фудбал

Витор Переира нов менаџер на Нотингем Форест

Нотингем Форест попладнево го именуваше Витор Переира за за нов тренер, португалскиот стратег доби договор до јуни 2027 година, но прашање е колку долго ќе издржи.

Популарните „шумари“ сезоната ја започнаа со Нуно Еспирито Санто на кормилото, но тој издржа само три месеци, поради недоразбирања со сопственикот Евангелос Маринакис, го напушти клубот.

На негово место дојде Анге Постекоглу, но откако не успеа да победи на осум натпревари и тој доби отказ.

Потоа Шон Дајч беше именуван за нов тренер на Нотингем Форест и се чинеше дека Англичанецот ќе ја донесе потребната стабилност. Тој донесе 7 победи на првите 12 натпревари, но следуваше резултатска криза, само две победи на последните 10 натпревари, па и тој „доби клоца“.

Попладнево Нотингем Форест соопшти дека Витор Переира е поставен за нов тренер, португалскиот стратег доби договор до јуни 2027 година, но прашање е колку ќе издржи.


Вардар доминантен во скопското дерби со Работнички

Вардар оствари убедлива победа против Работнички (0-3) на натпреварот што се одигра на стадионот на ФФМ.

Веќе во првиот напад Вардар веднаш го погоди дирекот преку Цветковиќ, а во осмата минута дојде и до водство.

Омерагиќ продре по левата страна, уфрли во петерецот, а Закариќ погоди за 0-1.

Во 17 минута, Вардар ја удвои предноста. На нафрлувањето од десната страна слабо реагираше Ондоа, дуелот го доби Азер Омерагиќ и ја затресе мрежата на Работнички.

Талаков ја имаше првата шанса за Работнички во 37 минута. Од десната страна шутираше од 12 метри барајќи го спротивниот агол, но Давор Талески одлично интервенираше.

Во 48 минута, прекрасен гол на Стефан Цветковиќ, за 0-3. Се одлучи на удар од работ на шеснаесетникот од левата страна и погоди во спротивниот горен агол.

Во 70 минута, Дашмир Елези беше во шанса да постигне почесен гол за Работнички, но Давор Талески добро интервенираше.

Заслужен триумф на вардарци и нови три бода.


Челниците на Јуве побараа оставки од судиската организација по дербито со Интер

The referee Federico La Penna (C) speaks with Juventusís Pierre Kalulu during the Italian serie A soccer match between Inter and Juventus at Giuseppe Meazza stadium in Milan, 14 February 2026. ANSA / MATTEO BAZZI

Интер го победи Јувентус со 3-2 во Милано во спектакуларното дерби на Италија. Натпреварот беше засенет од исклучувањето на Пјер Калулу и бурните реакции на гостите по натпреварот.

Интер и Јувентус приредија уште еден возбудлив судир, а победата ја извојува домашниот тим од Милано (3:2), со голот на Пјотр Зјелински во 90-та минута.

Клучниот момент се случи во 42-та минута кога судијата Федерико Ла Пења му покажа црвен картон (втор жолт), на Пјер Калулу по дуелот со Алесандро Бастони, кој падна по минимален контакт. Одлуката предизвика огромно незадоволство кај „бјанконерите“.

По завршувањето на натпреварот, се случи инцидент, генералниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли, се упати кон судијата, додека тренерот, Лучијано Спалети, дури и не се појави пред прес-конференцијата.

На негово место, на конференцијата присуствуваа Комоли и директорот на клубот Џорџо Кјелини, кои побараа оставка од претседателот на судиската комисија на Серија А, Џанлука Роки, оценувајќи го судењето како „неприфатливо и срамно“.


Дембеле упати силна критика за соиграчите по поразот од Рен

Ленс се искачи на врвот на француската лига откако Пари Сен Жермен доживеа пораз од Рен, на големо разочарување на Осман Дембеле. Францускиот напаѓач остро ја критикуваше играта на својот тим и порача дека играчите мора да го стават клубот пред личните интереси.

ПСЖ во петокот загуби од Рен со резултат 3:1, што значи дека Ланс со победа против Париз ФК во сабота може да се врати на првото место во Лига 1. Екипата на Луис Енрике не успеа да извојува победа и покрај создадените шанси вредни 3,62 очекувани голови (xG), што претставува втор највисок регистриран xG во натпревар без победа под водство на шпанскиот тренер.

За Парижаните ова е веќе шести пораз во 35 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, што претставува најголем број порази во истиот стадиум од сезона од 2020/21 наваму.

Дембеле, стрелецот на единствениот гол за ПСЖ, верува дека неговите соиграчи мора да покажат поголема борбеност ако сакаат да ги повторат успесите од претходната сезона. “Многу лошо влеговме во натпреварот,” изјави тој за Ligue 1+. “Рен одигра одлично, но мислам дека треба да покажеме повеќе желба.”

„Прво и најважно, треба да играме за ПСЖ за да победуваме. Ако играме како индивидуалци на теренот, тоа нема да функционира и нема да ги освоиме титулите што ги посакуваме. Минатата сезона го ставивме клубот пред сè друго, пред личните интереси.”

Треба повторно да го најдеме тој пристап, особено во вакви натпревари”, подвлече Дембеле и заклучи: “Знаеме дека сме во вториот дел од сезоната. Пари Сен Жермен мора да биде на прво место, а не индивидуалните играчи.” Со оваа победа Рен екипата на ПСЖ ја има поразено осум пати во Лига 1 од кога клубот е под катарско сопствеништво (QSI). Во 29 одиграни натпревари, никој друг тим не ги победил Парижаните толку често во овој период.


Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер

Раководството на Манчестер Јунајтед се подготвува да му понуди нов договор на Хари Мегваер, според информации од различни извори. Централниот дефанзивец минатата година ја активираше дополнителната година од својот договор, кој го врзува до крајот на 2024 година.

Неговите перформанси забележително се подобрија во последно време, откако стекна повеќе време на теренот. Оваа промена се случи и под водство на отпуштениот Рубен Аморим и по пристигнувањето на Мајкл Карик, за кого одигра пет последователни натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст

Со своите 32 години, Мегваер значително го подигна нивото на игра, што ги мотивираше челните лица на „Олд Трафорд“ да се потрудат да го задржат.

Манчестер Јунајтед ќе му понуди на Мегваер нов договор со намалени финансиски услови според претходниот. Сега заработува 180,000 фунти неделно, а новата понуда ќе се движи помеѓу 100,000 и 120,000 фунти. Според локалните медиуми, играчот е мотивиран да остане на „Олд Трафорд“ и подготвен е да ја прифати понудата. Клубот веќе најави дека ќе се раздели со уште еден искусен играч – Каземиро, кој ќе го напушти тимот на крајот од сезоната.


Стерлинг потпиша за Тотенхем, но уште не може да тренира со новите соиграчи

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг го изненади фудбалскиот свет со одлуката кариерата да ја продолжи во Холандија, при што потпиша за Феенорд. Но, уште со првото појавување на тренинг доживеа голем удар.

Стерлинг своевремено беше еден од најдобрите крилни напаѓачи во Англија, играјќи одлично за Ливерпул, што му донесе трансфер во Манчестер Сити во 2015 година за над 60 милиони евра.

Со “Граѓаните” освои речиси сè што можеше и беше важен дел од тимот на Пеп Гвардиола, но летото 2022 година беше време за разделба.

Стерлинг одлучи за 57 милиони евра да премине во Челси, што се покажа како голем промашување, затоа што на “Стемфорд Бриџ” не успеа да се докаже.

По потпишувањето за “Сините”, кариерата на овој 31-годишен играч започна да опаѓа, а дури и заемот минатата сезона во Арсенал не донесе посакуваниот успех.

Во првиот дел од сезоната, Стерлинг беше потполно испаднат од плановите на Челси, поради што лондонскиот клуб одлучи да го раскине договорот со него, бидејќи беше еден од најплатените играчи.

Се очекуваше Стерлинг да остане во Премиер лигата, но понуди немаше. Сепак, никој не очекуваше дека ќе ја продолжи кариерата во Холандија, потпишувајќи за Феенорд.

Вчера, Стерлинг беше официјално претставен како ново засилување на Феенорд, потпишувајќи договор до крајот на сезоната, со надеж да ја оживее својата кариера во холандскиот гигант.


Тудор: Мојата цел е стабилизација на Тотенхем

Хрватскиот тренер Игор Тудор ја даде првата изјава по неговото назначување за главен тренер на Тотенхем.

Спарс денес го промовираа 47-годишниот тренер како нивни предводник до крајот на сезоната 2025/26.

Се очекува Тудор да го спаси Спарс од испаѓање.

  • Голема чест ми е да се приклучам на овој клуб во важен момент. Ја разбирам одговорноста што ми е доверена, а мојата цел е јасна: да постигнеме поголема стабилност во нашата игра и да се бориме со самодоверба во секој натпревар, изјави Тудор за клупскит сајт.

Хрватот, исто така, го истакна потенцијалот на тимот што го презема.

  • Во овој состав има квалитетни фудбалери, а мојата работа е да ги организирам, да им ја вратам енергијата и брзо да ги подобрам нивните резултати, додаде тој.

Последна работа на Тудор беше во Јувентус. Претходно тој беше тренер и на Лацио, Марсеј и Верона. Тудор го замени данскиот тренер Томас Франк во Тотенхем, кој беше отпуштен на 11 февруари по само неколку месеци по неговото поставување.

По 26 кола во Премиер лигата, Тотенхем е на 16. место со 29 бода.


Реал и Флорентино го „пикираа“ Вилијам Салиба

Според информациите што доаѓаат од Англија претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез има уште едно големо име на својата листа на желби.

Станува збор за дефанзивецот Вилијам Салиба.

Францускиот интернационалец веќе некое време се смета за еден од најважните играчи за лондонскиот клуб.

Неговите настапи не останаа незабележани на „Сантијаго Бернабеу“, а претседателот на клубот, Флорентино Перез, наводно лично го идентификувал Салиба како приоритет за летниот преоден рок.

Во Мадрид веруваат дека тој би можел да биде долгорочно решение во срцето на одбраната.


Реал со два пенали го „скрши“ Реал Сосиедад

Реал Мадрид најмалку два дена ќе биде на врвот на табелата откако вечерва со 4-1 го совлада Реал Сосиедад на „Бернабеу“.

Барселона денеска испрати официјален допис до Фудбалската федерација на Шпанија да се пожали од судиските одлуки и нефер третман.

И во истиот ден, Реал Мадрид доби два пенали, од кој едниот прилично контроверзен, Винисиус почна да паѓа пред да има контак.

Момците на Арбелоа одлично го отворија мечот против Реал Сосиедад, Гарсија погоди по само пет минути игра.

Сепак, гостите изедначија на 1-1 во 21. минута, Ојарзабал погоди од белата точка. Но веднаш следуваше пенал и на спротивната страна, Винисиус Жуниор ја реализираше најстрогата казна во 25. минута за 2-1.

По половина час игра, Валверде зголеми на 3-1 и веќе тука беше јасно дека трите бода ќе останат во Мадрид.

На стартот од вториот дел беше досуден нов пенал, а Винисиус повторно презеде одговорност и погоди за 4-1.

Со оваа победа, Реал се искачи на првото место, и најмалку два дена ќе биде лидер во Ла Лига.


Кристијано Роналдо се врати со гол во дресот на Ал-Наср

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, постигна гол на денешното гостување во 22. коло од Премиер лигата на Саудиска Арабија против Ал-Фатех.

Четириесет и едногодишниот Португалец го отвори резултатот во 18. минута со додавање од Садио Мане. Ова беше неговиот 962. гол во кариерата.

Роналдо играше за прв пат откако заврши неговиот штрајк поради незадоволство од политиката на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF) кон Ал-Наср.

Фудбалерот претходно ги бојкотираше натпреварите против Ал-Ријад (2 февруари) и Ал-Итихад (6 февруари) во Про лигата на Саудиска Арабија, а исто така го пропушти и првиот натпревар против Аркадаг во осминафиналето на Азиската Лига на шампиони на 11 февруари.