фудбал

Претседателот на Бразил – голем срам само еден играч се врати во татковината

Претседателот на Бразил Лула да Силва е незадоволен што само еден репрезентативец се врати во татковината по Мундијалот. Од целата експедиција која беше на Светското првенство само Данило допатува, а другите заминаа на други дестинации, секој со своите обврски или приватни планови.

Првиот човек на државата побара објаснување и од селекторот Карло Анчелоти, но не се знае дали добил објаснување.

„Испратив порака до Анчелоти. На летот на репрезентацијата речиси никој, освен еден играч не се врати во Бразил. Голем срам! Да станеа светски прваци, сите ќе беа тука ќе славеа, ќе играа“, изјави разочараниот претседател Лула.

Бразил во нок-аут фазата на Мундијалот ја победи Јапонија, а потоа беше елиминирана од Норвешка. мн/


Галатасарај нуди богатство за Фил Фоден

Галатасарај започна контакти со Манчестер Сити во врска со евентуалниот трансфер на англискиот репрезентативец Фил Фоден, објавија денес турските медиуми.

Според „Фанатик“, претседателот на Галатасарај Дурсун Озбек му дал целосно овластување на италијанскиот менаџер, Џорџо Гарди да води преговори со челниците на англискиот клуб и да ги испита условите под кои би можел да се реализира трансферот.

Истиот извор наведува дека токму Гарди го предложил Фоден како едно од главните засилувања ова лето. Во претходните години, италијанскиот менаџер учествувал во реализацијата на трансферите на неколку познати фудбалски имиња во Галатасарај.

Според турските медиуми, Фоден влегува во последната година од договорот со Манчестер Сити и наводно размислува да го напушти клубот, откако минатата сезона играше помалку минути.

Според извештаите, Галатасарај е подготвен да ја истражи можноста да го ангажира на 26-годишниот играч од средниот ред, чија пазарна вредност се проценува на околу 70.000.000 евра.


Мбапе: Не бевме на висината на задачата против Шпанија

Фудбалерот на Реал Мадрид и француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе смета дека биле целосно надиграни од Шпанија.

„Не го одигравме натпреварот онака како што сакавме – тактички, технички. Шпанија се држеше до својот план на игра и остана верна на себе, тие се тим кој сака да ја контролира топката и темпото.

Нашата идеја беше да се соочиме со нив високо на теренот и да не им дозволиме да го наметнат тој ритам, но тоа не функционираше.

Имаше премногу технички недостатоци. Им дозволивме да ја диктираат играта. Од самиот почеток, кога ги притискавме, постојано беа побројни во средината на теренот, а против Шпанија, тоа е смртна пресуда. Фабијан и Родри имаа многу време за додавања.

Требаше да играме еден на еден, принудувајќи ги да нè бркаат, бидејќи овој тим мрази да трча без топка. Нашите додавања и први допири технички не беа на ниво за полуфинале на СП. Кога сето тоа ќе се спои, крајниот резултат е пораз“, изјави Мбапе.


Паузата на мундијалското финале ќе трае 25 минути

Паузата помеѓу двете полувремиња од финалниот натпревар на Светското првенство, кое ќе се игра во недела на стадионот во Њујорк, Њу Џерси, треба да трае помеѓу 20 и 25 минути поради музичката програма моделирана по Супербоул.

За време на паузата ќе се одржи 11-минутен спектакл, чии главни ѕвезди се Мадона, Шакира и јужнокорејската К-поп група BTS.

Извори од Светската фудбалска федерација (ФИФА) наведуваат дека полувремето треба да трае околу 20 минути, додека се разгледува една од можностите да се одржи планирана музичка програма по вообичаената пауза од 15 минути, според веб-страницата на ФИФА.

Правилата на фудбалската игра, усвоени од Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ), предвидуваат дека играчите имаат право да се одморат помеѓу две полувремиња, кои не смеат да траат подолго од 15 минути.

Паузата за време на минатогодишното финале на Светското клупско првенство, исто така организирано од ФИФА и одиграно во Њу Џерси, траеше вкупно 24 минути. Потоа настапија Coldplay, J Balvin, Doja Cat, Thames и Emmanuel Kelly.

Минатата недела, Џастин Бибер се приклучи на програмата на финалето на Светското првенство, а покрај главните изведувачи, со Coldplay ќе настапат и Burna Boy, Gustavo Dudamel и хорот PS22. Програмата е осмислена и продуцирана од фронтменот на Coldplay, Крис Мартин.


Андер Ерера пак ќе игра за Сарагоса

Андер Ерера повторно ќе го носи дресот на Сарагоса, откако искусниот шпански фудбалер се врати во клубот каде што ја започна професионалната кариера.

36-годишниот играч за врска потпиша едногодишен договор и ќе се обиде да му помогне на својот матичен клуб експресно да се врати во Втората шпанска лига, по испаѓањето во третиот ранг на фудбалот.

Ерера зад себе има богата кариера, настапувајќи за Атлетик Билбао, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен и Бока Јуниорс, а сега реши да се врати таму каде што сè започна.

Сарагоса последен пат беше дел од Ла Лига во сезоната 2012/13, а по долгогодишниот пад минатата сезона испадна и во третата шпанска лига.


Де ла Фуенте нескромен: Франција играше против најдобриот тим во светот!

Шпанскиот селектор, Луис де ла Фуенте е презадоволен од полуфиналното издание на неговите фудбалери кои дојдоа на еден меч до титулата Светски шампион.

Шпанија одигра фантастичен натпревар, ја надигра Франција и ја победи со 2-0. Французите до полуфиналето изгледаа страшно, непобедливо, но синоќа беа непрепознатливи пред Црвената фурија.

„Почнавме пред речиси четири години со идеја, ѝ бевме верни на таа идеја и таа нè донесе тука. Денес се соочивме со една од најдобрите репрезентации во светот, но тие пред нив го имаа најдобриот тим во светот. Тоа е различно. Овие играчи заслужуваат сè – ден по ден ја покажуваа својата посветеност, својата солидарност, својата дарежливост, својот талент. Успеавме да направиме тешкото да изгледа лесно“, рече Де ла Фуенте.

Франција за големиот трофеј ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Агнлија и Аргентина.


Дешамп лут на судијата во полуфиналето со Шпанија

Дидие Дешамп не успеа во својот последен мандат како селектор на Франција повторно да ѝ ја донесе светската титула на својата земја откако синоќа беше надигра од Луис де ла Фуенте.

14-годишниот селекторски мандат на Дешамп дојде до крајот, му остана уште мечот за третото место по што ќе замине од клупата на Триколорите.

Франција играше страшен фудбал до полуфиналето и се сметаше за главен фаворит за титулата, но синоќа не можеше да најде решение за Шпанија која беше супериорна.

Но, Дешамп вината за поразот ја најде во судијата Иван Бартон од Ел Салвадор.

„Денес нема да давам одговори, туку ќе поставувам прашања. Дали сметате дека овој судија беше на нивото на полуфинале на Светско првенство? И ова не го кажувам затоа што загубивме“, рече, меѓу другото, францускиот селектор.


Вардар против Рига во КЛ, првиот меч на 22 јули во Скопје

По елиминацијата на Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите, „Црвено-црните“ настапот во Европа го продолжуваат во Конференциската лига и во рамки на 2. коло ќе игра против Рига од Летонија, а веќе се познати и термините на натпреварите.

Првиот натпревар ќе се игра во Скопје, а официјалниот термин на одигрување на мечот е 22 јули. Дуелот ќе се игра на Арената „Тодор Проески“ со почеток од 20:00 часот.

Гостувањето во Рига, пак, е закажано на 28 јули, а саатницата ќе ја одреди дополнително домаќинот.


Фабијани: Сега се фокусираме на Конференциската лига

Тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, е задоволен од изданието на неговите фудбалери против КуПС во финска, но овој двомеч е минато, фокусот оди на она што претстои.

Вардар со 3-2 славеше на гостувањето кај КуПС, но поразот во Скопје од 0-2 се покажа како клучен за елиминација од квалификациите во Лигата на шампионите.

Пред Вардар сега е нов предизвик, меч со Рига од квалификациите за Конференциската лига.

„Предноста на КуПС пред овој двомеч, како што кажав и претходно, беше тоа што играат активно во првенството, веќе имаат повеќе од 10 официјални натпревари зад себе. Ние со овој дуел имаме само два официјални меча зад себе и дојдовме од подготовки за кои се покажа дека добро сме се подготвиле – одигравме еден добар меч и квалитетни 120 минути. Успеавме да победиме на вештачка подлога, но, за наша жал, недоволно за следна фаза во ЛШ. Покажавме добра фудбалска партија, одигравме добар фудбал против КуПС и сега се фокусираме на следните дуели, во Конференциската лига“, рече Фабијани по реваншотво Финска.


Вардар со пораз по продолжение испадна од финскиот КуПС

На Вардар малку му требаше да направи сензација во Финска кај КуПС, не успеа, елиминиран е од квалификациите за Лигата на шампионите, настапот во Европа ќе го продолжи во квалификациите од Конференциската лига.

Вардар беше блиску до сензационален резултат, но не успеа да направи чудо, црвено-црните победија со 3-2, но се елиминирани поради поразот во Скопје од 0-2.

За разлика од мечот во Скопје, Вардар денеска одигра многу подобар натпревар, но за жал не успеа да го круниса тоа и со радост. Момците на Фабијани го добија мечот, но победата беше пирова, вкупниот резултат од двата меча беше 4-3 за КуПС.

Првото полувреме беше изедначено. Николов имаше добра шанса во воведниот дел од мечот, но биеше крај голот на домаќините.

Шанса имаа и фудбалерите на КуПС кои за малку не искористија еден кикс на Дарко Велковски.

Резултатот беше отворен во 59. минута кога Саволаинен постигна автогол за предност на Вардар од 1-0.

Во самиот финиш на регуларниот тек беше досуден пенал за Вардар поради фаул во шеснаесетникот врз Родригеш. Закариќ биеше прецизно од белата точка за водство на Вардарци и од 2-0.

Тоа беше резултат од првиот дел, натпреварот отиде во две продолженија од по 15 минути.

По десет минути игра од првото продолжение, Армах даде гол за 1-2, но веќе во следниот напад Вардар ја врати позитивата од два разлика, Пуелио погоди со глава за 1-3. Македонскиот тим пак имаше добар резултат во рака.

Но, во судиското продолжение од првото екстра време, КуПС доби пенал кој го реализираше Парзишек за 3-1.

Вардар се обидуваше до крај, но не успеа да дојде до гол и да се избори за пенали.

Македонскиот шампион се префрла во квалификациите од Конференциската лига каде ќе игра со поразениот од мечот меѓу Рига и Арарат.

Противник на Вардар во второто квалификациско коло од Конференциската лига ќе му биде Рига од Летонија.

Летонците не загубија од ерменски Арарат со вкупни 3-4 и исто како и Вардар се префрлуваат во третото по квалитет натпреварување во Европа.

Првиот натпревар се игра на 23 јули во Скопје, реваншот е една недела подоцна во Летонија.