фудбал

Вини одбил да потпише нов договор со Реал

Винициус ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му понуди покачување на сегашната плата од 15 милиони евра.

Актуелниот договор на Винициус со Реал Мадрид е до 30 јуни 2027 година, а „кралевите“ сакаат да ја продолжат соработката и му понудија нов договор на Бразилецот.

Реал Мадрид е свесен дека овие преговори нема да бидат лесни, бидејќи за Винисиус има сериозен интерес од клубови од Саудиска Арабија, кои се подготвени да му понудат значително повисока плата.


Влаховиќ опција за нападот на Барса

Според информациите од италијанските медиуми, Душан Влаховиќ скоро сигурно ќе замине од Јувентус по завршувањето на сезоната.

Имајќи предвид дека е во последната година од договорот, Јувентус планира да го продаде Влаховиќ за 40 милиони евра следното лето.

Оваа одлука доаѓа откако го вклучија во тимот Коло Муани во зимскиот трансфер период, кој одлично се прилагоди.

Барселона сега се вклучи во борбата за Влаховиќ, и подготвена е да ја покрие сумата која ја бара Јувентус.

Каталонскиот клуб смета дека Влаховиќ би бил идеален заменик за Левандовски, кој полека ги привршува активните играчки години.


Симеоне: Првиот следен натпревар е најбитниот

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ги повика своите играчи целосно да се фокусираат на претстојниот прв натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот против Барселона кој се игра вечерва, пред дуелот во Лигата на шампионите против Реал Мадрид кој е дел од напорниот распоред на тимот.

Периодот од пет недели за Атлетико вклучува два натпревари против Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите и уште една средба со Барса во Ла Лига, каде што Атлетико заостанува зад двата гиганти со еден бод во трката за титулата.

„Единствениот начин е да се оди натпревар по натпревар“, изјави Симеоне на прес-конференцијата пред мечот со Барса.Возбудени сме, сакаме да се натпреваруваме, со нетрпение очекуваме на најдобар можен начин да се соочиме со секој следен противник и за да го постигнеме ова, мора да бидеме фокусирани само на утрешниот натпревар“, додаде Симеоне.Кога се соочувате со големи тимови, знаете дека треба да бидете подготвени да се спротивставите, да страдате. Ќе има добри моменти за секој тим, а ние мора да ги искористиме нашите. Имаме специфична идеја и однапред ќе работиме на тоа со момчињата. Се соочуваме со противник чиј начин на игра навистина ми се допаѓа. Тие имаат голема сила во нападот и ќе се обидеме да ги повредиме таму каде што мислиме дека можеме да ги повредиме“ заврши Симеоне.


Лукас Перез потпиша за ПСВ Ајндховен

Холандскиот фудбалски гигант ПСВ Ајндховен потпиша денеска договор со 36-годишниот напаѓач Лукас Перез до крајот на сезоната.

Перез пристигна во ПСВ како слободен играч откако во јануари го раскина договорот со Депортиво од родната Коруња.

Искусниот шпански фудбалер потпиша за ПСВ само една недела пред неговиот нов клуб да игра во осминафиналето против еден од неговите поранешни работодавци, лондонски Арсенал. Перез пристигна на Емирати од Депортиво во летото 2016 година за 20 милиони евра, но не успеа да се наметне.

„Работев напорно во последните недели, и на фудбалскиот терен и надвор од него и подготвен сум за докажување. Сакам да му помогнам на овој клуб да ги постигне своите цели за освојување на првенството и Купот“, изјави Перез.


Гасперини: Посветеноста на моите фудбалери не е доведена во прашање

Тренерот на фудбалерите на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, зборуваше по убедливата победа на теренот на Емполи во меч од 26. коло на италијанската Серија А.

„Посветеноста на нашите играчи е видлива на секој меч. Лесно е да се зборува за едноставни натпревари. В недела имаме меч против Венеција. Потоа ќе имаме дуел со Јувентус“, рече задоволно Гасперини.

Составот од Бергамо со 54 бодови го има третото место на табелата. Пред него се Интер со 57 бодови и Наполи со 56.


Ренџерс го отпушти Филип Клемент

Еден од најдобрите шкотски клубови, Глазгов Ренџерс, го отпушти тренерот, Филип Клемент, по неочекуваниот пораз на домашен терен од Сент Мирен со 2-0 во рамките на 27. коло од домашниот шампионат.

Фудбалскиот стратег кој работеше во францускиот Монако и Бриж од Белгија, во 2023 година седна на клупата на гигантот и во две сезони успеа да го освои само Лига Купот на Шкотска.

Ренџерс сега заостанува големи 13 бодови во однос на лидерот Селтик.


Конте: Јас сум одговорен за поразот во Комо

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, застана во одбрана на фудбалерите кои загубија на гостински терен од Комо во меч од Серија А.

„Жал ми е но, сите заедно треба да се обидеме да разбереме зошто се случи тоа. Честитки за тоа што го прават момците од Комо, се најдовме под притисок поради нашите грешки. Јас сум одговорен за поразот бидејќи не можев да го спречам. Не барам изговори. Треба да видиме како да се справиме со ситуацијата“, потенцираше тренерот на Наполи.


Фенер му нуди доживотен договор на Един Џеко

Вечерва во Турција на програмата е големото градско дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче, кое може го реши шампионатот. Галатасарај има шест бода повеќе од големиот ривал и со евентуална победа ќе направи голем чекор кон одбрана на шампионската титула.

Во пресрет на дербито, турските медиуми, пишуваат за судбината на Един Џеко во Фенербахче.

Ветеранот, оваа сезона одигра 37 натпревари за Фенербахче, постигна 19 гола и имаше седум асистенции во сите натпреварувања. Капитенот на турскиот гигант има договор до крајот на оваа сезона, но Турците пишуваат дека претседателот Али Коч ќе му понуди договор 1+1. Понатаму се додава дека Коч е подготвен на Џеко да му понуди и функција во клубот кога тој ќеја заврши кариерата.

Во блескавата кариера како еден од најдобрите напаѓачи на 21 век, Џеко играше за Железничар, Теплице, Волфсбург, Манчестер сити, Рома и Интер. Во Турција е од 2023 година.

„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 2,2 милиони евра.


Моизе Кин пратен на домашно лекување по повредата на главата

Фудбалерот на Фиорентина, Моизе Кен е пуштен од болница откако се здоби со повреда на главата на вчерашниот натпревар против Верона.

Иако на почетокот се чинеше дека се работи за посериозна повреда, клубот денеска соопшти дека Кин е пуштен на домашно лекување и дека сите тестови се добри.

Првотимецот на „виолетовите“ синоќа од Верона се врати во Фиренца.

„Сите клинички тестови беа негативни, ќе остане само лузна“, се наведува во клупското соопштение.

Најдобриот стрелец на Фиорентина оваа сезона нема да игра во следната рунда против Лече.


Фановите на Ваљадолид бараат рефундирање на парите од фудбалерите

Навивачите на Ваљадолид преку официјално соопштение му пишаа на клубот по дебаклот на натпреварот со Атлетик, одигран вчера на „Сан Мамеш“ во Билбао и бараат да им се вратат парите што ги платиле за билетите.

Тимот од „Зориља“ го претрпе најтешкиот пораз (7:1), во инаку очајната сезона во која го зазема последно место на табелата во Ла Лига.

Во претходното коло Ваљадолид беше поразен на домашен терен од Севиља со 0:4, но срамот во Баскија беше последната капка која ја пречи чашата во односнот меѓу навивачите и клубот.

Официјалната навивачка група на Ваљадолид излезе со соопштение во текот на вечерта и испрати повеќе од јасна порака до играчите и клубот по срамниот настап во Билбао.

Тие бараат од играчите да ги покријат трошоците за нивните билети за натпреварот.

„Вече не станува збор за победи, нерешени и порази, не станува збор ниту за опстанок во лигата, туку за фактот дека најмалку што бараме од тимот е да излезе на теренот и да се бори. Ве известуваме дека писмено побаравме од клубот да ги надомести трошоците за гостински билети за навивачите кои отпатуваа во Билбао, а парите ќе треба да ги рефундираат играчите од првиот тим на Ваљадолид“, се вили во соопштението.