фудбал

Реал Мадрид со голем улов: Ајмар Гарсија е идниот столб на „кралската“ одбрана

Играчот на Атлетико Мадрид, Ајмар Гарсија и логото на Реал Мадрид

Во потег што предизвика сериозни бранувања во шпанскиот фудбал, Реал Мадрид е на чекор до потписот на Ајмар Гарсија, еден од најталентираните дефанзивци на академијата на Атлетико Мадрид. Овој 18-годишен стопер, висок импозантни 192 сантиметри, важи за еден од најперспективните столбови на одбраната во системот на „Јорганџиите“. Трансферот има дополнителна тежина поради историското ривалство и премолчениот „пакт за ненапаѓање“ меѓу двата клуба, кој во последните години станува сè поневажен пред желбата за ангажман на врвни таленти.

Договорот се одвива со голема брзина. Според информациите на шпанските новинари, веќе е постигнат вербален договор меѓу претставниците на играчот и раководството на „Кралевите“. Договорот на Гарсија со Атлетико истекува во јуни, што му овозможува на Реал да го осигура неговиот потпис без обесштетување. Со овој потег, Реал Мадрид успеа да ја победи конкуренцијата од неколку европски гиганти кои будно ја следеа ситуацијата со неговиот договор, обезбедувајќи го младиот дефанзивец како слободен агент за следната сезона.

Идниот столб на „Ла Фабрика“ Гарсија е прототип на модерен централен бек: доминантен во воздухот, но исклучително присебен и технички поткован со топката во нозете. Се очекува по неговото пристигнување во јули, веднаш да биде приклучен кон „Ц“ тимот или Кастиља, каде ќе го продолжи својот развој. За Атлетико, губењето на ваков домашен талент во корист на најголемиот ривал е „горчливо“, додека за Реал ова е стратешка победа во долгорочното градење на тимот.


Волтемаде заминува, Штутгарт и Баерн го сакаат напаѓачот на Њукасл

NEWCASTLE UPON TYNE, ENGLAND – SEPTEMBER 13: Nick Woltemade of Newcastle United celebrates scoring his team’s first goal during the Premier League match between Newcastle United and Wolverhampton Wanderers at St James’ Park on September 13, 2025 in Newcastle upon Tyne, England. (Photo by Matt McNulty/Getty Images)

Медиумите од Германија пренесуваат дека Ник Волтемаде не е среќен во Њукасл и сака да се врати во Бундеслигата, како опции му се Штутгарт и Баерн Минхен. Во последните денови од летниот преоден рок, Њукасл го собори сопствениот рекордот и инвестираше околу 69 милиони фунти (околу 80 милиони евра) во ангажман на Ник Волтемаде од Штутгарт.

Напаѓачот одлично ја започна авантурата на „Сент Џејмс Парк“, постигна два гола на три натпревари во Премиерлигата, уште еден во Лигата на шампиони, па изгледаше како одлично засилување.

Но набрзо формата на Германецот почна да оди во надолна линија, па во последно време се појавија многу гласни за негово заминување.

Како што пренесува Билд, Ник Волтемаде не успеал да се прилагоди на животот во Англија, не е среќен во Њукасл и размислува за враќање во Германија.

На ум има две опции, односно повторно да го облече дресот на Штутгарт, или уште подобро за него, да направи трансфер во Баерн Минхен.


Јунајтед го плати цело богатство, а во јуни заминува бесплатно

Како што пренесува весникот Сан, Манчестер јунајтед нема да ја искористи опцијата да го продолжи договорот на Џејдон Санчо за дополнителни 12 месеци, па Англичанецот летоска беспари ќе го напушти Олд Трафорд.

Минатиот месец, „ѓаволите“ соопштија дека Касемиро заминува по крајот на сезоната како слободен играч.

Манчестер јунајтед нема да ја искористи опцијата да го продолжи договорот на Бразилецот за 12 месеци, па инвестицијата од 70 милиони евра ќе си оди бесплатно.

На многумина ова им делува малку чудно, но клубот од Олд Трафорд си има своја математика, а како што пишува весникот Сан, ова ќе биде повторено и со Џејдон Санчо.

„Ѓаволите“ и за Англичанецот имаат опција да го продолжат договорот за 12 месеци, но нема да го сторат тоа и офанзивниот фудбалер ќе има одврзани раце да го напушти клубот.

За ангажман на Џејдон Санчо беа платени 85 милиони евра летото во 2021 година, но тој никогаш не се снајде во дресот на Манчестер јунајтед, шест месеци помина на позајмица во Борусија Дортмунд, потоа 12 месеци играше како позајмен во Челси, за оваа сезона да замине на нова позајмица во Астон Вила.


Баерн по ниту една цена не го продава Олисе

Баерн Минхен стави вето на евентуалниот трансфер, на Мајкл Олисе. Наводно, интерс за Олисе покажал Ливерпул. „Црвените“ веќе сега бараат замена за Мохамед Салах.

„Teamtalk“, пишува дека Французинот е микс од креативност, тактичка интелигенција и е навистина готов производ. Го означиле како идеална замена за Салах, кој и покрај тоа шт има договор до 2027 година, се очекува во летниот преоден рок да го напушти „Енфилд“.

Олисе не брза да се врати во Премиер лигата. Тој играше до 2024 година во Кристал Палас, а во Баерн стана еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Даде 21 гол и 39 асистенции во Баерн.

Челниците на најтрофејниот германски клуб подготвиле нов договор за францускиот репрезентативец. Доколку ги прифати условите, Олисе ќе потпише со Баерн до јуни 2029 година.

Foto/ depositphotos


Арсенал во пол-позиција: Се подготвува теренот за „моторот“ на Баерн

Играчот на Баерн Минхен, Леон Горецка, и логото на Арсенал

Ривалството меѓу Арсенал и Тотенхем се сели на трансфер пазарот, каде двата клуба се во директна битка за потписот на искусниот германски репрезентативец, Леон Горецка. Според последните информации, „Топчиите“ во моментов имаат значителна предност пред својот најголем ривал. Стабилноста на проектот на Микел Артета и речиси сигурниот настап во Лигата на шампионите се клучните фактори кои ja наклонуваат вагата кон Емиратите. Со оглед на тоа што договорот на Горецка со Баерн Минхен истекува во јуни, неговиот статус на слободен агент предизвика вистинска треска низ Европа.

Интересот на Артета не е само прашање на добра пазарна прилика, туку стратешки потег за зајакнување на физичката доминантност во средниот ред. Стручниот штаб на Арсенал во 31-годишниот Германец гледа играч со идентичен профил како Деклан Рајс: моќен box-to-box играч кој подеднакво добро ги извршува и дефанзивните и офанзивните задачи. Повредите во минатите сезони, кои чинеа скапо, покажаа дека на тимот му е потребна поголема ротација на позициите, а Горецка, со својата супериорност во воздушните дуели и способноста да постигнува голови од втор план, совршено се вклопува во тој концепт.

По осум трофејни години во Баерн, во кои освои шест титули во Бундеслигата и пехарот во Лигата на шампионите, Горецка е подготвен за нов предизвик. Иако во јануари одби понуда од Атлетико Мадрид за да ја заврши сезоната во Баварија , неговата желба за преселба е јасна. За Арсенал, ангажманот на играч со преку 60 настапи за Германија би значел и внесување на неопходното искуство и победнички менталитет во соблекувалната. Додека летото се приближува, на Емиратите расте оптимизмот за овој трансфер.


Од дете пред екранот до лидер на теренот: Како ерата на Фергусон го обликуваше Лисандро Мартинез

Играчот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез

Во ера каде верноста кон клубовите често се доведува во прашање, а амблемот на градите се доживува како обичен симбол, Лисандро Мартинез се појавува како фигура која не потсетува на романтичните времиња на фудбалот. Аргентинскиот дефанзивец, кој навивачите на Олд Трафорд со гордост го нарекоа „Касапот“, никогаш не ги криел своите емоции, но неговите последни зборови откриваат врска со Манчестер Јунајтед која датира многу пред неговото пристигнување во 2022 година.

За многумина, Манчестер Јунајтед е само глобален бренд, но за Мартинез, овој клуб бил неговиот фудбалски учебник. Неговата опсесија со „Црвените ѓаволи“ започнала уште во детството, долго пред да го облече светиот дрес.

„За мене, Манчестер Јунајтед е навистина посебен“, истакнува Мартинез, нагласувајќи ја длабоката почит кон институцијата. Тој признава дека бил посветен гледач на клубот во неговиот најдоминантен период, тврдејќи дека ги има изгледано сите натпревари од ерата на Сер Алекс Фергусон. Ова не било само обично гледање фудбал, туку лекција за „Јунајтед начинот“: голови во последните секунди, немилосрден притисок и победнички менталитет кој ја дефинираше 26-годишната потрага по трофеи на славниот Шкотланѓанец.

Мартинез не се задоволува само со улогата на првотимец или миленик на публиката: тој игра за вечност. Иако клубот поминува низ турбулентен транзициски период, светскиот шампион е фокусиран на враќање на славните денови кои некогаш ги следел на телевизиските екрани.

„За мене, фудбалот е и тоа… да го запишеш своето име во историските книги“, објаснува тој. Со видлив глад за успех, Мартинез додава: „Се надевам дека наскоро ќе го достигнеме тоа ниво, бидејќи сакам да постигнам ГОЛЕМИ нешта овде“. Неговата цел е кристално јасна: не сака само да биде дел од тимот, туку сака да биде запаметен рамо до рамо со легендите кои ја обележија историјата на клубот.

За да се разбере неговата жестокост на теренот, мора да се разбере неговата хиерархија на вредности. Мартинез игра со интензитет кој често го остава со лузни, особина која ја припишува на неговата целосна посветеност на спортот.

Во момент на искреност, тој јасно ги постави своите приоритети: „По моето семејство, фудбалот ми е сè“. Ваквиот фокус го објаснува неговото експресно прилагодување во Премиер лигата и статусот на емотивен лидер во соблекувалната.


Лапорта во офанзива: „Неспортски интереси посакуваат пад на Барса“

Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта

Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, упати директна и остра порака до критичарите, која звучи повеќе како повик за обединување отколку како обичен извештај за медиумите. Во период кога тимот се соочува со резултатски турбуленции, Лапорта застана во одбрана на својот стратег, но и сугерираше дека постои поширок заговор за да се спречи враќањето на каталонскиот гигант на врвот.

Реториката на Лапорта доби остар тон кога посочи дека отпорот со кој се соочува Барселона не е само од спортска природа: „Постојат луѓе кои не сакаат да победиме,“ изјави тој, потенцирајќи дека пречките често се „неспортски“. Иако не именуваше конкретни центри на моќ, алузијата е јасна: сенката на случајот „Негреира“ и постојаните финансиски судири со раководството на Ла Лига создадоа амбиент во кој клубот се чувствува како мета. Со ваквиот настап, Лапорта очигледно се обидува да создаде „заеднички фронт“ меѓу навивачите против надворешните притисоци.

И покрај повремените кризи кои го тестираат трпението на „кулесите“, Лапорта останува непоколеблив во поддршката за Ханси Флик. Тој ги отфрли сегашните потешкотии како природна фаза низ која минува секој голем клуб. Како темел за својот оптимизам, претседателот ја истакна силната синергија меѓу стручниот штаб и спортскиот директор Деко: „Ги познавам Флик и Деко, ја чувствувам атмосферата во соблекувалната,“ инсистираше тој, давајќи смело ветување: Барселона ќе ја освои Ла Лига. Неговата порака е јасна: неопходна е стабилност и враќање на самодовербата кај тимот.

Стратегијата за продолжението на сезоната се потпира на ментална цврстина. Лапорта ја опиша соблекувалната како изолирана единица која е отпорна на „неспортските агенди“ што ја опкружуваат. Карактеризирајќи ги играчите како „целосно фокусирани и подготвени за борба до крај“, тој го подготвува теренот за висок влог во вториот дел од првенството. Дали овој пркос ќе се круниса со трофеј, останува да видиме, но едно е сигурно: Лапорта нема намера да отстапи, а секој евентуален неуспех ќе го толкува не само како спортски пораз, туку како победа на оние кои му посакуваат лошо на клубот.


Срамни сцени во Лисабон: Руи Кошта се тепал со функционер на Реал Мадрид

Претседателот на Бенфика, Руи Кошта

Наместо за тактичките надмудрувања на теренот, фудбалска Европа утрово бруи за скандалозните инциденти што се случија на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид. Напнатоста која вообичаено завршува со последниот свиреж на судијата, овојпат прерасна во физичка пресметка меѓу највисоките структури на двата клуба.

Тензиите во елитниот фудбал ретко се прелеваат од теренот директно во ложите, но извештаите на шпанските медиуми потврдуваат дека атмосферата станала токсична веднаш по натпреварот. Претседателот на Бенфика, Руи Кошта: некогашниот „маестро“ познат по својата елеганција на теренот, се најде во центарот на жестока конфронтација. Спроти него не стоеја играчи или тренери, туку висок претставник од хиерархијата на Реал Мадрид. Она што започна како вербална расправија, за кратко време ескалираше во инцидент кој бараше итна интервенција од обезбедувањето.

Според сведоци и протечени информации од новинарски извори, ситуацијата излегла од контрола кога двете страни „размениле удари“. Глетката на клупски претседател вклучен во физичка пресметка е исклучително ретка во овој спорт. Иако точниот повод за конфликтот сè уште не е официјално потврден, инсајдерите сугерираат дека искрата се појавила поради одредени судиски одлуки или меѓусебно институционално непочитување. Членот на управата на Реал Мадрид, за кого е потврдено дека не е дел од стручниот штаб, мораше со сила да биде одвоен од португалската легенда за да се спречи поголем скандал.

По инцидентот, двата клуба се обидуваат да ја смират ситуацијата преку дипломатски канали. За Руи Кошта, кој успешно го трансформираше својот имиџ од врвен фудбалер во почитуван функционер, ова е сериозна дамка во неговата кариера. Од друга страна, Реал Мадрид исто така се соочува со непотребно нарушување на угледот. Со оглед на тоа што УЕФА има ниска толеранција за однесување кое му штети на угледот на фудбалот, се очекува отворање на официјална истрага која би можела да донесе ригорозни казни за вмешаните во оваа „битка во тунелот“.


Осимен се враќа во Италија, Јуве главен фаворит

Иднината на Душан Влаховиќ сè уште е неизвесна. Додека некои пишуваат дека е време за преселба во Шпанија или Англија, други ја оставаат можноста тој сепак да остане во Италија и дури да потпише нов договор со Јувентус.

Српскиот напаѓач е сè уште повреден и додека сè уште сè е во магла, остава простор за нагаѓања, првенствено околу тоа кој би можел да го замени во нападот на Јуве.

Виктор Осимен две години е член на Галатасарај, каде што првично пристигна како позајмен играч бидејќи Наполи не успеа да го продаде по цената што сами ја поставија, за минатото лето турскиот гигант да го откупи неговиот договор за 75.000.000 евра.

Сè уште е јасно дека станува збор за напаѓач кој мора да игра во најсилните европски лиги и време е да се врати во елитниот фудбал. Затоа, пред пролетта започнуваат приказните за неговата иднина и веќе се наметнуваат некои клубови преку медиумите.

„Можев да потпишам за Јувентус, сакаа да ме доведат, но претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис не сакаше да ме продаде таму. Сигурно, Јуве е врвен клуб и кога тие те повикуваат, ти слушаш“, изјави Осимен за Газета дело Спорт.


Челзи го враќа Николас Џексон од позајмица во Баерн

Напаѓачот Николас Џексон ќе се врати во Челси летово, со што ќе заврши неговиот престој под наем во Баерн (Минхен), објавува „Тајмс“.

24-годишниот сенегалски репрезентативец не одиграл доволно натпревари за баварците, за да биде активирана клаузулата за задолжителното негово откупување. До сега Џексон направи учество во 22 натпревари за Баерн во сите турнири од почетокот на сезоната и постигна 5 гола.

Минатото лето Баерн плати висока цена за наемот на Џексон, која изнесуваше 14.3 милиони фунти. Клаузулата му за откупување беше фиксирана во износ од уште 56.2 милиони фунти. За нејзино активирање, Џексон треба да одигра 40 натпревари, при што во секој од нив останува на теренот минимум 45 минути. Само во седум од 22-те натпревари на Џексон за Баерн до овој момент напаѓачот има играно 45 или повеќе минути.

Според „Тајмс“ од „Алијанц Арена“ не планираат да се обидат да договорат други услови со Челси, против кои Џексон би продолжил да игра во Баерн. Ова значи дека летово тој со сигурност ќе се врати на „Стамфорд Бриџ“.