ZAGREB, CROATIA – SEPTEMBER 08: Luka Modric of Croatia applauds the fans after the team’s victory in the FIFA World Cup 2026 qualifier match between Croatia and Montenegro at Stadion Maksimir on September 08, 2025 in Zagreb, Croatia. (Photo by Jurij Kodrun/Getty Images)
Лука Модриќ сѐ уште не донел конечна одлука за својата иднина, иако првично планираше кариерата да ја заокружи по настапот на Светското првенство.
Додека се опоравува од повредата заработена на дуелот со Јувентус, се појавуваат нови шпекулации околу неговиот следен чекор. Динамо Загреб сака да го врати во своите редови и да му понуди емотивно збогување таму каде што ја започна кариерата.
Сепак, искусниот играч за врска во моментов разгледува само две опции, да остане уште една сезона во Милан или да стави крај по мундијалот.
За да продолжи во Милано, Модриќ има јасни услови, Масимо Алегри да остане тренер и тимот да обезбеди место во Лигата на шампионите.
Татсоба ги одби сите понуди и остана во Леверкузен
Едмонд Тапсоба ја продолжи соработката со Баер Леверкузен, откако стави потпис на нов договор до 30 јуни 2031 година.
Дефанзивецот од Буркина Фасо е дел од тимот од 2020 година и зад себе има 266 настапи и 13 голови во дресот на германскиот клуб.
Ова е важен момент за Баер. Со новиот договор клубот успеа да одбие интерес од гиганти како Реал Мадрид, ПСЖ, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Леверкузен во моментов се наоѓа на шестото место во Бундеслигата со 55 бода.
Емери отворено го критикуваше ВАР-системот по англиското полуфинале во ЛЕ
Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, го нападна видео помошникот на судијата (ВАР) по поразот на неговиот тим од Нотингем Форест во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа со 1-0.
Шпанскиот стручњак беше бесен што играчот од средниот ред на Форест, Елиот Андерсон, не добил црвен картон за опасен старт врз Оли Воткинс.
Андерсон прво остана неказнет за лизгачкиот старт со кој ја освои топката, а потоа го удри глуждот на Воткинс со високо крената нога. Судијата Жоао Пињеиро не реагираше, а следеше само многу кратка проверка на ВАР, по што играта продолжи.
Иако Форест на крајот славеше со голот на Крис Вуд од пенал, кој беше досуден веднаш по интервенцијата на ВАР, Емери ја прифати таа одлука, но затоа го изрази своето незадоволство за стартот врз Воткинс.
„Судијата беше фантастичен, фантастичен“, изјави Емери за Ти-Ен-Ти Спортс. „Но, ВАР-от е толку, толку лош. Тоа е чист црвен картон – не разбирам зошто ВАР не го повика судијата затоа што е толку очигледно. Тоа е многу, многу важно. Тоа е огромна, огромна грешка. ВАР-от е одговорен.“
И покрај критиките за технологијата, тој го пофали главниот судија. „Судијата – фантастична работа, 10 од 10. Го ценам начинот на кој ја водеше играта 90 минути“, додаде тој, а потоа повторно го нападна ВАР-от: „Но, ја погледнав снимката – неверојатно.
Огромна грешка. Можеше да си му скрши глуждот. Човече, ВАр каде си? Ве молам. Тоа е ваша одговорност, ние сме професионалци. Вие работите многу лошо затоа што беше очигледно за сите. Јас секогаш ги почитувам судиите, но ВАР-от, не го разбирам. Не е фер.“
Македонија го претстави новиот дрес за Лигата на нации
Фудбалската федерација на Македонија со гордост го претставува новиот дрес на македонската репрезентација, изработен од ADIDAS во рамките на програмата UEFA Kit Assistance Scheme.
Новиот дизајн е специјално персонализиран за нашиот национален тим, во тесна соработка помеѓу ФФМ и ADIDAS. Дресовите на македонската репрезентација комбинираат современ изглед и врвни материјали, обезбедувајќи максимална удобност и функционалност на теренот. Со новиот изглед, нашите национални тимови ќе настапуваат на следните натпревари, носејќи симболика што ја претставува гордоста и единството на нашата земја.
Десет европски национални селекции ќе настапуваат во ново дизајнирани дресови креирани од ADIDAS, новиот снабдувач во рамките на програмата UEFA Kit Assistance Scheme. Основана во 2007 година, оваа програма обезбедува натпреварувачка и тренинг-опрема за националните асоцијации, овозможувајќи им на репрезентациите да настапуваат во висококвалитетни, уникатни дресови што ја одразуваат нивната фудбалска култура и историја.
Симоне Инзаги: Ако ја освоевме ЛШ ќе останев во Интер
Тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги, во големо интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за времето поминато во Интер, причината за неговото заминување, како и за споменувањето на трофејниот клуб во контекст на скандалот со судиите во Италија.
За почеток, тој коментираше за можната вмешаност на „нероаѕурите“ во скандалот околу судијата Џанлука Роки, кого противниците на Интер го сметаат за близок до неговиот поранешен клуб.
„Тоа ме шокира. Интер изгуби многу бодови поради судиски грешки, и во Серија А и во Суперкупот. Изненаден сум што сме споменати во таа приказна, со оглед на тоа што сме оштетени, а не фаворизирани“, рече Инзаги.
Во продолжението на интервјуто за „Газета“, тој откри зошто ја напушти клупата на Интер на крајот од минатата сезона, во која клубот беше во игра за сите три трофеи, но не освои ниту еден.
„Да ја освоевме Лигата на шампионите, ќе останев. Јас го иницирав состанокот по финалето и побарав промена, бидејќи циклусот заврши. Тие сакаа да останам. Освоив за четири години и сум задоволен од резултатите. Двапати стигнавме до финалето на Лигата на шампионите и не би променил ништо. Имавме сон да ја освоиме тројната круна. На крајот ја плативме цената играјќи 23 натпревари повеќе од Наполи, кој го освои Скудетото“.
Сепак, и покрај поразот во финалето на елитното европско натпреварување, тој ги истакнува натпреварите против Баерн и Барселона (четвртфиналето и полуфиналето од минатата сезона) како победи достојни за трофејот.
„Тие ноќи и победите над Баерн и Барселона ќе се паметат повеќе од трофеите – незаборавни победи“.
Игор Ангеловски нов селектор на Таџикистан
Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски ја презеде репрезентацијата на Таџикистан. Тој, во четвртокот, официјално беше промовиран во селектор на 103-та репрезентација на ФИФА листата.
Во објавата на социјалните мрежи, на Фудбалскиот сојуз на Таџикистан, се потенцира дека Ангеловски ја однесе Македонија на Европското првенство во 2020 година. Исто така се наведува дека тој ќе го подготвува националниот тим за настап на првенството на Азија, во Саудиска Арабија наредната година.
Ангеловски во кариерата бил тренер во Работнички, Каспиј, Горица и Етникос.
ФФМ го казни Тиквеш заради манипулација со младинската екипа
Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука во врска со натпреварот помеѓу ФК Скопје и ГФК Тиквеш 1930, одигран во рамки на 23. коло од Младинската Суперлига.
Поради неправилен настап, односно настап со лажни податоци и користење лажни легитимации од страна на дел од играчите на ГФК Тиквеш 1930, клубот се казнува со парична казна во износ од 1.000 евра и одземање на три (-3) бода на младинската екипа.
Воедно, претставникот на ГФК Тиквеш 1930 на натпреварот, Трајче Димитриев, се казнува со забрана за извршување на функција во траење од 18 месеци.
Ешли Јанг најави заминување во пензија
Ветеранот, Ешли Јанг, пред во јули да наполни 41 година ќе стави крај на 23 години долгата професионална кариера. Кариерата ќе ја заврши во Ипсвич.
Јанг има импресивна кариера. Помеѓу 2003 и 2020 година, тој беше важен дел од тимовите на Вотфорд, Астон Вила и Манчестер Јунајтед, со кои ја освои Премиер лигата во 2013 година, ФА Купот во 2016 година и Лигата на Европа во 2017 година.
Потоа следеше италијанска авантура во Интер следната сезона, 2020/21, каде што го освои Скудетото, а потоа враќање во родната земја каде што играше уште две сезони за Астон Вила и Евертон.
Јанг играше за репрезентацијата на Англија од 2007 до 2018 година во 39 наврати и постигна седум гола. Тој играше на Европското првенство во 2012 година во Украина и Полска и на Светското првенство во 2018 година во Русија, а освои бронзен медал на Европското младинско првенство во 2007 година во Холандија.
Јанг во својата последна сезона ќе се обиде да се врати со Ипсвич во Премиер лигата. Ипсвич е во позиција сам да ја крои својата судбина и ќе се врати во Премиер лигата ако го победат Квинс Парк Ренџерс како домаќини во сабота во 13:30 часот.
Клоп одби да го преземе Реал Мадрид
Последните информации од Шпанија велат дека Јирген Клоп нема намера да прифати да биде тренер на Реал Мадрид.
Наводно, Германецот не планира да се врати на тренерската работа, тој не е заинтересиран за понуда од Реал Мадрид.
Јирген Клоп беше посочен како фаворит меѓу фудбалерите на кралскиот клуб и дел од раководството на клубот, но тој нема намера да прифати тренерски ангажман.
Останатите тренери кои се поврзуваат со Реал Мадрид се Жозе Мурињо, Дидие Дешам, Маурисио Покетино…
Кристал Палас и Рајо со предност пред реваншите од полуфиналето на КЛ
Кристал Палас со 3-1 победи на гостувањето кај Шахтар, Рајо Ваљекано со 1-0 го совлада Стразбур во првите полуфинални натпревари во Конеренциската лига.
На мечот кој се играше во Полска, Кристал Палас победи со два гола разлика и заврши голем дел од работата за пласман во финалето.
Англискиот тим поведе со гол на Сар по неколку секунди игра на мечот, тоа беше и резултатот по првиот дел.
Во втората минута од второто полувреме Очеретко израмни на 1-1.
Течеше 58. минута кога Камада го врати водството на Кристал Палас, а во 84. минута Ларсен ги постави конечните 3-1.
Рајо Ваљекано со гол на Алемао во 54. минута дојде до победа од 1-0 над Стразбур.