фудбал

Убедлив пораз од Турција на фудбалерите на Медитеранските игри

Во вториот натпревар од фазата по групи на Медитеранските игри во Таранто, фудбалската репрезентација на Македонија е поразена од Турција со 3-0.

Најзаслужен за триумфот на Турците беше Оздер Озачан кој три пати успеа да се запише меѓу стрелците.

Водечкиот гол беше постигнат во 26-тата минута и тоа по прецизно изведен удар од белата точка, а на три минути пред крајот на првиот дел противникот успеа да поведе со 2-0.

Во овој период од натпреварот Македонија имаше можност да стигне до гол, а најсериозните шанси не ги реализираа Манојлов и Арифи.

Во продолжението од средбата Озачан повторно се запиша меѓу стрелците, а погодокот беше постигнат во 59. минута.

Во првиот натпревар од нашата група Тунис го совлада Мароко и во пресрет на последното коло шансите за пласман во полуфиналето се сведени на минимум.

Пред завршните натпревари кои се на програмата в среда на првите две места со по 4 бода се Турција и Тунис кои во директен дуел ќе решаваат за освојување на првото место. Мароко и Македонија се на третата и четвртата позиција, а меѓусебниот дуел ќе го одиграат со почеток во 10 часот и 30 минути.


Сити се приклучи во трката по Коди Гакпо

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за ангажирање на напаѓачот на Ливерпул, Коди Гакпо.

Како што пренесува угледното издание The Athletic, а ексклузивно потврдува и еден од најкредибилните новинари за трансфери, Дејвид Орнстин, раководството на „граѓаните“ внимателно ја следи ситуацијата со 27-годишниот холандски интернационалец.

Според информациите на Орнстин, засега нема директни преговори меѓу двата клуба, со оглед на тоа дека Гакпо има цврст договор со тимот од „Енфилд“ до 2030 година (откако во август 2025 година стави потпис на ново петгодишно продолжување).

И покрај постојаните шпекулации за негова преселба во Тотенхем ова лето, тој ја започна новата сезона во стартниот тим на Ливерпул и постигна гол во воведното реми против Њукасл (2-2).


Кенан Јилдиз се повреди, мора да оди на операција

Турскиот играч имаше проблем со левото стапало, а резултатите од тестовите предизвикаа тревога во клубот.

Проценките се во тек, а операцијата не е исклучена.

Ако мора да биде опериран, Јилдиз нема да може да игра минимум два месеца.

Турскиот фудбалер отсуствуваше кон крајот на минатата сезона поради проблеми со коленото, а сега има нов проблем со којшто треба да се справи.


Бесарт Ибраими од пенал донесе победа на Шкендија против Струга Трим Лум

Струга беше на чекор да стане првата екипа која сезонава ќе остане непоразена против Шкендија, но тетовци сепак успеаја да слават со 2-1 и да ја запишат четвртата победа во новата сезона.

Стружани добија пенал, а сигурен реализатор беше Христијан Малески, најдобриот стрелец на стружани од минатата сезона.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, на сцена стапи искусниот Бесарт Ибраими.

Во 85. минута и тој беше прецизен од белата точка, носејќи ѝ ја на Шкендија четвртата победа сезонава.


Дарко Велковски претставен во својот клуб во Бахреин

Вардар во продолжението од сезоната ќе биде без искусниот дефанзивец Дарко Велковски, кој направи нов интернационален трансфер и кариерата ќе ја продолжи во Бахреин.

31-годишниот стопер потпиша договор со Ал-Калдија, со што по вторпат во својата кариера заминува од редовите на скопскиот клуб. Велковски во јануари годинава се врати во Вардар и веднаш се наметна како важен дел од тимот, а беше во составот и на стартот од новата сезона.

Македонскиот репрезентативец професионалната кариера ја започна во Работнички, по што во 2015 година се пресели во Вардар. Со „црвено-црните“ освои две шампионски титули, во сезоните 2015/16 и 2016/17.

По првиот период во Вардар, Велковски замина во Хрватска и го облече дресот на Риека. Со овој клуб освои два Купа на Хрватска. Во продолжение од кариерата настапуваше и за Ал-Етифак, Динамо Букурешт, Нирѓехаза и Зрињски Мостар, пред повторно да се врати во Скопје.

Сега искусниот дефанзивец ќе има нов предизвик во кариерата. Во Бахреин ќе го носи дресот на Ал-Калдија, додека Вардар ќе мора да најде решение за неговото заминување и да ја продолжи сезоната без еден од поискусните играчи во одбраната.


Вардар со добро второ полувреме убедливо го победи Силекс

Вардар стави крај на негативната низа откако го совлада Силекс со убедливи 4-1 на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Исправени пред предизвикот, вардарци одиграа ефикасен меч и апсолутно ги заслужија трите бода, иако и Силекс беше квалитетен ривал.

Вардар поведе уште во третата минута. Спахиу побегна по левата страна, уфрли во средината, а Димитар Данев со прецизен удар го совлада голманот Џеков. Силекс се закани во 17.минута, кога Хасукиќ упати удар со глава, но над голот на Талески.

Две минути подоцна Спахиу шутираше со глава, но директно во Џеков. Во 27.минута, Едиз Спахиу се реши на удар од работ на шеснаесетникот откосо од левата страна и ја погоди гредата од голот на Силекс.

Две минути подоцна, Нихат Шеро беше во одлична можност, излезе сам, но Талески одбрани со пад во нозете.

Силекс израмни во 37.минута. По една долга акција, Ефтимов од левата страна го проигра Анѓелески, а капитенот на Вардар со одличен шут го совлада Талески.

Во 44.минута, нова шанса за Шеро. Се отвори противнапад, тој се одлучи за удар од 20 метри, но и Давор Талески одлично одбрани.

Ефтимов прв се закани во второто полувреме, но шутираше над голот. Но, потоа Вардар зададе удар. Во 63.минута, Михаил Маневски успеа да ја затресе мрежата на Силекс, а шест минути подоцна Мигел Пиреш погоди против поранешниот тим за 3-1.

Тоа беа одлични замени на Матија Мирков, со оглед дека и двајцата влегоа во второто полувреме. Силекс можеше да возврати во 76.минута преку Илија Донов, но неговиот удар не беше прецизен.

Потоа се закани Велиновски, а многу поопасен беше ударот со глава на Мишов во 86.минута. Сепак, повторно Вардар постигна погодок. Во 89.минута, Едиз Спахиу стави точка на триумфот за конечни 4-1.


Кореанецот Јонг-Ву Сеол од Србија се сели во Германија

Јонг-Ву Сеол ја напушта Црвена звезда, репрезентативецот на Јужна Кореа договорил трансфер во Бундеслигата.

Црвена звезда потврди дека Саол ќе се пресели во Аугсбург, а обештетувањето ќе биде 4.000.000 евра.

Преку бонуси, Звезда може да добие уште 1.500.000 евра, а тука се и десет проценти од следниот трансфер.

Сеол пристигна во Звезда пред две години за 1.500.000. Ќе биде запаметен како еден од подобрите странски фудбалери што го носеле црвено-белиот дрес.

Кореецот влезе во последната година од договорот, сакаше поголем предизвик во една од најсилните европски лиги, и затоа Црвена звезда мораше да го продаде.

Клубот се подготвуваше за неговото заминување, па затоа е договорен трансферот на Јута Накајама од Јапонија.


Фабињо на пат за Трабзон

Спортските медиуми објавија дека во Трабзонспор сега ќе пристигне и Фабињо, поранешниот соиграч на Салах од трофејните денови во Ливерпул и фудбалер кој може сериозно да му помогне на овој тим во текот на сезоната.

Фабињо е слободен агент откако му заврши договорот со Ал Итихад и може да го потпише договорот со новиот клуб уште наредниве денови.

Салах и Бразилецот играа заедно дури пет сезони, пред Фабињо да се пресели во Ал Итихад во 2023 година.

Трабзонспор денеска игра натпревар и тоа против Башакшехир, а во првото коло и на дебито на Салах, ремизираше на гостувањето кај Касимпаша.


Фудбалерите до 15 години поуспешни од Естонија

Во вториот натпревар на развојниот турнир на УЕФА за играчи до 15 години што се одржува во Струмица и Турново, репрезентацијата на Македонија ја совлада Естонија со 1:0.

Избраниците на селекторот Горан Георгиевски одиграа одличен натпревар во кој за жал постигнаа само еден погодок иако во текот на деведесете минути имаа неколку одлични можности, а на два пати и ја погодија пречката на противничкиот гол.

Натпреварот беше решен во финишот од првото полувреме кога во 40. минута Леис Факиќ успеа да го совлада гостинскиот голман.

Во последниот дуел на турнирот Македонија в среда за противник ја има репрезентацијата на Украина.


Сити го сруши британскиот рекорд за тинејџери: Ајуб Буади е новото мега-засилување на Мареска

Ајуб Буади и Манчестер Сити

Манчестер Сити постигна целосен договор за трансферот на 18-годишниот играч за врска Ајуб Буади од редовите на Лил. Целокупниот пакет тежи 95 милиони евра загарантирана сума, со дополнителни 5 милиони евра низ лесно остварливи бонуси.

Мароканскиот репрезентативец беше изоставен од составот на францускиот клуб овој викенд и веќе патува кон Англија. По комплетирањето на задолжителните медицински прегледи, Буади ќе стави потпис на шестгодишен договор со „граѓаните“, кој ќе го врзе за „Етихад“ до јуни 2031 година.

Во овој преоден рок Сити постави нов стандард во Англискиот фудбал. Буади официјално станува најскапиот тинејџер во историјата на Премиер лигата. Оваа сума го соборува претходниот рекорд на Лени Јоро, кој во 2024 година исто така од Лил премина во редовите на Манчестер Јунајтед за 70 милиони евра.

Буади, кој дебитираше како најмлад фудбалер во историјата на Лил со само 16 години, дополнително ја крена својата цена летово, каде што како стартер го предводеше Мароко до историското четвртфинале на Светското првенство.

Доаѓањето на младиот Мароканец е дел од темелната реконструкција на средниот ред по заминувањето на Родри во Барселона. Заедно со претходно ангажираниот Елиот Андерсон (платен 116 милиони евра), клубот инвестираше преку 200 милиони евра во засилувања во централната линија во еден трансфер-прозорец.

Буади, кој еднакво добро се сналаоѓа и како дефанзивен креатор и како агресивен „бокс-ту-бокс“ играч, на тимот ќе му донесе дополнителна динамика.