фудбал

Јунајтед ќе го позајми Пелистри во Гранада

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Факундо Пелистри, веројатно ќе
ја продолжи кариерата во екипата на Гранада откако ги дефинирал
личните услови со шпанскиот клуб.
Тоа значи дека 22-годишниот Пелистри кој има договор со „црвените
ѓаволи“ до 2025 година, по втор пат ќе оди на позајмица бидејќи
тренерот, Тен Хаг не го планира за продолжението на сезоната.
Крилниот напаѓа има одиграно 24 натпревари за англискиот клуб на
кои забележа само две асистенции.


Јуве се распрашува за ветеранот Бонавентура

Јувентус покажува сериозен интерес за ветеарот Џакомо Бонавентура,
кој игра одлична сезона во дресот на Фиорентина.
35-годишниот играч за врска игра одлично оваа сезона, па дури и
доби повик во репрезентацијата каде стана најстариот дебитант.
Алегри одлично го познава од времето кога беа заедно во Милан, па
верува дека би бил од голема помош за засилување на средниот ред во битката за скудетото.


Тимоти Веа одби да се пресели во Евертон на позајмица

Фудбалерот на Јувентус, Тимоти Веа, ја одби понудата да премине на
позајмица во екипата на Евертон.
Американецот во текот на летото го напушти францускиот Лил и за
11 милиони евра се пресели кај „старата дама“. Сепак, серијата на
повредите го остави надвор од конкуренција и не ја добива
посакуваната минутажа.
Веа за екипата од Торино одигра 19 натпревари на кои постигна еден
гол и една асистенција.


Конте се договорил со Милан, од јуни ќе го замени Пиоли

Иднината на Антонио Конте е главна тема на Апенините, а
последните информации се дека тој веќе ја избрал следната
дестинација.
Иако во последно време силно се шпекулира за негово доаѓање во
Наполи, сепак последните информации се дека се договорил со
Милан.
„Росонерите“ на лето ќе прават тренерска смена, а Конте билнајголема желба и од неодамна почнале преговори со Италијанецот.
Конте преферира да седне на кормилото на „Сан Сиро“ и поради тоа
ја одбил понудата на Наполи, а наводно веќе има начелен договор со
„росонерите“


Ван Дајк размислува за заминување од Ливерпул ова лето

„Во моментов не знам каде ќе играм, мојата иднина во Ливерпул е неизвесна“, потенцираше изненадувачки Вирџил Ван Дајк на денешната средба со новинарите.

Зборовите на капитенот на „црвените“ доаѓаат откако менаџерот, Јирген Клоп, пред неколку денови најави дека ќе си замине од „Енфилд“.

Холанѓанецот го облече дресот на Ливерпул во 2018 година и досега има 246 средби со ефект од 21 гол.


Јунајтед парично го казни Маркус Рашфорд

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд ќе биде казнет со 650.000 фунти, што е еднакво на плата од две недели, затоа што се забавуваше до доцна во ноќните клубови во Белфаст, а по само два дена го прескока клупскиот тренинг.

Манчестер објави дека Рашфорд бил болен и затоа во петокот не тренираш. Напаѓачот беше изоставен од тимот за нивниот вчерашен дуел од четвртото коло во ФА купот со Њупорт Каунти, а менаџерот на тимот Ерик тен Хаг објасни дека тоа е „внатрешна работа“.

Според англиските медиуми, не само Тен Хаг, туку и новите газди на клубот од ИНЕОС се многу разочарани од Рашфорд, кој ја има една од највисоките плати во тимот, а има премалку придонес со своите настапи на теренот од почетокот на сезоната. Новиот косопственик Сер Џим Ретклиф вели дека е подготвен да го продаде Рашфорд на лето доколку пристигне соодветна понуда во клубот за него.

Самиот Тен Хег веќе покажа дека е бескомпромисен кога се занимава со дисциплински прашања на играчите, примери за тоа се Кристијано Роналдо и Џејден Санчо кои беа исфрлени од тимот.

На крајот на октомври, менаџерот го критикуваше Рашфорд што излегол да го прослави роденденот во ноќен клуб неколку часа по поразот во градското дерби со Манчестер Сити.


Бруно Гимараеш летово се сели во Париз?

Париз Сен Жермен е уверен дека ќе успее да го ангажира играчот од средниот ред на Њукасл Јунајтед, Бруно Гимараеш следното лето.

Од Њукасл веќе признаа дека можеби ќе треба да продадат некои од своите ѕвезди за да се усогласат со правилата за финансиски фер-плеј. „Мирор“ сега пренесува дека веќе биле водени разговори со агентите на Бразилецот, кој неодамна отпатува во Париз.

Гимараеш има ослободителна клаузула од 100 милиони фунти, па ПСЖ ќе мора да се ангажира многу за да го добие играчот. Сепак, самиот играч од средниот ред не брза да си замине од Њукасл, каде во неколку наврати изјави дека е среќен.


Ханси Флик фаворит за испразнетото тренерско место во Баерн

Поранешниот тренер на Баерн Минхен и германската репрезентација
Ханси Флик е најсериозен кандидат за клупата на Барселона, објави
угледниот весник „Билд“.
Само 24 часа откако актуелниот тренер на Каталонците, Чави
Ернандез објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Камп Ноу,
почнаа шпекулациите за тоа кој ќе седне на клупата на славниот клуб.
Челниците на Барселона веруваа дека Јирген Клоп, кој исто така
неодамна најави заминување од Ливерпул, може да биде идеалното
решение за нивниот тим.
Сепак, бидејќи германскиот стручњак објави дека сака да одмори
една сезона, претседателот на Каталонците, Лапорта се сврте кон друг
германски тренер.
Првиот човек на Барселона сака да го искористи тоа што Флик е долго
време слободен, бидејќи не е ангажиран од септември минатата
година, кога по бројните неуспеси беше отпуштен од селекторската
функција на германската репрезентација.
Германскиот стручњак претходно две сезони со голем успех
раководеше со Баерн Минхен. Со Баварците освои вкупно седум
трофеи и тоа две Бундеслиги, Купот на Германија, Лигата на
шампионите, Суперкупот на Германија, Суперкупот на УЕФА и
Светското клупско првенство.
Интересно, под водство на Флик, Баерн и го нанесе на Барселона еден
од најтешките порази во историјата на Лигата на шампионите, кога во сезоната 2019/20 ја демолираа во четвртфиналето со резултат 8-2.


Дејвид одбил нов договор во Лил, сигурно заминува ова лето

Еден од најбараните напаѓачи на трансфер пазарот на лето секако ќе
биде ѕвездата на Лил, Џонатан Дејвид.
Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а за неговиот потпис интерес покажуваат неколку
евроопски гиганти. Тој и официјално одбил нов договор со Лил и му
соопштил на клубот дека сака трансфер на крајот на сезоната.
Напаѓачот влегува во последната година од договорот, па Лил ќе мора
да го продаде, а за неговата слобода бара 40 милиони евра.


Артета размислува да замине од Арсенал на крајот од сезоната

Микел Артета ги известил челниците на Арсенал дека сака да го
напушти клубот на крајот на сезоната, барем така тврди каталонскиот „Спорт“!
Каталонскиот весник објави ексклузива, повикувајќи се на блиски
извори, дека Артета смета дека е најдобро да го напушти Арсенал на
крајот од сезоната 2023/24. Ова е уште една во низата шокантни вести
откако Јирген Клоп и Чави Ернандез во петокот и саботата потврдија
дека заминуваат по крајот на сезоната, но оваа информација треба да
се земе со резерва.
Додека во Каталонија тврдат дека Артета сака да замине, Лондон
веднаш ги демантираше информациите од Шпанија.
Во Англија продолжуваат да уверуваат дека Артета е блиску до
потпишување на нов договор со Арсенал, додека авторот на текстот
од „Спорт“ Томаш Андреу, недоволно познат на пошироката јавност,
го тврди спротивното.
Тој нагласува дека иако Артета има договор до 2025 година,
Шпанецот на лето би можел да се договори за взаемно раскинување
на соработката со Арсенал.
Томас Андреу исто така додава дека оваа информација се чува во
тајност, но дека Артета веќе разговарал за можно заминување со
својата придружба.