фудбал

Несторовски: Се чувствувам како важна алка во Удинезе

Илија Несторовски, кој нема преголема минутажа во Удинезе сезонава, а последен пат беше стартер во куп-мечот сезонава со Монца, завчера беше пресуден за ремито на црно-белите со изнуден пенал против калчо-дебитантот во ремито 2-2 за осум минути кои ги доби да игра на мечот од тренерот Андреа Сотил.

Несторовски кој имаше и проблеми со повредите во последниот период има 13 настапи во Серија А во оваа сезона, со еден гол и една асистенција, а сега придонесе со изнудениот пенал за бод на неговиот тим. И иако игра малку, Несторовски кому актуелниот договор му завршува на лето вели дека се чувастува како важна алка во тимот

„Се чувствувам како важна алка во овој тим. Секој ден на секој тренинг јас давам сто отсто и им помагам на помладите, а секогаш кога ќе влезам на терен сакам да сум максимално подготвен да дадам придонес. Изнудив пенал, кој ни донесе реми и среќен сум. Во оваа лига нема лесен меч, секое коло има изненадувања“, вели Несторовски.

Веќе од поодамна се најавува негово заминување од Удине, иако иста таква приказна имаше и лани, па македонскиот репрезентативец потпиша нов едногодишен договор со опција за продолжување на истиот за уште една година.


Пропаднаа преговорите меѓу Марш и Лестер Сити

Се очекуваше Џеси Марш да стане нов тренер на Лестер, но тоа нема да се случи, преговорите завршиле неуспешно.

Преговорите меѓу Лестер и Марш се одвиваа добро, но запнаа на крајот. Американскиот стратег не се сложил со дел од последните точки кои се разговарале и не ја прифатил понудата.

Лестер е на претпоследното место на табелата и се чини дека до крај ќе води жестока битка за опстанок.


Клоп ќе понуди 50 милиони евра за Мекалистер

Ливерпул на лето ќе прави реконструкција на средниот ред и приоритет е доведување на најмалку двајца врвни играчи за врска.

Најновата желба на Клоп е аргентинскиот репрезентативец и играч на Брајтон, Алексис Мекалистер. 23-годишиот играч за врска пристигна во Брајтон од Бока Јуниорс за 12 милиони евра и неодамна го продолжи договорот со англислиот клуб до 2025 година.

Неговата цена после Мундијалот значително порасна, а Ливерпул е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.

„Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот бидејќи сакаат да ја победат конкуренцијата.


Бензема пресече: И следната сезона ќе го носи дресот на „кралевите“

Карим Бензема веќе долго време е член на Реал Мадрид, тим во кој во последниве неколку години е клучен играч, ас без кој не може да се замисли шпанскиот великан.

Меѓутоа договорот на Французинот со Реал му завршува во месец јуни и тоа секако остава простор за заинтересираните клубови да го „украдат“ голгетерот. Една од опциите која се споменуваше беше преселба во Саудисна Арабија, но според реномираната „Марка“ нема ништо на оваа тема затоа што Карим има само една цел.

„Се зборуваше дека Бензема размислува за понудата од Саудиска Арабија. Сепак милионите евра не ја променија неговата желба да ја обнови соработката со Реал. Французинот не сака да го стори истото како и Кристијано Роналдо кој отиде во Саудиска Арабија.

Во Реал постои непишано правило според кое играчите кои освоиле Златна топка добиваат нов договор. Бензема сè уште официјално не ја продолжил соработката со Реал, но и двете страни сакаат тоа да се случи во наредниот период“, заклучува „Марка“.

Бензема од 2009 година е во Реал и досега има освоено 24 трофеи со овој клуб.


Барса ги прекина преговорите, Дембеле заминува во јуни

Усман Дембеле и неговите агенти ги прекинаа преговорите со раководството на Барселона за обновување на неговиот договор. Актуелниот договор меѓу двете страни истекува за една година, а иднината на Французинот останува нејасна.

Дембеле моментално се опоравува од повредата и отсуствува речиси два месеци. Откупната клаузула од 50 милиони евра значи дека тој лесно може да заврши во друг клуб доколку не го продолжи договорот со Барса. Агентите на Дембеле не се задоволни од тоа што Барселона не може да ја зголеми платата на играчот и затоа решија да ги прекинат преговорите.


Јунајтед спремен да го откупи Австриецот Сабицер

Марсел Сабицер не беше задоволен од статусот во Минхен и во 

последниот ден од преодниот рок се пресели во Манчестер Јунајтед на позајмица до крајот на сезоната.

„Црвените ѓаволи“ немаат опција за откуп на лето, па двата клуба ќе треба да седнат на преговарачка маса, а Австриецот не сака назад во Минхен.

Сабицер брзо се прилагоди на новата средина и би сакал да остане  на „Олд Трафорд“, а Манчестер Јунајтед донел одлука да го откупи неговиот договор.

Баварците за неговата слобода бараат 20 милиони евра, сума која нема да биде проблем за „црвените ѓаволи“.


Шест мундијалски стадиони во Катар ќе бидат домаќини и на првенството на Азија

Шест од осумте стадиони од ланското Светското фудбалско првенство ќе бидат домаќини на натпреварите на Купот на Азија што ќе се одржи во Катар од 12 јануари ди 10 февруари идната година, објави денеска Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).

Натпреварите ќе се играат на Меѓународниот стадионот Халифа, како и на стадионите Ал Џануб, Едјукејшн сити, Ахмед бин Али, Ал Тумам и Ал Бајт.

Стадионот Лусаил, на кој се одигра мундијалското финале меѓу Аргентина и Франција, како и стадионот „974“, изграден од 974 контејнери кои ќе бидат демонтирани, нема да бидат домаќини на азиското првенство.

Имајќи предвид што се случуваше на минатото Светско првенство, Купот на Азија 2024 ветува дека ќе биде „спектакл каков што азискиот фудбал досега нема видено“, порача претседателот на АФЦ, Селман бен Ибрахим ал Халифа.


Ремзи и следната сезона ќе игра во дресот на Ница

Играчот од средниот ред Арон Ремзи го продолжи договорот со Ница, објавија денеска француските медиуми.

32-годишниот Велшанец веќе одигра доволно натпревари оваа сезона за да може да остане во францускиот клуб следната сезона, според клаузулата за автоматско продолжување на соработката.

32-годишниот Велшанец веќе одигра доволно натпревари оваа сезона за да може да остане во францускиот клуб следната сезона, автоматски добивајќи нов договор.

Раководството на Ница сака да го задржи поранешниот играч на Арсенал и по летото 2024 година. Арон Ремзи оваа сезона постигна еден гол и имаше една асистенција на 23 натпревари во Лига 1.


Фановите на Наполи загрижени, неизвесен настапот на Осимен против Милан

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети изјави дека не знае дали Виктор Осимен ќе биде спремен да игра против Милан во Лигата на шампиони.

Осимен се повреди додека настапуваше за Нигерија, па го пропушти и претходниот меч против Милан, кој Наполи го загуби со 0-4.

„Осимен е фудбалер кој треба да игра на секој натпревар, но сега е повреден и мора да внимаваме. Ако играше против Лече, сега ќе беше полошо. Мора да му дадеме време за рехабилитација. По повредата тренираше лесно, но мора да видиме како ќе реагира при поголеми напори на теренот“, изјави Спалети.

Отсуството на Осимен сигуно би бил голем хендикеп за Наполи, кој во среда му гостува на Милан во првиот четвртфинален натпревар од ЛШ.


Де Брујне петти со преку 100 асистенции во Премиер лигата

Манчестер Сити оствари убедлив триумф над Саутемптон (4-1) во Премиер лигата и со тоа остана во игра и продолжи да притиска во борбата за пехарот во најинтересниот фудбалски шампионат на светот.

Ова беше средба во која Де Брујне забележа нова асистенција, а со тоа влезе во историјата на ова натпреварување. Имено Белгиецот сега е во одбрано друштво, односно стана само петтиот играч со најмалку 100 додавање во ПЛ или поточно им се приклучи на Рајан Гигс (162), Сеск Фабрегас (111), Вејн Руни (103) и Френк Лампард (102).

Де Брујне е фудбалерот кој со најмал број натпревари успеал да дојде до ваков учинок, поточно го надмина Фабрегас на кого му требаа 293 средби за да дојде до „стотката“.

Ѕвездата на „граѓаните“ ова го реализираше со 237 натпревари.