фудбал

Шкендија го совлада Скопје и се врати на врвот на табелата

Шкендија се врати во победнички ритам откако во претпоследниот натпревар од десеттото коло во Првата лига славеше на гости против Скопје со 1-3. Со овој триумф повторно се врати на лидерската позиција со 23 бода, три повеќе од Струга Трим Лум и од Вардар.

Шкендија поведе уште во втората минута на стадионот „Железарница“ со голот на Ендрит Красниќи, а во деветтата минута Бојан Димоски ја удвои предноста на тетовскиот тим.

Скопје ја врати неизвесноста пред крајот на полувремето, кога Виктор Ангелов ја затресе мрежата на Бабукар Гаје во 44.минута, по корнерот на домаќините од десната страна.

На стартот на вториот дел, Фабрис Тамба со удар со глава повторно обезбеди предност од два гола за Шкендија зголемувајќи на 1-3 во 52.минута од мечот.

Во 74.минута беше досуден пенал за Шкендија по игра со рака на еден од дефанзивците на Скопје, но Бесарт Обраими не успеа да го реализира. Тој шутираше крај левиот дирек од голот на Кристијан Наумовски.

Скопје беше блиску до втор гол во 88.минута, но Виктор Ангелов шутираше над голот од непосредна близина по нафрлувањето на Мурџески.


Десаи: Реал требаше да го продаде Вини

Поранешниот француски дефанзивец, Марсел Десаи, верува дека Реал Мадрид требаше да се раздели со 26-годишниот крилен напаѓач Винисиус.

-Според мене, Реал Мадрид требаше да го пушти Винисиус. Неговото партнерство со Мбапе не функционира. Ќе видиме дали може да се ослободи од целата негативност и критики упатени кон него, изјави Десаи за „beIN Sports“.

Во сезоната 2026/27, Винисиус одигра 10 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и три асистенции. Во август, Бразилецот го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2032 година.

Винисиус минатиот викенд доби црвен картон во 8. коло од Ла Лига против Виљареал затоа што го фати Натан Салиба за коса. Крилниот напаѓач доби суспензија на четири натпревари. 


Два гола во четири минути за Меси во победата на Интер Мајами во Атланта

Интер Мајами со 3-1 славеше на гостувањето кај Атланта, а Лео Меси и на овој натпревар имаше свое шоу.

Периодот кога Меси ги даде головите беше од 56. до 60. минута. Тоа беа два гола по прекрасни акции, по кои Интер Мајами дојде до предност од 3-0.


Пелегрини за судењето против Барселона: Катастрофа и чувство на беспомошност

Фудбалерите на Барселона, вчера во Севилја го победија Бетис со 5:2 во деветтото коло од шпанската Ла Лига, со што изедначија рекорд стар 58 години. Тренерот на зелено-белите Мануел Пелегрини беше многу незадоволен од судењето на Де Бургос во овој натпревар.

Гостите, кои ја забележаа деветтата победа во деветтиот натпревар во Ла Лига оваа сезона, постигнаа два гола со играч повеќе, откако Бернал беше исклучен во 54-та минута.

Фудбалерот на Бетис доби црвен картон, откако наседна на провокацијата на Јамал.

Пелегрини вели дека клучните одлуки на судијата биле, благо речено, сомнителни.

„Тоа е чувство на беспомошност, без сомнение. Резултатот 5:2 не го одразува она што се случи во натпреварот, меѓу другото, поради спорните ситуации. Постојат работи што не можат да се разберат или објаснат“, рече Чилеанецот.

Потоа Пелегрини зборуваше за поништениот гол на Бетис, ситуацијата што му претходеше на третиот гол на Барселона и исклучувањето на Бернал.

„Тој го поништи голот на апсурден начин, бидејќи фаулот се случи на 30 метри од акцијата и нема никакво влијание врз голот.“

Тој истакна дека и Јамал ​​учествувал во расправијата и дека, според него, двајцата играчи требало да добијат жолти картони.

„Исклучувањето е последица на провокацијата на Ламин Јамал, а тој на едниот му покажа жолт картон, а другиот го исклучи“.

Во врска со поништениот гол на Бетис и спорните одлуки, тој рече дека тие влијаеле на текот на играта и дека не разбира зошто судијата се однесувал поинаку кон слични ситуации.

„Искрено, мислам дека судијата имаше катастрофална натпревар, без фудбалски критериуми“, ја оцени Пелегрини работата што ја изврши главниот судија.


Дибу Мартинез мора на операција, го чека пауза од неколку недели

Голманот на Челси, Емилијано Мартинез, се здоби со повреда во победата од 2-0 над Евертон во Премиерлигата, поради која мораше да го напушти теренот на носилки и да биде пренесен во болница.

Инцидентот се случи во второто полувреме, кога аргентинскиот чувар на мрежата се судри со дефанзивецот на Евертон, Џеред Брантвајт. Медицинските екипи му укажуваа помош неколку минути, по што беше заменет со младиот голман Мајк Пендерс.

Британските медиуми објавија и информации за можна повреда на вилицата и евентуална операција, но засега нема потврда за такво нешто од клубот.


Нови два гола на Халанд, Сити го надигра Ипсвич

Maнчестер Сити предводен од Ерлинг Халанд славеше победа над Ипсвич од 3-2 и така остана со максимален учинок и по седум кола, а триумф во ова коло со пресврт забележа и Ливерпул со 2-1.

Сити од самиот почеток ја наметна својката игра, додека Ипсвич беше повлечен и размислуваше само на својот гол. Резултатот беше отворен во 19-тата минута кога Фил Фоден ја искористи асистенцијата од Доку и погоди за 1-0.

Иако, гостите ретко поминуваа на противничката половина, сепак само две минути по голот на Фоден, Маеда погоди за израмнување. Халанд на сцена стапи во 34-тата минута кога го постигна својот прв гол на натпреварот за 2-1.

Во второто полувреме гледавме слична слика на теренот со по уште еден гол на двете страни. Халанд повторно беше стрелец за Сити во 69. минута, а еден негов погодок во 85-тата минута беше поништен поради офсајд. Ипсвич во 90-тата минута од пенал преку Флеминг постигна втор гол, но немаше сили за нешто повеќе.


Рома им се врати на победите, Џенова „потопена“ во вториот дел

Рома ја искористи предноста на домашниот терен и ја совлада Џенова со 2-0 во натпреварот од седмото коло во италијанската Серија А, со што освои важни бодови во трката за највисок пласман.

По мирното прво полувреме, тимот од Рим го скрши отпорот на гостите во 50. минута, кога Сантијаго Кастро ја затресе мрежата и донесе водство за домаќините.

Рома продолжи да напаѓа, а потврдата за победата пристигна во 68. минута. Тогаш Емануеле Лули се запиша меѓу стрелците и го постави конечниот резултат од 2-0.

Со новите три бода, Рома стигна до 17 бодови по седум одиграни кола и се наоѓа на второто место на табелата. Интер останува лидер со два бода предност, па борбата за врвот продолжува.


Бутел Скопје со минимален пораз се враќа од Хрватска

Бутел Скопје од гостувањето кај Горица се враќа со негатива од , откако беше поразен од Горица со 27-24 во првипѕ меч од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп, а пак реваншот е за една недела во Скопје.

Домашниот тим отворија со 7-3, на другата страна Бутел Скопје успеа да дојде на 8-6 на средината на првото полувреме. Горица со три гола во низа поведе со 11-6.

Но, оваа негатива не ги демотивираше избраниците на Стојанче Стоилов, на одморот заминаа со резултат 13-12.

Во вториот дел противникот постигна три гола во низа за 16-12, Бутел Скопје имаше одговор и за оваа игра, со серија од 4-0 го запиша второто водство на мечот 16-17.

Неизвесноста продолжи, во 49-та минута нашиот тим поведе со плус два (21-23) со голот на Димитар Ѓеоргиевски.

Домаќинот успеа да го врати водството 25-23 беше на нецели три минути до крајот. Бутел Скопје повеќе од шест минути беше без постигнат гол.

Стоилов повика тајм-аут, Костов реализираше за 25-24.

На другата страна противникот одговори со два гола за 27-24 и крај на сите надежи дека македонскиот претставник својата прва победа оваа сезона би можел да ја оствари на европска сцена.


Николов донесе минимална победа на Вардар од Штип

Штипјанецот донесе победа за Вардар од Штип. Бобан Николов погоди за три бода на скопските „црвено-црни“ од мечот против Брегалница. И покрај тоа што штипјани не беа надиграни, беа рамноправен противник, сепак, на крајот мораа да се помират со пораз, а Вардар освојува важни три бода во битката за титулата.

Одличниот почеток на мечот Брегалница, сепак, не го „круниса“ со предност. Имаше шанса преку Глигоров уште во почетните секунди, а потоа и Иван Николов имаше прилика во 18-тата минута, но промена на резултатот немаше. Немаше предност за домашнтие ниту во 20. минута кога Рајков со глава се обиде само крај голот.

Затоа штипјани беа „казнети“ во 24. минута. Центаршут на Јанкулов од десната страна, исфрли Коцев, само до Николов кој од прва шутираше и погоди во голниот десен агол од голот на Филевски.

Продолжија нападите на Брегалница, па Стојанов беше во шанса во 39. минута, кога одлично одбрани Талески.

Вториот дел почна исто така со прилика за домашните. Во супер шанса се најде Максимов, но откако излезе сам пред голот се сплетка, па така Талески му ја собра топката. Во 83. минута шанса и за Вардар за 0:2, но обидот на Закариќ одлично го одбрани Филевски.

Последната шанса да се спаси од пораз Брегалница ја имаше во 89. минута кога Николов се најде во добра шанса, но со многу среќа вардарци се одбранија, и успеаја да ги освојат трите бода од овој натпревар.

Идното коло Брегалница гостува кај Арсими, додека Вардар го игра голем


Барса поврза девет победи по ред и собори клупски рекорд

За Каталонците денес ова е деветта победа по ред од почетокот на сезоната, со што актуелната генерација го собори рекордот поставен од екипата која беше предводена од Тата Мартино.

Аргентинскиот стручњак ја одведе Барса до осум победи по ред во сезоната 2013/14, но актуелниот тим го надмина тој резултат и ќе се обиде да ја продолжи серијата, поставувајќи тежок предизвик за идниот период.

Не помалку важно е што деветтата победа значи и израмнување на рекордот на шпанското првенство, откако досега само Реал Мадрид може да се пофали со девет победи по ред од почетокот на првенството.

Интересно е што Барселона може да стане рекордер доколку го победи токму Реал на претстојното „Ел Класико“ следниот викенд.