фудбал

Слот го фали Гакпо: За мене тој е сигурен стартер во Ливерпул

Ливерпул успеа да се пласира во четвртфиналето на англискиот Лига Куп и тоа откако го совлада Брајтон на негов терен со 3-2.

Клучна улога во овој триумф имаше холандскиот репрезентативец, Коди Гакпо кој постигна два гола во 46 и 63 минута, а по средбата менаџерот Арне Слот јасно порака дека тој сигурно ја има улогата на старер во екипата.

За мене Гакпо е редовен стартер. Тој е нашиот клучен играч. Можеби нема да го започне секој натпревар, но во најголем дел од времето ќе биде стартер, – рече Слот кој на таа позиција го има Луис Дијаз.

Тоа е жестока конкуренција меѓу Гакпо и Луис Дијаз. Ама тоа е нормално во клуб како Ливерпул, -истакна стратегот.

Премиерлигашот на другата страна како сигурно решение го има Мохамед Салах, додека некако најотворена е позицијата „девет“ затоа што освен Нуњез, тука е и Жота, а екипата може да игра и без класична деветка како што Арне играше на вчерашниот натпревар.


Џерард пред отказ во Ал-Етифак

Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, наводно ќе биде разрешен од функцијата шеф на стручниот штаб на Ал-Етифак, откако синоќа беше елиминиран од второлигашот Ал Џебелеин во осминафиналето на Купот на Саудиска Арабија.

Клубот од Дамс рутински беше поразен на гостински терен од клуб од долната половина во вториот ранг на натпреварување во оваа земја, па поради тоа раководството е разочарано.

Колапсот во купот пристигна во Ал-Етифак како кулминација на катастрофалната форма на тимот на Џерард во се поконкурентниот шампионат, па би било изненадување ако англиската легенда остане на клупата.

Избраниците на Џерард последен пат славеа кон средината на септември, што е премалку за високите примања кои поранешниот фудбалер ги остварува на годишно ниво. Според медиумите платата на Џерард во Ал-Етифак е 15,2 милиони фунти.

Џерард пред да замине во Саудиска Арабија во летото 2023 година работеше во Астон Вила и Глазгов Ренџерс.


Фермин Лопез ќе добие нов договор со матичната Барселона

Фермин Лопез денеска потпиша нов договор со Барселона до 30 јуни 2029 година. Каталонците во договорот вклучија и откупна клаузула од 500 милиони евра за младиот шпански талент.

Фудбалерот кој има само 21 година лани блесна во првиот тим на Барселона под водство на тренерот Чави и одигра дури 42 натпревари за првиот тим во сите конкуренции. Летово тој беше дел од шпанската фудбалска репрезентација, која го освои Европското првенство, а потоа и Олимписките игри во Париз. И сезонава кај тренерот Ханси Флик, Лопез исто така е дел од првата постава.

Своите први фудбалски чекори ги направи во Бетис, но и се приклучи на познатата академија на Барселона, „Ла Масија“ во летото 2016 година. Сезоната 2022/2023 година ја мина на позајмица во тимот на Линарес по што се врати во Барселона и експресно се инсталираше во првите 11.


Одложено шпанското дерби меѓу Валенсија и Реал

Натпреварот од 12. коло во шпанското првенство меѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој требаше да се одигра в сабота, денеска официјално е одложен поради големите поплави во јужна Шпанија.

Сите натпревари во регионот на Валенсија исто така ќе бидат одложени, вклучително и дуелот помеѓу Виљареал и Рајо Ваљекано, објави попладнево Ла Лига.

Клубовите имаат рок до 5 ноември да изберат нови датуми за одигрување на одложените натпревари.

Од истата причина беа одложени и бројни спортски настани во регионот, вклучително и натпреварите од Копа дел Реј помеѓу Валенсија и Леванте.

Поплавите од кои беше зафатена шпанската провинција Валенсија предизвикаа смрт на повеќе од 90 луѓе, како и голема материјална штета.


Флорентино спрема нов договот за Винициус Жуниор

Реал Мадрид има намера да го обнови договорот со фудбалерот, Винисиус Жуниор. Актуелниот на крилниот напаѓач е до летото во 2027 година.

„Белите“ стапиле во контакт со агентите на играчот пред неколку месеци но, се уште немаат започнато конкретни преговори. Самиот Винисиус одговори дека не сака да брза и дека го чека најпогодниот момент за да преговара за нов договор.

Од друга страна, клупските шефови веруваат дека Бразилецот заслужува подобри услови иако е меѓу најплатените во клубот.


Нејмар најави враќање во бразилската репрезентација дури догодина

Нејмар нема да игра за неговата репрезентација до крајот на годинава, најавија дел од медиумите.

Фудбалерот на Ал-Хилал, кој поради потешка повреда на коленото беше надвор од терените речиси една година, нема да добие повик од селекторот на „кариоките“ за мечевите со Венецуела (14 ноември) и со Уругвај (20 ноември).

Се претпоставува дека Нејмар повторно ќе го облече дресот на „кариоките“ догодина на натпреварите со Колумбија (20 март) а потоа и со Аргентина (25 март).


Нови повреди во Сити, најлоши мина Бразилецот Савињо

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се соочува со големи проблеми во ростерот откако Аканџи, Рубен Диаз и Савињо, се соочуваат со повреди.

„Имаме само 13 здрави фудбалери, тоа е навистина огромен проблем. Во девет години колку што сум тука, никогаш не сум се нашол во ваква ситуација“, изјави Шпанецот.

Познато е дека во амбулантата на „граѓаните“ се и Родри (ја заврши сезоната), Кајл Вокер, Кевин де Бруин, Оскар Боб, Џереми Доку и Џек Грилиш. Дел од нив ќе се вратат на терените дури на крајот на наредниот месец.


Ботафого го елиминира Пењарол и закажа бразилско финале во Копа Либертадорес

Фудбалерите на Пењарол го победија Ботафого со 3-1 во полуфиналниот реванш во Копа Либертадорес, но ниту тоа не им беше доволно да се пласираат во финалето.

Подобрата гол-разлика од двата меча одлучи во финалето да оди бразилскиот тим кој го доби првиот меч со резултат 5-0.

Иако знаеја дека минусот од првиот меч е невозможно да го надоместат, навивачите на Пењарол направија спектакуларна атмосфера на својот стадион.

Домаќините поведоа во 31. минута со голот на Баез од околу 25 метри. Потоа до крајот на првиот дел Пењарол успеа да остане со играч помалку бидејќи Агере доби црвен картон поради газењето на противничкиот голман Џон.

Се играше 66. минута кога Баез повторно постигна гол и го удвои водството на својот тим.

Фудбалерот на Ботафого, Алмада постигна гол во 88. минута, но само минута подоцна Батиста погоди за конечни 3-1.

Ботафого во финалето ќе се сретне со уште еден бразилски тим, Атлетико Минеиро.


Миовски со два гола ја внесе Џирона во третото коло од Купот на Кралот

Бојан Миовски конечно го „скрши“ мразот во дресот на Џирона. Постигна два гола во победата над Екстрамадура во Купот на кралот.

Џирона победи со 4-0, а Миовски го постигна вториот во 58. и третиот гол во 62. минута за Џирона. Каталонскиот тим по првиот дел имаше предност со голот на Брајан Хил.

Конечниот резултат го постави Мартинез во 76. минута.

Миовски во летниот преоден рок за осум милиони евра од Абердин се пресели во Џирона.


ФФМ домаќин на првиот регионален семинар за фудбалска медицина

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше домаќин и организатор на првиот регионален семинар за фудбалска медиција „Нови трендови на спортски повреди и превенција“ одржан во Скопје во периодот од 25 до 27 октомври.

Тридневниот семинар понуди единствена можност, медицинскиот персонал на националните фудбалски асоцијации од регионот (Македонија, Хрватска, Словенија, Албанија, Бугарија, Косово, Турција) и клупските доктори и физиотерапевти кои работат во македонските клубови да споделат искуства, најдобри практики и предизвици поврзани со најчестите медицински повреди во фудбалот и современите методи за нивна превенција и третман. Семинарот поддржан од УЕФА преку претставниците од Комисијата за медицина Лука Алексиќ и Др. Томислав Влаховиќ понуди платформа за размена на знаења, иновативни истражувања и практични вештини, клучни за унапредување на спортската медицина и подобрување на атлетските перформанси и здравјето на фудбалерите.

Претседавачот на Комисијата за медицина во Фудбалската федерација на Македонија, Др. Невзат Јонузи во своето воведно обраќање ја нагласи важноста на собирот, обезбедување медицински услуги на високо ниво како врвен приоритет потенцирајќи ги клучните аспекти од собирот:

„Семинарот ќе ја постигне целта доколку обезбеди ефективен форум за сите вас за унапредување на знаењето, истражувањето и технологијата во третманот на спортски повреди. Заедно, мораме да учиме од грешките од минатото, да ги прифатиме можностите на сегашноста и да ја обликуваме иднината што сите ја сакаме.

Фудбалот сега е повеќе од игра. Обезбедувањето медицински услуги на високо ниво е врвен приоритет, а перформансите и закрепнувањето на играчите зависат од високото научно ниво на поддршка што ја даваат искусни професионалци. Медицинската грижа стана толку сложена што едно лице не може да игра сам. Медицината стана тимска работ. Ако не постигнувате голови, анализирате зошто и размислувате што треба да правите на тренинзите. Исто е и со повредите. Ако имате многу повреди, треба да погледнете зошто се случува тоа. Мора да ги слушаме гласовите на здравствените работници и лекарите.

Од мое и од име на Фудбалската федерација на Македонија упатувам благодарност за вашето присуство во Скопје и пораките кои ги упативте и за тоа што го споедливте Вашето ценето знаење во врска со најдобрите практики за дијагностицирање и справување со мускулно-скелетните повреди, кои се често застапени во фудбалот“.

Др. Небојша Настов, главен доктор на македонската А репрезентација и неговиот колега од нашата селекција до 21 година, Др. Михајло Иваноски имаа свои предавања и учествуваа во панел дискусиите на семинарот заедно со останатите лекари, специјалисти по спортска медицина и медицински професионалци посветени на унапредување на здравствената заштита во фудбалот.