Францускиот гигант Марсеј официјално го објави назначувањето на Хабиб Беј еза свој нов главен тренер. Тој го наследува Роберто Де Зерби.
48-годишниот специјалист, кој претходно го водеше Рен, потпиша договор со Олимпик Марсеј до 2027 година.
Хабиб Беј ее поранешен играч на Марсеј, играјќи на „Велодром“ помеѓу 2003 и 2007 година.
Марсеј моментално е на 4-то место на табелата во Лига 1 со 40 бода по 22 одиграни натпревари.
Артета критичен кон своите по ремито против Вулверхемптон
Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета, го коментираше резултатот од 31-то коло од англиската Премиер лига против Вулверхемптон. Натпреварот заврши нерешено 2-2.
„Многу е тешко да се прифати. Во второто полувреме не игравме онака како што требаше, онака како што треба да играме за да добиеме натпревар од Премиер лигата. Подобро е да не судиме сега; сите се премногу емотивни во моментов. Треба да го прифатиме овој удар, го заслужуваме. Лесно е да се каже нешто во жештината на моментот што ќе му наштети на тимот. Секој го сака најдоброто. Но, мора да се помине и низ тешки времиња. Денес, ја плативме цената во последната минута. Треба да ги направиме основните работи многу подобро отколку што ги направивме. Треба да бидеме критични кон себе бидејќи не игравме доволно добро. Бевме неконзистентни во лигата во последните месеци“, изјави Артета за „Би-Би-Си“.
Тренерот на Бодо: Игравме просечно, а победивме убедливо против Интер
Тренерот на Бодо/Глимт, Кјетил Кнутсен, остана реален по победата од 3:1 над Интер во плејоф рундата од Лигата на шампионите, велејќи дека тимот сè уште има простор за подобрување.
„Мислам дека денес имавме малку среќа. Бевме исклучително ефикасни, но според нашите стандарди тоа беше просечна изведба. Резултатот е добар, но играта беше просечна“, рече Кнутсен.
Во врска со стратегијата за реваншот следната недела, специјалистот нагласи дека неговиот тим не треба да се затвори.
„Има многу работи на кои треба да се работи. Тоа ќе биде сосема поинаква игра. Не можеме само да се браниме длабоко во нашата половина и да се потпираме на контранапади. Исто така, мора да напаѓаме, да притискаме, да се браниме цврсто и да ги бараме нашите шанси. Дефинитивно нè очекува тежок натпревар“, реќе тренерот на Бодо/Глимт.
Кнутсен, исто така, упати пофалби за ѕвездата на вечерта, Каспер Хег, кој постигна гол и имаше две асистенции. „Тој постигна огромен напредок. Се снаоѓа одлично, вклучително и во одбраната. Може да ја задржи топката, победува во многу дуели и учествуваше во сите три гола. Тој е исто така прекрасна личност, па сè е совршено“, рече Кнутсен.
Европски класик на Јан Брејдел: Клуб Бриж и Атлетико Мадрид оставија сè за реваншот
Во натпревар кој стана олицетворение на терминот „европски трилер“, Клуб Бриж и Атлетико Мадрид одиграа пулсирачки 3-3 на стадионот Јан Брејдел. Ова беше дуел со два потполно различни периоди, тактички надмудрувања и луд финиш кој го остава овој двомеч од нокаут-фазата во Лигата на шампионите потполно отворен.
Вечерта започна токму онака како што посакуваше Диего Симеоне. По само осум минути игра, „Јорганџиите“ поведоа откако Жоакин Сејс играше со рака во казнениот простор, што беше потврдено со ВАР-проверка. Хулијан Алварез ја презеде одговорноста и со ладнокрвна завршница го постигна својот петти гол во елитното натпреварување оваа сезона. Иако домаќините имаа поголем посед на топката и го примораа Јан Облак на неколку врвни интервенции, гостите зададоа тежок удар пред самиот крај на првиот дел. Во судиското продолжение, по корнерот на Гризман, јануарското засилување Адемола Лукман се најде на вистинското место за високи 0-2. Во тие моменти се чинеше дека белгискиот шампион е на колена.
Сепак, она што се случувало во соблекувалната на Бриж вроди со плод. Домаќините истрчаа на теренот во вториот дел со неверојатен интензитет кој го шокираше шпанскиот гигант. Во 51-та минута, Рафаел Ониедика, најдобриот поединец на средбата, најбрзо реагираше на една одбиена топка по ударот на Тресолди и ја намали негативата. Моментумот целосно се префрли на страната на Бриж. Само десетина минути подоцна, стадионот „еруптираше“: Николо Тресолди успеа да го пресретне центаршутот на Мамаду Диакон и да го матира Облак за израмнување. Тактичката дисциплина на Симеоне едноставно исчезна под притисокот на разиграните домаќини.
По еден несреќен сплет на околности, дефанзивецот на Бриж, Хоел Ордоњез, ја затресе сопствената мрежа во обид да го блокира центаршутот на Маркос Љоренте. Кога сите мислеа дека среќата му сврте грб на белгискиот тим, следеше последен одговор. Драмата го достигна врвот во 89-та минута: Ониедика со мајсторско додавање го пронајде Христос Цолис, кој ја задржа смиреноста и погоди во долниот агол за конечни 3-3. Ова беше историски резултат во негативна смисла за Атлетико: за првпат во историјата на Лигата на шампионите, тимот на Симеоне не победи во натпревар во кој имал предност од два гола.
Кутињо си замина од Васко да Гама по конфликтот со навивачите
Бразилската ѕвезда Фелипе Кутињо одамна не е на нивото од најславните денови, иако во изминатиот период и не беше толку лош во дресот на Васко де Гама, сепак сега се најавува негово заминување.
Според информациите од Бразил, Кутињо веќе имал разговор со стручниот штаб и донел одлука да го раскине договорот, што наводно ги затекнало челниците на клубот. Особено ако се знае дека управата подготвувала продолжување на соработката, бидејќи актуелниот договор му истекуваше во јуни.
Во клубот не очекувале ваков потег, но се шпекулира дека причината лежи во незадоволството од односот на навивачите. Свирежите од трибините на стадионот во Рио очигледно тешко му паднале на искусниот офанзивец, кој не сакал да продолжи во атмосфера што не ја чувствува како поддршка.
Каде би можел да продолжи засега не е познато. Кутињо зад себе има богата интернационална кариера во која настапуваше за Интер, Васко де Гама, Еспањол, Ливерпул, Барселона, Баерн Минхен, Астон вила и Ал Духаил.
Интер загуби во Норвешка, дебакл на калчолигашите во ЛШ
По вчерашниот дебакл на Јувентус од Галатасарај со 5-2 во Истанбул вечерва италијанскиот фудбал доживеа нов удар, Интер беше поразен на гости кај Бодо со 3-1.
Не беа домаќините толку многу подобар противник од „нераѕурите“, меѓутоа знаеа да ги искористат своите шанси и заслужено ќе патуваат со предност на реваншот во Италија. Изненадувањето го најави Фет по 20 минути игра. Интер брзо се врати и со голот на Еспозито десет минути подоцна израмни на 1-1.
Во второто полувреме, Интер повеќе ја имаше топката во свој посед, меѓутоа тешко создаваше посериозна прилика за гол. Бодо од друга страна набрзина во три минути во 61. и 64. постигна два гола за 3-1 и победа.
Изненадување видовме во Белгија каде што Клуб Бриж се врати од од негатива од два гола и одигра 3-3. Тргнаа одлично гостите од Мадрид и преку Алварез и Лукман во првиот дел обезбедија 2-0. Домаќините во вториот дел прво преку Онедика намалија на 2-1 во 52. минута, а на истекот на еден час игра и израмнија со голот на Тресоиди.
Атлетико на десетина минтуи пред крајот со автоголот на Ордонез дојде и до 3-2, но ниту тоа не беше доволно за победа бидејќи Цолис во завршница стрелаше за 3-3.
Во преостанатиот натпревар, Баер Леверкузен немаше проблеми и славеше со 2-0 на гости кај Олимпијакос.
Арсенал прокоцка 0-2 против „фенерџијата“ во Премиер лигата
Лидерот во Премиер лигата, Арсенал вечерва си дозволи да испушти предност од 2-0 против екипата на Вулвс која е последна на табелата и одигра само 2-2.
Многу рано избраниците на Артета дојдоа до водство, Сака го отвори резултатот по пет минути игра и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Арсенал преку Хинкапе по десетина минтуи игра во вториот дел дојде и до втор гол.
Тука изгледаше дека Арсенал нема да има проблеми. Сепак, Буено внесе одредена доза на неизвесност со голот во 61. минута за 2-1, а во финишот следуваше вистински шок. По едно недоразбирање во одбраната на Арсенал Калифиори си постигна автогол со што Вулвс дојде до само десеттиот бод од почетокот на сезоната.
По ова реми Арсенал на врвот има пет бода повеќе од второппласираниот Манчестер сити, меѓутоа тимот на Гвардиола е со натпревар помалку.
Њукасл го декласира Карабах и се чекира во осминафиналето
Њукасл може да го прославува пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако во првиот плеј-оф натпревар го прегази Карабах на гостински терен со 1-6.
Англичаните му зададоа тежок удар на домаќинот во Баку, откако во првото полувреме имаа неверојатно висока предност од 0-5.
Ентони Гордон постигна рекордни 4 гола за него на еден меч од Лигата на шампионите, а петтиот беше дело на Малик Чао.
Во вториот дел домашните за момент јги израдуваа своите навивачи со голот на Јафаргулиев, но потоа следуваше еден убав гол на Марфи со кој Њукасл си ја врати предноста од пет гола разлика.
Реваншот на „Ст. Џејмс Парк“ се чини ќе биде само формалност.
Реал Мадрид со голем улов: Ајмар Гарсија е идниот столб на „кралската“ одбрана
Во потег што предизвика сериозни бранувања во шпанскиот фудбал, Реал Мадрид е на чекор до потписот на Ајмар Гарсија, еден од најталентираните дефанзивци на академијата на Атлетико Мадрид. Овој 18-годишен стопер, висок импозантни 192 сантиметри, важи за еден од најперспективните столбови на одбраната во системот на „Јорганџиите“. Трансферот има дополнителна тежина поради историското ривалство и премолчениот „пакт за ненапаѓање“ меѓу двата клуба, кој во последните години станува сè поневажен пред желбата за ангажман на врвни таленти.
Договорот се одвива со голема брзина. Според информациите на шпанските новинари, веќе е постигнат вербален договор меѓу претставниците на играчот и раководството на „Кралевите“. Договорот на Гарсија со Атлетико истекува во јуни, што му овозможува на Реал да го осигура неговиот потпис без обесштетување. Со овој потег, Реал Мадрид успеа да ја победи конкуренцијата од неколку европски гиганти кои будно ја следеа ситуацијата со неговиот договор, обезбедувајќи го младиот дефанзивец како слободен агент за следната сезона.
Идниот столб на „Ла Фабрика“ Гарсија е прототип на модерен централен бек: доминантен во воздухот, но исклучително присебен и технички поткован со топката во нозете. Се очекува по неговото пристигнување во јули, веднаш да биде приклучен кон „Ц“ тимот или Кастиља, каде ќе го продолжи својот развој. За Атлетико, губењето на ваков домашен талент во корист на најголемиот ривал е „горчливо“, додека за Реал ова е стратешка победа во долгорочното градење на тимот.
Волтемаде заминува, Штутгарт и Баерн го сакаат напаѓачот на Њукасл
NEWCASTLE UPON TYNE, ENGLAND – SEPTEMBER 13: Nick Woltemade of Newcastle United celebrates scoring his team’s first goal during the Premier League match between Newcastle United and Wolverhampton Wanderers at St James’ Park on September 13, 2025 in Newcastle upon Tyne, England. (Photo by Matt McNulty/Getty Images)
Медиумите од Германија пренесуваат дека Ник Волтемаде не е среќен во Њукасл и сака да се врати во Бундеслигата, како опции му се Штутгарт и Баерн Минхен. Во последните денови од летниот преоден рок, Њукасл го собори сопствениот рекордот и инвестираше околу 69 милиони фунти (околу 80 милиони евра) во ангажман на Ник Волтемаде од Штутгарт.
Напаѓачот одлично ја започна авантурата на „Сент Џејмс Парк“, постигна два гола на три натпревари во Премиерлигата, уште еден во Лигата на шампиони, па изгледаше како одлично засилување.
Но набрзо формата на Германецот почна да оди во надолна линија, па во последно време се појавија многу гласни за негово заминување.
Како што пренесува Билд, Ник Волтемаде не успеал да се прилагоди на животот во Англија, не е среќен во Њукасл и размислува за враќање во Германија.
На ум има две опции, односно повторно да го облече дресот на Штутгарт, или уште подобро за него, да направи трансфер во Баерн Минхен.