фудбал

Батум објави крај на кариерата

Прославениот француски кошаркар Никола Батум соопшти дека става крај на професионалната играчка кариера на 37 години откако претходните 18 ги помина во НБА лигата.

Кошаркарот одлуката ја соопшти преку видео на социјалните мрежи.

„По 21 година, време е да се вратам дома. Поминаа 25 години откако заминав, 20 години бев професионалец. Тоа е многу. Осумнаесет години во НБА-лигата, 15 години во репрезентацијата на Франција“, изјави Батум.

Тој е и еден од најтрофејните кошаркари во историјата на француската репрезентација. Освои две сребрени медали на Олимписките игри (2020 и 2024), две бронзи на Светските првенства (2014 и 2019), како и бронза (2015), сребро (2011) и злато (2013) на Европските првенства.


Таневски го објави првиот список како селектор на У21 репрезентацијата

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Александар Таневски, го објави поширокиот список на фудбалери за завршните два натпревари од актуелниот квалификациски циклус за Европското првенство.

Македонија ќе се сретне со Црна Гора на 1. октомври во Битола и со Шведска на 5. октомври во Фалкенберг.

Младата фудбалска репрезентација ќе одигра и контролен натпревар против селекцијата на Русија до 20 години. Средбата е закажана за 28 септември во тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

Од поширокиот список, селекторот Таневски дополнително ќе го одреди составот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за последните два квалификациски натпревари.

Голмани: Џеков Љупче (Силекс), Вргов Славе (Брера), Димовски Натаниел (Пелистер), Филевски Никола (Брегалница);

Одбрана: Радевски Златко (Тетекс), Танчев Ѓорѓе (ФК Брера), Велков Андреј (Брегалница), Цветковски Филип (Вардар), Реџеп Мурати (Малишева, Косово), Атанасовски Лука (Тетекс), Мурати Адис (Башкими), Серафимов Давор (Скопје), Митрев Марио (Брера);

Среден ред: Тасовски Васил (Младост Лучани, Србија), Шаботиќ Емир (Детонит), Аризанковски Андреј (Шкендија), Николовски Теодор (Тиквеш), Ангелов Матеј (Брегалница), Масларов Илија (Лугано, Швајцарија), Тасев Даријан (Брегалница), Трпевски Лука (Црвена Звезда, Србија);

Напад: Величковски Никола (Скендербег, Албанија), Ристовски Стефан (Башкими), Манојлов Никола (Силекс), Данев Димитар (Вардар), Арифи Салим (Митровица, Косово), Николовски Марко (Охрид), Љатифи Адмир (Осијек, Хрватска), Мехмед Аритон (Шкендија Арачиново), Хоџа Дитмир (Лидс, Англија), Куртиши Мухамед (Раперсвил-Јона, Швајцарија), Џангаровски Мартин (Радник Сурдулица, Србија), Исламовиќ Фадил (Кустошија), Шириќ Иван (Брера);


Валверде две недели надвор од терените

Федерико Валверде ќе биде надвор од терените во наредните недели поради повредата на глуждот што ја заработи во мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал Мадрид.

Уругвајскиот репрезентативец беше погоден по остар старт од Канг-ин Ли, но спорната ситуација не резултираше со црвен картон. Валверде, и покрај повредата, успеа да го продолжи натпреварот.

Сепак, дополнителните медицински прегледи покажале дека повредата е посериозна и дека фудбалерот ќе мора да направи пауза од неколку недели.

Отсуството на Валверде е сериозен удар за Реал Мадрид, особено имајќи предвид дека тој е еден од стандардните играчи во тимот. Во следниот период мадридскиот клуб ќе мора да најде решение за неговата позиција додека тој се опоравува.

Повредата повторно ја отвори и дискусијата околу стартот на Канг-ин Ли, за кој имаше реакции дека требало да биде построго санкциониран.


Барса ќе започне да слуша понуди за Кунде

Барселона наводно донела одлука да ги разгледува понудите за Жил Кунде, кој повеќе не се смета за недопирлив во составот на Ханси Флик.

Според информациите од шпанските медиуми, каталонскиот гигант би бил подготвен да се раздели со францускиот репрезентативец доколку добие понуда меѓу 60 и 70 милиони евра. За Кунде веќе постои интерес од Челси, кој бара засилување во последната линија.

Кунде пристигна на „Камп Ноу“ во 2022 година од Севилја и брзо се наметна како важен играч. Французинот може да игра и како стопер и како десен бек, а неговиот договор со Барселона е со важност до 2030 година.

Сепак, неговата позиција во тимот во последниот период значително се промени. Кунде ги пропушти последните три натпревари во Ла Лига без да влезе во игра, нешто што претходно не му се случило откако е член на Барселона.

Интерес за неговите услуги имаше и во текот на летото. Се споменуваа понуди од Тотенхем во вредност од околу 65 милиони евра, а сега во трката се вклучува и Челси.


Палмер, Рашфорд и Рајс нема да играат за Англија во Лигата на нации

Во текот на денешниот англиските медиуми објавија дека поради мускулна повреда од репрезентацијата на Англија се повлекол Кол Палмер.

Но, како што одминува денот, така се зголемува бројот на фудбалери на кои Томас Тухел нема да може да смета. Засега ги има петмина. Покрај Палмер, од репрезентацијата се повлекоа и Тино Ливраменто, Коби Мајно, Маркус Рашфорд и Деклан Рајс.

Она што засега е познато е дека на тимот ќе му се приклучат Џејмс Гарнер и Морган Гибс-Вајт.


Симеоне: Барса е најдобра, изгледа како тие да играат друг спорт!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, има големи пофалби за Барселона и за нивната актуелна форма.

Атлетико Мадрид по победата над Реал го мина кралскиот клуб на табелата и се качи на второто место, зад лидерот Барселона која засега изгледа непобедливо.

„Изгледа како Барселона да игра поинаков спорт од оној кој го играме ние“, вели Симеоне.

„Тие немаа 9ка напаѓач, па се појави Рафиња и постигна 12 голови. И Јамал, ако не сум грешка, постигна седум голови“.

„Тие притискаат на вашиот стадион и ви го крадат времето, не се плашат да ризикуваат дали ќе примат гол. Тие се најдобри во моментов“.


Струга до врв ја наполни мрежата на Арсими

Во претпоследниот натпревар од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Струга го совлада попладнево Арсими со 6-0 (0-0( и го продолжи максималниот ефект пред двоите гледачи.

До својата петта едноподруго победа без примен гол на домашен терен, Струга дојде во второто полувреме, предводена од тројниот стрелец Радески (57, 66, 75), а во листата на стрелци се запишаа и Алији (66), Рочи (80) и Шабани (88).

Арсими ги одигра завршни 30. минути од натпреварот со фудбалер помалку поради исклучување на Мислими.

Прволигашкото коло в среда ќе го комплетираат Брегалница и Скопје.


Холандија без Мален на стартот на Лигата на нации

Новиот селектор Чави Хернандез остана без уште еден важен офанзивец поради повреда, откако Дониел Малeн мораше да го откаже настапот за репрезентацијата.

Холандија ќе биде ослабена на претстојните репрезентативни натпревари, откако селекторот Чави Хернандез остана без услугите на уште еден важен фудбалер.

По Џастин Клајверт, кој се повреди минатата недела во дресот на Борнмут, од составот отпадна и Дониел Малeн. Напаѓачот на Рома го одигра целиот натпревар против Интер, но дополнителните прегледи покажале дека заработил истегнување на мускулот.

Малeн беше важен дел од репрезентативниот состав на Холандија и настапуваше редовно на Светското првенство. Тој може да игра на позицијата десно крило, но и како централен напаѓач, а сезонава во Серија А веќе има постигнато шест гола.

Отсуството на Малeн е дополнителен проблем за Чави, кој во краток период остана без двајца офанзивци. Сепак, позитивна вест е одличната форма на Брајан Броби, кој во последниот натпревар против Манчестер Сити постигна хет-трик.


Швајцарија без Џака доаѓа во Скопје

Капитенот на швајцарската репрезентација, Гранит Џака, призна дека купил сертификат за вакцинација против коронавирусот за време на пандемијата, поради што против него е покрената истрага во кантонот Луцерн.

Поранешниот играч на Арсенал и Баер Леверкузен, сега член на Сандерленд, проговори за случајот и призна дека направил грешка.

Џака објасни дека во тој период имал големи сомнежи и стравови за вакцината и дека, наместо да гo реши по редовен пат, решил да купи сертификат за вакцинација. Сега таквата одлука ја означи како грешка и најави дека ќе преземе одговорност и целосно ќе соработува со надлежните органи.

Случајот ќе има и директни спортски последици. Џака нема да биде со швајцарската репрезентација на претстојниот состанок, а претседателот на швајцарската федерација, Петер Кнабел, објави дека таквата одлука е донесена заеднички и во интерес на тимот.

Неговиот статус во националниот тим ќе биде повторно разгледан по репрезентативната пауза. Според информациите до кои дојде порталот „Блик“, полицијата извршила рација во лекарска ординација во 2023 година и запленила докази, додека Џака треба да биде сослушан пред обвинителството во Луцерн на почетокот на октомври.

На 26 септември, Швајцарија без Џака ќе гостува во Скопје, потоа ќе има и гостување во Шкотска, а потоа на почетокот на октомври ќе игра на домашен терен против Словенија и Македонија во Луцерн.


Потпишан најважниот договор, Де ла Фуенте останува селектор до 2032 година

Spain’s coach Luis de la Fuente takes part in a training session on the eve of the EURO 2024 first round group A qualifying football match between Spain and Cyprus at the Nuevo Estadio de Los Carmenes in Granada on September 11, 2023. (Photo by JORGE GUERRERO / AFP) (Photo by JORGE GUERRERO/AFP via Getty Images)

Луис де ла Фуенте потпиша нов договор со Шпанската фудбалска асоцијација до 2032 година. Иако се споменуваше дека селекторот ќе парафира до 2030 година, претседателот Рафаел Лузан сметаше дека Де Ла Фуенте треба да го заврши својот циклус на ЕУРО 2032 во Турција и Италија.

Де Ла Фуенте доби и значително зголемување на платата, а износот не го открива Федерацијата, ниту пак го споменуваат медиумите на Пиринеите.

Тренерот го парафираше договорот, па затоа е задоволен, и ќе се знае дали зборовите на Лузан дека „ќе биде меѓу петте најплатени тренери во светот“ биле точни.

Она што го очекува тренерот на „црвената фурија“ се квалификациите за ЕУРО 2028, Светското првенство 2030 и ЕУРО 2032, како и меѓу трите Лиги на шампиони на УЕФА во 2027, 2029 и 2031 година.

Досега има запишано 50 натпревари на клупата со 38 победи, 10 нерешени и два порази, има рекордна серија по бројот на натпревари без пораз (38) и рекордна серија по бројот на натпреварувачки натпревари без пораз (39).

Де Ла Фуенте е вработен во Шпанската федерација од 2015 година, постигна бројни успеси со помладите селекции, стана европски првак со селекциите до 19 и 21 година, ги освои Лигата на нации 2023, УЕФА ЕУРО 2024 и Светското првенство 2026 со сениорската селекција.