фудбал

Челзи ќе се обиде да го доведе Габриел Жезус

Фудбалскиот клуб Челзи размислува да достави понуда за напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус.

Се очекува 25-годишниот Бразилец да биде замена за Ромелу Лукаку, кој најверојатно ќе се врати во Интер како позајмен играч.  

Челзи очекува да добие 25 милиони евра за трансферот на Лукаку, а според информациите Сити за Жезус ќе бара 50 милиони евра.

Габриел Жезус во 28 натпревар за Манчестер Сити во Премиер лигата минатата сезона постигна 8 гола и 9 асистенции.


Ако не го доведе Левандовски, Барса ќе тргне по Џерард Морено

Барселона има резервна опција доколку не успее да го привлече напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски ова лето.

Не е тајна дека Каталонците сакаат да го донесат Левандовски на „Камп Ноу“, а иста е желбата и на самиот играч. Проблемот е што првите луѓе од „Алијанц Арена“ засега категорично одбиваат да ја пуштат својата ѕвезда. Стоењето во место со преговорите почнува да ги загрижува Шпанците, кои веќе имаат и резервна опција, а тоа е напаѓачот на Виљареал Џерард Морено, тврди „Спорт“.

Не е првпат 30-годишниот шпански репрезентативец да се поврзува со интерес од Барса. Од „Камп Ноу“ долго време го следат играчот, но сега има големи шанси да дадат конкретна понуда. Морено минатата сезона се мачеше со повреди, но сепак повторно ја покажа својата класа, постигнувајќи 9 гола на 17 натпревари и 3 асистенции


Лаказет потпиша за Лион по пет сезони во Арсенал

Александре Лаказет денес и официјално ќе се пресели во Олимпик Лион.

Според изворот, била подготвена цела прес-конференција за објавување на трансферот на играчот, на која ќе биде соопштена оваа вест.

Да потсетиме дека 31-годишниот француски фудбалер не го продолжи договорот со англискиот клуб. Лаказет дојде во Арсенал во 2017 година токму од Лион. На 206 натпревари за англискиот тим, францускиот напаѓач постигна 71 гол и даде 36 асистенции. Од 2013 до 2017 година Лаказет беше повикан во француската репрезентација.

Лондонски Арсенал заврши на петтото место на табелата во англиската Премиер лига на крајот од сезоната и нема да игра во Лигата на шампионите.


Рома ја отфрли понудата од Њукасл за Пелегрини

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека калчолигашот Рома одби висока понуда од англискиот клуб Њукасл за капитенот Лоренцо Пелегрини.

Според информациите, челниците на Њукасл испратиле понуда до клубот од Рим во висина од 60 милиони евра, но италијанците веднаш ја одбиле со одговор дека Пелегрини не е на продажба.

Капитенот Пелегрини одлучил да ги одбие сите понуди од други клубови бидејќи сака да остане во Рома до крајот на кариерата.


Гатузо е нов тренер на Валенсија

Италијанецот Џенаро Гатузо и официјално е претставен како нов тренер на Валенсија. Тој со клубот потпиша договор на две години.

Поранешниот фудбалер од средината на теренот, после завршувањето со играчката кариера ги водеше екипите на Сион, Палермо, Крит, Пиза, Милан и Наполи. 

Новиот ангажман во Валенсија на Гатузо ќе му биде прв после скоро една година. 44-годишниот италијански стручњак ќе биди 15. тренер на шпанскиот прволигаш во последните 11 години. Валенсија минатата сезона ја заврши на 9-то место од табелата со освоени 48 бода.


Украинското првенство ќе продолжи во август годинава

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дозволил од август повторно да се игра фудбал иако неговата земја се наоѓа во воена состојба со Русија.

Затоа првиот човек на украинскиот фудбал, Андриј Павелко, ги информирал УЕФА и ФИФА.

„Јас разговарав со нашиот претседател Зеленски за тоа колку фудбалот е значаен во овие тешки моменти. Разговаравме колку фудбалот има моќ да им помогне на луѓето за да размислуваат за иднината а знаеме под каква психоза се моментно“, рече Павелко.


Дибала ги одби Арсенал и Њукасл, и е блиску до Интер

Интер од Милано го имаше првиот состанок со главната трансфер мета за ова лето, Аргентинецот Пауло Дибала.

Дибала претходно ги одби понудите од Арсенал и Њукасл, со што и самиот даде до знаење дека преферира останување во Серија А, и евентуален трансфер во Интер.

Интер веќе излезе со првична понуда во однос на платата на Дибала која би изнесувала 6 милиони евра по сезона, но менаџерскиот тим на играчот побарува два милиони повеќе. Преговорите продолжуваат и изгледни се шансите Дибала да го облече дресот на нероазурите.


Лаказет се врати во Лион

Францускиот фудбалер Александре Лаказет потпиша тригодишен договор со екипата на Лион. Тој повторно се враќа во својот некогашен клуб после завршувањето на договорот со тимот на Арсенал. 

Лаказет беше член на клубот од Лондон од 2017 година каде пристигна токму од францускиот прволигаш Лион. Од Лион соопштуваат дека враќањето на Лаказет било приоритет за клубот во последните месеци и дека претставува дел од новата стратегија на раководството.


Ливерпул го руши клупскиот рекорд: Плаќа 100 милиони евра за Дарвин Нуњез

Екипата предводена од Јирген Клоп, подготви околу 100 милиони евра за доведување на голгетерот од Бенфика, Дарвин Нуњез.

22-годишниот Уругваец оваа сезона експлодира во дресот на гигантот од Лисабон, со што го привлече вниманието на богатите клубови ширум Европа.

Во игра за негов ангажман се споменуваат Манчестер Јунајтед, Њукасл и Атлетико Мадрид, но според најновите информации низ спортските медиуми, Ливерпул се истакнува како најсериозен кандидат за потписот на Нуњез. 

Клубот од Енфилд веќе ја доставил и официјалната понуда која изнесува околу 100 милиони евра и пет годишен договор. Доколку биде прифатена од Бенфика, тоа ќе претставува клупски рекорд на Ливерпул за фудбалски трансфер.


Милан го договорил доаѓањето на Санчез

Шампионот на Серија А, екипата на Милан, ги договорил личните услови со Португалецот Ренато Санчез за негово пристигнување на „Сан Сиро“.

Според новинарот Фабрицио Романо, во наредните неколку денови е предвиден состанок помеѓу челниците на Милан и Лил, на кој ќе биде дефинирана висината на обештетувањето за играчот.

Информациите велат дека Милан на Лил ќе му исплати околу 20 милиони евра, а Санчез во Милано ќе добива годишна плата од 3 милиони евра.