фудбал

Андонова ја напушти Саудиска Арабија и потпиша за Мадрид

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, повторно ќе настапува во шпанската лига, откако договори соработка со клубот Мадрид. По краткиот престој во саудискиот Ал-Шабаб, таа се враќа во позната средина, имајќи предвид дека претходно беше дел од Барселона и Леванте.

Мадрид, кој моментално се наоѓа на десеттото место во првенството и минува низ резултатска криза, ја гледа Андонова како клучно засилување во нападот.

Во текот на својата кариера, таа настапуваше за реномирани европски клубови како Турбине, ПСЖ и Розенгард. Во Македонија, првите чекори во фудбалот ги направи во Борец Велес и Тиквешанка.


Зијеч потпиша за клуб од Катар

Поранешниот играч на Галатасарај, Хаким Зијeш кариерата ќе ја продолжи во Ал Духаил, во Обединетите Арапски Емирати. Во клупското соопштение се наведува дека мароканскиот интернационалец одбил бројни понуди од други клубови, бидејќи сакал да ја продолжи кариерата во Ал Духаил.

Зијеш играше за Челзи, Ајакс, Твенте и Херенвен пред да премине во Галатасарај.

За турскиот клуб оваа сезона одигра само 11 натпревари.

За мароканската репрезентација одигра 64 натпревари и постигна 25 голови.

Ал Духаил е на првото место во поредокот на првенството во Катар со 29 бодови.


Рома – Порто најзвучен пар од плеј-офот на Лига Европа

Кој со кого ќе игра во 1/16 финалето на Лига Европа е јасно по денешната ждрепка одржана во седиштето на УЕФА. Во оваа нокаут фаза ема инетересни пресметки како што е дуелот меѓу Порто и Рома.

Плеј-оф парови во Лигата на Европа:
Сребрен дел:
Твенте – Бодо Глимт
Унион Ст.Жилуи – Ајакс
АЗ Алкмар – Галатасарај
Ференцварош – Викторија Плзен

Портокалов дел:
Фенербахче – Андерлехт
Паок – ФЦСБ
Мидтјиланд – Реал Сосиедад
Порто – Рома

Натпреварите од плеј-офот на Лигата на Европа ќе се одиграат на 13 и 20 февруари, додека исто така на 21 ќе биде закажана нова ждрепка во која ќе се одреди костурот до крајот на натпреварувањето.


Сити – Реал и француско дерби во плеј-офот на Лигата на шампионите

Фудбалската Лига на шампиони влегува во нокаут фазата, а денес во седиштето на УЕФА во Нион беше организирана ждрепката за првата нок-аут рунда односно 1/16 финалето.

Уште пред ждрепката беше јасно дека ќе имаме супер интересни дуели, а најинтересниот е меѓу последните два Европски шампиони, Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Ждрепка за 1/16 финале:
Сребрен дел:
Брест – ПСЖ
Јувентус – ПСВ Ајндховен
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Клуб Бриж – Аталанта

Син дел:
Монако – Бенфика
Феенорд – Милан
Селтик – Баерн Минхен
Спортинг Лисабон – Борусија Д.

Првите 8 екипи по групната фаза веќе се пласираа во осминафиналето:
Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.

Освен паровите за плеј-офот, со ждрепката се одреди и целосниот костур на Лигата на шампионите до финалето.
Натпреварите од првата плеј-оф рунда се играат на 11/12 и 18/19 февруари.
Големото финале е закажано на 31 мај на „Алијанц Арената“ во Минхен.


Кевин Дансо од Ленс се сели во Јувентус

Јувентус е се поблиску до потписот на Кевин Дансо, австрискиот централен дефанзивец од екипата на Ленс. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, „бјанконерите“ ги интензивирале контактите со францускиот клуб, добивајќи првично зелено светло за можната трансакција.

По заминувањето на Данило и повредата на Калулу, раководството на Јувентус го идентификуваше Дансо како идеално засилување за дефанзивниот ред. Понудата што ја направи клубот од Торино вклучува чиста позајмица од 2,5 милиони евра плус 1,5 бонуси, а тоа е и најдобрата опција за Ленс кој изгледа подготвен да ја прифати.

Сепак, во последните неколку часа Рен се обиде да влезе во преговори со Дансо со поатрактивна понуда, па сега останува Јуве да се потруди малку повеќе ако го сака Дансо во својот тим оваа зима.


Ал Наср понуди луда сума за Митома

Ал Наср по трансферот на Џо Дуран подготвува уште еден бомбастичен трансфер.

Клубот чии дрес го носат Кристијано Роналдо и Садио Мане има намера да го донесе во клубот и фудбалерот на Брајтон, Каору Митома.

Откако, Брајтон ја одбиле првата понуда од 65 милиони евра, Саудијците подготвиле нова, која англискиот клуб нема да може да ја одбие. Медиумите во Англија тврдат дека Ал Наср за Јапонецот ќе понуди 107 милиони евра.

Потенцијално Митома може да стане 17.фудбалер во историјата за чии грансфер се издвоени 100 или повеќе милиони евра.


Милан ќе го купи најдобриот стрелец на Феенорд

Милан ги држи отворени опциите за нов напаѓач, иако полека се затвора зимскиот преодн рок. Како што информираше Скај Спорт Италија, преставници на Милан отпатувале во Холандија за да го затворат трансферот на Сантијаго Хименез од Феенорд, а други претставници се во Италија каде се обидуваат да го убедат и Удинезе да им го продаде Лоренцо Лука.

Последниот рок за купување нов напаѓач е понеделник навечер. Алваро Мората е на чекор до трансфер во Галатасарај за 16 милиони евра, а Франческо Камарда е блиску до позајмица во Монца.

Хименез е прв избор на Милан, па Феенорд за него веќе постави цена од 40 милиони евра. Првичниот предлог од 20 милиони евра плус додатоци кој Милан го достави за Мексиканецот веднаш беше одбиен.


Синот на Паоло Малдини пред потпис со Аталанта

Освојувачот на Лига Европа, Аталанта веќе избра замена за повредениот напаѓач Адемола Лукман, кој ќе биде надвор од терените најмалку три недели. Според новинарот на Релево, Матео Морето, тимот од Бергамо е блиску до договор со Монца за потпис на Даниел Малдини.

Се уште не е јасно дали договорот ќе биде за постојан трансфер или позајмица до лето со задолжителна опција за откуп. Се проценува дека вкупната сума ќе изнесува околу 15 милиони евра, а 50% од неа отпаѓа на поранешниот клуб на играчот Милан, кој минатото лето го пушти бесплатно во тимот на Монца. Договорот на италијанскиот репрезентативец ќе биде до летото 2029 година. Оваа сезона 23-годишниот офанзивен играч за врска има 21 настап со три гола и една асистенција за Монца.

Меѓу останатите играчи кои се поврзуваа со Аталанта во последните денови беа Џакомо Распадори од Наполи и Адам Дагим од РБ Салцбург.


Педри доби договор до 2030 година во Барселона

Еден од најзначајните играчи за иднината на Барселона, Педри денеска стави потпис на нов долгогодишен договор со каталонскиот клуб.

Веќе нема дилеми, најавите и официјално се остварени, Педри стави потпис на нов договор.

„ФК Барселона и Педро Гонзалез – Педри се согласија за обновување на договорот и тој ќе остане во клубот до 30 јуни 2030 година“, стои во соопштението на Барса.

Наредни кои се очекува да потпишат нови договори се Иниго Мартинез и Ламине Јамал.


Мората го напушта Милан за Галатасарај

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората ќе го напушти Милан на крајот од зимскиот преоден рок, пренесува Фабрицио Романо.

Малку изненадувачки ако се земе предвид дека Алваро Мората беше првиот напаѓач на Милан оваа сезона, но новиот тренер Серж Консеисао има поинаква визија за тоа како треба да изгледаат „росонерите“.

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Челзи, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид е во преговори со Галатасарај и се очекува да го реализира трансферот во наредните денови. Таму ќе ја формира напаѓачката двојка со Виктор Осимхен.

Милан не би го пуштил да си оди доколку не го гледаат оптимизмот во разговорите со Феенорд и Сантијаго Хименез кои сигурно ќе облече дресот на клубот од „Сан Сиро“.

Холандскиот клуб дава отпор во последно време, но информациите од Италија говорат дека Златан Ибрахимовиќ ќе тргне во целосна офанзива за да го донесе Мексиканецот.

Менаџерката на фудбалерот, Рафаела Пимента, го известила Феенорд дека тој сака да ја продолжи кариерата во Италија и се надева дека сите страни ќе сакаат што поскоро да се реши ситуацијата. Сепак, Феенорд игра во Лигата на шампионите и им треба и замена.

Кога станува збор за Мората, тој заминува по само половина година. На 26 натпревари досега постигна шест гола и забележа две асистенции.