Ираола има понуди од сите страни: Премиерлигашите и Ајакс го сакаат на својата клупа
Шпанскиот тренер Андони Ираола ќе го напушти Борнмут по истекот на договорот на крајот од сезоната, а сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.
Неговата желба и амбиција е да остане во Премиерлигата, моментално „флертува“ со Челси, но не е единствената опција за „сините“. Тоа сака да го искористи Ајакс! Новиот спортски директор сака да го врати Ајакс на големата европска сцена, да ја врати титулата во Амстердам и верува дека Ираола е вистинскиот човек за тоа.
Ираола ја градел кариерата во Рајо Ваљекано, а одличната работа во Шпанија го препорача на Борнмут, каде постигна историски успеси.
Што се однесува до Ајакс, сите знаат дека станува збор за европски гигант, четирикратен шампион на Европа (1971, 1972, 1973 и 1995 година), но сепак, големо прашање е дали Ередивизија го привлекува Ираола во моментов.
Нојер и следната сезона ќе брани за Баерн
Капитенот на минхенски Баерн, Мануел Нојер, е заинтересиран да го продолжи договорот со клубот до лето 2027 година, објави весникот „Билд“. Според истиот извор, менаџерот на Нојер, Томас Крот, го посетил седиштето на Баерн во четвртокот за да почне преговори за иднината на голманот.
Нојер, наводно, побарал да го задржи своето место во стартниот состав, но е согласен да остане на клупата за резерви на некои натпревари за да му даде шанса на неговиот наследник Јонас Урбиг.
Четириесетгодишниот Нојер е дел од Баерн од 2011 година. Со гигантот од Минхен освои 13 германски титули, а два пати триумфираше во Лигата на шампиони. е
Следниот Куп на Африка ќе се одржи во лето
Illustration African Cup of Nations trophy during the 2019 Africa Cup of Nations final soccer match between Senegal and Algeria at the Cairo International Stadium on 19th July 2019’hoto : Ulrik Pedersen / Icon Sport
Следното издание на Африканскиот куп на нации ќе се одржи од 19 јуни до 17 јули 2027 година, објави денес Африканската фудбалска конфедерација (CAF).
Како што објави АФЦ, турнирот во Кенија, Танзанија и Уганда ќе се игра во текот на летото, наместо во јануари и февруари како што е вообичаено со децении.
Следното Африканско првенство за првпат ќе го организираат три земји заедно, а како што е објавено денес, ждрепката за квалификациите за следниот АФКОН ќе се одржи на 19 мај.
Арсенал го надигра Фулам и зачекори кон титулата
Фудбалерите на Арсенал го победија Фулам со 3-0 во 35-то коло од Премиер лигата и со тоа направија чекор напред кон освојување на титулата.
Пресметката на „Емирејтс“ ја обележа Виктор Ѓокереш со два гола и асистенција за Букајо Сака. Арсенал, од февруари и дуелот со Тотенхем не постигнал три или повеќе голови на еден натпревар.
Предноста од три гола по првиот дел, му овозможи на Микел Артета да го извади Сака од тимот,а во 64-та минута на клупата се преселија Ѓокереш и Рајс.
Следен предизвик за Арсенал е Атлетико Мадрид, во полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите. Натпреварот се игра во вторник, во Лондон.
„Златен“ гол на Ивановски, голем бод за Пелистер против Работнички
Дуелот на Работнички и Пелистер имаше големо значење во борбата за опстанок и двете екипи влегоа мотивирани да постигнат гол и да му дадат свој посакуван тек на натпреварот. За чудо, и на двете им успеа речиси „од прва“ па така по само 9 минути игра, резултатот беше 1-1 и мечот како да започна од почеток.
За тоа да се случи, прво дојде до водството на Работнички во четвртата минута, кога продорот по левата страна донесе идеално проигрување на втората статива и Сухељ Муарем постигна гол без мака. Во слична ситуација, по акција од лево, Кире Ристевски ја прими топката во противничкиот шеснаесетник, а по „лесната прошетка“ го проигра Булатовиќ кој биеше прецизно.
Новиот старт одеше помалку фуриозно од претходно, па дури во 26 минута страстите повторно се разгореа кога беше досуден пенал за Работнички, а негов реализатор беше Демири. Пелистер повторно посака да се реваншира, но до крај на првиот дел ја бележиме само шансата во 34 минута кога Керим нафрли од лево, а Ондоа иако беше највисок во скокот ја испушти топката, но немаше кој да казни и Мерџани расчисти.
Второто полувреме донесе почетна доминација на Работнички, па во 51 минута Мухарем имаше нова шанса од речиси идентична позиција по која падна и првиот гол, но овој пат беше непрецизен, додека две минути подоцна Манојлов од левата страна биеше непрецизно.
Пелистер создаваше притисок и успеа да освои неколку корнери, но во 55 минута откако Булатовиќ доби една одбиена топка, биеше во ѕидот од домашни фудбалери, но од тоа произлезе контра напад, кој Работнички го реализираше, а овој пат стрелец беше Дитмир Хоџа.
Тука домашните застанаа, иако до крајот имаше повеќе од пола час игра. Се редеа шанси за Пелистер, во 57 минута капитенот Мирко Ивановски го проигра Булатовиќ, но овој биеше над пречката. Во 65 минута по контрата на Србијанац, одбиената топка дојде до Спироски, но биеше млако во голманот Ондоа. Само две минути подоцна Керим се ослободи со дриблинг по десната страна, но потоа биеше неодредено.
Домашните демонстрираа цврста одбрана и се обидуваа исклучиво со контра напади да дојдат на противничката половина, но де факто на тој начин упатија само уште еден шут преку Муаремво 71 минута. Во финишот, притисокот на Пелистер конечно вроди плод, откако Керим смирено го проигра нововлезенот Петковски меѓу неколку фудбалери, а овој ефектно со волеј го матираше голманот. Во 86 минута битолчани бараа пенал за прекршок над Петровиќ, но од ВАР судиите тоа беше отфрлено. Уследи акција по која Керим и Петковски повторно му дадоа шанса на Ондоа да се истакне, за во 92 минута конечно Мирко Ивановски да успее со реакција „од прва“ да ја искористи асистенцијата на Спироски и со помош на стативата да го совлада Ондоа.
Битолчани имаа шанса и за комплетен пресврт во 95 минута, но по проигрувањето од Србијанац, Петровиќ успеа да го принуди Ондоа на уште едно исфрлање во корнер,
Со овој бод, Пелистер се изедначи со Брера (двете екипи имаат по 33 бода) и сега го презема осмото место на табелата со ист број бодови, но подобра гол разлика. Работнички со 29 бода е претпоследен, зад Македонија ЃП која вчера славеше над Шкупи и со 30 бода е на 10 место.
Идното коло носи два нови меѓусебни дуели на екипите од борбата за опстанок, Пелистер – Шкупи и Брера – Работнички.
Клучни три бода за Вардар против Башкими, титулата на дофат
Фудбалерите на Вардар изборија победа над Башкими од 2-0 и сега имаат отворен пат до титулата во Првата македонска лига.
Вчера Шкендија освои само бод на гостувањето кај Силекс во Кратово и избраниците на Седлоски беа свесни дека со славје над Башкими ќе направат огромен исчекор кон остварување на целта, враќање на пехарот во Скопје.
„Црвено-црните“ рутински го одработија овој меч што се одигра во Гостивар и тоа со два гола во првото полувреме. Закариќ го отвори резултатот, а македонскиот репрезентативец Николов зголеми на 2-0 пред да се замине на пауза.
Сега Вардар има шест бода повеќе од второпласираната Шкендија.
На вториот меч од истиот термин, Работнички и Пелистер имаа супер битка во која „романтичарите“ водеа со 1-0, 3-1, но и тоа не беше доволно да слават затоа што на крајот битолчани се изборија за реми од 3-3.
Ветеранот Хулк заминува од Атлетико Минеиро
Бразилски Атлетико Минеиро го објави заминувањето на капитенот и легендарен бразилски напаѓач Хулк. Договорот со 39-годишниот Бразилец беше раскинат со заедничка согласност на страните.
„Носам со себе многу повеќе од титули. Носам со себе врска што ми го промени животот. Навивачите на Атлетико Минеиро ме натераа да се чувствувам како дома уште од првиот ден и засекогаш ќе му бидам благодарен на овој клуб што го засакав. Се надевам дека ќе ве видам сите на стадионот за да можеме да се збогуваме: со емоции, благодарност и голема забава“, рече Хулк.
Претходно имаше информации дека Хулк би можел да ја продолжи кариерата во Флуминенсе, со кого веќе се договорил за договор.
Инфантино најави уште еден мандат како прв човек на ФИФА
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди на конгресот во Ванкувер дека ќе се кандидира за нов мандат во 2027 година.
Во своето обраќање пред делегатите на конгресот, Инфантино ги истакна достигнувањата на ФИФА под негово водство во изминатата деценија.
Инфантино рече дека сегашните приходи за периодот 2022-2026 година ќе изнесуваат речиси 12 милијарди евра, а во споредба со времето кога тој го почна своето претседателствување со ФИФА, средствата за развој за периодот 2027-2030 година, исто така, се зголемиле за осум пати и сега изнесуваат 2,3 милијарди евра.
Поголемиот дел од сегашните приходи ќе дојдат од Светското првенство оваа година во САД, Мексико и Канада. Токму поради Светското првенство, ФИФА беше цел на критики поради високите цени на билетите.
„Слушнавте многу за билетите за Светското првенство. Имавме 500 милиони барања за нив. Имавме 50 милиони во последните две. Секако дека се скапи билети, но се и достапни“, рече Инфантино.
Неговата кандидатура претходно беше поддржана од Јужна Америка, Африка и Азија.
Селта ќе му изгради статуа на Јаго Аспас
Легендарниот фудбалер на Селта, 38-годишниот Јаго Аспас, ќе добие статуа пред стадионот на шпанскиот прволигаш, вети градоначалникот на Виго, Абел Кабалеро.
„Потребниот буџет е обезбеден, а нашиот следен чекор е да се распише тендерот. Ова е најмалку што Јаго Аспас заслужува“, рече градоначалникот Кабалеро, додавајќи дека намерата е статуата да биде поставена помеѓу двете трибини, „Маркадор“ и „Трибуна“. Аспас ја почна својата професионална кариера во Селта во 2006 година и отсуствуваше од клубот само помеѓу 2013 и 2015 година, кога беше член на Ливерпул и Севиља. Се врати во Виго во 2015 година и сè уште го носи светло синиот дрес на Селта.
Аспас е најдобриот стрелец во историјата на Селта за која одигра повеќе од 500 официјални натпревари и постигна 221 гол. Шпанскиот дрес го носеше од 2016 до 2023 година, одигрувајќи дваесет натпревари на кои постигна шест голови.
Нови проблеми за Арбелоа, Карвахал пак е повреден
Реал Мадрид на својата официјална веб-страница објави дека 34-годишниот дефанзивец и капитен на тимот, Даниел Карвахал, повторно е повреден.
„По тестовите спроведени од медицинскиот тим на Реал Мадрид, на нашиот играч Даниел Карвахал му е дијагностицирана фрактура на петтиот прст на десната нога. Чекаме понатамошен развој на настаните“, се вели во соопштението.
Од крајот на октомври до јануари, Карвахал пропушти 12 натпревари поради повреда на коленото. Оваа сезона, Карвахал настапи на 20 натпревари во сите натпреварувања, без да постигне гол.