Марио Хермосо се повреди, го чека двонеделна пауза
Дефанзивецот на Рома, Марио Хермосо заработи повреда на мускулот на последниот тренинг на тимот. Тој почувствувал болка и не можел да го заврши тренингот, а прогнозите не се премногу добри.
Прегледите покажаа дека Хермосо мора да мирува најмалку 10 дена. Тоа значи дека тој нема да може да игра на следните два натпревари на тимот против Верона во Серија А и Унион Сен Жилоа во Лига Европа.
Нејмар не е спремен за дуелите со Венецуела и Уругвај
Soccer Football – FIFA World Cup Qatar 2022 – Quarter Final – Croatia v Brazil – Education City Stadium, Doha, Qatar – December 9, 2022 Brazil’s Neymar celebrates scoring their first goal REUTERS/Dylan Martinez
Нејмар се врати на теренот, но не беше вклучен во репрезентацијата на Бразил за последните два квалификациски натпревари на Бразил за Светското првенство во 2024 година.
Селекторот на бразилската репрезентација Доривал Жуниор не го вклучи поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен во составот на петкратните светски шампиони за натпреварите против Венецуела на 14 ноември и Уругвај пет дена подоцна.
Нејмар се врати во игра за клубот од Саудиска Арабија Ал Хилал на 21 октомври во натпревар од Лигата на шампионите во Азија.
Левандовски има највисока плата во шпанскиот шампионат
Шпанскиот медиуми „АС“, ја објави листата на најплатените фудбалери на Ла Лига според „Каполоџи“. Платите се наведени во бруто износ, односно пред оданочување и се посочува колкав е приходот неделно и годишно.
Листата ја предводи напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, кој годишно заработува нешто повеќе од 33 милиони евра, два милиони повеќе од Килијан Мбапе од Реал.
Меѓу десетте најплатени во Шпанија е и голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Тој има иста плата со ѕвездите на Реал, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем.
Марадона добива меморијален центар и споменик во Буенос Аирес
Децата на Диего Армандо Марадона најавија основање „Фондација Марадона“ која ќе се грижи за наследството што зад себе го остави аргентинскиот фудбалски идол, а обелоденија и детали околу новиот споменик што ќе биде поставен во центарот на Буенос Аирес, кој се очекува да првлекува еден милион посетители годишно.
„Сакаме нашиот татко да биде блиску до љубовта на луѓето и да им ја исполни желбата на сите што сакаат да му донесат цвеќе“, образложи неговата ќерка Далма, зборувајќи за спомен-обележјето.
Споменикот наречен „MemorialM10“, кој треба да биде отворен во 2025 година, ќе се наоѓа на шеталиштето во срцето на главниот аргентински град, во туристичката област на старото пристаниште Пуерто Мадеро.
Со покриена површина од 1.000 м2, меморијалниот центар ќе привлекува еден милион посетители годишно, според сајтот „m10memorial.com“.
Аргентинците ќе имаат бесплатен пристап, но можат да донираат средства за Фондацијата што ќе им овозможи да ја постават нивната фотографија на ѕидот на наследството кај споменикот.
Де Хеа пресреќен од прилагодувањето во Фиренца
Шпанскиот голман на Фиорентина, Давид Де Хеа, по синоќешната победа над Џенова изјави дека му било лесно да се прилагоди на италијанскиот тим.
„Ми беше многу лесно уште од самиот почеток. Вистината е дека играчите, тренерот, целиот тим и навивачите се исклучителни. Беше лесно да се навикнеш. Давам се од себе за тимот и да ги направиме нашите поддржувачи среќни“, рече 33-годишниот голман.
Извонредната реакција на Шпанецот доцна на натпреварот против Џенова вчера и овозможи на Фиорентина да ја задржи предноста од 1-0 и да победи на гостувањето.
„Тоа беше клучна одбрана бидејќи ситуацијата беше на крајот од натпреварот, што ни помогна да ги освоиме трите бода. Оваа победа треба да ни ја зголеми самодовербата“, изјави Робин Госенс, авторот на победничкиот гол за „виолетовите“.
УЕФА парично казни неколку федерации заради испади на фановите
DELIJE navijaci fudbalera Crvene zvezde na utakmici Superlige Prvenstva Srbije protiv Radnickog Nis na stadionu Rajka Mitica, Beograd, 30.09.2023. godine Foto: Marko Metlas Fudbal, Crvena zvezda, Superliga Prvenstvo Srbije, Radnicki Nis
Дисциплинската комисија на УЕФА воведе санкции за фудбалските федерации на Србија, Унгарија, Грузија и Босна и Херцеговина поради прекршоци од навивачите за време на натпреварите од Лигата на нации.
УЕФА ја казни Србија со вкупно 52,5 илјади евра поради расистичко и дискриминирачко однесување на навивачите и непочитување при изведувањето на националните химни на натпреварот против Швајцарија на 12 октомври, освоен од Србите со 2-0.
Исто така, српската репрезентација може да биде казнета со еден домашен натпревар со делумно затворени трибини во случај на повторени прекршоци во следните две години.
Санкции за расистичко однесување на гледачите доби Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина (29,25 илјади евра) и Унгарската фудбалска федерација (34,5 илјади евра). Навивачите на тимовите, исто така, фрлаа предмети на теренот и користеа факели на натпреварот од Лигата на нации помеѓу двата тима на 14 октомври во Зеница, кој заврши со 2-0 за Унгарија.
УЕФА ја казни Грузиската фудбалска федерација со 56.000 евра поради блокирање премини на стадионите, употреба на ласери и пиротехнички средства од навивачите за време на мечот со Албанија (0-1).
Фудбалскиот сојуз на Естонија мора да плати 10.000 евра за расистичко и дискриминирачко однесување на навивачите на натпреварот против Шведска (0-3).
Атлетико Мадрид доживотно суспендира девет навивачи
Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид доживотно суспендираше девет навивачи поради расизам и недолично однесување, објавија „Колчонеросите“.
Атлетико Мадрид ја заврши истрагата по инцидентите кои се случија на дербито против Реал Мадрид, и натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика.
За време на дербито во Мадрид, голем број предмети и факели беа фрлени од долните трибини во јужниот дел на стадионот, додека во Лисабон дел од навивачите на Атлетико се однесуваа расистички.
Процесот на идентификација на инволвираните траеше речиси еден месец, а клубот во соработка со полицијата го прегледала целиот аудиовизуелен материјал што бил на располагање. Клубот успеал да идентификува девет лица кои добија доживотна забрана за присуство на натпреварите на Атлетико.
„Уште еднаш повторуваме дека силно го осудуваме секое изразување на насилство и нашата посветеност да се бориме против овој тип на став за кој нема место во фудбалот и го нарушува имиџот на Атлетико Мадрид“, соопштија од клубот.
Лаутаро: Заслужив повеќе респект, на нивото сум на Мбапе и Халанд
Лаутаро Мартинез, напаѓачот на Интер и на аргентинската репрезентација, е разочаран од седмото место во изборот за Златната топка за сезоната 2023/24. Пред него беа Родри, Винисиус, Белингем, Карвахал, Халанд и Мбапе.
„Немам на што да им завидувам на Халанд, Мбапе, Кејн и Левандовски. На нивното ниво сум. Разочаран сум само од седмото место и очекував повисок пласман по одличната сезона што ја имав“, изјави Лаутаро.
Во текот на 23/24 ја освои италијанската титула со Интер, а јужноамериканската титула со Аргентина, придонесувајќи за споменатите трофеи како најдобар стрелец и во натпреварувањата во Серија А и во Копа Америка.
Буфон: Роналдо Назарио е идеалниот фудбалер
Џанлуиџи Буфон бранеше во четири различни децении, во кариерата се сретна со различни генерации фудбалери и е многу авторитетна личност кога е во прашање изборот на најдобриот играч во историјата. Џиџи кариерата ја заврши онаму каде што ја започна, во Парма на 46-годишна возраст.
Зборувајќи за најдобриот играч со кој се соочил, популарниот Супермен го избра оригиналниот Роналдо. Смета дека тој е бил прототип на совршен играч.
„Напаѓачот кој ми нанесе најголема штета беше Роналдо, Бразилецот. Изгледаше како да е создаден во лабораторија. Сè уште ми е неверојатно дека еден човек може да има таков талент, интуиција, техника, забрзување. Едноставно фудбалер кој ве остава без здив“, рече Буфон.
Колумбиец од Астон Вила е јануарската желба за нападот на ПСЖ
Пари Сен Жермен тргнува по голгетерот на Астон Вила, Џон Дуран. Според француски извори, агентот на фудбалерот веќе ја добил и првата понуда од ПСЖ. Претходно овој месец, Едуардо Бургос од Диарио АС објави дека и Баерн Минхен доставиле понуда за Дуран, но во текот на летото, која Астон Вила ја одби.
ПСЖ и Баерн не се единствените клубови заинтересирани за Дуран. Арсенал и Барселона исто така внимаваат на него како што се приближуваат преодните рокови во 2025 година. ПСЖ е решен да достави вредна понуда за него, па нема да биде изненадување првиот сериозен напад да го добијат потписот на Дуран да се случи уште во јануари.