Доделени седум билети за учество на Европското првенство
По вчера одиграните натпревари од осмото коло од квалификациската фаза за Европското првенство кое идното лето ќе се одржи во Германија, стана познати шест репрезентации кои досега се пласираа на завршницата на континенталното првенство.
Освен Германија како домаќин, на Евро 2024 следната година ќе ги гледаме и Франција, Белгија, Португалија, Шкотска, Шпанија и Турција веќе имаат обезбедено учество.
Денес следат нови натпревари по кои може да добиеме уште некоја селекција која ќе го потврди своето место на ЕП следната година.
Малик Тиао на радарот на Баерн Минхен
Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата со германскиот дефанзивец Малик Тиао, кој блеска во дресот на Милан.
21-годишниот Германец импресионира со своите настапи во последно време и веќе дебитираше за германската репрезентација. Тој минатото лето за само 5 милиони евра пристигна од Шалке и после шест месеци се броби во стартниот тим, а оваа сезона покажува одлични партии.
Тој се зацврсти во стартниот тим на „росонерите“, па веќе важи за еден од најголемите таленти.
Баерн ги следи неговите настапи, а „Калчомеркато“ пренесува дека Баварците се спремни да понудат 35 милиони евра за неговиот потпис.
Милан го носи бесплатно Миранда од Бетис
Според информациите на шпанските медиуми, Милан е пред договор со фудбалерот на Бетис Хуан Миранда.
Миранда на „Сан Сиро“ би пристигнал како слободе фудбалер, неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а Милан покажал најголем интерес да го доведе.
Италијанците се обидуваат да ја искористат ситуацијата и да реагираат пред конкурентите.
Клоп ќе го менува Салах со Сане
Челниците на Ливерпул размислуваат за евентуална замена на Мохамед Салах доколку интернационалецот од Египет прифати да замине во Саудиска Арабија.
Познато е дека играчот на „црвените“ е мета на неколку екипи од Арапскиот полуостров и дека е само прашање на време кога ќе ја напушти Европа. Затоа, англичаните планираат да го ангажираат играчот на Баерн Минхен, Лерој Сане.
Наводно, луѓето од „Енфилд“ планираат да испратат понуда од 100 милиони евра за германскиот фудбалер.
Спалети ветува најсилна можна Италија на „Вембли“
Фудбалерите на Италија откако вчера очекувано ја совладаа Малта со 4-0 во квалификациите за Европското првенство, сега се насочуваат кон средбата со Англија закажана во вторник на легендарниот стадион – „Вембли“.
Селекторот на „аѕурите“, Лучијано Спалети, откако се осврна на дуелот со Малта, ги потенцираше и неговите очекувања од пресметката со „Гордиот Албион“.
„Значајно беше да оствариме лесна победа. Игравме добар фудбал. Натпреварот во вторник против Англија треба да покаже како ќе се развиваме во иднина“, вели Спалети.
Проблеми за Тен Хаг, Касемиро се повреди против Венецуела
Проблемите во Манчестер Јунајтед дополнирелно се зголемија, а нов на оваа листа кај „црвените ѓаволи“ е Бразилецот, Касемиро.
Касемиро не успеа да го заврши натпреварот помеѓу Бразил и Венецуела. Големиот борец од средината на теренот се пожалил на повреда и побарал да биде заменет.
„Бразилскиот фудбалер добил удар во пределот на скочниот зглоб, а по натпреварите се покажа дека станува збор за посериозна повреда“, изјави селекторот на Бразил.
Во првиот натпревар по репрезентативната пауза, Манчестер Јунајтед ќе игра против Шефилд и многу веројатно Касемиро нема да биде на располагање за Тен Хаг.
Украина ќе ја пречека Италија во Леверкузен
Квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 меѓу Украина и Италија кој е дел од нашата група Ц ќе се одигра во Леверкузен, објави официјалниот сајт на Фудбалскиот сојуз на Украина.
Натпреварот ќе се одигра на 20 ноември на теренот „БајАрена“ (почеток 20:45 часот). Тимот на Баер Леверкузен се согласи да го обезбеди својот стадион за натпреварот.
„Драго ни е што преговорите завршија со договор за одржување на натпреварот Украина – Италија на прекрасниот стадион „БајАрена“. Украинскиот фудбалски сојуз изразува искрена благодарност до раководството на германскиот клуб Баер за плодната соработка и поддршката што му ја дава на украинскиот фудбал!
Посебна благодарност до Германскиот фудбалски сојуз за помошта во организацијата на овој натпревар, како и поддршката за Украина во овие тешки моменти. Го цениме тоа и секогаш ќе се сеќаваме на вашето гостопримство!
Сигурен сум дека и украинските навивачи кои ќе дојдат во Леверкузен на 20 ноември да го поддржат нашиот тим, исто така ќе можат да го ценат гостопримството и убавината на БајАрена“, изјави првиот потпретседател на ФС на Украина, Вадим Костјученко.
Тонали потврди дека е зависен од коцкање
Сандро Тонали е подготвен да оди на третман за зависност од коцкање кај психолог, пишува „Кориере дела сера“.
Агентите го советуваа Тонали да се лекува, а играчот се согласи, иако беше многу „засрамен“ од оваа ситуација.
Играчот од средниот ред на Њукасл и Италија верува дека треба да се ослободи од внатрешната непријатност, а патот до закрепнување не е најлесниот. Исто така, се тврди дека играчот од средниот ред повеќе направил несреќна грешка отколку дека тоа е сè намерно.
Сандро е подготвен да соработува со Италијанската фудбалска федерација за понатаму да одржи низа состаноци со млади луѓе кои се зависни од обложување. Менаџерот на Њукасл, Еди Хау е подготвен да му помогне на играчот и да му подаде рака за помош за да се осигура дека Италијанецот ќе се врати без овој проблем.
Претходно, Тонали и Николо Заниоло од Астон Вила и признаа на полицијата дека се коцкале на нелегални платформи. Според „La Repubblica“, вечерта на 12 октомври истражителите ги посетиле играчите во тренинг базата на италијанската репрезентација во Коверчиано.
Играчот од средниот ред на Њукасл и крилниот напаѓач на Астон Вила за време на испрашувањето изјавија дека играле покер и блек џек на недозволени платформи, но никогаш не се обложувале на фудбалски натпревари. Додека сведочеле и давале исказ, играчите тешко ги задржале солзите. Во рамките на истрагата, полицијата запленила телефони и таблети од Тонали и Заниоло.
Јуве ќе му ја намали платата на Влаховиќ
Душан Влаховиќ поради проблеми со повредите мораше да ги пропушти октомвриските натпревари со репрезентацијата на Србија, против Унгарија и Црна Гора, но тоа му даде можност да започне нова рунда преговори со челниците на Јувентус.
Имено, долго време се зборува за иднината на Влаховиќ во Италија, откако голгетерот на „старата дама“ летово беше на излезната врата и за малку ќе завршеше во Челзи. Поради ова, челниците на Јувентус заппочнаа преговори според кои Влаховиќ би добил нов договор, сегашниот му истекува во 2026 година.
Идејата на италијанскиот гигант е, како што пишува „Газета дело Спорт“, најплатениот фудбалер на тимот (седум милиони нето) да не ја намалува главнината во договорот, туку тоа да го направи со бонуси, што би го направило платниот список на Јувентус полесен.
Платата на Влаховиќ во последната сезона ќе достигне 12,5 милиони евра, а директорите Кристијано Џунтоли и Џовани Мана планираат да го продолжат договорот на уште една или две години.
Како што додаваат Италијанците, Влаховиќ сака да остане во Торино, а веќе се вратил на тренинзите и ќе биде подготвен за натпреварите кои доаѓаат по репрезентативната пауза.
Официјалната понуда до Влаховиќ би требало да пристигне до крајот на октомври, за потоа да се почека одлукатан а фудбалерот. Оваа сезона Влаховиќ на шест натпревари постигна четири гола и додаде една асистенција.
Жоао Феликс игра за минималец во Барса, но ќе добие голем бонус
Жоао Феликс ова лето пристигна во Барселона и прифати да игра за многу мала плата.
Досега не се споделуваше колкава е „жртвата“ на Португалецот, но оваа информација ја сподели потпретседателот, Едуард Ромеу.
„Точно е. Феликс се сложи на драстично намалување на платата за да биде тука. Тој заработува 400.000 евра годишно. Споредено со другите ѕвезди во светскиот фудбал, на играчите им се исплаќаат слични суми како неделна плата“.
Меѓутоа, Барселона ќе го награди за лојалноста и во јануари планира да ослободи буџет за плати. Клубот ќе ги корегира неговите примања и во иднина тој ќе има 10 пати поголема плата, или околу 4 милиони евра бруто.