фудбал

Интер ги намали загубите од ланската сезона

Foto Spada/LaPresse 09 dicembre 2023 – Milano , Italia – sport, calcio – Fc Inter Vs Udinese – Campionato italiano di calcio Serie A TIM 2032/2024 – Stadio San Siro Nella foto: Nicolò Barella (FC Inter); Lautaro Martinez (FC Inter); Hakan Calhanoglu (FC Inter); Henrikh Mkhitaryan (FC Inter); Federico Dimarco (FC Inter); 09 December, 2023 Milan , Italy – sport, calcio – Fc Inter Vs Udinese- Serie A Football Championship 2023/2024 – San Siro Stadium . In the pic : Nicolò Barella (FC Inter); Lautaro Martinez (FC Inter); Hakan Calhanoglu (FC Inter); Henrikh Mkhitaryan (FC Inter); Federico Dimarco (FC Inter);

Интер втора сезона по ред ги подобрува економските перформанси. Во сезоната 2021/22 загубата на тимот беше 140 милиони евра.

На крајот на финансиската година која заврши на 30 јуни 2024 година, миланскиот клуб успеа да ги намали загубите за 49 милиони евра, од 85 на 36 милиони.

„Неро-азурите“ две години по ред ги подобруваат финансиските резултати. Во финансискиот извештај на Интер за сезоната 2023/24, приходите на миланскиот клуб без трансфери се зголемија за 48 милиони и изнесуваат 473 милиони.

Мнозинскиот акционер на клубот, компанијата „Oaktree“, ја промени структурата на капиталот со доделување дополнителни 44 милиони евра.


Роналдо го кани Погба во Ал Наср

Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо се обидува да го убеди играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба да му се приклучи на саудискиот клуб, пренесува „ТутоЈуве“. Според изворот, 39-годишниот Португалец веќе го повикал Французинот во Ал Насер.

Погба и Роналдо играа заедно за Манчестер Јунајтед во сезоната 2021/22. Јувентус претходно потврди дека 31-годишниот играч од средниот ред ќе го напушти тимот.

На 29 февруари, Погба беше суспендиран на четири години поради прекршување на антидопинг правилата. Во неговото тело било откриено покачено ниво на тестостерон. Во октомври се дозна дека периодот на дисквалификација на играчот е намален од 4 години на 18 месеци. Тој ќе може да се врати на терените во март 2025 година.


Комо му нуди договор на 48-годишниот Тоти!

Франческо Тоти би можел да се врати на фудбалските терени и тоа во клуб од Серија А.

Звучи неверојатно, посебно затоа што Тоти има 48 години, но италијанската „Ла Република“ пишува дека Тоти добил понуда од тимот на Комо предводен од Цеск Фабрегас одново да заигра на терените.

Според информациите на Тоти му бил понуден договор до крајот на сезоната. Во претходниот период само фудбалер не криеше дека има желба да заигра повторно во Серија А меѓутоа веројатно и тој самиот не очекуваше дека може да добие понуда.

Кариерата Тоти ја заврши во 2017 година во Рома, а потоа уште две години остана во Рим како директор, а од 2019 година е надвор од фудбалот.


Ливерпул со 70 милиони го мами Арда Ѓулер на „Енфилд роуд“

Ливерпул е спремен да плати 70 милиони евра за да го донесе Арда Ѓулер од Реал Мадрид во својот тим за време на летниот трансфер период, известуваат англиските медиуми.

Неколку европски гиганти беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“ ова лето, но Реал се одлучи да го задржи во своите редови.

Гулер минатата сезона, но и на Европското првенство покажа дека е еден од најголемите европски таленти во моментов.

Меѓутоа, во Реал не добива многу шанса па е спремен да ја промени средината, а Ливерпул сака да ја искористи таа шанса.

„Црвените“ во него гледаат идеална замена за Салах и се премни да платат 70 милиони евра.


Емери: Се развиваме одлично, сон ми е трофеј со Астон Вила

Менаџерот на фудбалерите на Астон Вила, Унаи Емери, ги анализираше неговите први две години во клубот.

Под негово водство, екипата од Бирмингем постигнаа огромен напредок. Минатата сезона заврши четврта а во тековнава за првпат по 42 години игра во Лигата на шампионите.

„Се надевам дека ќе се развиваме повеќе. Првата цел ми беше да играм во Европа, да завршам во топ 7. Нареден сон што го имам е да освојам трофеј“, изјави Емери.


Тен Хаг ќе добие голема отштета, Јунајтед троши богатсво на отпуштени менаџери

Ерик Тен Хаг ќе добие едно од најголемите обештетувања во историјата на фудбалот. Сега е јасно зошто челниците на Манчестер Јунајтед се двоумеле да го отпуштат холандскиот стручњак во последниот месец.

Можеби Ерик Тен Хаг не бил добар менаџер, но затоа има одлични адвокати. Не само што со резултатите го зацрне познатиот англиски клуб, туку сето тоа добро ќе го наплати.

Доколку се точни вестите кои доаѓаат од Англија и Холандија, разрешениот менаџер на „црвените ѓаволи“ ќе добие отштета од околу 20 милиони евра!

На „Олд Трафорд“ веќе подолго време се размислува како да се реши проблемот со замена на Ерик Тен Хаг, знаејќи дека овој потег ќе го чини славниот клуб премногу.

Ричард Мартин објави детали за финансиските трошоци, кои покажуваат дека Јунајтед можел да го отпушти Холанѓанецот за „само“ 12 милиони евра во јуни. Во тоа време, Тен Хаг сè уште имаше договор само до средината на 2025 година.

Сега, околу три месеци подоцна, поранешниот тренер на Ајакс добива многу повеќе пари. Според информациите на Мартин, Тен Хаг може да смета на отпремнина од најмалку 20 милиони евра. Секако, сето тоа има врска со претходното продолжување на договорот, кое беше најавено на почетокот на јули.

Мартин направи уште една опсервација. Тоа е околу половина од сумата што клубот ја заштеди со отпуштање на 250 вработени. Манчестер Јунајтед направи се што може за да ги намали трошоците во последните месеци, но ова дојде како тежок удар.

Отпремнината на Тен Хаг е еден од најголемите во историјата на англискиот фудбал, а уште поболно за клубот од Олд Трафорд е што сите наследници на Алекс Фергусон од 2013 година до денес – Дејвид Мојс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјаер – добија отказ!

Оттука и финансискиот надоместок.

Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ потрошиле 70 милиони фунти (околу 84 милиони евра) само за отштета за отпуштените менаџери.


Винициус со кратка порака се огласи по изборот на Родри за „Златна топка“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор реагираше на одлуката да му се додели наградата „Златната топка“ на играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри за најдобар во сезоната 2023/24.

Винициус заврши втор во гласањето. Бразилецот, како и сите други претставници на Реал Мадрид, не дојде на церемонијата на доделување на наградата, која се одржа во Париз. Ќе го направам тоа десет пати ако е потребно. Тие не се подготвени, напиша Винициус на социјалните мрежи.

Во сезоната 2023/24 Бразилецот со Реал Мадрид стана шампион во Шпанија и победник на Лигата на шампионите.


Ливерпул го сака незадоволениот Мбапе во своите редови

Килијан Мбапе би можел да го напушти Реал Мадрид.

Според „Дефенса централ“, Мбапе не се чувствува среќен во клубот откако се пресели од ПСЖ и јасно му е дека сè уште не ги оправдува очекувањата што му се поставени. Англискиот гигант Ливерпул е подготвен да го искористи ова. „Црвените“ подготвуваат трансфер бомба и можат да му понудат на Реал Мадрид 150 милиони евра за звездата од Франција.

Изворот исто така појаснува дека и покрај се, размислувањата на Французинот засега остануваат само на мадридскиот клуб.

Оваа сезона во Ла Лига, Мбапе одигра десет натпревари за Реал Мадрид и постигна шест гола.


Родри: Ова е посебен ден за мене и за моето семејство

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити и Шпанија, Родриго Ернандез ја освои Златната топка за 2024 година. Тој го победи напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор во битката за наградата. На третото место се најде Џуд Белингем.

„Неверојатна вечер за мене. Им благодарам на сите. Сакам да им се заблагодарам на многу луѓе. Пред се, Франс Фудбал, УЕФА. Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене. Денес е посебен ден за мене и моето семејство. Сакам да и се заблагодарам на мојата свршеница, немаше да биде исто без тебе, за се што ме научија во Париз.

Знам дека Ламин Јамал може да биде на мое место. Знам дека еден ден ќе бидеш на мое место. Тоа е победа за цела Шпанија. Добро е што имаме Шпанец кој го освојува трофејот. Има толку многу играчи од средниот ред кои ја заслуживме оваа награда. Денеска конечно излегуваме во центарот на вниманието.

Кога имав 16 години ги сонував своите соништа. Никогаш не мислев дека ќе стигнам овде. Им реков на моите родители дека тогаш се откажувам, но тие ме спречија. Мило ми е што во фудбалот можам да стигнам до највисоко ниво“, додаде играчот од средниот ред.


Историја во Париз: Родри ја освои „Златната топка“

Како што и се најавуваше, фудбалерот на Манчестер Сити, Родри ја доби престижната награда за најдобар фудбалер „Златна топка“.

Родри е освои наградата „Златна топка“ иако до вчера се мислеше дека таа ќе му припадне на Винисиус Жиниор.

Сепак, играчот на Манчестер Сити е добитник на големото признание, тоа беше и причината поради која Реал Мадрид го бојкотираше настанот.

„Златната топка“ во женска конкуренција ја доби фудбалерката на Барселона, Аитана Бонмати.