фудбал

Алисон е сонот на Милан за замена на Мењан

Милан е заинтересиран да го потпише голманот на Ливерпул, Алисон.

Според италијанските медиуми, раководството на Милан веќе контактирале со претставниците на 33-годишниот Бразилец. Тој би можел да се приклучи на Милан во летото 2026 година доколку не успее да се договори со Ливерпул.

Милан очекува нивниот сегашен стартер голман, Мајк Мењан, да замине на крајот од сезоната 2025/26. Една опција е трансфер во Челзи. Во сезоната 2025/26, Алисон прими 19 гола на 14 натпревари во сите натпреварувања, при што на четири натпревари ја зачува мрежата „чиста“.

Неговиот договор е до 30 јуни 2027 година. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Алисон на 17 милиони евра


Шкендија го надигра Слован и сонува плеј-оф на Конференциската лига

Фудбалерите на Шкендија го победија Слован од Братислава со 2-0 (2:0), во петото коло во Конференциската лига. Шкендија дојде до втората победа и вкупно седмиот бод, што и донесе скок на 18-то место на табелата. Шкендија сега има реални шанси да се пласира во нокаут фазата.

Шкендија го скрши Слован во втората половина од првото полувреме. Во 33-та минута Бајриќ си постигна авто гол, а во првата минута од судиското надополнување на времето, водстото го дуплираше Спахиу.

Покрај освоените три бода, Шкендија за овој триумф ќари и 400.000 евра, колку што УЕФА ја вреднува победата во Конференциската лига.


Се повреди „бисерот“ на Арсенал, Макс Дауман

Младата ѕвезда на лидерот во Премиерлигата, Арсенал, Макс Дауман ќе отсуствува од терените во следните два месеци поради повреда на лигаментите на глуждот.

Се наведува дека Дауман се повредил за време на пријателскиот натпревар против Манчестер Јунајтед зад затворени врати, но нема да му биде потребна операција. 15-годишникот, кој го слави својот 16-ти роденден дури кон крајот на декември, го имаше своето деби за првиот тим претходно оваа сезона и се смета за еден од најдобрите таленти во англискиот фудбал. Дауман беше целосно интегриран во сениорскиот тим на Арсенал за време на предсезоната. и покрај неговите години.


Јанис бира меѓу Мајами и Њујорк

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, го разгледува Мајами како свој втор избор по Њујорк за трејд во следниот период. Ова е информација која во медиумите ја пласираше новинарот Хауард Бек.

„Повторно, додека работев на делото за Јанис и разговарав со луѓе од лигата, Мајами ми беше посочено како место каде што Јанис навистина би сакал да биде, ако не оди во Њујорк“, рече Бек.

Претходно, среде гласини за можна промена на клубот, се појави извештај дека грчкиот кошаркар купил недвижен имот во Бруклин.


Ачерби и Чахланоглу нема да играат на Суперкупот на Италија

По поразот од Ливерпул во Лигата на шампионите, а во очекување на дуелот со Џенова викендов, Интер сигурно нема да смета на Ачерби и Чалханоглу кои се повредени.

Искусниот дефанзивец Ачерби ќе биде надвор од игра за Суперкупот, но бековската линија е најмалку загрижувачка со оглед на изобилството на алтернативи и решенија. Сепак, проблемот со средниот ред почна да гоз агрижува тренерот Киву. Чалханоглу има мали надежи за патување во Саудиска Арабија, па и за мечот со Џенова Киву ќе мора да направи ротација со Барела, Мхитарјан, Зелински и Сучиќ.


Варди е играч на колото во Серија А

Напаѓачот на Кремонезе, Џејми Варди, е прогласен за најдобар играч за ноември во италијанската Серија А.

„Приказната не е завршена, само добива ново поглавје. Џејми Варди е играч на месецот ноември“, објави профилот на Серија А на социјалните мрежи X.

Поранешниот напаѓач на Лестер постигна три гола, постигнувајќи гол во натпреварот против Јувентус (1-2) и носејќи победа со два гола во натпреварот против Болоња (3-1).

38-годишникот во гласањето ги победи голманот на Милан, Мајк Мењан, напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, крилниот напаѓач на Наполи, Давид Нерес, дефанзивецот на Џенова, Лео Естигор, и играчот од средниот ред на Удинезе, Николо Заниоло.

На 2 септември 2025 година, Џејми Варди се приклучи на италијанскиот клуб Кремонезе со слободен трансфер. Договорот на 38-годишникот е со важност до летото 2026 година, со можност за продолжување за уште една сезона.


Хакими и покрај повредата на списокот на Купот на Африка

Achraf HAKIMI of Morocco prior the Morocco and Spain, Semi-Final Men’s Football, Olympic Games Paris 2024, Day 10 on August 5, 2024 in Velodrome, Marseille, France. (Photo by Johnny Fidelin/Icon Sport)

Селекторот на Мароко, Валид Реграги, го објави својот состав за Африканскиот куп на нации. Ашраф Хакими, кој се опоравува од повреда и е во трка со времето, беше неочекувано изненадување во составот на Мароко за турнирот.

По долг период на неизвесност поради повредата заработена против Баерн Минхен во Лигата на шампионите на УЕФА, дефанзивецот е меѓу избраните на Валид Реграги, на големо олеснување за тренерот и за мароканскиот народ. Хакими имаше исклучителна година, освојувајќи ја Лигата на шампионите на УЕФА со ПСЖ и беше избран за африкански играч на годината.

Селекторот на Мароко го изостави Хаким Зиеш од составот, иако играчот се врати во својата татковина за да игра за Видад Казабланка. Јасер Забири, напаѓачот на Фамаликао, кој беше херој за Мароко во освојувањето на Светското првенство до 20 години, исто така е изоставен.

Мароко, кое има и други искусни играчи како што се Најеф Агерд и Јасин Буну, е голем фаворит за освојување на трофејот што не го освоил од 1976 година. Мароко е во групата А заедно со Мали, Замбија и Коморските Острови.


Мбапе нема да настапи и на гостувањето кај Алавес

Килијан Мбапе, од клупата за резерви, го гледаше поразот на Реал Мадрид од Манчестер Сити (1-2). Најдобриот играч и стрелец на Реал има повреда на коленото, поради што под знак прашалник е и неговиот настап на „Мендизороза“ в недела, против Алавес.

„Мбапе не беше подготвен за игра и сè уште не знаеме дали ќе може да игра против Алавес. Мора да почекаме…“ рече тренерот Алонсо.

Мбапе се мачи со повреда на левото колено уште од првото полувреме од натпреварот против Селта. Иако повредата не е сериозна, а политиката на клубот е јасна, минимум ризик, особено кога станува збор за Мбапе.

Ситуацијата во тимот на Реал поради повреди е критична. Против Алавес, Алонсо нема да може да смета на Карвахал, Камавинга, Трент, Менди, Алаба, Хаусен и Милитао. Поради црвените картони добиени против Селта, дуелот ќе го пропуштат Фран Гарсија и Карерас.

Повредата на Мбапе би можела да го зголеми бројот на отсуства на дури единаесет играчи, што дополнително ја комплицира ситуацијата за Мадрид.


Познати пет учесници во плеј-оф фазата на ЛШ

По комплетирање на шестото коло во првата фаза од фудбалската Лига на шампиони, одредени се петте тима кои дефинитивно ќе играат во нокаут рундата.

Арсенал, Баерн Минхен, Пари Сен-Жермен, Манчестер сити и Аталанта, кои ги заземаат првите пет места на табелата, го обезбедија своето место во плејофот.

Седмото и осмото коло од Лигата на шампионите ќе се одржат во јануари 2026 година.

Тимовите кои ќе завршат од првото до осмото место директно ќе се пласираат во осминафиналето, додека уште 16 тима ќе играат во плејоф рундата.


Белингем: Разбирам зошто нѐ исвиркуваат

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, се осврна на реакциите на навивачите на „Сантијаго Бернабе“ по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

„Разбирам зошто нѐ исвиркуваат, луѓето плаќаат многу пари за да нѐ гледаат. А ние играме за најдобриот клуб во светот“ , рече Англичанецот во интервју за „CBS Sports“.

„Кралевите“ и покрај поразот на домашен терен имаат реални шанси да бидат во топ 8 во лигата на шампионите и да го прескокнат првото елиминациско коло.