фудбал

Цезар Пеишото именуван за нов менаџер на Вулверхемптон

Вулверхемптон добива нов тренер за новата сезона во Чемпионшип, откако клубот постигна договор со португалскиот стратег Цезар Пеишото.

Според последните информации, двете страни веќе имаат усмен договор за двегодишна соработка, а Пеишото ќе го наследи Роб Едвардс на клупата на англискиот клуб.

Португалецот пристигнува во Вулверхемптон по одличните резултати со Жил Висенте, каде што остави силен впечаток и се наметна како еден од најталентираните млади тренери во Европа.

Пред новиот стратег ќе биде задача да го врати клубот на победничките патеки, а во соблекувалната ќе работи со искусни имиња како Киран Трипиер и Раул Хименез. Официјалната потврда од клубот се очекува во наредниот период.


Алан Сен Максимин потпиша за Шарлот

Францускиот фудбалер Алан Сен Максимин ќе ја продолжи кариерата во американската МЛС лига, откако постигна договор со Шарлот.

Некогашниот голем талент на францускиот фудбал веќе ги поминал лекарските прегледи во Лондон и наскоро ќе стави потпис на тригодишен договор со американскиот клуб.

Сен Максимин важеше за еден од највозбудливите офанзивци во Европа и му се предвидуваше блескава кариера. Во текот на кариерата настапуваше за Сент Етјен, Монако, Хановер, Бастија, Ница, Њукасл, Ал Ахли, Клуб Америка и Фенербахче, а најголема афирмација стекна во дресот на Њукасл. Сепак, за него постоеше голем интерес и од европските великани како Челзи, Арсенал, Тотнем, Милан…

Иако поседуваше огромен потенцијал, Французинот никогаш не ги исполни целосно високите очекувања. По авантурата во Саудиска Арабија, сега на 29 го


Бернардо Силва наместо во Атлетико или Барса потпиша за Реал

Бернардо Силва синоќа се договори со Реал Мадрид и наскоро ќе го официјализира ангажманот, но Португалецот претходно имал постигнато договор и со Атлетико Мадрид.

Веќе поранешниот играч на Манчестер Сити, Бернардо Силва имал постигнато вербален договор со Атлетико Мадрид, недостасувал само неговиот потпис за официјализација на зделката.

Пред да се случи потписот, добил повик од Реал Мадрид кој го предомислил. Бернардо Силва одлучил дека е подобро да игра за неговиот сонародник, Жозе Мурињо кој лично го контактирал.

Дел од шпанските медиуми претходно го преселија и во Барселона, но на крајот трката ја доби кралскиот клуб.

Бернардо Силва оди во Реал Мадрид како слободен игра.


Хименез: Кога го дадов голот, погледнав кон трибините, но се сетив дека тој веќе не е меѓу нас

Раул Хименез со гол во второто полувреме ја завери победата на Мексико над Јужна Африка од 2-0, откако го даде голот потекоа солзи од неговите очи.

Солзите не беа само од емоции поради постигнатиот погодок, туку нешто многу подлабоко.

„Кога топката влезе во голот, првото нешто што го направив беше да погледнам кон трибините. Од навика, го барав татко ми… и во тој момент сфатив дека тој не е физички таму за да ме види како постигнувам гол на Светско првенство на домашен терен. Овој гол е целосно за него. Беше неверојатно емотивен момент, едноставно не можев да ги сопрам солзите. Четири Светски првенства го чекав овој гол и да го постигнам токму тука, пред нашите луѓе, е чудо“, рече Хименез.


Рубен Аморим кандидат за клупата на Милан

Португалскиот стратег Рубен Аморим е во директни разговори со италијанскиот гигант Милан за можноста да ја преземе тренерската функција.

Според информациите кои се појавија во италијанските медиуми, контактите помеѓу двете страни веќе постојат, а преговорите се водат со цел да се најде заеднички договор за следната сезона.

Аморим во последните години се профилираше како еден од најинтригантните млади тренери во Европа. Неговиот модерен пристап кон играта и способноста да развива млади фудбалери му донесоа голема репутација на меѓународната сцена.

По епизодата во Манчестер Јунајтед, португалскиот стратег повторно се најде во центарот на вниманието на големите европски клубови. Иако неговиот престој на Олд Трафорд не донесе резултати какви што навивачите очекуваа, интересот за неговите услуги не се намали. Милан веќе извесно време е во потрага по долгорочно решение на клупата. Управата на клубот сака тренер кој може да ги спои атрактивниот стил на игра со борбата за трофеи на домашната и европската сцена.


Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот гол на Светското првенство во 2026 година.

Во отворачкиот дуел против Република Јужна Африка, офанзивниот фудбалер ја искористи големата грешка на противничката одбрана и ја прати топката во мрежата во 9-тата минута. Така тој стана првиот фудбалер од КОНКАКАФ кој постигнува отворачки гол на Мондијал.

Овој гол се вброи меѓу најраните во историјата на првите натпревари на Светски првенства. Тој е најбрзиот гол во отворачки дуел од 2006 година наваму, кога Филип Лам постигна гол во 6-тата минута за Германија во натпреварот против Костарика. Апсолутниот рекорд во оваа категорија останува во рацете на Бразилецот Сесар Сампајо, кој на Светското првенство во 1998 година ја шокираше Шкотска со гол со глава по корнер уште во 4-тата минута.

И покрај експресното отворање на турнирот годинава, апсолутниот рекорд за најбрз гол на светски финалиња останува недостижен. Тој рекорд го држи легендарниот турски напаѓач Хакан Шукур, кој го шокира домаќинот Јужна Кореја во борбата за трето место во 2002 година, постигнувајќи гол во 11-тата секунда по првиот судиски свиреж.


Мурињо и официјално се врати во Реал Мадрид

Португалскиот стратег Жозе Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид, со кого потпиша тригодишен договор, објави вечерва шпанскиот фудбалски гигант.

Мурињо се враќа на клупата на Кралскиот клуб со кој еднаш ја освои историската титула во Ла Лига со рекорден број бодови, воедно последна во досегашната негова тренерска кариера.

-Жозе Мурињо ќе му се приклучи на Реал Мадрид на 13 јули, денот кога започнуваат подготовките за новата сезона, се вели во официјалното соопштение на клубот.

Измината сезона, Реал заврши второпласиран во шпанското првенство, а во Лигата на шампиони беше елиминиран во четвртфиналето. За мадридскиот гигант тоа беше втора сезона по ред без освоен трофеј.


Мексико ги разби Јужноафриканците во натпревар со три црвени картони

Возбудливо почна Светското фудбалско првенство. На денешното отворање на Мундијалот видовме повеќе шанси, два гола и дури три црвени картони, Мексико ја победи Јужна Африка со 2-0.

Резултатот беше отворен рано. Уште во деветтата минута, Кињонес искористи грешка на Јужна Африка и постигна гол за водство на Мексико од 1-0.

И покрај водството, Мексико ја продолжи доминацијата. Јужна Африка изгледаше инфериорно и тешко успеваше посериозно да се закани.

По само четири минути игра во второто полувреме, Јужна Африка остана со фудбалер помалку, откако Ситхол заработи црвен картон за фаул како последен играч во одбраната.

Предноста од играч повеќе Мексико ја материјализираше во 67. минута, кога Раул Хименез постигна гол со глава за сигурно водство од 2-0.

Во 84. минута, Јужна Африка доби уште еден црвен картон бидејќи Зване намерно удри противнички фудбалер по главата.

Пред самиот крај на мечот видовме уште едно исклучување, овојпат за Монтес од Мексико, по еден сосема непотребен старт на мексиканскиот репрезентативец.

Домаќинот имаше одличен почеток на Светското првенство, освојувајќи ги трите планирани бода на стартот од големиот турнир.


Иван Проведел ќе биде замената за Зомер во Интер

Интер постигна принципиелен договор за личните услови со голманот на Лацио, Иван Проведел.

„Нероаѕурите“ треба да се договорат за трансферната сума со „римските орли“. 32-годишниот чувар на мрежата влезе во последната година од договорот на „Олимпико“.

Тој се согласил на тригодишен договор со плата под 1,5 милиони евра по сезона. Се очекува Лацио да бара околу 5 милиони за трансферот.


Омар Артан нема да суди на Мундијалот, но го доби Суперкупот на УЕФА

Познат е главниот судија за натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу ПСЖ и Астон Вила.

УЕФА му ја довери честа да го води спектаклот во Салцбург на сомалискиот арбитер Омар Артан, кој ќе биде главен делител на правдата на дуелот меѓу актуелните европски великани. Назначувањето на Артан претставува големо признание за судијата од Сомалија, кој ќе добие можност да суди на еден од најпрестижните натпревари во европскиот клупски фудбал.

Суперкупот на Европа ќе ги спои освојувачите на европските трофеи, ПСЖ и Астон Вила, во натпревар кој предизвикува големо внимание кај фудбалската јавност.

Интересно е дека Артан неодамна имаше големо разочарување, бидејќи иако беше одбран да суди на Светското првенство, не доби виза за влез во САД.