Според последните информации од островските медиуми, Челси се подготвува ова лето да му понуди на Реал Мадрид дури 150 милиони евра за Џуд Белингем.
Како што е познато, англискиот репрезентативец оваа сезона настапува значително послабо во споредба со претходните, поради што се најде на удар на навивачите на „кралскиот клуб“. Дел од јавноста во Мадрид го посочува Белингем како еден од виновниците, заедно со Винисиус, за заминувањето на Чаби Алонсо од клупата на Реал.
Шпанските медиуми пренесуваат дека на „Стемфорд Бриџ“ се подготвува трансфер со кој би бил срушен британскиот рекорд по висина на обештетување.
Да потсетиме, Белингем пристигна во Реал Мадрид во 2023 година од Борусија Дортмунд, во трансфер вреден 130 милиони евра. Во трите сезони поминати во дресот на „кралскиот клуб“ постигна вкупно 44 погодоци.
Освен Челси, сериозен интерес за услугите на Белингем покажува и Ливерпул.
Грилиш се повреди, ризикува да го пропушти Светското првенство
Ова е сериозен удар за Џек Грилиш да се врати во англиската репрезентација и да биде дел од Светското првенство во 2026 година.
Англискиот крилен напаѓач импресионираше за време на неговиот позајмен период од Манчестер Сити, постигнувајќи два гола и обезбедувајќи шест асистенции, а воедно беше и стартер во 18 натпревари во Премиер лигата.
Под водство на Дејвид Мојес, Грилиш пронајде нова форма и клучна улога во тимот на Евертон.
Сепак, тренерот Мојес даде загрижувачки вести на прес-конференцијата, признавајќи дека играчот можеби нема да игра повторно оваа сезона поради сериозна повреда на стапалото, за која би можела да биде потребна операција.
„Веруваме дека можеби ќе му треба операција. Тоа сè уште не е целосно потврдено, но многу е веројатно дека неговата сезона е завршена“, рече Мојес.
Ливаковиќ се врати во Динамо Загреб
Доминик Ливаковиќ повторно ќе ги брани боите на хрватскиот фудбалски гигант Динамо Загреб, официјално објавија денеска од клубот.
Прославениот чувар на мрежата и хрватски репрезентативец доаѓа на Максимир како позајмен од турскиот Фенербахче и веднаш им се стави на располагање на своите соиграчи и тренерот Марио Ковачевиќ.
Тој го напушти Динамо во август 2023 година, по седум полни сезони, со 12 освоени трофеи, 293 одиграни официјални натпревари, неговата мрежа мируваше 138 пати, по бројни импресивни настапи со кои ја испиша златната историја на клубот.
Нови проблеми за Слот, се повреди Џереми Фримпонг
LIVERPOOL, ENGLAND – Wednesday, January 28, 2026: Liverpool’s Jeremie Frimpong looks distraught as he is comes off the pitch injured during the UEFA Champions League match between Liverpool FC and Qarabağ FK at Anfield. (Photo by David Rawcliffe/Propaganda)
Ливерпул ќе мора да се снаоѓа без Џереми Фримпонг откако холандскиот фудбалер заработи повреда која ќе го оддалечи од терените неколку недели.
Фримпонг се повреди на мечот против Карабах во Лигата на шампионите и беше принудно заменет, а по дополнителните медицински прегледи било утврдено дека му е потребна пауза за целосно закрепнување.
Холанѓанецот сезонава одигра единаесет натпревари во Премиер лигата, пет во Лигата на шампионите и по еден меч во ФА Купот и англискиот Лига Куп.
Бензема не тренира, навреден од последната понуда за нов договор
Карим Бензема стапи во штрајк, навреден од понудата што ја добил од Ал-Итихад за продолжување на договорот.
Договорот на Бензема истекува на крајот од сезоната 2025/26. Тој заработува неверојатни 1,61 милион фунти неделно, или повеќе од 230.000 фунти дневно, објави „Дејли Мејл“.
Според пишувањата на француските медиуми, и 38-годишниот Бензема и клубот сакале да ја продолжат соработката. Сепак, откако клубот му ја презентирал понудата во четвртокот, напаѓачот бил толку лут што решил да не игра против Ал Фатех (2:2).
Бензема почнал да тренира одвоено од остатокот од составот бидејќи смета дека првата понуда за продолжување на договорот била „навредлива“.
Добитникот на „Златната топка“ во 2022 година наводно го обвинил клубот дека го принудил да „игра бесплатно“ на почетокот на неговиот договор, профитирајќи исклучиво од неговите права на имиџот.
Иако Бензема има одлична индивидуална сезона со осум гола на 14 настапи, неговиот Ал-Итихад е шести на табелата на саудиската професионална лига. Се смета дека францускиот напаѓач ги разгледува своите опции да го напушти клубот и да се врати во Европа.
Бензема моментално е третиот најплатен фудбалер во светот со годишна плата од 85 милиони фунти. Лионел Меси заработува малку повеќе од него во Интер Мајами, 96,9 милиони фунти, додека двајцата се во сенка на Кристијано Роналдо, чија плата во Ал-Наср е неверојатни 194 милиони фунти годишно.
Црвена Звезда го доби Лил, Динамо со Генк во плеј-офот на ЛЕ
This photograph shows the UEFA Europa League Cup displayed ahead of the 2025-2026 UEFA Europa League knockout phase play-off draw at the House of European Football in Nyon on January 30, 2026. The draw involves the teams finishing in ninth to 24th place in the league phase the top eight sides in the league phase qualifying automatically for the round of 16. (Photo by Harold CUNNINGHAM / AFP via Getty Images)
Во Нион денес беа извлечени двојките за првата нок-аут фаза од УЕФА Лига Европа. Најинтересен е дуелот меѓу Фенербахче и Нотингем Форест, додека Лудогорец ќе игра против Ференцварош, а Динамо Загреб за ривал го доби Генк. Поранешниот европски првак Црвена Звезда за ривал го има тимот на Лил.
Првите натпревари се играат на 19. февруари, а реванш дуелите на 26. февруари.
Директен пласман во осминафиналето изборија: Олимпик Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург и Рома, откако ги освоија првите осум места на табелата во групната фаза.
Бенфика – Реал најзвучен пар од плеј-офот во ЛШ
Во седиштето на УЕФА во Нион денес беше одржана ждрепката за плејоф натпреварите од Лигата на шампионите за сезоната 2025/2026.
Плејоф натпревари за Лигата на шампионите 2025/26:
Првите натпревари ќе се играат на 17 и 18 февруари, а реваншите на 24 и 25 февруари. Тимовите кои се рангираат како носители ќе ги играат реванш натпреварите дома. Победниците од плејофот ќе се пласираат во осминафиналето, каде што ќе играат против првите осум клуба од вкупниот пласман.
Ждрепката за оваа фаза е закажана за 27 февруари.
Интер ги почна финалните преговори за Нортон-Кафи: Англичанецот е на пат за Сан Сиро
Како што јануарскиот преоден рок влегува во својата финална фаза, Интер ги интензивираше преговорите со Џенова за ангажман на Брук Нортон-Кафи. 22-годишниот Англичанец стана примарна цел на Чиву, откако стана јасно дека на „нероазурите“ им е неопходна свежа крв по десната странична позиција. Иако првичната желба на клубот беше враќање на Иван Перишиќ, ПСВ Ајндховен постави вето на трансферот, сметајќи го Хрватот за клучен играч во нивната борба за титула. Поради цврстиот став на Холанѓаните, Интер експресно се сврте кон далеку помладиот и подинамичен Нортон-Кафи.
За разлика од вообичаените јануарски позајмици, италијанскиот шампион овојпат инсистира на целосен откуп на договорот. Интер во поранешниот талент на Арсенал гледа долгорочна инвестиција, а не само привремено решение. Сепак, преговорите со Џенова се специфични поради повратната клаузула од 20% која му припаѓа на Арсенал. Токму овој детаљ ја диктира висината на обештетувањето, бидејќи тимот од Луиџи Ферарис сака да оствари значителен профит и по исплатата на долгот кон лондонскиот клуб.
Нортон-Кафи е едно од најпријатните изненадувања во Серија А оваа сезона. Неговите физички предиспозиции и тактичката зрелост совршено се вклопуваат во стилот на Интер. Со оглед на тоа што за играчот веќе постои сериозен интерес од англиските премиерлигаши, раководството на Интер брза да го финализира трансферот во следните неколку дена. Со овој потег, „нероазурите“ планираат да ја осигураат десната бековска позиција и за годините што доаѓаат, ангажирајќи фудбалер кој веќе е целосно адаптиран на италијанскиот фудбал.
„Бомба“ од Милано: Матета ги одби Англичаните за трансфер во Милан
Милан направи одлучувачки чекор во потрагата по нов предводник на нападот, откако ги договори личните услови со голгетерот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета. 28-годишниот Французин, кој важи за еден од физички најдоминантните напаѓачи во Премиер лигата, јасно стави до знаење дека негова следна дестинација е Милано, одбивајќи ги понудите од неколку англиски клубови. Со веќе договорената повеќегодишна соработка, фокусот сега се префрла на преговорите меѓу клубовите за обесштетување од околу 30 милиони евра.
Иако неколку премиерлигаши, најзаинтересирани Нотингем Форест, беа подготвени да понудат и повисока сума за неговите услуги, желбата на Матета за нов предизвик во Калчото беше пресудна. Директорот на „росонерите“, Џорџо Фурлани, одигра клучна улога во преговорите, убедувајќи го напаѓачот дека проектот на Милан е идеален за неговата кариера. Можноста за настап во Лигата на шампионите и одењето по стапките на Оливие Жиру беа фактори кои Матета не можеше да ги игнорира.
Единствената пречка за моментален трансфер останува тајмингот. Додека Милан притиска за итна преселба уште во овој преоден рок, Кристал Палас се двоуми дали да го пушти својот најдобар стрелец без соодветна замена. Доколку лондонскиот клуб не успее да договори нов напаѓач во наредните часови, Матета би можел да остане во Англија до крајот на сезоната како позајмен играч со обврска за откуп. Сепак, едно е сигурно — пактот е постигнат и Матета во блиска иднина ќе го носи црвено-црниот дрес.
Ждрепката донесе „оган“: Објавени паровите за пеколната плејоф-фаза во ЛШ
Лигата на шампионите никогаш не изгледала толку непредвидлива. По драматичното финале на лигашката фаза, ждрепката за плејоф-натпреварите ни донесе парови кои повеќе личат на европски полуфиналиња отколку на обична пречка пред главната елиминација. Бидејќи дел од тешкашите како Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус не успеаја да се изборат за место меѓу првите осум, патот до осминафиналето сега води низ исклучително опасен лавиринт од два натпревари каде што нема право на грешка. Возбудата е на врвот, а пресметките се веќе во фокусот на цела спортска Европа.
Најзвучното име во плејоф-фазата несомнено е пресметката меѓу Бенфика и Реал Мадрид. Ова не е само обичен двомеч, туку дуел исполнет со свежа нетрпеливост. Само пред неколку дена, во последното коло од лигашката фаза, португалскиот состав го приреди „чудото во Лисабон“. Со понижувачките 4-2, Бенфика не само што го победи 15-кратниот европски првак, туку го турна „кралскиот клуб“ на деветтото место, принудувајќи го да игра бараж.
Драмата кулминираше во судиското продолжение кога тензиите зовреа, а Реал го заврши мечот со деветмина по исклучувањата на Родриго и Асенсио. Сега, Мадрид се враќа на Луж со една единствена мисла — одмазда. Сепак, патот до трофејот е трнлив — победникот од овој дуел во осминафиналето ќе се соочи со Спортинг Лисабон или Манчестер Сити.
Ждрепката донесе и интригантен француски судир меѓу Монако и ПСЖ. Неконзистентната форма на „светците“ во Европа ги доведе во незгодна позиција против тимот од Кнежевството, кој веќе покажа дека знае како да го неутрализира нивниот ритам. Влогот е огромен: подобриот од овој пар оди на мегдан со Барселона или Челси.
Италијанскиот фудбалски нерв ќе биде ставен на тест во Истанбул, каде Галатасарај го пречекува Јувентус. „Старата дама“ мора да го преживее пеколот во Турција ако сака шанса против Ливерпул или Тотенхем. Истовремено, Борусија Дортмунд ќе ги мери силите со Аталанта, мајсторите за висок пресинг. Победникот од овој пар го чека исклучително тешка задача против Арсенал или Баерн Минхен.
Ждрепката остави простор и за егзотични изненадувања. Азербејџанскиот Карабах ќе се обиде да ја продолжи својата бајка против Њукасл, додека норвешкото чудо Бодо Глимт ќе го предизвика милански Интер. Доколку Норвежаните направат сензација, следна пречка ќе им биде еден од Сити или Спортинг.
Во преостанатите дуели, Клуб Бриж ќе се судри со челичната одбрана на Атлетико Мадрид за место против Тотенхем или Ливерпул, додека Олимпијакос и Баер Леверкузен ќе се борат за правото да излезат на мегдан со Баерн или Арсенал.