фудбал

Ериксен сака да остане во Брентфорд

Фудбалерот на Брентфорд, Кристијан Ериксен, размислува да остане во клубот и следната сезона. 30-годишниот Данец игра во одлична форма откако се приклучи на екипата во јануарскиот преоден рок.

Неговите добри настапи доведоа и до негово враќање во данската репрезентација. Ериксен потпиша само краток шестмесечен договор со Брентфорд, кој истекува на лето.

Сепак, информациите говорат дека тој размислува да го продолжи престојот во Брентфорд и покрај интересот од неговиот бивш клуб Тотенхем.


Борусија Дортмунд се договори со Карим Адејеми

Екипата на Борусија Дортмунд се договори со напаѓачот на Салцбург Карим Адејеми. Тој се очекува да потпише 5 годишен договор со „жолто-црните“, и од на лето да стане нивни нов играч. 

Целта на тимот од Дортмунд е да обезбеди замена за Норвежанецот Ерлинг Халанд, кој најверојатно ќе го напушти клубот.

Според информациите, 20-годишниот Адејеми ќе добива по 5 милиони евра по сезона, плус бонуси во зависност од неговиот учинок.


Осимен посакува трансфер во Арсенал

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен открива дека е посакува ова лето да се приклучи на Арсенал наместо во Манчестер Јунајтед или Њукасл. 

Нигерискиот напаѓач е подготвен да се пресели во северен Лондон по само две сезони минати во Италија.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Нигериецот е подготвен да ги отфрли понудите на Манчестер Јунајтед и Њукасл, и да се пресели во Арсенал. 23-годишниот фудбалер оваа сезона за Наполи  има 17 гола на 29 натпревари.

Осимен е проценет на околу 80 милиони фунти.


Евертон ќе го продава голманот Пикфорд

Екипата на Евертон размислува да го продаде својот голман Џордан Пикфорд, бидејќи раководството на клубот ќе настојува да обезбеди сериозни финансиски средства за тренерот Френк Лампард, кој ќе има задача да започне со реконструкција во тимот.

Англиските медиуми известуваат дека и во случај тимот на Лампард да успее да обезбеди опстанок во Премиер лигата, продажбата на Пикфорд сепак ќе се случи. Тотенхем е клубот кој е најзаинтересиран за неговите услуги. Голманот и капитен на Тотенхем, Хуго Лорис оваа година полни 36 години и веќе се споменува негово можно заминување од тимот.


Рома ги награди фановите кои ја бодреа екипата во Норвешка

Фудбалскиот клуб Рома денеска соопшти дека 166 навивачи, кои присуствуваа на убедливиот пораз во Норвешка од Бодо Глимт, ќе добијат бесплатни влезници за финалниот натпревар од Лигата на конференциите против Феенорд во Тирана.

Клубот на тој начин им се заблагодарува на навивачите, кои беа во Норвешка на 21 октомври, кога Рома беше поразена со 6-1 од домашната екипа, во натпревар од Лигата на конференции од групата Ц.

Списокот на навивачи е формиран врз основа на податоците за продажба на билети, кои ги испратил норвешкиот клуб, изјавија од Рома.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо претходно изјави дека неговиот пораз од Бодо Глимт е еден од најлошите во европските натпреварувања.

Рома подоцна го елиминира норвешкиот тим во четвртфиналето на Конференциската лига.


Манчестер Сити го засилува средниот ред со Де Јонг од Барселона

Според Дејли Мејл, шампионот на Англија, Манчестер Сити планира ова лето да се засили со нов играч за врска. Според информациите Сити наредната сезона сака да ја започне со три нови засилувања.

Се очекува во екипата да пристигнат напаѓачот Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, младиот Алварез веќе и официјално ќе пристигне од Ривер Плата, а како најново летно засилување се споменува и играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг.

24-годишниот фудбалер беше блиску до трансфер на „Етихад“ и во 2019 година, но тогаш тој се одлучи за премин на „Камп Ноу“.


ПСЖ ќе го откупи Нуно Мендеш за 40 милиони евра

ПСЖ наскоро ќе ја активира клазулата и ќе го официјализира откупот на Нуно Мендеш од лисабонскиот Спортинг.

Младиот Португалец оваа сезона ја помина на позајмица од Спортинг, а во неговиот договор има клазула според која може да биде откупен за 40 милиони евра.

Нуно Мендеш ќе остане во Париз и ќе потпише договор до 2026 година со што во ПСЖ си ја обезбедија левата страна во одбраната откако и Ашраф Хакими потврди дека е среќен и дека сака да остане.

Сепак, најголемото внимание во Париз е насочено кон ситуацијата со Килијан Мбапе. Во ПСЖ прават се за да го убедат да го продолжи договорот кој му завршува на крајот од сезоната, а ќе видиме дали ќе успеат.


Тен Хаг одлучил Роналдо да остане во клубот и наредната сезона

Весникот „Сан“ пренесува дека идниот тренер на Манчестер Јунајтед ,Ерик тен Хаг, сака големата ѕвезда на екипата, Кристијано Роналдо да остане во тимот и наредната сезона.

Досега се веруваше дека Роналдо нема да е дел од проектот на Тен Хаг за иднината на Јунајтед, но според „Сан“, Холанѓанецот бил импресиониран од играта на Португалецот на натпреварот против Брентфорд и смета дека е неприфатливо клубот да загуби толку важен играч како него.

Оваа сезона Роналдо досега одигра 29 натпревари за „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата, постигнувајќи 18 голови и три асистенции. Тој запиша и шест гола во Лигата на шампионите.


Гави се согласил на нов договор со Барселона

Тренерот на Барселона Чави зборуваше за претстојното продолжување на договорот со играчот од средниот ред Гави .

„Двете страни сакаат да продолжат да работат заедно, така што ова е одлична вест за навивачите на Барселона. За нас е многу важно да го задржиме Гави. Гави е дел од идниот проект на Барселона и имам одличен однос со неговиот агент. Го обновуваме договорот со него“, изјави Чави на новинарот Фабрицио Романо на Твитер.

17-годишниот Гави постигна два гола и имаше шест асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања. Актуелниот договор на играчот со тимот истекува на крајот на следната сезона.


Фиоренатина ќе го откупи Тореира од Арсенал

Фиорентина ќе ја плати сумата од 15 милиони евра што Арсенал ја бара за продажба на Лукас Тореира ова лето.

Италијанските весници тврдат дека „Ла Виола“ сега е „блиску“ до трајно ангажирање на уругвајскиот играч од средниот ред во летниот трансфер период. Фиорентина е подготвена да плати 15 милиони евра за постојан договор ма Тореира кој оваа сезона игра за позајмица.

Во Арсенал не се подготвени да прават никакви попусти за Тореира.