаше и добра шанса во првиот дел за своето деби да го круниса со погодок, меѓутоа не реализираше.

Погон до предност стигна уште на стартот од вториот дел, а победата ја потврди со втор погодок во самиот финиш од натпреварот.

Со овој триумф, тимот од Шчечин ја продолжи успешната серија на стартот од новата сезона, а Чурлинов веднаш покажа дека ќе има важна улога во составот.


ПСЖ понуди 33 милиони евра до голманот Сузуки

Актуелниот европски првак ПСЖ му се приклучи на Јувентус во трката за потписот на голманот на Парма, Зион Сузуки, испраќајќи официјална понуда за јапонскиот репрезентативец.

Италијанските медиуми јавија денеска дека францускиот тим е подготвен да плати 33 милиони евра обесштетување. Сузуки, кој е роден во Њујорк, се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Серија А откако ѝ се приклучи на Парма, одигрувајќи 57. натпревари во италијанската прва лига.

Голманот на јапонската репрезентација има договор со Парма до 2029 година.