фудбал

Наполи потврди дека Лукаку ќе биде казнет

Спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана, се обиде да објасни што се случува со Ромелу Лукаку, кој поради повреда одлучи да остане во Белгија без одобрение на клубот.

„Никој немаше да го спречи да работи со своите лекари. Само сакавме да разговараме за тоа во Неапол. Интегритетот, почитта и вредностите на тимот се над сè друго. Мислам и се надевам дека ќе се врати за една недела. Тој знае дека ќе има последици“, беа зборовите на Мана.


Една желба, еден клуб: Кансело подготвен на жртва за да остане на Камп Ноу

Жоао Кансело се смее

Ходниците на Камп Ноу деновиве се исполнети со една клучна тема: како да се спречи враќањето на Жоао Кансело во Ријад по завршувањето на сезоната. Раководството на Барселона официјално ја започна првата фаза од преговорите за негов траен откуп, отворајќи директен дијалог со влијателниот агент Хорхе Мендеш. Пораката од таборот на играчот е недвосмислена: Кансело својот дом го гледа во Каталонија и нема намера да го соблече „блауграна“ дресот.

Најсилниот адут на Барселона во овие преговори е токму непоколебливиот став на самиот играч. Откако се врати во тимот во јануари 2026 година за да ја засили одбраната на Ханси Флик, 31-годишниот Португалец стана незаменлив дел од тактичката сложувалка. Извори блиски до клубот потврдуваат дека Кансело му наложил на Мендеш да му даде апсолутен приоритет на договорот со Барса, дури и по цена на значително намалување на платата за да се испочитуваат строгите финансиски правила на Ла Лига.

Вистинскиот предизвик допрва доаѓа: самитот со челниците на Ал Хилал. Иако Кансело моментно е на шестмесечна позајмица, неговиот договор со саудискиот гигант е со важност до 2027 година. Се шпекулира дека Ал Хилал бара обесштетување од околу 15 милиони евра, сума која Барселона се обидува дополнително да ја намали. До крајот на јуни се очекуваат интензивни преговори во кои каталонците ќе бараат креативни решенија: од можен споразумен раскин на договорот, па сè до вклучување на некои од младите таленти во трансферот, со цел да се задоволат апетитите на шампионот од Про-лигата.


Најдобриот стрелец најави заминување од Дортмунд

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серу Гираси, е сè поблиску до заминување од клубот, иако има договор кој важи до летото 2028 година.

Гираси и оваа сезона прикажува солидни настапи со учинок од 18 постигнати голови и шест асистенции, а според најавите, очекува наскоро да пристигне понуда што ќе ги задоволи апетитите и на него и на клубот.

Она што дополнително ја загрева ситуацијата е откупната клаузула во неговиот договор. Имено, секој заинтересиран клуб кој ќе плати 35 милиони евра ќе може да го ангажира напаѓачот на „милионерите“.

Со оглед на формата и бројките кои ги бележи, многумина сметаат дека оваа сума е релативно ниска за играч од ваков калибар, па интересот за неговите услуги би можел да биде сериозен во текот на летниот преоден рок.


Јуве брзо ја реши Џенова, Вчаховиќ се врати и пак се повреди

Фудбалерите на Јувентус, во Торино ја победија Џенова со 2:0. Прашањето околу победата го решија во првите 17 минути од натпреварот.

По само четири минути игра, Јувентус поведе преку Бразилецот Бремер, на кого му асистираше Кели.

Предноста на тимот од Торино беше удвоена по 17-та минута од натпреварот, кога Вестон МекКени постигна гол по додавање од Консеисао.

Лоша вест за Јувентус е повредата на Душан Влаховиќ и голманот Матија Перин. Србинот се повреди за време на загревањето.

Перин, остана во соблекувалната по првото полувреме, Белсна во вториот дел Ди Грегорио, тој се истакна во 75-та минута, кога го одбрани пеналот на Мартин, а во продолжението на истата акција, аправи уште една одлична интервенција,.

По оваа победа, Јувентус остана еден бод помалку од Комо, која е на четвртото место.

Во следната рунда, Јувентус ќе игра против Аталанта.


Политано е херојот, Наполи го доби дербито со Милан

Дерби натпреварот меѓу Наполи и Милан, одигран во рамките на 31-то коло во Серија, завши со минимална победа на Наполитанците. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, во дербито играше од 85-та минута.

Актуелниот шампион, по оваа победа се врати на второто место, седум бода зад првопласираниот Интер, додека Милан сега падна на третото место, со дури девет бода помалку од Интер и два од Наполи.

Дербиот не ги оправда очекувањата, двата тима играа резервирано, како да беа повеќе заинтересирани да не примат гол отколку да победат.

Тренерот на Наполи, Антонио Конте во 76-та минута направи она што се покажа како вистински потег, кога на теренот го испрати Матео Политано.

Само три минути подоцна, крилниот напаѓач одлично се снајде во шеснаесетникот на Милан и го постигна голот за победа.


„Сината“ синергија: Барко пред потпис како прво летно засилување за Челси

Валентин Барко

Мулти-клуб моделот под сопственост на „БлуКо“ е на пат да го донесе својот најзначаен резултат досега. Челси е на чекор до финализирање на договорот за аргентинската сензација од Стразбур, Валентин Барко. Овој потег ја нагласува беспрекорната соработка меѓу лондонскиот гигант и францускиот партнерски клуб, откако 21-годишниот играча наводно веќе дал „зелено светло“ за трансферот. Со договорени лични услови, реализацијата сега зависи единствено од конечната потврда на Челси за активирање на документацијата.

Левоногиот маестро, познат под прекарот „Коло“, доживеа вистинска тактичка метаморфоза по неговата преселба во Алзас во 2025 година. Првично препознатлив како офанзивен лев бек во Бока Жуниорс и Брајтон, Барко процвета во централниот дел од теренот во Лига 1. Неговата разноврсност, во комбинација со техничката елеганција, го позиционираше како приоритет за „Сините“, кои бараат свежа крв во средниот ред пред почетокот на кампањата 2026/27.

За разлика од традиционалните трансфери кои често вклучуваат исцрпувачки преговори, патот на Барко е кристално јасен. Со оглед на тоа што и Челси и Стразбур оперираат под истата капа на „БлуКо“, преговорите меѓу клубовите се всушност интерна процедура.

Пристигнувањето на Барко би значело прво официјално засилување за претстојниот летен преоден рок. Извори блиски до клубот сугерираат дека управата на Челси на ова гледа како на стратешки потег со кој ќе го спречат интересот на европските тешкаши како Реал Мадрид и Баерн Минхен. Желбата на играчот е недвосмислена: тој веќе му кажа „ДА“ на проектот во Лондон.

Покрај клупските случувања, реномето на Барко рапидно расте и на меѓународната сцена. Тој е веќе стандарден дел од сениорскиот тим на Аргентина, каде неодамна ја потврди својата класа со асистенција во победата од 5–0 против Замбија. Извештаите од Буенос Аирес укажуваат на тоа дека стручниот штаб на „Гаучосите“ сериозно планира да му додели клучна улога во составот за Светското првенство..


Бернардо Силва им соопштил на „граѓаните“ дека заминува во јуни

0Капитенот на Манчестер Сити, Португалецот Бернардо Силва, ќе го напушти англискиот клуб на крајот од сезоната, потврди помошникот тренер на тимот од „Итихад“, Пеп Лејндерс.

Силва има договор со клубот од Манчестер до 30 јуни оваа година.

„Бернардо Силва е уникатен. Начинот на кој ја контролира играта, начинот на кој се движи, начинот на кој ја прима и насочува топката, начинот на кој гледа решенија… Само кога не игра, ќе сфатите колку ви недостасува. Замислете еден натпревар, но само цела сезона. Секоја приказна, без разлика колку е добра, мора еднаш да заврши. Се надевам дека Бернардо ќе ужива во последните неколку недели во дресот на Сити и ќе има убаво збогување. Тој го заслужи сето тоа“, рече Лејндерс.

Силва пристигна во Манчестер Сити во 2017 година од Монако. Одигра 450 натпревари за англискиот клуб и постигна 76 гола. Португалскиот фудбалер освои 18 трофеи со Манчестер Сити.

Силва ја презеде капитенската лента на Манчестер Сити на почетокот од оваа сезона по заминувањето на Кевин де Брујне.


Слот во јуни ќе го напушти Ливерпул

Арне Слот ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, оваа вест ја објавија неколку инсајдерски портали во Велика Британија. Наводно, менаџерот на „Црвените“ постигнал договор со сопствениците на клубот да се разделат по меѓусебен договор на крајот од натпреварувачката сезона, но засега нема официјални информации за оваа тема, па затоа треба да се земе со резерва.

Несомнено е дека Ливерпул е најголемото разочарување на Премиер лигата и на европскиот фудбал. Шампионот на Премиер лигата, со половина милијарда евра инвестирани во засилувања, не само што не е конкурентен за ниту еден трофеј во земјата, туку прашањето е дали може да се соочи со Пари Сен Жермен во четвртфиналето на Лигата на шампионите, единственото натпреварување каде што сè уште има шанса да се бори за трофеј.

Арне Слот, по брилијантната прва сезона, во второто целосно потфрли, а веќе со месеци се зборува за негова замена, како и за неговите наследници.

Затоа е реално дека ќе ја заврши сезоната и ќе му го препушти кормилото на некој друг, а најчесто споменуваното име е Чаби Алонсо.

За поранешниот тренер на Реал Мадрид веќе се пишуваше во претходниот период, а познато е дека челниците на клубот имаат симпатии за неговата работа и начинот на кој играше, пред сè Баер Леверкузен. Покрај тоа, двајца негови поранешни важни играчи, Флоријан Вирц и Фримпонг, го засилија тимот од „Енфилд“ ова лето.


Непопуларно реми на Удинезе и Комо на „Фриули“

Фудбалерите на Удинезе и Комо ремизираа без голови во натпреварот од 31-то коло од Серија А. Натпреварот се играше во невообичаено време за Калчото, во понеделник во 12:30 часот.

Се чини дека ги шокираше и фудбалерите, кои ретко успеваа да ги загрозат противничките голмани, имаше по четири обиди на двете страни.

Ремото донесе возбудувања, со само две големи шанси, по една за двата тима.

Комо, ја прекина серијата од пет последователни победи, а со овој кикс ја загрози четвртата позиција што води во Лигата на шампионите.

Сега, во случај на победа над Џенова (18:00 часот), Јувентус ќе има шанса да се приближи на бод од негативата.

Од друга страна, „зебрите“ веројатно се задоволни од ремито, кое ги остава во „златната средина“ на табелата.


Мартинели ќе избегне дополнителна казна од ФА

Фудбалерот на Арсенал, Габриел Мартинели изгледа дека ќе избегне дополителна казна и покрај тоа што е обвинет за покажување „тотално непочитување“ откако го турна судијата Сем Барот за време на поразот на Арсенал од Саутемптон во ФА Купот.

Мартинели доби жолт картон за својот прекршок, но поранешниот судија од Премиер лигата, Марк Хелси, сметаше дека се извлекол многу лесно.

„Судијата Сем Барот досуди слободен удар за Арсенал, Мартинели влезе набрзина и го турна Сем настрана“, изјави тој за „Сан“.

„Сега ми е жал, Габриел Мартинели покажа тотално непочитување кон судијата Сем Барот во таа ситуација.“

„Иако Сем ми даде жолт картон, за мене тоа е црвен картон. Едноставно не можете да ставите рака на судијата, а камоли да го тргнете од патот.“

ФА најави дека нема дополнително да го казнува Бразилецот.