фудбал

Парма и Џенова со победи ја затворија 2024 година

Фудбалерите на Парма ја совладаа Монца со 2-1, додека Џенова со истиот резултат го победи во Емполи.

Парма не ги доживува баш најславните денови од својата историја, но за пофалба е што ја постигна четвртата сезонска победа, иако беше против инфериорната Монца, која е последна на табелата поредокот.

„Млекарите“ победија со 2-1, а стрелци беа Ернани во 56. минута од пенал и Валенти, кој ги реши сите прашања во 98. минута од натпреварот.

Единствен стрелец за гостинскиот тим беше Переира во 85. минута. Монца играше со играч помалку од 54. минута, кога Мари го доби вториот жолт картон.

Емполи беше домаќин на Џенова, гостите славеа со 2-1.

Гостите поведоа во 46. минута со голот на Бадељ, а Екубан во 68. минута зголеми на 2-0. Емполи успеа да го ублажи поразот и намали на 2-1 со голот на Еспосито во 74. минута.


Роналдо: Клубовите треба да се грижат подобро за младите играчи

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо, проговори за напорниот календар во фудбалот откако повеќето тренери и играчи од Европа, реагираа дека тој влијае на здравјето на фудбалерите.

„Клубовите треба подобро да се грижат за младите играчи. Белингем или Ламин на пример, се многу млади. Ќе мора да се жртвуваат многу и ќе им треба малку среќа за да играат на мои години но, клубовите треба да се грижат за нив.

Играчите се жалат дека има премногу натпревари, се согласувам. Мислам дека единствениот начин да се направи баланс е да тренирате помалку или да тренирате попаметно“, рече 39-годишниот напаѓач на Ал Наср.


Мурињо бара засилувања од Англија за својот Фенербахче

Жозе Мурињо од раководството во Фенербахче побарал две засилувања за јануарскиот преоден рок.

Според турскиот медиум „Фотомач“, Жозе Мурињо лично му се обратил на газдата Али Коч со барање за две засилувања.

Првата желба на Мурињо е неговиот сонародник, Жоао Феликс кој не ја добива посакуваната минутажа во Челси.

Сините сакаат да се ослободат од неколку своите фудбалери со цел да го намалат големиот фонд на играчи кои го имаат, па Мурињо тука ја гледа шансата за ангажман на Феликс. Тој најпрво би пристигнал на позајмица, а би имал опција и за целосен откуп.

Покрај Феликс, Мурињо го сака и Зинченко од Арсенал. Неговата ситуација е слична како и онаа на португалскиот фудбалер.


Александер-Арнолд им соопштил на челниците дека заминува од Ливерпул

Трент Александер-Арнолд ги известил челниците на Ливерпул дека сака да го напушти клубот и да се пресели во Реал Мадрид.

Ова го тврди „Марка“, поточно новинарот Хозе Феликс Диас, кој уверува дека Англичанецот е најблиску до одлука да не потпише нов договор со Ливерпул и дека за тоа ги известил челниците на „црвените“.

„Марка“, пишува дека Арнолд е свесен колку Реал Мадрид го посакува во својот тим и дека за се бил информиран од прва рака, од неговиот пријател и репрезентативен соиграч Џуд Белингем.

„Марка“ пишува дека Ливерпул направил се во последните месеци, неколку пати ја подобрувал својата понуда, но сепак не добил позитивен одговор.

Диас дури уверува дека сега останува на Ливерпул дали да го пушти Трент да си замине во зимскиот преоден рок, за да заработи од неговото заминување на шест месеци пред истекот на договорот или да му дозволи да си замине на лето без обештетување.

Сепак, англиските извори и понатаму тврдат дека Ливерпул ќе направи се за да го задржи Арнолд до крајот на сезоната и дека немаат намера да го пуштат среде сезона, во ситуација кога клубот е во трака за сите трофеи.


Колумбиецот Дуран ќе пропушти три натпревари

Астон Вила денеска потврди дека жалбата за црвениот картон на Џон Дуран е одбиена.

Како што е познато, Дуран заработи црвен картон на гостувањето кај Њукасл, во поразот од 3-0.

Дуран ќе ги пропушти натпреварите со Брајтон и Лестер, како и натпреварот од ФА Купот со Вест Хем на 10 јануари.

Колумбискиот напаѓач ќе му биде на располагање на Унаи Емери за гостувањето кај Евертон на 15 јануари.

Добра вест за Вила е што Оли Воткинс се враќа во тимот и ќе биде на располагање за претстојните натпревари.


„Кралевите“ доминираат во идеалниот тим на 2024 година

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) го објави најдобриот тим за 2024 година.

Тимот е составен во формација 4-3-3 и во одбраната пред голманот Емилијано Мартинез се: Дани Карвахал, Рубен Дијас, Антонио Рудигер и Алфонсо Дејвис, додека во средниот ред имаше место за: Џуд Белингем, Родри и Тони Крос.

Нападот го сочинуваат: Ламин Јамал, Ерлинг Халанд и Винисиус Жуниор.

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) е основана во март 1984 година во Лајпциг, Германија. Во ИФФХС се застапени повеќе од 211 земји од целиот свет, од сите фудбалски континенти.


Анте Будимир опција за нападот на Јуве

PAMPLONA, SPAIN – JANUARY 04: Ante Budimir of CA Osasuna celebrates after scoring their team’s first goal during the LaLiga EA Sports match between CA Osasuna and UD Almeria at Estadio El Sadar on January 04, 2024 in Pamplona, Spain. (Photo by Juan Manuel Serrano Arce/Getty Images)

Анте Будимир имаше одличен прв дел од сезоната во Осасуна. Во 19 настапи во сите натпреварувања постигна 11 голови, од кои десет беа во Ла Лига, па хрватскиот репрезентативец го дели третото место на листата на стрелци со Килијан Мбапе. Пред него се само Роберт Левандовски со 16 и Рафиња со 11 голови.

Одз повеќе извори се појавуваат информации дека Будимир привлекува се поголем интерес на пазарот. Како што наведува турскиот инсајдер Екрем Конур, Осасуна за хрватскиот напаѓач одби понуди од Серија А и турската Суперлига во ранг од четири до пет милиони евра.

Шпанскиот портал Супердепорте потсетува дека во изминатите месеци интерес за Будимир покажаа Јувентус и Фенербахче, па може да се претпостави дека тие го материјализираа тој интерес со понуди пред зимскиот трансфер период.

Сепак, истиот портал истакнува дека Осасуна за тој износ не планира да го пушти својот главен голгетер. За трансфер би размислиле ако пристигне понуда од околу десет милиони евра. Супердепорте дополнува дека Будимир, благодарение на игрите, би вредел и многу повеќе ако во јули не полни 34 години.


Рафаел Леао сака премин во Барселона

Рафаел Леао на крајот на сезоната може да го напушти Милан, а инетрес за него покажуваат неколку европски гиганти.

Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и го привлече вниманието, а насилен интерес за него покажуваат Барселона, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Каталонците и минатото лето се обидоа да го купат Португалецот откако пропадна трансферот на Нико Вилијамс, но Милан не сакаше да слушне за продажба.

Медиумите сега тврдат дека Леао преферира преселба во Барселона за разлика од Премиер лигата.

Сепак, проблем за Барса може да биде цената бидејќи Милан за неговата слобода бара 100 милиони евра.


Унион Берлин го отпушти тренерот Бо Свенсон

Данскиот 45-годишен стратег Бо Свенсон од денеска веќе не е тренер на фудбалерите на Унион Берлин, соопшти денеска официјално берлинскиот клуб кој е на 12. место во Бундеслигата.

Клупското раководство одлучи да му врачи отказ на Свенсон по серијата слаби игри.

Последната победа Унион ја забележа против Кил на гостински терен на 20 октомври, по што имаше серија лоши натпревари, која кулминираше со поразот од Вердер со 4-1 пред неколку денови.

Следниот натпревар Унион Берлин го игра против Хајденхајм, а името на новиот тренер, како што е најавено, клубот ќе го соопшти во следните неколку денови.


БиХ ќе гради национален стадион во Зеница

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина (ФС БиХ) ќе гради нов национален стадион на ќе игра националниот тим во Зеница, бидејќи во Сараево нема партнери кои би учествувале во реализацијата на проектот, најави денеска претседателот на ФС БиХ, Вицо Жељковиќ.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина и досега сите домашни натпревари ги гра на стадионот Билино Поље во Зеница, бидејќи ниту еден друг стадион во земјата не ги исполнува стандардите на ФИФА и УЕФА.

Жељковиќ на прес-конференција потврди дека Зеница ќе остане постојан дом на фудбалската репрезентација на БиХ, но натпреварите ќе се играат на новиот стадион кој ќе се создаде со реконструкција на постоечкиот, каде постепено ќе се доградуваат трибините.

„Желбата беше Сараево, но не најдовме разбирање и поддршка. Ќе го реализираме националниот стадион во Зеница“, рече Жељковиќ.
Планот е до 2029 година да се изгради стадион кој би можел да прими до 18.000 гледачи