Сопственикот на Вест Хем, Дејвид Саливан, одлучи да се повлече од функцијата претседател по она што тој го нарече, лажни обвинувања против него.
Долгогодишниот косопственик и претседател на Вест Хем, Дејвид Саливан, се повлекува од функцијата. Велшкиот бизнисмен поднесе оставка од сите позиции во клубот.
Ова е резултат на обвиненијата против него кои наскоро ќе бидат објавени.
Клубот јасно става до знаење дека обвинувањата немаат никаква врска со Вест Хем или активностите на клубот. Самиот Дејвид Саливан ги нарекува обвинувањата лажни, но сепак одлучи да поднесе оставка за да избегне создавање немири во клубот.
Вест Хем испадна од Премиер лигата минатата сезона и затоа ќе игра во втората најдобра англиска лига следната сезона.
Манчини фаворит за испразнетото селекторско место кај „аѕурите“
Роберто Манчини е блиску до враќање на клупата на италијанската репрезентација, пишуваат италијанските инсајдери Џанлука Ди Марцио и Николо Скира. Според Скира, Италијанската фудбалска федерација подготвила договор за Манчини до 2030 година, вреден два милиони евра по сезона.
Скира наведува дека Манчини е „на чекор“ од враќање на клупата на четирикратниот светски шампион. Според тие информации, планот е Манчини да ја предводи Италија до крајот на Светското првенство 2030 година, со можност за порано раскинување доколку репрезентацијата повторно не успее во квалификациите.
Оваа пролет, Италија остана без трет последователен настап на Светското првенство. По поразот од Босна и Херцеговина во дополнителните квалификации, селекторот Џенаро Гатузо поднесе оставка, а си заминаа и претседателот на Федерацијата, Габриеле Гравина, и шефот на делегацијата, Џанлуиџи Буфон.
Националната репрезентација привремено ја презеде Силвио Балдини, поранешниот селектор на репрезентацијата до 21 година. Балдини ја водеше Италија на пријателските натпревари против Луксембург и Грција, по што треба да се врати во младинската репрезентација.
Манчини веќе еднаш ја водеше Италија, од 2018 до 2023 година. Најголемиот успех го постигна со освојувањето на Европското првенство во 2021 година, но неговиот прв мандат беше обележан и со неуспешна кампања за Светското првенство во 2022 година, во која Италија не се квалификуваше.
Пепе ќе биде „десна рака“ на Мурињо во Мадрид
Жозе Мурињо, повторно ќе б иде тренер на Реал. Ова синоќа го потврди Флорентино Перез, по победата на претседателските избори. Португалецот започна да го комплетира тренерскиот штаб за својот втор мандат во Реал Мадрид.
Португалскиот тренер е познат по тоа што сака да има поранешен играч на клубот до себе, а според информациите на Рамон Алварез де Мон, избраниот кандидат за таа улога би можел да биде Пепе, пишува „Марка“.
Пепе помина десет сезони во Реал Мадрид, од 2007 до 2017 година, а Мурињо го водеше за време на неговиот прв мандат на клупата. Бескомпромисен стопер и миленик на навивачите, чиј престој во клубот беше обележан и со озлогласениот судир со Каскера, за кој заработи значителна суспензија од дисциплинската комисија. Ја заврши кариерата во 2024 година во Порто.
Со Реал, меѓу другото, освои три Лиги на шампиони, три шпански првенства, два Кралски купа, две Светски клупски првенства и два Суперкупа на УЕФА. Беше запаметен по своите лидерски вештини на теренот и неговата одлична дефанзивна игра.
За време на неговиот прв мандат, Мурињо, по препорака на Фернандо Ијеро, го назначи Аитор Каранка за помошник тренер, иако претходно не го познаваше. Каранка подоцна изгради своја тренерска кариера.
Пепе ужива целосна доверба од Мурињо, а португалскиот стручњак особено го цени неговото искуство и познавање на клубот, што го прави идеален за потребната улога.
Доколку се приклучи на стручниот штаб, поранешниот играч на Реал ќе работи заедно со Тралау и Мачадо (асистенти на Мурињо), Мерела (аналитичар), Антонио Дијас (тренер за кондиција) и Нуно Сантос (тренер на голмани).
Флорентино му посака добредојде во Реал на Мурињо
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, по неговиот реизбор објави дека португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе стане нов главен тренер на тимот.
Ќе продолжиме да бидеме горди на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ – најдобриот стадион во светот. Ќе бидеме горди што ги имаме најдобрите играчи во светот и ќе бидеме горди што ќе го пречекаме еден од најдобрите тренери во светот – Мадридистот Жозе Мурињо. И бидете сигурни, откако станав претседател, Реал Мадрид беше, е и секогаш ќе остане во сопственост на своите членови, изјави 79-годишниот Перез на клупскиот сајт на Реал.
Мурињо, кој го тренираше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година, беше претставен во материјалите за кампањата на Перез.
Перез го водеше Реал Мадрид од 2000 до 2006 година и од 2009 година до денес. Под негово водство, тимот ја освои Лигата на шампионите седум пати, Купот на кралот три пати, Суперкупот на Шпанија седум пати, Лигата на шампионите седум пати, Суперкупот на УЕФА шест пати, Интерконтиненталниот куп двапати и Светското клупско првенство на ФИФА пет пати.
Вардар ги започна подготовките за новата сезона
Македонскиот фудбалски шампион Вардар денеска и официјално ја завршува кусата летна пауза и почнува со подготовките за новата сезона. Како што објавија од редовите на „црвено-црните“, ростерот на тимот е комплетиран и во него се 38 фудбалери, од кои 10 од младинската школа на клубот.
Стручниот штаб е исто така потврден, а нов кормилар на Вардар во Европа ќе биде aргентинскиот стратег Кристан Фабиани.
Вардар за денеска најави и потпишуваме договор со еден од спонзорите за претстојниот период. Инаку, клубот главниот дел од подготовките пред првите настапи во квалификациите од Лигата на шампионите ќе ги спроведе во Италија. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr
Ливерпул фаворит за потписот на Диоманде
Екипата на Ливерпул нема да се откаже од идејата да го ангажира фудбалерот на Лајпциг, Диоманде иако крилниот напаѓач изрази желба да замине во ПСЖ.
Во исто време, тимот од Германија постави цена од најмалку 130 милиони евра за да го ослободи црномурестиот фудбалер. Играчот од Брег Слонова Коска има договор до 2030 година.
„Црвените“ исто така се заинтересирани и за Бредли Баркола како можна зaмена за Мохамед Салах кој го напушти стадионот – „Енфилд“.
Анчелоти повика замена за повредениот Весли
На неколку дена пред почетокот на Светското првенство, во селекцијата на Бразил се случи принудна промена поради повреда.
Од составот отпадна десниот бек Весли поради повреда на бутниот мускул, а на негово место дополнителен повик дојде играчот од средниот ред, Едерсон.
„Весли е фудбалер кого сите во репрезентацијата исклучително го ценат и тој секогаш ќе биде дел од оваа генерација која се бори за шестата светска титула“, се наведува во соопштението на федерацијата.
Дваесет и шестгодишниот Едерсон во најскоро време ќе ѝ се приклучи на бразилската селекција во САД како дел од конечниот список од 26 играчи. Бразил настапот во групната фаза ќе го отвори во сабота со натпревар против Мароко во Њу Џерси.
Енцо Фернандез реална опција за средниот ред на Реал
Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез, е подготвен да потпише петгодишен договор со Реал Мадрид.
Според „Ел Дебет“, 25-годишниот Аргентинец сака да се пресели во мадридскиот клуб, кој е заинтересиран да го гажира, но е попречен од цената што ја бара Челзи од 138 милиони евра.
Фудбалерот од средниот ред има одиграно 54 натпревари во сите натпреварувања во сезоната 2025/26, постигнувајќи 15 гола и седум асистенции.
Договорот на Енцо со Челзи е со важност до летото 2032 година.
Трансфермаркт ја проценува вредноста на фудбалерот на 90 милиони евра.
Флорентино убедливо победи, Реал не го менува претседателот
Флорентино Перез убедливо победи на претседателските избори и ќе остане на чело на Реал Мадрид до 2030 година.
Гласовите се пребројуваа до доцна во ноќта, а како што објави кралскиот клуб, актуелниот претседател доби поддршка од 65 проценти од членовите (21.741), додека 35 проценти (11.814) гласаа за противникот Енрике Рикелме.
Ова беа првите избори за претседател на Реал од 2006 година на кои членовите гласаа помеѓу двајца кандидати – тогаш Рамон Калдерон тесно го победи Хуан Паласиос.
По оставката на Калдерон во 2009 година, Флорентино Перез се врати на претседателската позиција (тој беше прв пат на чело на клубот од 2000 до 2006 година), а потоа победи без противник во 2013, 2017, 2021 и 2025 година.
Перез, со кого Реал освои седум европски првенства, доби поддршка за да го врати клубот на врвот по две сезони без трофеј.
„Ова беше одличен ден за Реал Мадрид. Победивме на секое гласачко место, односно во сите возрасни групи. И го постигнавме вториот најдобар резултат во историјата на изборите во Реал Мадрид. Тоа е извонреден резултат. Можеше да биде подобро бидејќи речиси илјада гласови беа поништени, а ние ќе поднесеме жалба бидејќи веруваме дека постапивме правилно. Дадовме пример на светот кога станува збор за транспарентност и коегзистенција. Како претседател на Реал Мадрид, горд сум на сите вас. Членовите слободно се изразија како ќе се одлучи за иднината на клубот“, рече Перез во својот победнички говор.
Во истата пригода, тој го прогласи веќе најавениот Жозе Мурињо за нов тренер на Реал Мадрид.
„Ќе продолжиме да работиме, ќе продолжиме да бидеме горди на Бернабеу, на еден од најдобрите тимови во светот и на еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо. Не се сомневајте, Реал Мадрид сè уште ќе им припаѓа на своите членови. Сакам да продолжам да градам клуб кој останува на самиот врв на светската ранг-листа во однос на меѓународниот углед.“
Феенорд ќе добие нов тренер, Ван Перси доби отказ
Робин ван Перси, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Арсенал, е отпуштен од тренерската позиција во Феенорд. На клупата тој мина 18 месеци. Ван Перси се врати во својот матичен клуб во февруари 2025 година, и покрај тоа што обезбеди место во Лигата на шампионите, си замина по сезона без освоен трофеј.
42-годишниот стручњак го водеше клубот во 58 натпревари, забележувајќи 30 победи и 19 порази. Тој беше унапреден на позицијата главен тренер главно благодарение на успехот што го имаше со помладите тимови под водство на Дик Адвокат.
Техничкиот директор на Феенорд, Деви Риго, ги објасни причините за оваа одлука.
„Спроведовме темелна внатрешна анализа“, рече Риго. „Го зедовме предвид развојот на прикажаната игра и трендот на опаѓање во освојувањето бодови, како во Европа, така и во Ередивизие. „Заклучивме дека би било подобро да ја започнеме следната сезона со нов главен тренер“, додаде тој.
18-те месеци на Ван Перси во неговиот матичен клуб беа нестабилни. Претходно во сезоната, тој ја изненади јавноста кога му понуди шанса на поранешниот англиски напаѓач Рахим Стерлинг да ја оживее својата кариера, но тој потег не се покажа како успешен.
Како играч, Ван Перси го помина поголемиот дел од својата кариера во Арсенал од 2004 година, со кого го освои ФА Купот, пред да се пресели во Манчестер Јунајтед во 2012 година и веднаш да ја освои титулата во Премиер лигата во својата прва сезона.