фудбал

Микел Мерино пак е херојот, Шпанија втор мундијалски полуфиналист

Шпанија со 2-1 ја победи Белгија со гол на Мерино во финишот од натпреварот, пех за Белгијците беше повредата на Тибо Куртоа која на крајот се покажа и како клучна за поразот.

Шпанија дојде во водство во 30. минута со гол на Фабијан Руиз.

Предноста траеше само десетина минути кога Де Кетеларе погоди со глава за израмнувње на 1-1.

Во 71. минута Куртоа излезе од игра поради повреда, на негово место влезе голманот на Манчестер јунајтед, Ламенс.

Мерино во игра влезе во 86. минута, а само две минути подоцна искористи една лоша интервенција на Ламенс кој ја одби топката до фудбалерот на Шпанија, а тој погоди за 2-1.

Шпанија во полуфиналето ќе игра против Франција.


Пирс Чарлс потпиша за Сити, веднаш пратен на позајмица во Шефилд Вендсдеј

Манчестер сити го потврди ангажманот на младиот голман Пирс Чарлс, кој пристигнува на „Етихад“ по настапите за Шефилд Венздеј.

Репрезентативецот на Северна Ирска, кој претходно беше дел од младинската академија на „граѓаните“, потпиша договор на пет години и ќе остане во клубот до летото 2031 година.

Според информациите на „Скај спортс“, трансферот е вреден три милиони фунти, а договорот вклучува и бонуси што ќе зависат од идните успеси на Манчестер сити.

Иако стана повторно член на „граѓаните, 20-годишниот чувар на мрежата следната сезона нема да настапува за првиот тим. Тој ќе биде испратен на едногодишна позајмица во Квинс Парк Ренџерс, каде што ќе има можност да добие поголема минутажа и дополнително да го продолжи својот фудбалски развој.


Садио Мане стави крај на репрезентативната кариера

Најдобриот фудбалер на Сенегал, Садио Мане, објави дека ја завршил својата репрезентативна кариера.

Капитенот на оваа африканска селекција ја напушта репрезентацијата по 130 одиграни натпревари и 55 постигнати голови, тој заминува како најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Сенегал.

„Знам дека жртвував сè за ова знаме, дека дадов сè и дека се борев напорно за мојата земја“, рече Мане.

Легендарниот фудбалер, како што стојат работите, не се „збогуваше“ со репрезентацијата, бидејќи веќе се шпекулира дека би можел да преземе една од функциите.

Со репрезентацијата на Сенегал, тој го освои Африканскиот куп на нации во 2021 година.

Тој го освои истото натпреварување оваа година, по контроверзното финале со Мароко, но на Сенегалците на крајот им беше одземена титулата, поради фактот што селекторот го повлече тимот во финишот на регуларниот тек од натпреварот, пред Мане да ги врати на теренот.


Мурињо го враќа Брозовиќ во Европа

Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ би можел да направи неочекувано враќање во европскиот фудбал, откако се појавија информации дека е на радарот на Реал Мадрид.

Според белгискиот новинар Саша Таволиери, тренерот Жозе Мурињо инсистира на негов ангажман, а искусниот играч за врска наводно веќе добил понуда за едногодишен договор.

Брозовиќ неодамна стана слободен агент по истекот на договорот со саудискиот Ал Наср, што му овозможува без обесштетување да потпише за нов клуб.

Доколку трансферот се реализира, тоа би претставувало едно од најголемите изненадувања на летниот преоден рок, имајќи предвид дека Хрватот извесен период беше надвор од европската сцена, а сега се поврзува со преселба на „Сантијаго Бернабеу“.

Во меѓувреме, Реал Мадрид веќе го засили составот со Бернардо Силва, Дензел Дамфрис и Марк Кукуреља, а Брозовиќ би можел да биде следното звучно име во тимот на Мурињо.


Кристал Палас се пофали со Шпанецот Оскар Мингеса

Шпанскиот фудбалер Оскар Мингеса се пресели од Селта во Кристал Палас, објави англискиот клуб.

Како што беше објавено, 27-годишниот дефанзивец потпиша договор со освојувачот на трофејот во Конференциската лига до јуни 2030 година.

Мингеса кариерата ја започна во Барселона, од каде што се пресели во Селта во 2022 година.

Во претходните четири сезони во Галиција, одигра 147 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола.

Ги бранеше боите на националниот тим во четири наврати.


Бешикташ испрати понуда за Лукаку

Бешикташ е во преговори за потпис на напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку.

Истанбулскиот клуб е подготвен да понуди 5 милиони евра за 33-годишниот белгиски репрезентативец, додека клубот од Неапол бара 10 милиони, објавува „Сабах“.

Договорот на Лукаку со Наполи е со важност до јуни 2027 година.

На 5 натпревари од Светското првенство во 2026 година, напаѓачот постигна 3 гола и направи 1 асистенција.


Пулишиќ заработи фрактура на натпреварот со Белгија

Американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ доживеа микрофрактура на натпреварот од Светското првенство против Белгија, потврди репрезентацијата на САД.

Пулишиќ мораше да го пропушти натпреварот на САД од осминафиналето против Белгија и имаше добра причина за тоа. Репрезентацијата на САД потврди дека офанзивниот играч претрпел микрофрактура на десната нога.

Не е точно познато колку долго Кристијан Пулишиќ ќе биде надвор од терените, но очекувањата се дека нема да биде толку лошо.

Американецот моментално игра за Милан, чија сезона започнува на 23 август со мечот против Торино.


Мбапе не е сериозно повреден, ќе игра во полуфиналето

Француската репрезентација со победата од 2-0 над Мароко обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство, а по натпреварот најмногу внимание привлече замената на Килијан Мбапе во самиот финиш.

Напаѓачот на Реал Мадрид повторно беше меѓу најдобрите на теренот и го постигна првиот гол за Франција, со што стигна до осмиот погодок на Мундијалот. Претходно не успеа да реализира пенал, но тоа не го спречи да остави силен впечаток.

Мбапе беше заменет поради болки во десниот зглоб, што предизвика загриженост кај францускиот табор. Сепак, самиот фудбалер по мечот порача дека ситуацијата не е сериозна.

„Добро сум, само имам мала болка во десниот зглоб. Секогаш мислам дека играчите на теренот треба да бидат на 100 проценти, затоа излегов. Матета во тој момент беше поспремен од мене“, изјави Мбапе.


Франција маршира кон полуфиналето: „Триколорите“ преку Мароко до топ 4

Усман Дембеле

Првиот четвртфинален натпревар на Светското првенство во Бостон донесе вистинска драма во која главниот фаворит Франција со 2:0 го елиминираше жилавиот тим на Мароко и обезбеди пласман меѓу четирите најдобри. Првиот дел од средбата помина во тактичко надмудрување, а најзрелата шанса за „триколорите“ пристигна во 27 минута. По прекршокот на Нусаир Мазрауи над Килијан Мбапе во шеснаесетникот, самиот капитен ја презеде одговорноста од белата точка. Сепак, мароканскиот голман Јасин Бону маестрално го прочита неговиот удар, сочувувајќи ја мрежата недопрена пред заминувањето на пауза.

Притисокот на избраниците на Дидие Дешамп конечно вроди со плод во 60-тата минута. По асистенцијата на Дезире Дуе, Мбапе се рехабилитираше за промашениот пенал и со прекрасен, прецизен удар во спротивниот агол донесе водство за својата земја. Само шест минути подоцна, Усман Дембеле со силен и неодбранлив шут од дистанца ја дуплираше предноста. Мала сенка на големата победа фрли 77-мата минута кога Мбапе мораше предвреме да го напушти теренот поради повреда на зглобот, иако самиот фудбалер по мечот изјави дека не се работи за сериозен проблем.

Со овој триумф, Франција испиша нови страници во фудбалската историја, пласирајќи се во своето трето последователно полуфинале на Мундијалите. Воедно, водечкиот гол на Мбапе беше негов 8-ми на овој шампионат (со што се израмни со Лионел Меси во трката за „Златната копачка“), а вкупно 20-ти во неговата кариера на Светските првенства. Додека за Мароко ова е крај на уште една импресивна приказна, Франција сега мирно го чека подобриот од вечерашниот мега-дуел меѓу Шпанија и Белгија.


Мбапе: Подготвени сме за она што ни доаѓа

Килијан Мбапе имаше уште една блескава партија на Светското првенство, тој ја доби наградата за најдобар фудбалер на мечот.

Франција со 2-0 ја победи селекцијата на Мароко, Мбапе постигна прекрасен гол со кој го отвори резултатот.

Французите делуваат многу моќно и доминантно, ретко се гледа на Светските првенства некоја селекција толку да отскокнува.

„Ова не е најсилниот тим на Франција, но е со најмногу потенцијал. Остекогаш сум велел дека најдобирте тимови се оние кои освојуваат. Имаме уште многу од патот. Знаеме дека она што доаѓа е потешко од она што го поминавме. Подготвени сме за она што е следно“.

Франција во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Шпанија и Белгија.