Дојде Бензема и Ал-Хилал веќе не смета на Дарвин Нуњез
Ал-Хилал направи спектакуларен потег на пазарот со ангажманот на Карим Бензема, но доаѓањето на славниот напаѓач донесе проблеми за еден од фудбалерите кои претходно беа најавувани како големи адути.
Најголем губитник во новата распределба на силите е Дарвин Нуњез. Уругваецот, кој во клубот пристигна по трансфер од Ливерпул вреден 50 милиони евра, не ги оправда очекувањата и сега ќе биде тргнат од комбинација за настапи во домашното првенство.
Причината лежи во правилникот според кој секој тим може да регистрира ограничен број странци од одредена возрасна категорија, а по последните промени за Нуњез повеќе нема место на листата.
Напаѓачот сепак нема целосно да биде без минутажа, бидејќи ќе има право на настап во континенталните натпреварувања, но и таму конкуренцијата е силна и не се очекува значајна улога.
Повредата не е наивна, Одоберт мора на операција
Англискиот елитен состав Тотенхем, потврди дека крилниот играч, Вилсон Одоберт, ги скинал предните вкрстени лигаменти и дека ќе мора да оди на операција.
Британските медиуми објавија дека Французинот веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Тимот од северен Лондон се соочува со многу повредени играчи вклучувајќи ги Ричарлисон, тројца дефанзивци и неколку играчи од средниот ред меѓу кои се Џејмс Медисон, Родриго Бентанкур и Лукас Бергвајн.
Масар Омерагиќ: Силни противници, но вистински тест за Македонија
Извлекувањето за петтото издание на Лигата на нации донесе сериозен предизвик на најдобрата македонска репрезентација. Во групата од сегментот Б ќе се соочиме со селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија. По ждрепката во Брисел, своите впечатоци ги изнесе претседателот на федерацијата, Масар Омерагиќ.
„Убаво е повторно да се види Македонија во вакво друштво, меѓу силни репрезентации. Објективно гледано, извлековме силни противници. Швајцарија и Шкотска, репрезентации кои веќе изборија пласман на Светското првенство и Словенија која исто така е квалитетна селекција. Но, во Б сегментот сите противници се силни. Сепак, Македонија веќе многупати покажа дека знае најдобро да игра против силни ривали, па очекувам и овојпат да бидеме на високо ниво, а навивачите да уживаат во натпреварите.
Веруваме во селекторот, веруваме во фудбалерите и ќе имаат максимална поддршка да ги остварат сите цели. Треба да одиме чекор по чекор. Нема потреба да бегаме од силни противници. Квалитетот се докажува токму на вакви натпревари, со карактер и со желба. Оваа група ќе ни овозможи јасно да видиме кои се нашите реални можности и каде сме во однос на најдобрите.
Ако некој посакува да играме само во Ц или Д дивизија за да победуваме, тоа е залажување самите себеси. За фудбалерите, ваквите натпревари треба да претставуваат уживање, но и вистински тест. На вакви дуели се станува фудбалер. Во оваа група навистина треба да видиме колку вредиме“.
Хисејини: Задоволен сум од прикажаното на мечевите против Австрија
Македонската футсал репрезентација триумфално ги почна подготовките за настап во квалификациите за учество на Светското првенство.
Избраниците на селекторот Газменд Хисејини во двата контролни натпревари против репрезентацијата на Австрија што се одиграа во Гевгелија забележаа победи. Во првиот славевме со 5:3, а во вториот триумфиравме со 4:2.
“Одигравме два одлични натпревари. Противникот беше исклучително квалитетен и јас сум задоволен од она што го прикажаа фудбалерите. Им дадов шанса на сите играчи кои ги имав на располагање. Во составот имаше неколку млади фудбалери кои за прв пат настапија за националниот тим. Кога се ќе се земе в предвид јас лично сум задоволен од целиот тим на овие два контролни натпревари против селекцијата на Австрија”, изјави селекторот Хисејини.
Во двата дуели нашата репрезентација стигна до победа и покрај фактот што противникот имаше предност. На првиот натпревар, Австрија поведе со 3:0, а на вториот имаше водство од 1:0.
“На првиот меч екипата влезе малку опуштено. Им дозволивме на Австријците лесно да стигнат до погодоци, но во продолжението играчите имаа максимален пристап и се што договоривме во паузата тие го спроведоа на теренот и стигнавме до победа. На вториот натпревар Австрија поведе со гол од слободен удар, но по само неколку минути ја преземавме контролата на резултатот, но и на она што се случуваше на теренот. Морам да потенцирам дека сум задоволен од настапите на младите играчи кои во овие две средби беа на високо ниво и потврдија дека заслужено се најдоа во националниот тим”, продолжи селекторот.
Овие две средби се почеток на подготовките за настап во квалификациите за Светското првенство. Може ли да се надеваме дека овој состав може да се најде на едно од првите две места во групата.
“Квалификацискиот турнир се игра во април и сметам дека имаме големи шанси да ја минеме првата пречка и да се најдеме во главната фаза. Директен конкурент за првото место ќе ни биде домаќинот Литванија, а очекувам победи во соочувањата со Турција и Бугарија. Не треба да потцениме ниту еден противник, но сепак сметам дека сме подобри од последните две селекции”, заврши Хисејини.
Њукасл бара нов напаѓач, Хау не е импресиониран од Волтемаде
Приоритет за Њукасл во летниот преоден рок ќе биде купување на напаѓач, фановите, но и клубот не се задоволни од Ник Волтемаде.
23-годишниот фудбалер пристигна како замена за Александер Исак, имаше одличен старт на сезоната, но во моментов се наоаѓа во сериозен голгетерски пост.
Волтемаде нема дадено гол на 13 натпревари по ред, а тоа го вклучи алармот во клубот.
Наводно Њукасл сака да го продаде Германецот на лето, а на негово место да донесе нов играч.
Можеби ќе ве интересира
Флик верува во чудо: Ништо не е завршено!
Какво време дојде: Раја се жалеше за корнер тактиката на Бр
Анчелоти добива нов долг договор со Бразилската конфедерација
Карло Анчелоти ќе остане на кормилото на Фудбалска репрезентација на Бразил и по Светско првенство 2026, откако раководството на Бразилска фудбалска конфедерација донело одлука да му понуди нов четиригодишен договор.
Првите луѓе на „кариоките“ се презадоволни од тоа како искусниот Италијанец ја води селекцијата, неговата стручност, авторитет и смиреност во клучните моменти се оценети како гаранција за стабилност на долг рок. Токму затоа, во федерацијата не сакаат настапот на претстојниот Мундијал да биде и последен за Анчелоти на бразилската клупа.
И самиот стратег покажал јасна желба да ја продолжи мисијата, воодушевен од талентот и потенцијалот со кој располага репрезентацијата. Неговата амбиција е јасна, враќање на Бразил на врвот на светскиот фудбал, без разлика дали тоа ќе се случи во 2026 година или четири години подоцна.
Според информациите од Бразил, клучните точки од новиот договор веќе се усогласени, а остануваат само формалности пред официјалната потврда. Се очекува соработката и формално да биде продолжена во текот на март.
Македонија отвора во Лигата на нации против Швајцарија на домашен терен
Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот на натпреварите во годинешното издание од Лигата на нации.
Репрезентацијата на Македонија дебитантскиот настап во Б конкуренцијата ќе отвори на домашен терен и тоа против селекцијата на Швајцарија.
Првиот меч во историјата против оваа репрезентација ќе го одиграме на 26 септември на арената Тодор Проески, a почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.
Во првиот циклус на натпревари кога на програмата се вкупно четири кола имаме две гостувања во Словенија и Швајцарија и уште еден дуел пред нашите навивачи кога ја пречекуваме Шкотска.
Во последните две рунди во ноември прво патуваме за Глазгов, а во последното коло во Скопје се среќаваме со Словенија.
ЛИГА НА НАЦИИ – РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
26.09.2026 (сабота)
20:45 МАКЕДОНИЈА – Швајцарија
29.09.2026 (вторник)
20:45 Словенија – МАКЕДОНИЈА
03.10.2026 (сабота)
20:45 МАКЕДОНИЈА – ШКОТСКА
06.10.2026 (вторник)
20:45 Швајцарија – МАКЕДОНИЈА
13.11.2026 (петок)
Шкотска – МАКЕДОНИЈА
16.11.2026 (понеделник)
20:45 МАКЕДОНИЈА – Словенија
Позитивен скор против Словенија, прво соочување со Швајцарија
епрезентацијата на Македонија во годинешното издание од Б конкуренцијата во Лигата на нации за противници ги има селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Против Шкотите во минатото сме одиграле четири средби. По победата од 1-0 во мечот одигран во Скопје во 2008 година, следуваат средби во кои бележиме два порази и еден нерешен резултат. Сите четири средби се играни во рамките на квалификациите за учество на Светскиот куп.
Со Словенците сме одиграле седум натпревари и во овие натпревари имаме позитивен биланс. Пет меча се пријателски, а оној од 1993 е најзначаен во нашата фудбалска историја бидејќи тоа првиот настап на нашиот национален тим во независна Македонија.
Сите го паметиме историскиот гол на Зоран Бошковски кој сега е дел од стручниот штаб на селекторот Гоце Седлоски.
Македонија во мечевите со Словенија има вкупно четири победи, два нерешени резултати и само еден пораз.
Елиф Елмас со три гола е најефикасниот играч во дуелите против Словенија и тие погодоци се постигнати на последните два меча додека капитенот Енис Барди беше стрелец на израмнувачкиот погодок на мечот во 2019 во Љубљана.
Против Швајцарија до сега не сме играле ниту еден натпревар и токму во ова издание од Лигата на нации ќе додадеме уште една земја на листата на национални тимови со кои сме сретнале на меѓународната сцена.
Македонскиот репрезентативец, Тихомир Костадинов го промени клубот со цел да добие поголема минутажа.
Во финишот од преодниот рок Костадинов ја напушти Сигма и се пресели во Словачко кој се бори за опстанок во најдобрата Чешка лига.
По зимската пауза Костадинов не одигра ниту една минута за Сигма и констатно беше на клупата за резерви, па затоа се одлучи за нов предизвик.
Во кариерата претходно македонскиот фудбалер беше дел од полски Пјаст Главице, словачките Руженборк, Вион и Банска Бистрица, додека во Македонија настапуваше за Тетекс.
Чеферин потврди дека Суперлигата повеќе не постои
Во Брисел, пред ждрепката за Лигата на нации, овој четврток се одржа Конгресот на УЕФА, каде што претседателот Александар Чеферин ја одржа својата презентација.
Најважната порака што ја испрати од говорницата е дека Суперлигата на Европа е официјално поразена.
Во среда, УЕФА постигна договор со Реал Мадрид, а претходно и Барселона се повлече од проектот, ставајќи крај на обидот за формирање паралелно елитно натпреварување.
„Воодушевен сум затоа што Барселона и Реал Мадрид се вратија во нашето семејство. Вистина е дека сите бевме уморни од сè, но УЕФА никогаш не ја изгуби меѓусебната почит со Флорентино Перез, иако имавме различни мислења. Единствениот победник мора да биде фудбалот. Му се заблагодарувам и на Насер Ал Келаифи, кој беше клучен за нашето повторно обединување“, рече Чеферин.
Претседателот на УЕФА ја искористи можноста да испрати силни пораки надвор од самата Суперлига.
„Федерациите стануваат заложници на политиката. Во Европа, нема да прифатиме фудбалот да служи како оружје. Денес, единството се соочува со големи предизвици“, рече Чеферин.
Тој ја отфрли тезата дека фудбалот мора радикално да се промени за да ја привлече помладата генерација.
„Некои велат дека фудбалот мора да се промени за да преживее меѓу младите, но грешат. Младите не му го свртеле грбот на фудбалот, тие сè уште ги полнат стадионите. Во светот на екраните и вештачката интелигенција, ниту еден алгоритам или бот не може да го замени чувството за тоа што се случува на теренот. Фудбалот е реален и затоа неговата иднина е светла“, нагласи првиот човек на УЕФА.