Искусниот француски голгетер Карим Бензема, по сè изгледа, ги брои последните денови во Ал-Итихад, а кулминацијата на неговото незадоволство во Џеда дојде откако одби да патутува на утрешното гостување кај Ал-Фатех.
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид во понеделникот ги одигра сите 90 минути за актуелниот шампион на Саудиска Арабија, но поради застој во преговорите околу продолжувањето на договорот реши да повлече радикален потег.
Договорот на Бензема со Ал-Итихад истекува на 30 јуни, а во клубот во изминатите недели вложуваа напори соработката да биде продолжена барем за уште една година. Сепак, очигледно е дека не бил постигнат договор за сите клучни точки.
Останува да се види каква ќе биде реакцијата на клубот и на тренерот Сержо Консеисао, но јасно е дека Бензема нема лесно да се предомисли сè додека не ги истера своите барања.
Французинот оваа сезона зад своеето име има осум погодоци во домашното првенство.
Конте и Елмас испаднаа, Наполи најголемо разочарување во ЛШ
Вечерва се одигра последното коло од лигашката фаза во Лигата на шампионите, по кое се потврди конечниот изглед на табелата. Едно од најголемите изненадувања е дека Реал Мадрид по поразот од Бенфика заврши во плеј-офот и ќе мора да игра дополнителни два натпревари за место во осминафиналето.
Уште поголемо разочарување доживеа Наполи, кој со поразот од Челси заврши како 30-ти на табелата и се елиминира од натпреварувањето во Европа.
Арсенал пак, беше најдобриот тим во лигашкиот дел од сезоната, завршувајќи со 23 постигнати гола и само четири примени, со максимални осум победи. „Топчиите“ вечерва го потврдија првото место со триумф над Кајрат од 3-2.
Директно место во осминафиналето обезбедија и Баерн Минхн, Тотенхем, Барселона, Челси, Спортинг и Манчестер Сити.
Плеј-офот ќе биде борба за место во осминафиналето за: Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабах, Бодо/Глимт и Бенфика.
Херојска победа на Бенфика против Реал, Мурињо го слави голманот Трубин
Најлудиот натпревар, во последноот коло од првата фаза во Лигата на шампионите, го одиграа Бенфика и Реал Мадрид.
Бенфика победи со 4-2 и благодарение на подобрата гол-разлика од Олимпик Марсеј (за еден гол), го освои 24-то место, последно кое носи играње во баражот. Во исто време, Реал испадна од Топ 8 и ќе мора да игра дополнителни два натпревари за пласман во осминафиналето.
Апсолутен херој на Бенфика е голманот Трубин, кој постигна гол во 98-та минута.
Избраниците на Жозе Мурињо немаа што да изгубат на овој натпревар и тргнаа на сè или ништо. Голот на Мбапе за водство на Реал не ги вознемири, направија пресврт до крајот на првиот дел.
Сјелдеруп го донесе израмнувањето, а во судиското продолжение од првото полувреме, Павлидис погоди од пенал. Норвешкиот играч за врска го зголеми водството на почетокот на второто полувреме и сè изгледаше идилично за домаќините.
Сепак, Реал успеа да ја намали предноста со уште еден гол на Мбапе, а резултатите и состојбата на табелата постојано се менуваа. На крајот, со оглед на тоа што Марсеј губеше со 3:0 во Бриж и имаше иста гол-разлика како Бенфика, Португалците мораа да постигнат уште еден гол за да продолжат понатаму.
И тоа се случи во судиското продолжение, и може да се каже дека е заслужено, бидејќи тимот на Мурињо пропушти уште најмалку две добри шанси за да слави и со поголема разлика.
Реал мечот го заврши со девет играчи, во судиското надополнување на времето поради жолти картони беа исклучени Раул Асенсио и Родриго.
Благодарение на победата на Спортинг во Билбао, Реал заврши на деветтата позиција.
Историски резултат постигна и Боде/Глимт со триумфот во Мадрид, против Атлетико (2-1). „Јорганџиите“ излегоа со јасна цел да победата со голема разлика за да можат да се надеваат на место во Топ 8.
Напааѓаа константно, редеа шанси пред голот на Хаикин, но само Серлот во 15-та минута успеа да постигне гол. Од друга страна, Норвежаните реализираа две од своите три шанси, кога ги користеа лошите реакции во одбраната на Атлетико.
Двата тима ќе играат плеј-оф за место во осминафиналето. Атлетико заврши на 14-то, а Боде/Глимт на 23-то место.
Адама Траоре е нов фудбалер на Вест Хем
По промоцијата на Тами Абрахам екипата на Вест Хем, сега на ред дојде и онаа на Адама Траоре.
Искиот напаѓач пристигнува и би требало да биде прва олција во шпицот на Вест Хем.
„Многу сум среќен тука и исклучително задоволен што му помагам на тимот да ги демонстрира своите квалитети. Ова е голем клуб со огромна база на навивачи. Ги гледам натпреварите на тимот уште од дете, кога гледав и филмови за тимот. Ги познавам навивачите и нивната страст. Ги сакам предизвиците и мислам дека мора да одиме натпревар по натпревар. Тоа е она што ќе го правиме, обидувајќи се да го дадеме најдоброто од себе. Мислам дека сè доаѓа од верата и верувам дека ќе го постигнеме она за што се бориме“, изјави Траоре за официјалната веб-страница на клубот.
Марко Силва го носи Стерлинг во Фулам
Рахим Стерлинг и фудбалскиот клуб Челзи конечно најдоа решение, според кое фдбалерот ќе замине од „Стенфорд Бриџ“.
Добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо објавува дека Стерлинг одлучил да го напушти клубот до крајот на оваа недела во договор со својот менаџер и раководството Челзи.
Напаѓачот има неколку понуди, но сè уште не одлучил каде сака да ја продолжи кариерата.
Познато е дека одбил понуда од Саудиска Арабија, но покрај тоа имал и неколку други понуди.
Негов приоритет е да остане во Премиер лигата, претходно како заинтересирани се споменуваа Фулам, Вест Хем, Кристал Палас и Лидс, но не е познато до каде напредувале овие преговори.
Стерлинг пристигна во Челзи во летото 2022 година од Манчестер Сити за 56.000.000 евра, но не ги оправда очекувањата.
„Најлошите шампиони во историјата?“: Сколс и Фердинанд со отровни стрели кон Арсенал
Иако Арсенал гази кон круната на Премиер Лигата оваа сезона, легендарниот тандем на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс и Рио Фердинанд, не е нималку импресиониран. Напротив, нивните критики се брутални и ја доведуваат во прашање вредноста на „Топчиите“ како потенцијални прваци.
Пол Сколс, кој во својата кариера освои дури 11 титули од Премиер Лигата, изјави дека доколку Арсенал ја освои титулата, тие би можеле да бидат „најлошиот тим кој некогаш го постигнал тоа“. Неговиот главен аргумент е недостатокот на индивидуална надмоќ во нападот, тој тврди дека ниту еден играч од нивната предна четворка не би се влегол во неговиот „Тим на Сезоната“.
Иако Арсенал во моментов има четири бода предност пред Манчестер Сити, Сколс смета дека формата на тимот е во пад. Со само два освоени бода во последните три натпревари и болниот пораз од 3-2 токму против Јунајтед, скептицизмот кај него расте. Според него, овој состав на Арсенал, предводен од Ѓокереш, едноставно ја нема истата тежина како некогашните шампионски напади на Ливерпул или Сити.
Рио Фердинанд се надоврза на својот поранешен соиграч со уште подиректна провокација. Тој смета дека лидерската позиција на Арсенал е повеќе резултат на слабоста на ривалите отколку на сопствениот квалитет.
„Арсенал, вие имате само среќа што сите други се толку очајни и неконистентни сезонава,“ изјави Фердинанд, потенцирајќи дека тимот на Артета сè уште нема покажано карактер во клучните моменти.
И покрај постојаното водство, „Топчиите“ покажаа слабости во дуелите со големите ривали како Ливерпул, Сити, Вила и Челси. Овие киксови само ја подгреваат тезата дека Арсенал потфрла во големите натпревари.
Додека сезоната влегува во својата финална фаза, притисокот врз Микел Артета станува огромен. Само времето ќе каже дали Арсенал конечно ќе триумфира или ќе падне под очекувањата како минатите сезони.
Саудијците по секоја цена го сакаат Дембеле
Ѕвездата на Пари Сен Жермен и освојувач на Златната топка, Усман Дембеле, стана цел на клубовите од Саудиска Арабија пред летниот преоден рок. Потенцијалниот трансфер веќе се најавува како „најголемиот договор во саудиската лига од доаѓањето на Кристијано Роналдо“.
Договорот на Дембеле со ПСЖ важи до 2028 година, но високи функционери во саудиската професионална лига наводно веќе подготвуваат исклучително профитабилна понуда за да го привлечат на Блискиот Исток.
Саудиската професионална лига веќе привлече голем број големи имиња како што се Роналдо, Карим Бензема, Нејмар и Садио Мане, а Дембеле е најновата голема ѕвезда на нивната листа на желби.
Според „Скај Спортс“, првите контакти веќе се направени во врска со можен летен трансфер. Сепак, францускиот репрезентативец наводно е целосно фокусиран на тековната сезона со ПСЖ, по што ќе се посвети на Светското првенство. Тој призна дека неговата цел е да ја освои титулата во Северна Америка.
Новинарот на „Скај Спортс“, Кавех Солхекол, ги коментираше шпекулациите за трансферот.
„Дали би можел да се случи овој трансфер? Мислам дека е малку веројатно, но фудбалскиот пејзаж во Саудиска Арабија се менува. Долго време, клубовите беа финансирани и контролирани од државата, а потоа најголемите клубови беа во сопственост на Државниот инвестициски фонд. Сега тие се отвораат за приватни инвестиции.
Затоа, повеќе не е само прашање на државни пари, туку и на приватни инвеститори кои ќе се обидат да доведат играчи со свои средства. Можно е да се обидат да го доведат, но останува да се види дали ќе сака да оди во Саудиска Арабија сега кога е на врвот на својата кариера“, додаде тој.
Иднината на Дембеле веќе беше предмет на медиумско внимание оваа сезона, поради шпекулациите дека францускиот репрезентативец бара значително зголемување на платата по освојувањето на „Златната топка“.
Сколс: Ако Арсенал биде првак, тоа ќе биде најслабиот шампион во историјата
Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, изјави дека Арсенал ќе биде „најлошиот тим што ја освоил лигата“, доколку го кренат трофејот наменет за шампионот во Премиер лигата оваа сезона.
„Топџиите“ се уште имаат четири бода предност на врвот на табелата, но нивното водство беше намалено минатиот викенд по поразот од Манчестер Јунајтед, додека нивните најблиски ривали, Манчестер Сити и Астон Вила, забележаа победи.
Ова значи дека тимот на Микел Артета освои само два од можни девет бода во последните три натпревари.
Арсенал се бори за својата прва титула во лигата од 2004 година откако беа многу блиску во последните две сезони, но Сколс не е импресиониран од она што го гледа од „топџиите“.
„Ако Арсенал ја освои лигата, тие би можеле да бидат најлошиот тим што некогаш ја освоил лигата. Ако треба да го изберете тимот на сезоната и да ставите четворка во нападот, никој од Арсенал нема да влезе“, изјави Сколс за подкастот „Добриот, лошиот и фудбалот“.
„Погледнете ги претходните шампиони – напаѓачите на Ливерпул беа брилијантни. Можеби единствениот кандидат овде е Сака, и не мислам дека ниту тој беше брилијантен. Тој не постигна многу голови оваа година, ниту имаше многу асистенции.“
Проблемите на Арсенал во нападот станаа особено изразени во последно време. Иако постигнаа 42 гола во лигата оваа сезона, нивните напаѓачи поединечно имаат проблеми со формата.
Иван Николов потпиша за Радник Бјелина
Македонскиот фудбалер и интернационалец Иван Николов за многу кратко пронајде нова средина, откако му истече договорот со данскиот клуб Сондерјиске.
23-годишниот играч од средниот ред на маса имаше неколку конкретни понуди од од Данска, Норвешка, Унгарија и Србија, но на крај се реши за преселба во Босна и Херцеговина, во редовите на Радник Бијелина.
Николов првите фудбалски чекори ги направи во штипска Брегалница, а потоа играше за Академија Пандев, Вардар и Сондерјиске. Минатата сезона беше и на позајмица во тимот на Вендсисел, каде одигра тринаесет натпревари.
Блокбастер во Бразил: Лукас Пакета потпиша за Фламенго во рекорден трансфер
Фламенго го реализираше најголемиот трансфер во својата историја, враќајќи го Лукас Пакета во матичниот клуб од редовите на Вест Хем. За овој „блокбастер“ договор, бразилскиот гигант ќе плати рекордни 42 милиони евра. 28-годишниот играч, чија единствена желба беше враќање во Рио де Жанеиро, денеска пристигнува во Бразил на медицински прегледи, по што ќе стави потпис на петгодишен договор.
Сумата од 42 милиони евра не само што го собори клупскиот рекорд на Фламенго, туку го направи Пакета најскапото засилување во историјата на бразилската Серија А. Преговорите добија на интензитет откако самиот фудбалер ги одби понудите од ривалите во Премиер Лигата, инсистирајќи на трансфер кај „Црвено-Црните“. Неговиот нов договор со важност до 2031 година ја потврдува амбицијата на клубот за доминација на домашната и континеталната сцена.
Израсна во академијата на Фламенго, по што градеше европска кариера во Милан, Лион и Вест Хем. Иако во Лондон имаше периоди на фантастична игра, но и соочување со одредени вонтеренски предизвици, Пакета сега е фокусиран на враќање во националниот тим на Бразил за Светското Првенство. Навивачите со еуфорија го слават враќањето на својот идол под слоганот „Пакета се враќа дома“
За Фламенго, овој потег е демонстрација на моќ која ретко се гледа во Јужна Америка, со што тимот веднаш станува главен фаворит за сите трофеи. Од друга страна, Вест Хем под водство на Нуно Еспирито Санто оствари сериозен профит во однос на почетната инвестиција од 20 милиони евра, ослободувајќи буџет за нови засилувања и покрај загубата на еден од своите најдобри играчи.