Фудбалерите на лондонски Арсенал се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако синоќа го совладаа градскиот ривал Кристал Палас на пенали со 8-7 во четвртфиналниот дуел на стадионот „Емирати“.
Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1, а прашањето за победникот беше решено дури во осмата серија пенали.
Трагичар во редовите на Кристал Палас беше Максенс Лакроа чиј удар од белата точка го одбрани Кепа Аризабалага, а францускиот дефанзивец воедно постигна и автогол.
Арсенал ќе игра против Челзи во полуфиналето, додека вториот патник во финалето ќе биде победникот од пресметката меѓу Њукасл и Манчестер Сити.
Саша Бое заминува од Баерн
Баерн сè уште ја разгледува можноста Саша Бое да замине оваа зима и во моментов за него бара до 20 милиони евра. Бое одби бројни понуди и е спремен да се пресели само во клуб со ветувачки перспективи. Кристал Палас изрази интерес, но досега разговорите не напредуваат.
„Галатасарај внимателно ја следи ситуацијата. Баерн сака барем позајмица со опција за откуп“, објави новинарот Флоријан Плетенберг.
Бое не се појавил на теренот за Баерн од 1 ноември. Тој одигра само девет натпревари во Бундеслигата оваа сезона.
Марко Отолини нов спортски директор на Јуве
Досегашниот спортски директор на Џенова, Марко Отолини, е на пат да ја преземе истата позиција во Јувентус, информираат италијанските медиуми.
Преговорите се водеа неколку недели бидејќи Отолини имаше неколку понуди, вклучувајќи и од странски клубови.
Сепак, на крајот двете страни се согласија усно и сега се очекува Отолини да стане спортски директор на „Старата дама“.
Тој веќе има претходно искуство со работа во Јувентус, од 2018 до 2022 година. Зачекори како скаут, а потоа беше одговорен за играчите кои се на позајмица. Во јули 2022 година стана спортски директор на Џенова, а на оваа функција остана до крајот на октомври годинава.
Луис Енрике добива астрономски договор во ПСЖ
Раководството на европскиот шампион Париз Сен Жермен има намера да склучи доживотен договор со главниот тренер Луис Енрике.
Тренерот на “Светците” ја презеде функцијата во парискиот клуб во летото 2023 година. Неговиот тековен договор важи до 30 јуни 2027 година, и ако тренерот се согласи со договор на неопределено време, тоа би претставувало преседан во историјата на светскиот фудбал. Оваа вест ја објави шпанскиот “As” кој подвлекува дека сега сè зависи од него.
Под водство на 55-годишниот Енрике, Французите освоија шест трофеи во 2025 година, триумфирајќи во Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, Интерконтиненталниот куп, Лига 1, Купот на Франција и Суперкупот на земјата. По 16 првенствени натпревари оваа сезона, Париз Сен Жермен има 36 бода и е втор на табелата во француската елитна лига зад Ланс, кој има само еден бод повеќе.
Овој 55-годишен Шпанец претходно ги водеше младинските тимови на Барселона, Рома, Селта, првиот тим на Барселона, како и репрезентацијата на Шпанија. Што се однесува до трофеите, има две титули со Барселона и една со ПСЖ, и по еднаш се искачи на врвот на Европа со двата клуба.
Никлас Зуле ќе му се придружи на Фулкруг во Милан
Никлас Фулкруг пристигна во Милано и ги заврши медицинските прегледи.
Фудбалерот на Вест Хем ќе го носи дресот на „росонерите“ во следните шест месеци. Но, тој не е единствениот Германец што ќе го засили клубот од „Сан Сиро“.
Управата на Милан е блиску до договор со уште еден фудбалер, штоперот од Борусија Дортмунд, кој ќе дојде целосно бесплатно.
Имено, од јануари Никлас Зуле може да преговара со кој било друг клуб, бидејќи неговиот договор со Борусија истекнува на лето.
Така, тој ќе го засили италијанскиот гигант без обештетување. Зиле пред Дортмунд настапуваше за Хофенхајм и Бајерн од Минхен.
Тебас жестоко „удри“ по Реал Мадрид
Помина една недела откако Флорентино Перез, на традиционалниот божикен ручек, посвети речиси половина од својот говор на темата на судењето, првенствено на случајот „Негреира“ и конкретните одлуки кои, според него, му наштетиле на Реал Мадрид во тековната сезона.
Два дена потоа, првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, одговори и го нападна Реал со коментар за „акутен барселонитис“ со кој Реал ги оправдува своите лоши резултати.
По отровните стрели од двете страни, во интервју за каталонски „Спорт“, се огласи првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, личност која од различни причини, не ја „мирисаат“ ниту во Мадрид, ниту во Барселона.
Тебас смета дека Реал Мадрид е тој што непотребно ја збунува ситуацијата и ги зголемува тензиите.
„Тензиите во овој случај не се генерирани од Барселона. Ниту пак од другите клубови. Реал Мадрид е тој што е против сè… Против Барселона, против судиите, против сите. Мислам дека она што го прават е погрешно, дека не го избрале вистинскиот пат. Нивниот наратив не му помага на никого. А наративот е дека она што се случува денес, со одредени грешки од страна на судиите, е последица и вина на она што се случи во 2019 или 2017 година. Тие се обидуваат да создадат наратив дека судиите моментално се под некакво влијание. Тоа е многу опасно затоа што не е вистина“, рече Тебас и продолжи:
„Тие го создадоа тој наратив, а тоа создава тензии. Сите веќе го знаат моето размислување за случајот Негреира. Не велам дека потезите на Барселона во тоа време, односно луѓето на директорските позиции, во тој случај се исправни. Ние бевме првите што отидовме во канцеларијата на јавниот обвинител, првите што рековме дека мора да се спроведе истрага и дека дури, доколку е потребно, треба да се воведат санкции на спортската арена. Но денес да кажете дека недосуден пенал за Реал е последица на тоа, тоа е огромна разлика. Ова генерира тензии цел викенд преку клупската телевизија на Реал Мадрид, преку претседателот на Реал Мадрид пред некој ден… Мислам дека целосно го изгубија контактот со реалноста“.
Почина македонската фудбалска легенда Васил Рингов
Големото име на македонскиот фудбал и легенда на Вардар, Васил Рингов, почина денеска на 70-годишна возраст по кратко боледување.
Роден во Струмица, кариерата на Рингов почна во младинските категории на Беласица, а своите најблескави моменти ги доживеа во дресот на Вардар за кој настапуваше од 1977 до 1983 и од 1984 до 1986 година. За најтрофејниот македонски клуб одигра повеќе од 200 натпревари во поранешната прва и втора југословенска лига, постигнувајќи 92 голови.
Во кариерата настапуваше и за загрепски Динамо и за германски Ајнтрахт Брауншвајг.
Детали го делат Зиркзе од позајмица во Рома
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Циркзе, изјави дека е подготвен да се приклучи на италијанскиот состав Рома бидејќи ја нема посакуваната минутажа кај „црвените ѓаволи“.
Претходно имаше вест дека „волчицата“ сака првично да го ангажира Холанѓанецот на позајмица за 5 милиони евра а потоа да му го откупи договорот за 30 милиони.
24-годишниот фудбалер во тековнава сезонава одигра 10 натпревари во Премиер лигата.
Вест Хем и Милан постигнаа договор за Германецот Фулкруг
Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, пристигна во Италија за да ги помине медицинските прегледи пред да го финализира трансферот во Милан.
Вчера беше наведено дека лондончани ќе го позајмат 32-годишниот напаѓач до крајот на сезоната со опција за откуп.
Доколку тестовите бидат успешни, голгетерот во текот на денов ќе стане играч на „росонерите“.
Омерагиќ: Баравме човек со „фајтерски“ карактер и го добивме во Седлоски
Првиот човек на мак-фудбалот, Масар Омерагиќ, се осврна на промоцијата на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата.
„Дојдовме до заклучок дека на репрезентацијата и треба нова енергија за да го оствариме пласманот на Светското првенство. За нас учеството во баражот е успех, имавме и подобри шанси додека беа мечевите во квалификациите, но таков е фудбалот, понекогаш носи радости, некогаш и разочарувања“ – рече Омерагиќ.
„Дали веруваме дека можеме да ја поминеме Данска? Ако не верувавме, немаше да ги правиме овие чекори. За тие што не веруваат дека можеме да ја поминеме Данска подобро да не се качуваат во авионот. Ние како раководство веруваме во играчите“ – изјави Омерагиќ.