фудбал

Меси со хет-трик го почна Мундијалот, Аргентина пресилна за Алжир

Меси ги надмина бразилецот Роналдо и германскиот фудбале Клосе по бројот на натпревари на СП на кои постигнал гол.

Напаѓачот на аргентинската репрезентација постигна хет-трик во натпреварот против Алжир (3-0) во првото коло од Светското првенство во 2026 година .

Вкупно, 38-годишниот напаѓач има 16 гола на Светското првенство, израмнувајќи го рекордот на Клосе. Аргентинецот досега постигнал гол на 12 натпревари од Светското првенство. Бразилецот Роналдо и Германецот Мирослав Клосе имаат по 11 натпревари од Светското првенство со голови, додека Јирген Клинсман постигнал гол на 10 натпревари за Германија.

Меси кој го започна натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2026 година против Алжир, кој се одигра на стадионот во Канзас Сити, САД, и заврши со резултат од 3:0 продолжи да го зголемува рекордот кој е во негова сопственост.

2.404 е вкупниот број минути одиграни од страна Аргентинецот на Светските првенства. Меси дополнително го продолжи овој рекорд чиј сопственик стана за најмногу минути одиграни на Светските првенства во 2022 година, надминувајќи го Паоло Малдини (2.216).

Лионел Меси одигра 20 натпревари како капитен на Светските првенства, со што постави рекорд со што ги надмина Мексиканецот Рафаел Маркез (17) и Аргентинецот Диего Марадона (16).


Можно одложување на натпреварот Данска – ДР Конго

Во Хјустон станува напнато, но не поради фудбалски работи, туку поради најава за невреме кое може да го одложи мечот меѓу Португалија и Конго.

Се очекува првата тропска бура во сезоната која се предвидува дека ќе го погоди градот токму во среда на денот на натпреварот. А тоа може да го загрози спектаклот.

Во исто време, потенцијален Тропски циклон Еден се формираше покрај брегот на Тексас, а Националниот центар за урагани на САД (NHC) издаде предупредување за обилни дождови и опасни ненадејни поплави. Нарушувањето, кое моментално се наоѓа на околу 105 километри југозападно од Корпус Кристи со ветрови до 45 км/ч, би можело да стане првата именувана бура во сезоната на атлантска урагани во 2026 година и да го добие името Артур ако дополнително се зајакне, објавуваат американските медиуми.

Португалија и ДР Конго треба да го одиграат својот прв натпревар од Групата К во среда во 19 часот по македонско време (12 часот по локално време), но тоа во моментов е неизвесно. Според Националниот центар за урагани, се очекува системот на бури да се движи паралелно со брегот на Тексас до среда пред да тргне кон внатрешноста.

„Се очекува нарушувањето да се движи од брегот на Тексас вечерва или рано во среда, да се движи приближно паралелно со горниот брег на Тексас подоцна во среда и да се врати на внатрешноста во крајниот источен Тексас или југозападна Луизијана доцна во среда или рано во четврток“, соопшти NHC


Мбапе го мина Жиру на вечната листа на француски стрелци

Килијан Мбапе го помина Оливие Жиру на вечната листа на стрелци на француската репрезентација.

Со денешните два гола, Мбапе дојде до 58 погодоци за националниот тим, поминувајќи го Жиру.

А првата честитка за Мбапе стигна токму од Жиру.

„Честитки Килијан, успеа! Навистина сум среќен за него. Тој го заслужи тоа“, рече Жиру.

Интересно, Мбапе има постигнато повеќе голови на Светските првенства од Лионел Меси и Пеле.


Мбапе „експлодираше“, Франција во вториот дел го „скрши“ Сенегал

Победнички старт за Франција на Светското првенство, Французите одиграа меч со две различни полувремиња и со 3-1 го победи Сенегал, два гола на Килијан Мбапе.

Фаворитот почна бавно, Франција ја имаше топката, но Сенегал беше поопасен во првото полувреме од контра напади.

Џексон и Сар имаа фантастични шанси во првиот дел, Французите можеа да бидат среќни што резултатот беше 0-0 по првите 45 минути.

Но, работите се променија во вториот дел. Франција го зголеми притисокот и почна да создава шанси. Мбапе двапати не реализираше пред да постигне гол во 66. минута по една фантастична асистенција од Олисе.

Во 82. минута Баркола по само две минути откако влезе на теренот постигна гол за водство од 2-0.

Течеше 95. минута кога Мбаје постигна гол за Сенегал и го намали резултатот на 1-2. Во тие моменти ја врати надежта на својот тим.

Но, таа пак ја снема само минута подоцна кога Мбапе постигна фантастичен погодок од далечина за конечни 3-1.


Рубен Аморим официјално претставен во Милан

Португалскиот тренер Рубен Аморим ќе ја води екипата на Милан. Оваа информација беше објавена на веб страницата на Милан, а во веста се вели:

„Го следиме Рубен со години, а неговата работа во Спортинг остави огромен впечаток врз нас и го одразува стилот на игра што го бараме. Тој е еден од најискусните и најиновативните тренери од новата генерација во Европа – млад, амбициозен, со модерен стил на фудбал дефиниран со доминантна посед на топката, модерен систем на пресинг и јасен тактички пристап“, пишува на официјалната веб-страница на клубот.

Аморим претходно го водеше Манчестер Јунајтед, од каде си замина на 5 јануари 2026 година.


Бернардо Силва во слободен трансфер заминува во Реал Мадрид

Искусниот португалски репрезентативец, кој беше еден од клучните играчи на Манчестер Сити во претходните години, се согласи на две годишна соработка, со можност договорот да биде продолжен за уште една година.

Силва со тоа стана третото големо засилување на Реал ова лето, откако претходно беа ангажирани Дензел Дамфрис и Марк Кукуреља. Клубот, сепак, не планира да застане, бидејќи се очекува наскоро да се финализира доаѓањето на францускиот дефанзивец Ибрахима Конате.

Да ве потсетиме, покрај доаѓањето на нови играчи, клубот го обезбеди и останувањето на еден од дефанзивците, бидејќи Антонио Ридигер го продолжи договорот.


Французинот Ренар е наследник на Ламуши на туниската клупа

Хаосот околу селекторот на Тунис, Сабри Ламуши, конечно доби разрешница. Откако неколку часа по натпреварот и дебаклот од Шведска (5-1), челниците на Фудбалската федерација на Тунис го отпушти Ламуши, вчера се премислија и го вратија функцијата, претпладнево тие официјално потврдија дека Ламуши добил отказ и дека веднаш ќе го наследи Ерве ренар.

Фудбалскиот сојуз на Тунис одлучи дека Ренар ќе ја води репрезентацијата најмалку на два преостанати натпревари од Светското првенство. Планот е Ренар да остане на клупата до крајот на учеството на африканската селекција на Мундијалот, по што двете страни повотрно ќе седнат да разговараат за понатамошните чекори.

Во второто коло, Тунис го очекува дуел против Јапонија, додека во последниот натпревар од групната фаза ќе играат против Холандија, а Ренар ќе ги предводи „Орлите на Картагена“ во обид да го подобрат впечатокот по болниот пораз од Шведска.

Ренар веќе пристигна во Мексико, каде што ќе тренира со екипата од 20:00 часот по локално време.

Французинот има статус на легенда во африканскиот фудбал бидејќи е единствениот тренер кој го освоил Африканскиот куп на нации со две различни репрезентации.

Тој првпат го шокираше светот koga ja osvoi титулата со Замбија во 2012 година, победувајќи го фаворизираниот Брег на Слоновата Коска предводен од Дидие Дрогба и браќата Туре во финалето.

Три години подоцна, „Слоновите“ ја искористија неговата „магија“ и го освоија трофејот.

Во меѓувреме, Ренард беше селектор на Ангола, Мароко и Саудиска Арабија, кои ги претставуваше на Светското првенство во 2022 година, и во претходните две години.

Како тренер, тој немаше претерано успешни епизоди на клупите на ФК Алжир, Сошо и Лил.


Тухел го повика Чалоба по побвредата на Ливраменто

Англија сè уште не го започнала Светското првенство, а селекторот Томас Тухел доби лош вести. Ден пред првиот меч со Хрватска, пристигна информацијата за повредата на Тино Ливраменто.

Повредата е сериозна, што значи дека Мундијалот е завршен за фудбалерот на Њукасл. Англиските медиуми тврдат дека станува збор за повредса на тетивата.

Томас Тухел веднаш во националниот тим го повикал Тревоа Чалоба.

Англичаните ќе го играат својот прв натпревар на Светското првенство против Хрватска во среда во 22 часот.


Вардар доби противник од Финска во квалификациите на ЛШ

Македонскиот фудбалски шампион Вардар го доби финскиот КуПС за противник во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Денешната ждрепка сакаше, „црвено-црните“ првиот натпревар да го играат на домашен терен во Скопје на 7 или 8 јули, додека реваншот во Финска е закажан за 14 или 15 јули.

Вардар по неколку години се враќа на најголемата европска сцена. Најтрофејниот македонски клуб последен пат настапуваше во квалификациите за Лигата на шампионите во 2017 година.

КуПС е еден од најдобрите фински клубови во последните години и редовен учесник во европските натпреварувања. Тимот од Куопио е актуелен шампион на Финска и има значително европско искуство, што го прави сериозен предизвик за екипата на Вардар.

  1. квалификациско коло за ЛШ:

Сабах (Азербејџан) – ТНС (Велс)
Флора Талин (Естонија) – Иберија Тбилиси (Грузија)
Тре Фиори (Сан Марино) – Ларне (Северна Ирска)
Вардар (Македонија) – КуПС (Финска)
Флоријана (Малта) – Шамрок Роверс (Ирска)
Линколн (Гибралтар) – Интер Ескаладес (Андора)
Арарат (Ерменија) – Рига (Летонија)
Жалгирис (Литванија) – Дрита (Косово)
Витебск (Белорусија) – Крајова (Романија)
Петрокуб (Молдавија) – Егнатиа (Албанија)
Борац БЛ (БиХ) – Левски (Бугарија)
Викингур (Исланд) – Ѓер (Унгарија)
Каират (Казахстан) – Сутјеска (Црна Гора)
Клаксвик (Ф. Острови) – Атерт Бисен (Луксембург)


Мега-трансфер на повидок: Реал Мадрид, Сити и Јунајтед во трка за потписот на Нмеча

Фелкис Нмеча пред логоата на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, и Манчестер Сити

Европскиот фудбалски пазар е пред вистинско разгорување откако беше потврдено дека Реал Мадрид испратил официјално барање за информации околу играчот на Борусија Дортмунд, Феликс Нмеча. Ова е директна желба на Жозе Мурињо, кој по враќањето на кормилото на „Кралевите“ не крие дека е голем поклоник на квалитетите на 25-годишниот германски репрезентативец. „Специјалниот“ во него гледа совршен спој на физичка доминација, сигурна дистрибуција на топката и тактичка дисциплина, клучни елементи со кои планира да го диктира темпото на игра на Сантијаго Бернабеу.

Вредноста на Нмеча на пазарот вртоглаво расте по одличните клупски настапи, но и благодарение на одличниот перформанс на репрезентативната сцена, каде неодамна го отвори резултатот во убедливата победа на Германија со 7-1 против Курасао во групната фаза од Светското првенство. Мурињо е решен веднаш да го наметне својот препознатлив ракопис, а сестраниот Германец се наоѓа на самиот врв на неговата листа со желби за ова лето.

Сепак, Реал Мадрид не е осамен во оваа намера. Зад сцената веќе се подготвува сериозна битка на Островот, бидејќи премиерлигашките велесили Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити будно ја следат ситуацијата со Нмеча. Двата гиганта од Манчестер се во потрага по динамично и мултифункционално решение за својот среден ред, а фактот што Нмеча веќе е навикнат на системи со висок пресинг и врвен интензитет го прави идеална трансфер-мета.

Со оглед на тоа што англиските клубови не жалат средства за ваков профил на фудбалер, сосема извесно е дека не очекува возбудлива сага. За самиот играч, ваквиот интерес е огромно признание за неговиот напредок по трансферот од Волфсбург во 2023 година за 30 милиони евра, со што од потенцијален талент прерасна во една од најбараните средини во Европа.

И покрај притисокот од европската елита, Борусија Дортмунд ја има целата контрола во преговорите. Клубот од Вестфален јасно стави до знаење дека нема намера да го продаде својот фудбалер во овој преоден рок. Откако претходно годинава соработката беше продолжена со долгорочен договор до 2030 година, раководството на „милионерите“ нема никаков економски притисок за брза продажба.

Дополнително, иако во договорот на Нмеча постои откупна клаузула од 70 милиони евра, таа станува активна дури во летото 2027 година. Поради тоа, челниците на Дортмунд испратија порака дека само астрономска и навистина исклучителна понуда, далеку над споменатата сума, би ги натерала воопшто да седнат на преговарачка маса. Секој кој сака да го доведе Германецот пред 2027 година, ќе мора сериозно да го собори клупскиот рекорд.