фудбал

Брајтон ја одреди цената за продажба на Тросард

Некои англиски медиуми објавуваат дека фудбалскиот клуб Брајтон ја одредил цената за евентуална продажба на Леандро Тросард, после влошувањето на неговиот однос со тренерот на екипата Роберто Де Зерби.

Според написите, од Брајтон се готови да се разделат со Тросард за сума од 30 милиони евра. Неговиот актуелен договор со „галебите“ е со важност до летото 2024.

Како најголеми кандидати и заинтересирани клубови за услугите на фудбалерот од Белгија се споменуваат премиерлигашите Тотенхем и Челзи.


Рафаел Леао останува во Милан до 2027. година

Медиумите во Италија пренесуваат информација дека Милан е многу блиску до продолжување на договорот со напаѓачот Рафаел Леао.

Португалскиот репрезентативец најверојатно ќе стави потпис на нов договор со важност до 2027.година, и ќе добива плата од 7 милиони евра по сезона.

Актуелниот договор на Леао со „росонерите“ истекува во летото 2024.година. Португалецот оваа сезона во дресот на Милан има 9 гола и 7 асистенции.


Симан застана во одбрана на Хуго Лорис

Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, доби жестоки критики преку социјалните мрежи за големата грашка на дербито со Арсенал. На тоа реагираше легендарниот Дејвид Симан кој застане во одбрана на искусниот чувар на мрежата.

„Не треба да се заборави една значајна работа. Секој прави грешки но, тој останува брилијантен голман. Верувам дека и во иднина ќе има добри одбрани“, потенцираше Симан.


Наполи бара 140 милиони евра за Осимен

Манчестер Јунајтед, Арсенал и Њукасл се силно заинтересирани
за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Италијанските медиуми пренесуваат дека споменатите клубови
веќе стапиле во контакт со агентот на напаѓачот, кој е отворен за
преселба во Премиер лигата.
Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на
Осимен бара 140 милиони евра. Осимен се етаблираше во еден
од најдобрите напаѓачи во Европа и оваа сезона е прв стрелец во
Серија А со 11 постигнати гола.
На лето се очекува голема борба за неговиот потпис, но Наполи
сигурно ќе сака добро да заработи од неговата продажба.


Барса и Интер размислуваат за трампа Депај-Кореа

Барселона и Интер се пред реализација на размена на
фудбалери, тврдат шпански извори. Според новинарот Жерар
Ромеро, клубовите се многу блиску до размена на Мемфис Депај
и Хоакин Кореја. Договорот ќе биде затворен само доколку
напаѓачот на Барселона даде зелено светло за заминување во
Милано.
Претходно беше објавено дека каталонскиот клуб е во преговори
со Атлетико Мадрид за 28-годишниот напаѓач, кој инсистира да
остане во Шпанија. Сепак, Барса и Интер се обидуваат да склучат
некоја зделка за размена на играчи кои се непотребни во двата
тима, па очигледно Депај и Кореја се на добар пат да
реализираат една од нив.


Бензема сака да го продолжи договорот со Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, одлучил да го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ до јуни 2024. година, пренесуваат шпанските медиуми.

Актуелниот договор на Бензема со Реал истекува во јуни оваа година. Напаѓачот има право да преговара со други клубови, бидејќи влезе во последните шест месеци од сегашниот договор. 

Според некои информации тој наводно одбил понуда од клубот Ал Наср, и истакнал дека не сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.


Елмас ќе добие нов договор во Наполи

Елиф Елмас игра фантастично оваа сезона во Наполи, каде постигна четири гола на последните шест меча.

Елмас во привлече вниманието на многу европски гиганти, а се појавија шпекулации дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за „дијамантот“.

Меѓутоа, Наполи не помислува на продажба и спремил нов договор за Елмас, иако актуелниот му завршува во 2025 година. Италијанскиот клуб е спремен да му понуди продолжување на соработката и нов договор со подобри финансиски услови, па наскоро ќе започне преговори со неговиот агент.

Елмас дојде во Наполи во 2019 година од Фенербахче за сума од 16 милиони евра, но неговата цена сега драстично порасна.


Наби Кеита на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул

Англиските медиуми пренесуваат дека челниците на Ливерпул одлучиле да не му понудат продолжување на договорот на фудбалерот од средниот ред на „црвените“, Наби Кеита.

27-годишниот Кеита е член на Ливерпул од 2018.година, а неговиот договор со клубот од Енфилд истекува на 30.јуни оваа година. Тој од Ливерпул ќе си замине како слободен играч без обештетување.

Репрезентативецот на Гвинеја, е четвртото најскапо засилување на Ливерпул, кој за негов ангажман во 2018.година му плати на Лајпциг 60 милиони евра. За екипата предводена од тренерот Клоп, тој постигна 11 гола на 123 натпревари.


Милинковиќ-Савиќ сака во Јуве и тоа јасно му го кажал на Лотито

Италијанските медиуми ексклузивно пренесуваат дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ го избрал својот следен клуб.

Милинковиќ-Савиќ одби да ја продолжи соработката со Лацио, па на лето ќе влезе во последната година од договорот и клубот ќе мора да го продаде. Неговиот агент, Матија Кежман имал средба со раководството на Јувентус и договорил четиригодишна соработка со плата од 6 милиони евра по сезона.

Познато е дека СМС е примарна цел на „бјанконерите“ кои веќе подолго време работат на трансферот. Србинот решил да ги одбие понудите од Премиер лигата и кариерата да ја продолжи во Јувентус, а се очекува трансферот да изнесува околу 60 милиони евра.


Милан тргнува по Феран Торес

Приоритет на Милан следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најновото име на списокот на Малдини е Феран Торес од Барселона.

Феран Торес пред една година пристигна во Барселона како големо засилување од Сити за 55 милиони евра. Меѓутоа, со доаѓањето на Левандовски тој падна во втор план и добива мала минутажа. Барселона поради финансиската ситуација е спремна да го продаде, а Милан внимателно ја следи ситуацијата и сака да го доведе на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ имаат одлични односи со Барселона и ќе се обидат уште во јануари да го донесат на „Сан Сиро“ на позајмица со право на откуп.

Тренерот Пиоли верува дека Шпанецот одлично ќе се вклопи во неговата формација, бидејќи може да игра како централен напаѓач, но и како десно крило.