фудбал

Реал е клуб со најголема заработка во светот во 2025 година

Реал Мадрид е млубот што заработил најмногу во сезоната 2024/25, покажува извештајот од „Дилојт“.

Реал Мадрид, оствари профит од една милијарда и 200 милиони евра, иако минатата сезона не беше ниту шампион на Шпанија, ниту ја освои Лигата на шампионите.

Во првите 10 клуба што заработиле најмногу, има шест од Премиер лигата, 15 во првите 30.

Кога станува збор за Премиер лигата, Ливерпул е „број 1“ во сезоната 2024/25, во која ја освои титулата. Клубот заработил 836,1 милиони евра, односно 702 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед никогаш не бил на пониска позиција на 29 објавени листи на „Дилојт“. Јунајтед е на осмото место оваа година со заработка од 793,1 милиони евра. Манчестер Сити исто така падна на листата. Сити падна од второто на шестото место со заработка од 829 милиони евра.

За Реал, на второто место на листатасе наоѓа Барселона. Гигантот од Каталонија се враќа во првите три за прв пат од сезоната 2019/20. со заработка од 975 милиони евра.

Трет е Баерн Минхен со заработка од 861 милион евра, четврти е победникот на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен со 837 милиони евра.

Првите 20 клуба на листата ја зголемија својата заработка за 11 проценти, тие 20 клуба заработија вкупно 12 милијарди и 400 милиони евра.

Арсенал (седмо место, 821,7 милиони), Тотенхем (деветто место, 672,6 милиони) и Челзи (десетто место, исто како и минатата година, 584,1 милиони) се исто така во првите десет клуба по заработка.

Интер е на 11-то место (537,5 милиони), Борусија Дортмунд е на 12-то место со 531,3 милиони, а потоа следува Атлетико Мадрид со 454,5 милиони.

Топ 20 ги комплетираат Астон Вила, Милан, Јувентус, Њукасл, Штутгарт, Бенфика и Вест Хем.


Струга – Шкендија најзвучен пар во четвртфиналето на Купот

Точно напладне со жрепка беа одредени двојките за четвртфиналето во Купот на Македонија.

Бранителот на трофејот Вардар за противник го доби лидерот во Втората лига, Охрид Лихнидос.

Струга Трим Лум ќе се соочи со Шкендија Тетово, а Шкендија Арачиново се среќава со Работнички. За последното место меѓу четирите најдобри ќе се борат Детонит Плачковица и Силекс.Според календарот натпреварите се ќе се одиграат на 25 февруари. Познати се и можните дуели во полуфиналето во кое ќе се одиграат две средби.

Победникот од мечот меѓу првопласираните во Првата и Втората лига, Вардар и Охрид Лихнидос ќе се сретне со поуспешниот од мечот Детонит Плачковица – Силекс. Во второто полуфинале се соочуваат победниците од мечевите Струга Трим Лум – Шкендија Тетово и Шкендија Арачиново – Работнички.

Првите полуфинални средби на програмата се на први, а реваншите на 22 април.

Според календарот финалето би требало да се одигра на 20 мај, но за тоа конечна одлука ќе донесе Управниот одбор на ФФМ.


Ливерпул не размислува за понудата на Тотенхем за Робертсон

Британските медиуми тврдат дека капитенот на шкотската репрезентација Енди Робертсон, долгогодишен лев бек на Ливерпул, би можел да стане нов играч на Тотенхем. Робертосон, 10 од 12-те сезони во Премиер лигата, одигра во дресот на Ливерпул.

Робертсон дојде од Данди Јунајтед во Англија, поточно во Хал, во 2014 година и со „тигрите“ испадна во Чемпионшип, но се врати во елитните редови на англискиот фудбал веќе следната сезона.

Во Ливерпул пристигна во 2017 година, каде што брзо се етаблираше на левата страна од стартната постава, а работите се променија со заминувањето на германскиот стручњак Јирген Клоп и доаѓањето на холандскиот тренер Арне Слот.

Робертсон одигра само 13 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, а на почетокот на оваа Слот донесе уште еден лев бек, Милош Керкез.

Наводно, Тотенхем испратил понуда до 31-годишникот. Сепак Би-Би-Си пишува дека Ливерпул нема потреба од лев бек откако во меѓувреме го донесе 19-годишниот Бразилец Соуза.

Сепак, тие истакнуваат дека Бразилецот е премногу млад и дека поради тоа менаџерот Томас Франк бара искусен фудбалер на таа позиција.

Договорот на Робертсон истекува ова лето, а тој неодамна изјави дека не знае, односно сè уште не одлучил, што му носи иднината.


Винициус добива договор од една милијарда во Реал Мадрид

Иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид и натаму е неизвесна. Договорот на фудбалерот му истекува во 2027 година, иако во последно време се зборува и за напредок во преговорите за продолжување на соработката. За услугите на играчот интерес има и од клубови од Саудиска Арабија.

„Не се чувствував добро, особено кога ми свиреа од трибините. Имаат парво на тоа дека плаќаат скапи влезници. Му верувам на претседателот и сакам да останам што е можно подолго и во вистински момент се ќе биде решено“, изјави Винисиус.

Играчот на Реал беше прогласен за најдобар во седмото коло од Лигата на шампионите против Монако, од страна на


Робертсон ги пакува куферите: Спурс ги забрзува преговорите со Ливерпул

Енди Робертсон и логото на Тотенхем

Тотенхем ги менува плановите и ќе се обиде да го ангажира Енди Робертсон уште овој јануари. Наместо да го чека истекот на неговиот договор, лондонскиот клуб веќе ги интензивира преговорите за да му обезбеди на менаџерот Томас Френк неопходно засилување во дефанзивната линија.

Првичниот план на Спурс беше да го доведат шкотскиот репрезентативец како слободен агент во летото 2026 година. Сепак, притисокот од Томас Френк за итно пополнување на празнините во тимот ги забрза работите. Разговорите меѓу Тотенхем, Ливерпул и претставниците на играчот се одвиваат во пријателска атмосфера и бележат значителен напредок.

31-годишниот лев бек ја загуби стартната позиција кај Арне Слот, каде предност добива Милош Керкез. Со оглед на тоа што Робертсон сака да биде во врвна форма како капитен на Шкотска за претстојното Светско Првенство, редовната минутажа му е приоритет.

Самиот фудбалер неодамна изрази неизвесност за својата иднина на Енфилд по осум успешни сезони. Од друга страна, Ливерпул веќе разгледува опции за негова замена — од враќање на Костас Цимикас од позајмицата во Рома, до прекомандување на Џо Гомез на левата страна.

Со овој потег, Тотенхем би добил лидерство и огромно премиерлигашко искуство кое му недостига на тимот. Иако договорот сè уште не е официјализиран, извори блиски до клубовите најавуваат конечна разрешница во деновите што следат.


Тами Абрахам се враќа на Вила Парк: Падна договор со Бешикташ

Тами Абрахам и логото на Астон Вила

Астон Вила постигна начелен вербален договор за враќање на Тами Абрахам во своите редови. Напаѓачот, кој остави одличен впечаток за време на позајмицата на Вила Парк во сезоната 2018/19, веќе подолго време инсистира на овој трансфер, а личните услови ги договори уште пред неколку дена. Единствената преостаната пречка до официјалната промоција се задолжителните медицински прегледи.

Целиот договор е проценет на фиксни 21 милион евра, со дополнителни бонуси зависни од неговиот учинок. Како дел од зделката, во спротивен правец кон Истанбул ќе замине младиот Јасин Озџан. Деветнаесетгодишниот турски талент, кој Вила го ангажираше од Касимпаша и го прати на калење во Андерлехт, беше клучниот услов на Бешикташ за прифаќање на понудата.

Мотивацијата на Абрахам за камбек во елитното англиско друштво се поклопува со плановите на Унаи Емери, на кого му е потребна поголема ротација и поддршка за Оли Воткинс. Со својата физичка доминација и игра со глава, кои дополнително ги усоврши во турската Суперлига, Абрахам се очекува брзо да ја врати формата која ја прикажуваше во Челси и Рома. Астон Вила планира да ги формализира сите документи до крајот на јануари, со што ќе се реализира емотивното враќање на напаѓачот во Бирмингам.


Бразил „врзан“ за Анчелоти: Италијанецот добива договор до 2030 година

Карло Анчелоти и грбот на Бразилската фудбалска конфедерација.

Бразилската Фудбалска Конфедерација направи решителен потег за иднината на националниот тим, доставувајќи му официјална понуда на Карло Анчелоти за продолжување на соработката до јуни 2030 година. Со овој договор, кој се очекува да биде финализиран многу скоро, италијанскиот стратег ќе го предводи и наредниот Мундијал. Раководството на федерацијата не го крие задоволството од неговата работа, истакнувајќи дека тој донел неопходна стабилност во репрезентацијата.

Откако ја презеде функцијата во мај 2025 година по заминувањето од Реал Мадрид, 66-годишниот стручњак направи вистинска револуција во играта на „Селесао“. Анчелоти успеа брзо да ја консолидира одбраната, да воспостави цврста структура во средниот ред и да ја врати препознатливата динамика во нападот. Неговите резултати се оценуваат како огромен напредок во споредба со неговите претходници: Доривал Жуниор, Фернандо Диниз и Рамон Менезес.

Одлуката за соработка до 2030 година, кога Анчелоти би имал 71 година, е јасен сигнал за долгорочната амбиција на Бразил. Наместо краткорочни решенија, федерацијата му дава целосна доверба на Италијанецот да го изгради тимот кој треба да ја прекине долгата суша за светската титула. Досегашните преговори се оценети како исклучително позитивни, а свеченото потпишување е предвидено за почетокот на февруари.


Арне Слот ги лади амбициите на навивачите: „Не очекувам нови играчи во јануари“

Арне Слот на прес-конференција пред натпревар, со позадина од спонзори

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, ги стивна очекувањата за јануарскиот преоден рок, изјавувајќи дека не предвидува никакви движења во тимот. Тој ја нагласи воздржаноста на клубот, објаснувајќи дека ќе се реагира само доколку се појави исклучителна прилика за засилување на тимот. „Во овој момент, одговорот е не. Но, ако се појави вистинска можност на пазарот за која сметаме дека ќе нè направи посилни, клубот секако ќе се обиде да ја искористи“, истакна Слот. Ова доаѓа во период кога Ливерпул се наоѓа на четвртата позиција во Премиер Лигата, по летото исполнето со големи инвестиции, но и сезона пропратена со сериозни проблеми со повреди.

Долготрајните отсуства на клучните играчи, како напаѓачот Александар Исак и дефанзивците Конор Бредли и Џовани Леони, ги разоткрија слабостите во составот, особено во одбранбената линија. Навивачите и фудбалските аналитичари алармираат дека се неопходни нови имиња на позициите централен и десен бек. Последните нерешени резултати во лигата, вклучувајќи го и разочарувачкото реми на домашен терен против Барнли, само го зголемија притисокот врз Слот пред затворањето на трансфер прозорецот на 2 февруари.

Дел од поддржувачите на „Црвените“ со разочарување ги пречекаа изјавите на Слот. Тие сметаат дека на тимот му е неопходна итна дефанзивна обнова за да се преброди кризата со повреди и да се задржи чекорот во борбата за Лигата на Шампионите. Социјалните мрежи „горат“ од критики, а преовладува стравот дека пасивноста на пазарот може да ја загрози позицијата во топ 4 и амбициите за трофеи, со оглед на тоа што предноста пред ривалите од средината на табелата е само четири бода.


Реал Мадрид е недопирлив: „Кралскиот Клуб“ трета година по ред е финансиски владетел на фудбалот

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез

Реал Мадрид ја зацврсти својата позиција на врвот како клуб со најголеми приходи во светот за сезоната 2024/25. Според најновите информации, шпанскиот гигант веќе трета година по ред доминира на оваа листа. Со генерирани речиси 1,2 милијарди евра, „Кралевите“ ја демонстрираа својата финансиска моќ, дури и во период кога на теренот не освоија ниту еден трофеј. Овој успех ја нагласува нивната комерцијална супериорност во ера на рекордна заработка кај врвните европски клубови.

Клучот за ваквиот резултат лежи во комерцијалниот сектор, каде Реал забележа скок од 23%, достигнувајќи сума од 594 милиони евра. Ова се должи на зголемената продажба на дресови и нови спонзорски договори, сегмент кој сам по себе би го сместил клубот меѓу десетте најбогати во светот. Иако приходите од натпреварите забележаа благ пад од 6% (233 милиони евра), тие останаа стабилни благодарение на модернизацијата на стадионот Бернабеу. Дополнително, од ТВ-права во клупската каса се слијаа 323 милиони евра. Со овие бројки, Мадрид е за цели 200 милиони евра пред своите најголеми конкуренти.

Барселона го зазеде второто место со 975 милиони евра, што претставува скок од 27%, и покрај тоа што настапуваа надвор од Камп Ноу поради реновирање. На третата позиција е Баерн Минхен со 861 милион евра, по што следуваат Пари Сен Жермен (837 милиони) и Ливерпул (836 милиони). Иако англиските премиерлигаши бележат раст, тие сè уште заостануваат зад шпанските гиганти.

За првпат во историјата, првите 20 клуба на листата заедно остварија приход од над 12 милијарди евра, поттикнати од растот на маркетингот и телевизиските договори. Реал Мадрид, како прв клуб што ја проби границата од една милијарда евра минатата сезона, поставува нови стандарди во индустријата. Ваквата финансиска предност им овозможува на „Кралевите“ континуирано вложување во тимот и натамошна глобална експанзија.


Барселона закажа претседателски избори: Лапорта оди по нов мандат на 15 март

Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта

Управата на Барселона официјално потврди дека претседателските избори ќе се одржат на 15 март 2026 година, означувајќи го крајот на актуелниот петогодишен мандат на Хоан Лапорта. Одлуката беше донесена на состанокот на управниот одбор одржан на 22 јануари, каде Лапорта ја потврди својата кандидатура за реизбор. Избраниот датум е најраниот можен според клупскиот статут и се совпаѓа со првенствениот натпревар против Севиља на домашен стадион.

Лапорта, кој победи во 2021 година со 54% од гласовите, овојпат се соочува со сериозна конкуренција. Неговиот главен противник од претходните избори, Виктор Фонт (кој тогаш освои 30%), веќе упати критики за терминот, сметајќи дека избори среде сезона не се најдобро решение. Покрај нив, во трката влегуваат и Чави Вилажоана, Марк Сирија и Хоан Кампруби, кои ќе треба да соберат по 2.321 потпис од членовите за официјална кандидатура. Опозицијата тврди дека изборот на датумот му оди во прилог на Лапорта, користејќи го моментот на одличната форма на тимот и лидерската позиција во Ла Лига.

Фокусот на дебатите ќе биде ставен на три столба:
Финансиската состојба — стабилизацијата на клупската каса останува приоритет.
Стадионот — Финализацијата на реконструкцијата на Камп Ноу. Лионел Меси — Потенцијалното враќање на легендата е главна карта на Виктор Фонт, кој вети дека Меси ќе биде неговиот прв телефонски повик доколку победи.

Актуелниот претседател влегува како фаворит, поткрепен со минатогодишната шпанска триплета и неодамнешното освојување на Суперкупот во јануари. Сепак, токму во периодот на елиминациските натпревари од Лигата на Шампионите, значи дека расположението на гласачите во голема мера ќе зависи од резултатите на теренот.